IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 55>
Автор
Порака
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 05:06
изненадување
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 06:57
збунетост
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 12:27
Антон Евтимов Кецкаров (познат и како Андон Кецкаров или под роденото име Андон Кецкар) бил македонски револуционер,просветен и општествен деец.

Кецкаров се вклучува во ВМРО по нејзиното основање во 1893 година. Неделното училиште во Битола,со кое раководи, е подржувач на оранизациската дејност и агитација на ВМРО.

Во учебната 1897-1898 година Антон Кецкаров е учител во Солунската женска гимназија, а во следната учебна година во Бугарското женско училиште во Едрене. Во 1899-1900 година по настојување на ВМРО Антон Кецкаров е преместен во родниот град Охрид, каде е директор на училиштата и еден од раководителите на ВМРО во градот. Како учител на Охрид, тој одделува не мал дел од својата плата за помагање на охридските училишта и на црковна општина.

Во 1911 година е еден од основателите на месната структура на културно-просветното друштво „Бугарска Матица“, чие седиште е во Истанбул. Кецкаров е еден од активистите во Битола на Сојузот на бугарски уставни клубови. Подоцна е уапсен од турските власти со обвинение дека е претседател на револуционерна организација и во 1912 година повторно бега во Бугарија, каде за кратко е учител во Дупничката женска педагошка гимназија.

Кецкаров учествува во Балканската војна во составот на Седмата пешадиска рилска дивизија. Во 1913 година прави обид да се врати во Битола како учител во женската прогимназија, но е прогонет од српските власти.

Тешко ги поднесува загубите на Бугарија и неопходноста од постојана смена на домот и во голем дел од времето меѓу 1918 и 1921 година е болен. Во тоа време е пензионер и живее во новосоздадениот софиски квартал „Модерно предградие“, за чие создавање полага немали усилија - тој е иницијатор за создавање на трпезарија за бедни деца во кварталот, а во 1922 година ги полага основите и на месното културно-просветно и благотворително друштво „Св. св. Кирил и Методиј“, кое во 1932 година прераснува во читалиште, кое постои и до денес. Кецкаров е меѓу помагачите на Македонскиот научен институт, создаден во 1923 година во Софија.

Антон Кецкаров е татко на генералот Владимир Кецкаров.


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 12:35
I Конгрес-
-27 август 1894 година е датумот кога се одржува првиот конгрес на партијата во Ресен. Со работата на овој Конгрес раководел претседателот на Централниот комитет д-р Христо Татарчев.
На конгресот присаствувале видни претставници на ВМРО меѓу кои: Даме Груев - секретар на Централниот комитет, Пере Тошев, Атанас Лозанчев, Ѓорѓи Пешков, Григор Попев, Александар Чукаров, Александар Хаџи Панов, Тодор Станков, Атанас Мурџев, Трајко Доровски, Никола Наумов и др.
На конгресот биле разгледани неколку прашања меѓу кои и прашањето за ширењето на Организацијата по реоните и задачите кои им претстојат и се веќе во тек, а исто така се донесени и неколку важни решенија.
Едно од решенијата што било денесено е поставување на учителски кадар од свои луѓе во општинските и егзархиските училишта како и преземање на управните одбори општински и училишни во свои раце со свои луѓе. Исто така се донело решение за зајакнување на месните комитети, како и снабдување со оружје. На самиот почеток Организацијата се финансирала само од членските влогови.
Друго многу важно решение на овој конгрес е решението за организациска поделба на три револуционерни окрузи во Македонија и тоа на Солунски, Битолски и Серски, како и формирање на нивно раководство. Солунскиот округ би требало да биде под главно раководство на централниот комитет. Со Битолскиот би требало да претседателува Пере Тошев. Во оваа година за Скопскиот револуционерен комитет бил избран окружен комитет со седиште во Штип, бидејќи окружната организација таму била најсилна. Таму, во учебната 1894-1895 дејствувале: Гоце Делчев, Дамјан Груев, Туше Делииванов, Петар Поп Арсов, Мише Развигоров, Христо Коцев, Емануел Чучков и др.
Покрај овие решенија на конгресот било донесено и решение за издавање на први револуционерни весници и тоа: „На оружје“, „Бунтовник“ и др.
Мрежата на Организацијата продолжила да се проширува во сите краеви на Македонија.
По конгресот Централниот комитет изработил и еден внатрешен правилник, според кој ќе се раководат месните револуционерни комитети. Задачата да го состави тој правилник му беше поставена на Хаџи Николов.

На овој конгрес се донело и едно од главните начела на органиэацијата - борба против Турското ропство на сите народи во Македонија под единствено востаничко Македонско энаме,со тоа на органиэацијата и се приклучуваа сите оние кои се чувствуваа угнетени,беэ раэлика дали е Ром,Србин,Бугарин,Влав или Македонец.

Изменето од Boogie - 21.Септември.2009 во 12:35
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 12:43
Буги,какво е твоето обjaснување-зошто д-р Татарчев, кога доаѓа после 1945 во Македониjа, е прогонет и се враќа во Италиjа?
Еден од основачите на Организациjата е избркан од родниот краj?

Изменето од lav4eto - 21.Септември.2009 во 12:45
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 14:12
Со подоцнежните случувања во самата организација тоа е објаснето - верувам и дека знаеш незнам зошто прашувашзбунетост
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 12:38
Иван Попов
Иван Попконстантинов Попов (бугарски: Иван Попконстантинов Попов) е офицер од бугарската армија и револуционер, Костурски војвода на ВМОРО.

Иван Попов е роден во 1871 година во неврокопското село Лjаски, во Османлиската империjа. Добива основно образование во родното си село. Од 1889 до 1895 година е на воена служба во Сливен. Како фелдфебел од бугарската армиjа Гоце Делчев го сврта кон ВМОРО и го праќа за организационен воjвода во Коостурскиот револуционен реон во 1902 година. На Смилевскиот конгрес е избран за централен воjвода на Костурско. Во текот на Илинденското востание учества во борби како воjвода, заедно со Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Потоа заедно со Лазар Поптраjков и Манол Розов се повлекуваат во Прилепско.

После крајот на востанието бега во Грциja, а од таму во Бургас. По повторното навлегување во Македониjа, учествува и во борбата со грчката оружена пропаганда. До Балканската воjна е воjвода на чета №5 во Костурско, после мобилизациjата од 18 септември 1912 година е воjвода на партизанска чета, дел од 4-та единица на Девета велешка дружина на Македоно-одринското ополчение. Во српско заложништво е од 18 јули до 18 декември 1913 година. Награден е со орден „За храброст“ 3-та степен и е повишен во чин. Во Меѓусоjузничката воjна е во одредот на Васил Чакаларов. Во Првата светска воjна е командир на разузнавачко одделение.

Иван Попов си го одзема животот на 15 септември 1921 година во Витоша.



Изменето од Македон - 25.Септември.2009 во 17:09
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 14:08
II Конгрес

Летото 1896 во Солун, се одржува вториот конгрес на Организација под раководство на Христо Татарчев.
Конгресот бил свикан за да се разрешат некои проблеми кои се јавиле во самата Организација.
За прв пат на овој конгрес  учество зеле сите видни дејци на Организацијата: од Битола бил Пере Тошев, од Воден бил Кирил Прличев, од Одрин бил Христо Поп Коцев, а од Солун биле Даме Груев, д-р Христо Татарчев, Ѓорче Петров, Иван Хаџи Николов, д-р Антон Димитров, Гоце Делчев и Петар Поп Арсов.
На овој конгрес е донесена одлука за промена на името на организацијата во Тајна-Македонско Одринска Револуционерна Организација ( ТМОРО ). Со самото ова проширување на револуционерната дејност се случила и нова организациона поделба при што е овозможено Бугарско инфилтрирање во редовите на Македонската организација. Со решение биле формирани седум револуционерни окрузи: Солунски, Битолски, Штипски, Скопски, Струмички, Охридски и Серски. Прилепскиот и Цариградскиот комитет имале право директно да комуницираат со Централниот комитет.
Исто така, едно од поважните решенија е прекинување на контактите со Грчката,Бугарска и Српска проегзархистичката група и таа е известена дека во Организацијата може да се влугува само индивидуално и дека таа е отворена за сите што сакаат да влезат во неа, под услов да ги почитуваат и да ги прифатат нејзините правни акти и програмски цели. Врховниот комитет формиран во Софија во 1895 година дејствувал надвор од територијата на Македонија и било неизбежно преземање на репресивни мерки против него. На овој конгрес Гоце Делчев е определен за задграничен претставник на организацијата, а Ѓорче Петров за втор задграничен претставник со седиште во Софија.
Свој печат со грб и знаме имал Централниот комитет и тој им бил познат само на окружните и околински комитети. Другите требале да доставуваат месечни извештаи до Централниот комитет. Секој комитет имал тајна полиција за следење на активностите на непријателите.
Постојано почнале да се создаваат тајни вооружени сили.
Околинските комитети имале вооружени чети чии задачи биле определени со посебен правилник. Постоеле и казнени одредби кои се извршувале со одобрение на Централниот комитет.
Овие и други одредби биле внесени во правилникот на новиот Устав на Организацијата кој бил изработен во 1896 година од Гоце Делчев и Ѓорче Петров.
На овој конгрес отпочнува една нова фаза на развојот Организацијата во една Македонска масовна организација со организирана структура за цела територија на Македонија.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 17:07
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Буги,какво е твоето обjaснување-зошто д-р Татарчев, кога доаѓа после 1945 во Македониjа, е прогонет и се враќа во Италиjа?
Еден од основачите на Организациjата е избркан од родниот краj?


Мислам дека прогонството не е на национална база, туку повеќе на идеолошка основа.
За тоа говори и фактот дека на погребот на моштите на Гоце Делчев во Скопје, народот секаде си спомнува за ВМРО, мислам дека дури секаде и се наоѓаат такви графити. Тоа од комунистичкото раководство е оценето како појава на национализам, сепаратизам, а и загрозување на доминацијата на КП на Македонија во севкупниот живот во слободна Македонија. Всушност, КП на Македонија не сакаше заедно со некоја револуционерна организација, во случајот ВМРО, да ја дели славата и својата историја, па затоа и се обидуваше на секој можен начин да расчисти со сите структури од периодот пред комунизмот.
Затоа фамилијата на Карев беше прогонувана и малтретирана, некои од нив беа убиени,истотака внуката на Делчев, која била секретарка на Методија Андонов Ченто беше малтретирана и избркана од Македонија итн.
Желбата на власта во тоа време беше да се наметне како единствено национално-ослободително движење во чии рамки е решавањето на македонското прашање.
 
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 20:02
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Буги,какво е твоето обjaснување-зошто д-р Татарчев, кога доаѓа после 1945 во Македониjа, е прогонет и се враќа во Италиjа?
Еден од основачите на Организациjата е избркан од родниот краj?
Јас да те прашам , сакаш со Татарчев да генерализираш за сите или те интересира конкретно за Татарчев без задни намери? Не знам дали е избркан или сам си отишол важно јасно е дека немал чиста про-Македонска ориентација како и внук му што во Пиринска Македонија ги осудуваше и прогонуваше Македонците додека беше обвинител.

Иако бил таков (мал дел од ВМРО), сепак и тој имал за цел автономна Македонија - што е заедничко за секој од ВМРО.
   

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 04:27
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/d2/Rezano_VMRO_.jpg
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 11:35
III Конгрес

Од 2-4 јануари ( стар сил ) 1903 во Солун се одржал третиот, солунски конгрес на ВМРО т.н. јануарски конгрес и со него претседателствувал Иван Гарванов.. На него присаствувале 17 делегати, а не биле пристигнати само претставниците од Штипскиот револуционерен округ и Тиквешката револуционерна околија.

Иван Гарванов и секретарот на конгресот Димитар Мирчев биле први луѓе на поранешното спогодбено згаснато тајно бугарско револуционерно братство.
На овој конгрес е потпишан Протокол за извршената работа и преземените решенија. Најважно прашање на овој конгрес било прашањето за кревање на востание. Против востание решително се изјаснил Серскиот делегате Л. Димитров, но на крајот и тој се присоединил кон заедничкото мнение.

Скопскиот делегат Ганчев бил испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието, но сепак и тој на крајот потпишал затоа што сите други потпишале. На конгресот не присаствуваат творците на Организацијата. Даме Груев е во заточеништво, Христо Матов, д-р Татарчев и Пере Тошев се амнестирани и екстернирани во Бугарија, а во тоа време во Софија е и Гоце Делчев. Како најважен аргумент против кревање на востанието е користен недостигот на оружје, што било деменатирано од уверувањата на Гарванов дека наскоро ќе има прилив на оружје и дека при општо востание четите од Бугарија ќе префрлат доволно оружје.
После донесената одлука за кревање на востание на овој конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат основните мерки за забрзување на подготовките околу кревањето на востане.
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 19:35
Георги Папанчев

Георги Илиев Папанчев е бугарски офицер (поручик) и револуционер, војвода и воен инструктор во Лерински револуционерен округ на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Георги Папанчев е роден во Сливенската маала Клуцохор околу 1870 година во родолjубиво семејство - татко му Илија Папанчев е член на Сливенскиот револуционерен комитет пред Ослободувањето, а брат му, Александар Папанчев загинува како офицер во Сливнишкиот судир во 1885 година.
Георги Папанчев завршува IV клас на Сливенската гимназија, потоа во 1894 година Военото училиште во Софија и станува подпоручик во бугарската армија, како служи во Шеснаесети ловчански пешадиски полк.
Есента на 1902 година Лазар Поптраjков и Тома Давидов привлекуваат поручик Папанчев во ВМОРО, за да замени покојниот Лерински војвода Марко Лерински.
Во почетокот е во Костурско, а по неколку месеци, во октомври 1902 година Георги Папанчев се населува во леринското село Баница со 15 лица чета, како негов помошник војвода е Митре Влаот. Таму, во февруари 1903 година се среќава со доjдената од Бугарија чета на Борис Сарафов и под него останува бомбаджиjата на Сарафовата чета Дачо Георгиев.

На 14 мај станува извесно дека Георги Папанчев е назначен за проширен во регионален началник во Леринско за претстојното Илинденското востание, а за негов заменик е избран Михаил Чеков. Четата се дели на три како војводата останува со персонал во селото Белица, каде што имаат за задача ја има да прават бомби и да раководат претстојното востание. Од 15 до 17 мај е на состанок со другите војводи како координираат заеднички активности за востанието. На 27 мај се прибира во Баница со собрани муниција од соседните региони.

На 28 мај четата е предадена од шпиуни и ден подоцна во битка со турски аскер загинаа воjводите, Георги Папанчев, Евстати Дачев, Васил Попов и Силjан Пардов и 14 четници. Погребани во дворот на црквата "Свети Никола". Денес негова плоча има во неговиот роден град Сливен.


Изменето од lav4eto - 30.Септември.2009 во 19:38
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 21:02
Дали на плочата пишува дека е предаден од Бугарски шпиони
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.