IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5758596061 68>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 21:07
Originally posted by fileo fileo напиша:

dali denesnite hristijani bi prifatile vakva kazna za svojata vera?

dali mislite deka ste spremni da go sledite Isus i po taa cena?


Никој не знае на што се е спремен, додека не се најде во дадена ситуација.
Едно е да се тупаме во гради додека нашата вера не е ставена на некаков тест односно доведена во прашање, а сосем друго е кога ќе настапи искушението.
Дури и ап. Петар трипати се откажа од Христа, уште петел пред да запее, а највеќе се тупкал по гради околу својата верност на Учителот.
Но Исус и тоа го знаел, знаел и дека Петар ќе се откаже од Него пред петелот да закук*рика, и му го кажал тоа.

Исус ги знае нашите срца, навистина, некои сме вакви, некои онакви, односно некои сме послаби други поистрајни.
И затоа да се молиме “да бидеме избавени од искушенијата“ зашто никој од нас, освен Бог не знае што би сториле во дадена ситуација.



Изменето од maria_magdalena - 27.Август.2009 во 21:07
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 04:34

Ako navistina si ubeden deka toa sto go veruvas e Apsolutna Vistina, togas bi go napravil istoto kako i ranite Hristijani.

Ne sum verski fanatik, no bi go polozil i svojot zivot za Hrista i za Negovoto ucenje, koe go smetam za Bogovdahnoveno. Toa go napravile mnogu Hristijani vo minatoto, zasto da ne go napravam i jas.

Neka BOG OTECOT, SINOT ISUS HRISTOS i SVETIOT DUH bidat so nas vo tekot na site dni od nasiot zivot.AMIN!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 12:32
Амин!
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 09:31
Денеска го славиме споменот на светиот маченик Мамант (2 / 15 септември)




Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му откако го роди и самата се упокои. Така значи остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но Промислителот Бог го испрати Својот ангел кај некоја благородна вдовица Ама, на којашто ангелот ѝ се јави во сон и ѝ рече да отиде во затворот и да го земе детето кај себе. Ама измоли дозвола од градоначалникот да ги закопа умрените, а детето го зеде во својот дом. Почна да зборува дури кога наполни пет години и првиот збор му беше „мама“. Заради ова и го доби името Мамант. На училиште Мамант покажа необична бистрина, а бидејќи од дома беше воспитан во христијански дух, не ја криеше својата вера, туку ја исповедаше пред врсниците исмевајќи ги идолите. Во времето на царот Аврелијан имаше жестоко гонење на христијаните. Незнабожците не ги штедеа ни христијанските деца. Мамант имаше петнаесет години кога беше изведен пред царот. Царот му рече барем на збор да се одрече од Христа, на што Мамант му одговори: „Ни во срцето ни со устата нема да се одречам од мојот Бог и Цар Исус Христос.“ Царот нареди и го биеја, го гореа со свеќи и најпосле го фрлија в море. Но ангел Божји го спаси и го одведе на висока гора, близу Кесарија. Овде тој живееше во осама и во молитва. Од неговата светост се спитомуваа дивите ѕверови. Најпосле тука и беше пронајден од гонителите и повторно подложен на маки. Откако ја победи силата на огнот и на дивите ѕверови, го прободија со трозабецот на некој идолски жрец. Така Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому Му остана верен во сите маки. Од неговите мошти се случија многубројни исцелувања на болни.
      

Изменето од Maran Ata - 15.Септември.2009 во 09:35
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 05:57



Света Фива ѓакониса (3 / 16 септември)


Оваа светителка ја спомнува светиот апостол Павле во своето послание до Римјаните. Тој вака пишува за неа: Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја, примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете и во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене (Рм. 16:1-2). Од ова се гледа дека св. Фива била ѓакониса во црквата во Кенхреја (блиску Коринт) и по црковни работи патувала и до Рим.

Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 05:58
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 14:30


Pодители на св. Јован Крсител - пророк Захарија и праведна Елисавета (5 / 18 септември)

Таткото на Свети Јован Предвесник. Син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод, детеубиецот, еден ден Захарија служеше според својата чреда во ерусалимскиот храм. И во олтарот му се јави ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лука 1). И му објави ангелот дека неговата жена Елисавета ќе роди син, според нивните молитви. А беа обајцата стари, и Захарија и Елисавета. Кога Захарија се посомнева во зборовите на небесниот известител, ангелот му рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога.“ И онеме Захарија од тој миг, и не проговори додека не му се роди синот и додека не напиша на табличка: „Јован му е името.“ Тогаш му се отвори устата и Го величаше Бога. Подоцна, кога се роди Господ Исус и кога Ирод почна да ги убива децата во Витлеем, Ирод испрати да го најдат и синот на Захарија и да го убијат. Бидејќи Ирод имаше чуено за сѐ што му се случи на Захарија и како се роди Јован. Кога ги виде војниците Елисавета го зеде Јован на раце - тогаш имаше една и пол година - и побегна со него од дома, и бегаше по каменливи и пусти места. Гледајќи ги војниците како ја гонат, таа повика кон гората: „Горо Божја, прими ја мајката со дете!“ И се отвори карпата и ги скри во себе мајката и детето. Ирод, разјарен затоа што не го заклаа Јован, нареди да го заколат Захарија пред олтарот. Крвта на Захарија се истури врз меремрот и се стврдна како камен и остана така како сведоштво за злосторството на Ирод. А таму каде што се скри Елисавета со Јован, се отвори пештера и потече вода и со Божја сила израсна плодородна палма. Четириесет дена по смртта на Захарија се упокои и блажената Елисавета. И остана младенецот Јован во пустината, хранет од ангел и чуван од Божјата Промисла до оној ден кога требаше да се јави на Јордан.



+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 10:44


Свети Архангел Михаил.

Михаил е архангел споменат во Откровението (12:7); во Стариот Завет Михаил е споменат по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел. Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ (Даниел, 10:13) кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“ (Даниел, 10:21, 12:1). По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“)

Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

Голем дел од доцните Мидрашки подробности за Михаил се пренесени во христијанските легенди преку Книгата на Енох, од каде понатаму биле дообработени. Во доцносредновековното Христијанство, Михаил, заедно со Свети Ѓорѓи станале светец-заштитник на витештвото, како и на првиот витешки ред на Франција, Редот на Свети Михаил во 1469. Во британскиот систем на почести, витешкиот ред основан во 1818 е именуван по овие двајца светци - Ред на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи. Во многу христијански кругови Свети Михаил се смета за заштитник на борците. Полицајците и војниците, а особено падобранците го сметаат за нивен светец-заштитник.

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 11:07
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Свети Архангел Михаил.Михаил е архангел споменат во Откровението (12:7); во Стариот Завет Михаил е споменат по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел.
Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој
се јавува како „еден од првите кнезови“ (Даниел, 10:13) кој во
привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“ (Даниел, 10:21, 12:1). По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“)

Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.


Голем дел од доцните Мидрашки подробности за Михаил се пренесени во христијанските легенди преку Книгата на Енох, од каде понатаму биле дообработени. Во доцносредновековното Христијанство, Михаил, заедно со Свети Ѓорѓи станале светец-заштитник на витештвото, како и на првиот витешки ред на Франција, Редот на Свети Михаил во 1469. Во британскиот систем на почести, витешкиот ред основан во 1818 е именуван по овие двајца светци - Ред на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи. Во многу христијански кругови Свети Михаил се смета за заштитник на борците. Полицајците и војниците, а особено падобранците го сметаат за нивен светец-заштитник.




Една од најубавите икони на св. архангел Михаил :)
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 09:57
Денеска е Св. маченик Созонт..

Созонт беше родум од Ликаонија. Беше овчар, а во верата искрен и длабок. Во неговото време во градот Помпеопол започна жесток прогон на христијаните, под надзор на киликискиот хегемон Максимијан. Во истото време Созонт појде во Помпеопол, влезе во еден незнабожечки храм каде што се наоѓаше еден златен идол, му ја откина раката и златните парчиња им ги раздаде на сиромасите. Во градот настана голема тревога. Созонт не сакаше некој друг да пострада поради неговото дело, па самиот отиде и му се откри на хегемонот. Овој нареди да го стават на маки. Откако претрпе се, го фрлија во оган, каде што ја предаде својата света душа на Бога. Пострада во 304 година.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 15:25


Рождество на Пресвета Богородица (8 / 21 септември)


Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски..., а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа сѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 06:20


Светите Јоаким и Ана


Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на Свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост Ја роди Пресвета Богородица. Јоаким и Ана живееја во брак педесет години и беа бесплодни. Живеја богоугодно и тивко и од сите свои приходи само една третина употребуваа за себе, другата им ја раздаваа на сиромасите, а третата ја жртвуваа во храмот. А беа доволно имотни. Еднаш на старост, кога одеа да Му принесат жртва на Бога во храмот, првосвештеникот Исахар го укори Јоаким: „Не си достоен од твојата рака да се прими дар, бидејќи си бездетен.“ Така и другите што имаа деца го туркаа Јоаким зад себе како недостоен. Тоа многу ги нажали овие две стари души, па дома се вратија во голема тага. Тогаш обајцата припаднаа на молитва кон Бога за и ним да им направи чудо како некогаш на Авраам и Сара и да им подари едно дете за утеха во староста. Бог им го испрати Својот ангел, којшто им го објави раѓањето на нивната преблагословена ќерка, со Која ќе се благословат сите народи на земјата и преку Која ќе дојде спасението на светот. И Ана зачна веднаш и во деветтиот месец Ја роди Пресветата Дева Марија. Свети Јоаким поживеа на земјата осумдесет, а Ана седумдесет и девет години и се преставија кај Господ.

Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 06:23
Свети Никита угодник Божји.

Живееше во Цариград, во 12 век. Со својот живот толку Му угоди на Бога, што пред него црковната врата се отвараше сама и кандилата се палеа сами од себе. Толку беше силна неговата молитва. По желба на некој ѓакон Созонт и по молитвата на Никита, ним двајцата им се јавил од оној свет некој свештеник со којшто Созонт бил скаран и останал неизмирен. Им се јавил најнапред еден ред свештеници во бели одежди, а потоа друг ред, во црвени одежди. Меѓу нив Созонт го препозна својот соперник и се помири со него. Ова се случи ноќе, во Влахернската црква.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 04:26


Cветите апостоли Апелиј, Лукиј (Лука) и Климент (10 / 23 септември)


Апостоли од Седумдесетмината. Светиот апостол Апелиј беше епископ во Смирна; го спомнува Свети Апостол Павле (Рим. 16, 10). Св Лукиј (или Лука, но не Евангелист), за кој сведочи светиот апостол Павле (Рим. 16, 21), бил епископ во Лаодикија. Свети Климент (не Римски, бил епископ во Сардама и него го спомнува Свети Апостол Павле (Филип. 4, 3).
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 15:02




Cв. Силуан Светогорец


Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Има луѓе кои кои мислат дека Господ од љубов страдаше за нас, но им се чини дека тоа било одамна, затоа што самите немаат таква љубов во себе си. Меѓутоа, душата, која преку Духот Свети ја запознала Божјата љубов, јасно чувствува дека Господ е нашиот Отец, најроден, најблизок, најмил, најдобар и дека нема поголема среќа од тоа да Го љубиме Бога со сиот ум, сето срце, сета душа, како и што ни заповедал, и ближните како самите себе си. Имајќи таква љубов, душата на се’ се радува, а кога ќе ја загуби, веќе не наоѓа мир, се смутува и другите ги набедува дека се виновни за нејзината несреќа. Таа не сака да сфати дека самата е виновна, затоа што ја загубила љубовта кон Бога и го замразила или осудила братот.

Од љубовта спрема братот доаѓа благодат во душата и со неа [љубовта] се пази [благодатта]. Ако не ги љубиме ближните, ниту благодатта Божја нема да се всели во нас.

Кога луѓето би ги извршувале Христовите заповеди, на земјата би било рај, и сите со мал труд би имале во доволна мера се’ што ни е неопходно. Духот Божји би живеел во нашите души, затоа што Он Самиот ја бара човечката душа и сака да биде во неа. Ако Он не се вселува во нас, тогаш тоа е само заради гордоста на нашиот ум.

Изменето од Maran Ata - 24.Септември.2009 во 15:02
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5758596061 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.