IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија-Историја и Иднина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија-Историја и Иднина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 21:04
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 21:54
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

буги, од кога и каде е мапава, бидејќи е наопаку, си претпоставувам некаде од северниве земји
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 23:29
Венецијански се мапиве - 15/16 век

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2009 во 08:47
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 17:43



"Neither Bulgar nor Serb, I am Macedonian only and I am sick of war."
Ова го кажала Македонка ЛИЧНО, значи е директно сведоштво за тоа како се чуствува етнички , а не некој странец како ја определил.

Изменето од Boogie - 07.Септември.2009 во 20:28
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 01:42
Еве и неколку податоци извадени од текстот насловен „Знаеме ли кои сме“, објавен на веб-страницата „Он.нет“. Дел податоци можеби се непрецизни, но сепак поголемиот дел дава информации што за многумина ќе бидат фрапантни.

- Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Многу скапоцени камења што може да се видат во светските каталози се прошверцувани од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд, и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери, како што е прилепскиот сивец.

- Македонскиот рудник „Алшар“ на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален „рудник“ на еколошки чиста енергија. Од 2004 година рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на „Емералд“, мрежа за заштита на природните реткости.

- Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики другите (колумбискиот на пример е околу 3,5 МЕ, македонскиот е, замислете, со 14 морфиски единици!).

- Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – Виа Игнација.

- Пештерата Пешна во Македонски Брод во „Њујорк тајмс“ е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените“.

- Во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот „Св. Јован Бигорски“, како и во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Рајчица, Дебарско.

- Гробот на славниот Грк Зорба е на градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба, кој бил инспирација за романот „Гркот Зорба“, живеел во Скопје, имал жена и деца и во 1942 починал тука.

- Во Битола се школувал таткото на модерна Турција Кемал Ататурк, а неговиот татко е роден во овие краишта на денешна Македонија.

- За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад, кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини, меѓу кои и катапултот.

- Музиката во Македонија датира од 11 век. Болоњскиот псалтир е напишан со кирилица во охридското село Равне, а во Охридскиот музеј се чуваат нотни писма, 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

- Најстаро дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид е познато како Чинарот. Расте од времето на св.Климент Охридски 9 век.

- Најпознатата песна за Палестина и нејзина химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола, напиша песна за Палестина во далечната 1982 година и ја објави во весникот „Нова Македонија“ и денес таа е химна на арапскиот свет.

- Во МПЦ, само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“, се изработуваат митри, кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква туку и пошироко. Од 2003 година до денес монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостојници на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

- Првиот светски златен медал на македонски фотографи: Браќата Манаки 1905 година во Битола отвораат ново „Студио за уметничка фотографија“ и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде што освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

- Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7.000-8.000 години. Докази се неолитската тумба во Маџари, Говрлево и Грначарица, кај Штип.

- Првата зоолошка на Балканот е во Скопје.

- Сто и дваесетте камени кукли во Куклица во близината на Кратово се стари 10 милиони години (а ние за малку ќе ги потопевме со вештачко езеро...).

- Еден од преживеаните од „Титаник“ е Македонец. Стојко Додоловски од селото Чучер, Скопска Црна Гора, во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на „Титаник“. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа што не го дозволиле тоа. Пливал сè додека не го нашол единствениот од екипажот што се вратил по преживеани. Овој член на екипажот спасил 12 лица, меѓу кои и Стојко.

- Според НАСА, Кокино е 4-то на листата најстари опсерватории во светот... Другите се Абу Симбел Египет, Стонехенџ во Британија, Ангкор Ват во Камбоџа. Но помалку позната е и Чочев Камен, близу Кокино, стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

- Македонија има 34 планини, 53 езера (природни и вештачки), најстарото во Европа е Охридско Езеро, кое е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години, во себе чува 200 ендемски вида, кои се со светска важност.

- Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

- Првата железничка пруга на Балканот, Салоника–Скопје, е изградена во 19 век.

- Во 50 година по Христа, апостолот Павле како пастир на христијанството сакал да оди во Азија, но како што се вели во Библијата и Новиот завет во „Дела апостолски 16.13“: Преку ноќта на Павле му се јави привид, стоеше пред него еден човек, МАКЕ ДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше: „Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни!“. Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија...

- Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир, која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини.. Токму црвената боја е сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови, но и симбол на борба на востаничките знамиња

- Лесновскиот манастир е прва монашка република на Балканот.
Во него постоело книжевното училиште „Лесновски скрипторум“, и тоа уште од половината на 11 век, но и калиграфско (препишувачко) формирано во 13 век. Сè до 40-тите години од 19 век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечните краеви, но и создавани тука.

Извор Он.нет
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2009 во 18:54
           МАКЕДОНСКИ ВОСТАНИЈА,ПЛАНОВИ И БУНИ

Bertrandon de la Brocquier do papata vo 1433 godina.
Овој француски патописец во фебруари 1432 година допатувал на балканот и ги видел состојбите при што напишал книга со наслов `Voyage d`outre-met et retour de Jerusalem en France par la voie de terre pendant le cours des annees 1432 et 1933` објавена во `Legrand d`Aussy` во 1804 година.Во неговиот предлог тој ги повикува европските владетели да тргнат против Турција при што ги набројува народите потчинети на турското ропство и тоа: Македонци,Бугари,Грци,Албанци,Словени,Власи,Рашани и други.при што прави разлика помегу Македонците и другите народи.
Неговиот план до папата бил Франција,Англија и Германија да дадат по 15000-20000 војници и `со помош на бога лесно промарширале од Белград до Константинопол секако ако ги разбунтоваат балканските христијански народи`.


Проектот на венецискиот пратеник Павле Мавроцен(Paulus Maurocenus,nobilis Venetus) е од 1461 или 1462 годинаво кој се вели: `..Кога ке биде разбијана противничките сили никој не се сомнева дека цела Бугарија,Србија,Босна,Македонија (MACEDONIAM), Епир,Тесалија,Грција или Атика и Пелопонез веднаш ке се вратат кон верните,дури веднаш кога ќе ги нападниме границите ке се одметнат од непријателот и ке однесат голема победа...Србите и Босанците веднаш ке се одметнат од непријателот со 20000 војници истиот пример ке го следат и Македонците(MACEDONES),Пелопонесците,епирците,грци те ке се втурнат кон непријателот..`
проектот е најден во државниот архив на Милано каде се чува и денес и е на латински јазик.


Во 1541 година Јean Cuspinian во неговата книга "De Turcorum origine" ги повикува европските земји да се здружат против турците да им помогнат на поробените христијански земји.планот му бил да се истоварат во Епир ,Македонија и Албанија и со помош на населението га го победат турчинот.планот не се реализирал но служел како основа за понатамошните акции.

Планот на Simon Wolner Pomeranum од 1558 година до ацвстрискиот цар Фердинант 1.Во овој план вели:`има во Македонија,Србија,Босна,Бугарија и Грција многу христијани кои не само што не ке бидат рамнодушни спрема нашиот потфат,туку и на драга волја ќе го помогнат.Бидејќи на овие луѓе сето оружје им е одземено и строго им се забрзнува да го држат,затоа е потребно во Нинберг,Аузбург,Инсбрук и по другите германски градови дасе изработи разновидно оружје и секаква воена опрема па да им се однесе`

Прва самостојна буна во кој учествувало само македонското население е буната во Мариово во 1564 година.Оваа буна избувнала кога турција била најмоќна,во времето на `Сулејман Величествениот` односно Сулејман Строгиот.Оваа буна е наречена предходниаца на народноослободителните движења на балканскиот народ во целата низа која се јавува во втората половина од шеснаесетиот век.
Прв документ за оваа буна ни дава турскиот професор Ахмет Рефик во 1933 година документите се од фондот Muhimme Defterleri што се чува во Basvekaleti arsivi во Истанбул.
Причини за буната биле непочитувањето на слободата и правата на населението од локалните турски државници.
Буната започнува во селата Сатока,Градешница,Бешиште и Старавина.Овие села биле изолирани не навлегла ни турска колонизација ни исламизација.
Приближен датум е 3 октомври 1564 година водачи биле Димитри Стале од с.Сатока,попот Димитри од с.Градешница,Стојан Пејо и попот Јако од с.Старавина. Се до 4 декември 1565 година овие лица не и се достапни на турскта војска за исходот се претставува дека е крваво задушена затоа што селата Сатоак,Пештје(Бешиште) се изчезнати во тоа време од Мариово.

Италијански проект од 1571 година.
Овој проект го иам во Bibliotheque Ambrosiana во Милано Проектот е упатен до папата Пие V и тоа по битката кај Лапант.Проектот се сосотоел од предлог да му се нареди на светот да собери пари за експедиција против турците за ослободување на христијанското население .Да соберат 100000 војници на копно и 50000 војници за флота плус 100000 Македонци,епирци,Далматинци и Грци кој ке ги вооружат.Планот бил да се истоварат во Епир и Албанија италијанските и шпански војски,австриските преку дунав,србија и бугарија да тргнат за Истанбул додека жпанската флота од југот на балканот да и зададе последен удар.и да се создаде нова земја " Една стабилна и вечна конфедерација од христијанските републики.




Изменето од Македон - 05.Декември.2009 во 21:52
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2009 во 22:40
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121791057212&id=17&prilog=0&setIzdanie=21864



зборот „гида“ и ден-денес се употребува во Костурската област и значи коза.изненадување




Изменето од да бе - 17.Декември.2009 во 22:44
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 12:34
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 13:38
Темата е :

Македонија-Историја и Иднина

Македонија во минатото , како држава , е името на првата империја која владеела со светот , држава во која живееле многу етнички грпи , многу религии , држава во која етникчата, религиозната , расната толерантност и високото достигнато цивилизациско ниво на живеење и општење биле основен белег .
Причини поради кои Александар Велики е легенда во сите етнокултури кои имале допир со таа држава .

Таа вредност денешните политичари од светот се обидуваат да го наметнат на Балканот , во Р. Македонија . Тие политичари и имаат причини за такви условувања , шовинизмот и говорот на омразата се пречка жителите на Македонија да живеат подобро , да бидат побогати , послободни , да имаат посветла иднина . Начинот на кој комуницираат мора , едноставно мора , да биде толерантен , цивилизиран и културен . Без предрасуди да комуницираат со своите сограѓан , своите комшии ( Роми, Албанци , Власи , Бугари ... ) , со жителите на соседните земји ( Бугарија ... ) со што би докажале дека се спремни да излезат од менталната состојба на страв - ксенофобија , и со тоа да им се отворат можностите за промоција на својата култура , историја , и на самите себе како вредности во светот .

Од Македонија почнува да се христијанизира Европа , цивилизациска вредност која ја практикува најголемиот дел од Европа .
Значи во однос на Европа , во Македонија се промовирани вредноста на кои ќе се темели Европа , а тоа се десете божји заповести , посебно и специално за темава , деветата : 9.Не лажи!.

Се разбира , имало и има гниди во Македонија   , но тие според европските политичари и според европските стандарди не треба да бидат на одговорни места и од таму да шират шовинизам , говор на омраза , односно да бидат деструктивен елемент во таа држава , па од таму истите се на некои “црни листи “ на кои се ставени имиња на жители на Македонија кои не се пожелни во ЕУ и УСА , и според светот луѓе кои треба да бидат маргинализирани во општеството .

Чаре ?

Изменето од Македон - 12.Февруари.2010 во 03:07
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 14:58
Нели кажавме не е темата за Бугарите што е сега ова спамирањезбунетост
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 05:35
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122291457289&id=17&prilog=0&setIzdanie=21869

Повеќе од 2000 години тие се симбол на вознесот и славата на македонската држава. Секоја држава би се гордеела со таков редок и величествен споменик од својата историја. На нив како светлечки ѕвезди се гледаат изгравирани букви со застрашувачка порака од далечното минато. Написот е во два реда во продолжение од едната на другата греда. На првиот ред со големи букви (12см) е напишано името на кого му е посветено светилиштето.

Читаме:

На македонските владетели светилиште на татковината“. Изразот е составен од две именки МАКЕДОНИА и АРХ, членувани во множинска форма како машки род, НАОН значи светилиште, ТХ ПАТРИА значи на татковината. Написот е толку јасен, а содржината толку едноставна, што човек би се запрашал: како може да не се обрне внимание кога се работи за таква величествена порака?!

малце на грцки натпис ми личизбунетост
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 12:50
Originally posted by да          бе да          бе напиша:

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122291457289&id=17&prilog=0&setIzdanie=21869Повеќе од 2000 години тие се симбол на вознесот и славата на
македонската држава. Секоја држава би се гордеела со таков редок и
величествен споменик од својата историја. На нив како светлечки ѕвезди
се гледаат изгравирани букви со застрашувачка порака од далечното
минато. Написот е во два реда во продолжение од едната на другата
греда. На првиот ред со големи букви (12см) е напишано името на кого му
е посветено светилиштето.Читаме:„На македонските
владетели светилиште на татковинат
а“. Изразот е составен од две именки
МАКЕДОНИА и АРХ, членувани во множинска форма како машки род, НАОН
значи светилиште, ТХ ПАТРИА значи на татковината. Написот е толку
јасен, а содржината толку едноставна, што човек би се запрашал: како
може да не се обрне внимание кога се работи за таква величествена
порака?!малце на грцки натпис ми личизбунетост


Под грчки подразбираш хеленски ?

Во кој смисол грчки ?
Напишано од Грци , напишано за Грци , или мислиш на зборовите кои се употребуваат во текстот ?
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 12:57
размислување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.