IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО
    Испратена: 30.Март.2006 во 11:02

Пред некое време почина бабами по мајка и дедоми по таткова страна. Почина и моето куче. Загубите и разделбите се мигови на жалост. Тоа се моменти кога размислуваме: Кои сме? Што сме? Што ни е битно? Што сакаме да постигнеме? Која е суштината на нашето постоење?

Некој ќе изјави дека постои заради народот! Друг, за да оствари одредена мисија! Трет, за да ја продолжи лозата! Четврт, заради работата!

Но зошто постои народот? Која е нашата мисија? Ако не знаеме зошто постоиме нема потреба да ја продолжуваме лозата! Или ако постоиме заради работата тогаш можеме слободно да кажеме дека тоа повеќе би наликувало на живот на еден коњ отколку на живот на човек.

Па кој може да ни каже која е смислата на нашето постоење? Црквата? Не! Филозофијата? Не! Законот? Ни најмалку! Само еден. Оној кој не создадае- Бог.

Кој има уши да слуша нека слуша! Зашто мнозина гледаат и не видуваат, слушаат и не разбираат.

Овој живот е само миг и е ништо во споредба со вечниот. Во овој живот се раѓаме голи и боси. Такви и си одиме од него. Ништо не можеме да понесеме. Ниту куќата. Ниту автомобилот. Ниту парите во банка. Ништо! Само можеме да ги понесеме нашите гревови пред Бог.

Залудни се сите обичаи, ако ја немаме верата во Исус.
Христијанството е повеќе од црквата како зграда од тули и малтер. Христијанството е повеќе од палењето свеќи и ставањето на колачи за поздрав и пари за патување до небото во ковчегот на починатите. Душите на покојните сигурно по пат нема да најдат менувачница за македонските денари.

Мене ме збунуваат низата обичаи зашто истите повеќе ме потсетуваат на нешто што го прават суеверните луѓе отколку вистинските Христијани.

Се прашувате кои се суеверни луѓе?

Па суеверни луѓе се личности што се враќаат три чекори назад кога ќе бидат пресретнати од црна мачка. Суеверните луѓе чукнуваат три пати во дрво и се поместуваат од место за злото да биде подалеку од нив. Тие не тресат трошки навечер. Пазат со која нога ќе излезат од дома. Опседнати се со хороскоп. Си ја гледаат судбината на карти, кафе и грав. Тие мислат дека Христос е презиме на Исус. Одат во црква еднаш годишно, обично за Велигден и тие средби ги претвораат во пијанки. Јас таквите ги нарекувам велигденски христијани. Од нив може да се слушнат само пцовки и дискусии за политика со кои се оправдува крадењето како нешто неминовно кога ќе се зграпчи власта.

Затоа како Христијанин одлучив да ја отворам устата и јавно да зборувам за верата. За вистинската и спасоносната вера. За верата што исполнува и што простува гревови. За верата со која може да се живее и вера со која може да се умре. Тоа е верата во Христос. Мене таа вера ме исполни со љубов, зашто и самата е љубов. И не случајно апостол Павле, кој ја започна христијанската мисија на овие простори од Македонија, ќе рече: ако немаме љубов ние сме како прапорец што ѕвечи. Без љубов ние сме ништо и она што го правиме без љубов не вреди ништо.

Јас ја разбрав Божјата љубов. Сфатив дека сонцето секојдневно изгрева за секој од нас и дека дождот паѓа подеднакво за сите. Сфатив и верувам дека Бог има прекрасен план за секој од нас, зашто тој не сака. Затоа и го даде својот Единороден Син Исус Христос. Тој умре на крстот за отплата на нашите гревови и воскресна. Ја победи силата на смртта и го порази сатаната. Исус умре за сите, дури и за оние што нема да веруваат во него. Но сфатив и дека ми е доста од поделби во Христијанството. Доста ми е од служби на старословенски. Доста ми е од црковни политики. Доста ми е од свештеници што водат политика и од политичари што даваат благослови. Доста ми е од меѓусебни осудувања.

Јас сфатив дека Христијанството е долга прошетка во еден правец и дека секој човек за да биде Христијанин верник треба да го земе крстот и да го следи Исус. Треба да биде христоцентричен, да ја чита Библијата, да се моли секојдневно и да се дружи со други верници. Сфатив дека луѓето од Македонија нема да одат во рајот само поради фактот што Македонија е спомената во Библијата.

Единствениот пат до небото е Исус. Тој речеЧ ,,Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа ка Таткото освен преку Мене.,,
Тој рече: ,,Спасени сте по вера, не по делата што ги правите за да не се фали некој.,,

Исус рече: ,,Љубете го Бог со сето свое срце, сета своја душа и сиот свој разум. И молете го Бог. Тоа е единствениот начин за разговор со него. Молете за да ви се даде. Барајте за да најдете. Чукнете за да ви се отвори.

И за крај ве замолувам вашите дланки да ги искористите за молитва наместо за аплауз и знајте. Христос тропа на вратата од сечие срце. Онаму каде што ќе му се отвори Тој ќе влезе.

(Ораторски говор на Стевче 2005) Верувам ќе се пронајдете во него.

 

СТЕФАН
Кон врв
Safe_Haven Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Safe_Haven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2006 во 12:18
Eпа ај,с речи на дела...!
"...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2006 во 12:36
Стефче ајде те молам објасни како ја разбираш ти верата надвор од црквата?
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 09:48

Вера надвор од црквата?

Црквата има две значења и воопшто црквата не е она што денес е толку многу присутно.

Првото значење на поимот црква е СОБИР НА ВЕРНИЦИ. Верниците можат да се соберат на било кое место во било кое време со тоа што тој собир ќе биде за славење на Господ. Значи црквата не е институција или зграда. Црквата не е свето место. Свет е Господ. Црквата не е единствено место каде што верниците можат да се молат. Зошто? Затоа што верниците можат да се молат и треба да се молат во секое време и на секое место. Вистинските верници се молат и кога им е тешко, и кога им е убаво- за да заблагодарат и кога се пред донесување на одлука.

Второто значење на поимот црква е ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО. Секој верник кој го прифатил Исус се исполнува со Светиот Дух. Затоа и човековото тело е црква. Зашто секој човек треба да ја сочува чистотата и невиноста. Директна е комуникацијата помеѓу Бог и Човекот. Нема посредници. Единствен начин на разговор е молитвата кон Господ. 

СТЕФАН
Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 10:03
Немам воопшто збор на полемика кон работите кои што ги кажа. Но се прашувам дали  тоа е се? Дали нема место во црквата, не како човековото тело туку како заедница на верните, и за Светиот Дух, за начинот на кој Тој ги одредува улогите на верниците во Црквата. Затоа на едни им е дадено да бидат владики, епископи, апостоли, учители итн., а на други само „обични“ верници. Во твојот модел гледам една рамна претстава за црквата каде секој може да биде се и никој да не биде ништо. Така не функционира Божјиот Дух. Избегнувањето и негирањето на улогите дадени од Светиот Дух значи и негирање на самиот Бог.
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 13:03

Ти благодарам за коментарот. Одговор на твојот коментар најдов во Библијата.

 Исто така Моделот на црква што во претходниот пасос го пишував не е мој тоа е модел на Исус. Тој рече во една прилика: ,,ќе го урнам овој храм и за три дни ќе изградам нов.,, Тој мислеше на храмот - составен од верници значи црква како собир на верници не на нешто материјално- згради или слични работи. Тоа е суштината. Зашто сите ние треба да бидеме како попови. Христијанството има своја приватна и јавна страна. Јавната страна е да го споделуваме спасението што го имаме и други луѓе да доведуваме до Исус. Секоје тоа треба да го прави. Точно дека треба да има попови- луѓе кои само тоа ќе работат. Но не да бидат институција. Или не институција во која црквите денес прераснале. Потребни се длабоки реформи.

Еве го и извадокот од Библијата.

 

Исус ги осудува закониците и фарисеите

(Мк. 12:38-40Ч Лк. 11:37-52Ч 20:45-47)

23

Тогаш Исус му се обрна на народот и на Своите ученици, 2 велејќи:

На Мојсеевото место седнаа закониците и фарисеите, 3 затоа сè што

ќе ви речат извршувајте и внимавајте, но не постапувајте според

нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат! 4 И врзуваат тешки и

неподносливи бремиња, и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не

сакаат ни со прст да ги помрднат.

5 А сите свои дела ги прават за да ги забележат луѓето затоа ги

рашируваат своите молитвеници и ги издолжуваат ресите на

наметките 6 ги сакаат челните места по гоштавките, првите места во

синагогите, 7 поздравите на јавните места и милуваат луѓето да ги

нарекуваат ,рабин.

8 А вие не нарекувајте се учители, зашто Еден е вашиот Учител, а

вие сите сте браќа. 9 И никого на земјата не нарекувајте го ,отец,

зашто Еден е вашиот Татко Кој е на не*есата. 10 Не нарекувајте се

водачи, зашто Еден е вашиот Водач, Христос. 11 А најголемиот меѓу

вас нека ви биде слуга. 12 Кој се воздига се*еси, ќе биде понизен, а кој

се понизува се*еси, ќе биде возвишен.

13 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои го затворате

не*есното царство пред луѓето, зашто самите не влегувате, ниту ги

пуштате внатре оние кои сакаат да влезат. 14 (Тешко вам, законици и

фарисеи, лицемери, зашто ги проголтувате домовите на вдовиците, и се

престорувате дека се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!)

 

16 Тешко вам, слепи водачи, кои велите: ,Ако некој се заколне во

Храмот, не е ништо ако пак се заколне во храмското злато, тогаш го

обврзува заклетвата! 17 Безумни и слепи! Што е поважно: златото или

Храмот што го осветува златото? 18 И: ,Ако некој се заколне во

жртвеникот, не е ништо а ако се заколне во дарот што е врз него,

тогаш го обврзува заклетвата. 19 Слепци! Што е поважно: дарот или

жртвеникот што го осветува дарот? 20 И така, кој се колне во

жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него. 21 И кој се колне

во Храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него. 22 И кој се

колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној Кој седи на

него.

23 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од

нане, копар и ким, а го запоставувате поважното во Законот: правдата,

милоста и верноста. Ова требаше да го правите, а она да не го

запоставувате! 24 Слепи водачи, кои ја цедите вошката, а ја

проголтувате камилата.

25 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои ја чистите

надворешноста на чашата и садот, а внатре сте полни со грабеж и

лакомост! 26 Слеп фарисеју! Исчисти ја најпрвин внатрешноста на

чашата и садот, за да им биде чиста и надворешноста!

27 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, зашто прилегате на

варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со

мртовечки коски и секаква нечистотија! 28 Така и вие однадвор им се

покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и

беззаконие.

29 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои им градите

гробови на пророците и им ги украсувате спомениците на праведните,

30 и велите: ,Ако живеевме во деновите на нашите татковци, не ќе

бевме нивни соучесници во крвта на пророците.ќ 31 Така сведочите за

се*е, дека сте синови на оние кои ги убија пророците. 32 И вие ја

дополнивте мерата на вашите татковци!

33 Змии, змиски породи! Како ќе избегнете на пресудата на

пеколот? 34 Затоа, еве, Јас ви праќам пророци, мудреци и законици. Од

нив едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги камшикувате во

вашите синагоги и ќе ги прогонувате од град до град, 35 та врз вас да

дојде сета праведна крв, пролеана на земјата, од крвта на праведниот

Авел до крвта на Захариј, синот на Барах, кого го убивте меѓу Храмот

и жртвеникот. 36 Вистина ви велам, сето тоа ќе падне врз ова

поколение

 

СТЕФАН
Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 20:19
Имам неколку забелешки на твоето толкување.

Прво, околу храмот кој Христос ќе го уништи за три дена, твоето толкување не се совпаѓа со библиското самотолкување на христовите зборови. Ев. по Јован 2:21 ни вели дека „Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.“ Значи даваше пример за својата смрт и воскресение и за телото како Божји храм.

Второ, текстовите кои ги даде се однесуваат на јудејското свештенство, а не на црквата. Читај таму, ќе најдеш синагоги, свештеници, фарисеи итн.

Трето, црквата како институција. Гледам дека тоа е нештото кое што ти смета. Но што е институција? Зарем не е институција еден организам составен од луѓе. Зарем не е токму ова и описот на Апостол Павле на црквата како Тело со различни органи, но сепак едно тело.

Твојот пристап тотално ја индивидуализира верата. Но погледни кој е навистина Новозаветниот принцип. Погледни зошто Христос се моли „Оче наш“ а не оче МОЈ, или зошто Павле вели дека Христос ќе дојде по својата невеста црквата - а не своите невести -верните. Повторно и повторно ќе пронајдеш дека верата не е индивидуална работа, туку таа се живее во заедница со другите верни. Тоа е Црквата. Без таквата црква нема спасение бидејќи Христос така одлучил давајќи му ги на Петар и на апостолите, односно на Црквата, клучевите да одлучуваат за се. Црквата е Христос на Земјата. А без Христос има ли спасение? Без причестување од Христовото тело и крв има ли спасение? Без молитва, грижа и љубов за ближниот свој има ли вера?

Главната и најчеста порака на Христос беше дека со Него доаѓа Царството Не*есно. А какво е тоа Царство? Па, не треба премногу да се оди далеку да се знае дека едно Царство подразбира цареви, поданици, слуги и обични луѓе. Подразбира и одредена хиерархија. Царството подразбира владеење. Христовото Царство подразбира праведно владеење и љубов. А како може да се живее праведно и да се има љубов без други луѓе? Како може да се покаже дека сме вистински Христови следбеници ако таа хиерархија воспоставена од Него на ја живееме не како што другите луѓе ја живеат, туку со тоа што „најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга“ (Матеј 23). Тоа е царството Божјо. Тоа е црквата. Тоа е црквената институција и црквената хиерархија според Христовиот модел, а не тотално затворање на зградите, објектите итн. каде што се собира црквата и одење на секој по својот пат да ја живееме верата. Такво нешто не постои во христијанството.
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2006 во 20:42

Христијанството има своја јавна страна. Тоа е онаа страна кога не се срамиме да кажеме дека сме верни, тоа е страната кога и други ги доведуваме до Христос- до спасението и јавната страна е нашето дружење со друг верници.

Јас не велам дека на луѓето не им е потребна црквата. Потребна им е. Но црквата како собир на верници.

Христијанството има и своја приватна страна, тоа е кога ќе се прифати Исус како свој спасител, оној кој ги отплати нашите гревови. Затоа без приватната страна, без нашиот личен однос со Исус или да речеме ако го немаме прифатено Исус, залудни ни се сите обичаи, залудно ни е одењето во Црква, залудно ни е се.

Пеколот ќе биде полн со така наречени христијани кои одат во црква, кои палат свеќи. Зошто? Затоа што залудни се сите обичаи ако го немаме Исус. Залудно е постоењето на црквата ако го немаме Исус. Тоа е она што се трудам да го кажам преку сите мои теми.

Зошто ги споредувам денешните свештеници со фарисеите, затоа што не се многу далеку од некои од постапките на фарисеите (не генерализирам, зашто постојат исклучоци).

Мене навистина не ми значи тоа што поповите одат во црно, што носат брада. Тоа на луѓето нема да им даде кузнае колку голем поттик за вера. Еден е начинот на спасение, еден е оној кој е темелот на Христијанството. Тоа е Исус. Тој е суштината на Христијанството. Затоа и се нарекува Христијанство. Ако на местото на Мухамед во Исламот или на местото на Буда во Будизмот ставиме друга личност тие ќе останат исти, ништо нема да се промени. Но ако на местото на Христос поставиме друг или се обидуваме Христос да го тргнеме настрана се ќе пропадне.

Затоа јас суштината на Христијанството не ја гледам преку црквата или преку обичаите, туку ја гледам преку Библијата и Исус.

СТЕФАН
Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2006 во 00:15
Пак ти со тоа јавна и приватна страна. Човекот не е шизофренично суштество па кога е сам да е едно, а кога е во заедница друго. Човек е човек, сам или во друштво.

Суштината на христијанството. Христос, несомнено. Библијата како сведок за Христос несомнено. Но, зарем е црквата само клуб за дружење на верните? Така го сфаќам твојов модел.

Црквата не е клуб, таа е живо Христово тело. Така ја нарекува Апостол Павле. Таа е Христос. Таа, како целина, ги има сите дарови од Светиот Дух, сите плодови на Христовата служба.

Обичаите без Христос се празни, тоа се сложувам. Но каква е таа вера во Христос без искажување на таа вера во заедница, во причестување, во заедничко молење и застапување, во заедничко славење на Господ? Не самостојно славење. Заедничко славење, бидејќи желбата на Христос беше да бидеме едно. Да бидеме единствени како што Тој и Отецот се единствени.

ЗНачи, да се разбереме, јас не се противам на твоите аргументи, но мислам дека запоставуваш еден многу важен, клучен сегмент од христијанското битисување. Поздрав.
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2006 во 16:10

Ова е за сите

 

Многумина луѓе раскажувајќи ги своите животни истории прашуваат: Каде е Бог? Зошто Бог молчи? Некогаш кога ќе ги нападнат страшни работи веројатно доаѓаат и до точка кога велат: ,,па можеби нема Бог,,!? Можеби небото е празно!? Можеби атеизмот сепак е во право!? Драги пријателе, оној на кого му доаѓаат вакви мисли треба да се уплаши. Кога би било вистина дека нема Бог, тоа би било страшно. Тогаш ние луѓето би биле сами и напуштени- како диви животни! Би биле како загубени деца што не знаат да се вратат дома. Некој што кажува: ,,Јас сум атеист.,, Нема поима што изразува со тоа. Тоа значи да не постои ништо над нас! Да сме напуштени! Да сме препуштени сами на се*е. Јас верувам дека има пекол. Тоа е место каде Бог нема што да им каже на луѓето. Таму можете да се молите, можете да го проколнувате, да викате по Него- но Тој нема да одговори! Пеколот е место каде што Бог не погледнува- тоа е место каде што конечно сме оставени, наполно напуштени од Бога. Можеш да правиш што сакаш, да се молиш или да пцуеш- но тој нема да одговара. Божјото молчење е најтешка казна од Бог. Бог нема што да ви каже ако вие не го прифатите Исус. Затоа отфрлете ја својата малечка религија и најдете ја верата во Исус.

Исус вели: ,,Јас те откупив, ти треба да бидеш мој.,, Прашајте го Исус: ,,Зошто висиш на крстот? А тој одговара: ,,Заради твојата вина пред Бог, или ти ќе ја платиш во пеколот, или јас ќе ја платам за те*е. Еден мора да плати. Јас сакам да го сторам тоа за те*е. Само верувај во Мене!,,

Решавачко прашање на сечиј живот е дали ќе го примите Исус.

Зошто Бог молчи? Бог воопшто не молчи, драги мои. Тој зборува. Неговиот збор се вика ,,Исус!,, Тоа значи љубов, милост и милосрдие. Тие што нема да го прифатат Исус нема да го чујат ни Бог.

СТЕФАН
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2006 во 11:33
Многу се убаво напишани твоите постови Стевче. Прекрасно склопени реченици од кои се гледа јасна и силна вера кон Бога.

Јас сум атеист и не се плашам да го кажам тоа. Не се чувствувам напуштена затоа што не верувам дека Бог постои, најискрено никогаш не сум имала ни можност да видам или осетам дека постои. Ги имам моите најблиски, тие се мојата поддршка и сила.

Во твојот прв пост зборуваш за смртта на блиски луѓе. Знам колку е болна таа разделба. Не сакам да звучам навредливо , некои членови и тоа го гледаа во моите постови, но смртта на блиските луѓе а и фактот дека смртта го чека секој човек, многумина ги тера во тие моменти да се свртат кон Бога и да веруваат дека нивните блиски се таму некаде каде го започнале вечниот живот.

Ни во тие моменти кога моите родители починаа, јас не го имав Бог до мене, до мене беше некој друг мој близок да ми биде поддршка и утеха.
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2006 во 09:03
Блез Паскал е од Франција (1623- 1662). Тој е брилијантен математичар, физичар, изумител и филозоф. На три години останал без мајка и главно бил самоук. На 11 години решавал тешки математички теореми. Умрел на 40 години, но за време на својот краток живот успеал да ги постави темелите на теоријата на веројатноста, од која се развива современата статистика. Дал и голем придонес во областите на хидростатиката, хидродинамиката, хидрауликата (познат е Паскаловиот закон за распределба на течностите) и во конструкцијата на првата сметачка машина. Тој исто така бил и непоколеблив христијанин, со силна верба во Библискиот Бог.
За постоењето на Бог тој го понудил следниот приод на ВАГАЊЕ.
Бог или посоти, или не посоти.
^овек треба да извага што добива, а што губи ако верува или ако не верува во Господ!
Ништо нема да загубиш, ако веруваш во Господ ,,по грешка,,.
Се ќе загубиш, ако не веруваш во Господ ,,по грешка,,!
1. Ако Бог не постои и ти не веруваш дека Тој постои, ништо нема да загубиш. Со смртта, едноставно ќе престанеш да посотиш.
2. Ако Бог не постои, а ти веруваш дека Тој постои, повторно ништо нема да загубиш, а ќе живееш избалансирано, праведно и спокојно. Твојата судбина по смртта не би била засегната.
3. Ако Бог посоти, а ти не веруваш дека Тој постои, ќе загубиш многу: во овој живот ќе талкаш во мрак, а и по смртта ќе завршиш во вечен мрак- во пекол.
4. Ако Бог посоти и ти веруваш дека Тој постои, добиваш се: во овој живот добиваш Семоќен пријател, добиваш водство и заштита, а по телесната смрт- вечен живот и идно воскресение.
И ѓаволот ,,верува во Бог!,, Секако, тој не е атеист. Тој многу добро знае дека Бог е жив. Но тој нема мир со Бог. ^овекот добива мир со Бог кога ќе се отстрани ѕидот на неговиот грев и вината што стои меѓу него и Бог. Токму за ова дошол Исус. Тој го урнал ѕидот на нашата вина. Тој дозволил да го приковаат на крст. Тој знаел: ,,Некој мора да ја понесе осудата на Светиот Бог за гревот- или човекот или Јас.,,
 Замислете си ја сликата- Исус на крстот. Таму виси Тој, преку кого Бог го урнал ѕидот. Таму виси Тој за кого Библијата вели: ,,Бог ги положи сите наши гревови врз Него.,, Исус плати за сите. За секоја вина мора да се плати. Исус плати за нас. Затоа или ќе поверуваме во него или сами ќе си платиме за гревот. А казната за гревот е смрт. Исус ја победи смртта со воскреснување. Ние можеме да имаме живот вечен преку Исус. Вечниот живот не почнува со смртта. Вечниот живот почнува со прифаќање на Исус. Или ќе го прифатиме Исус и ќе имаме живот вечен. Или ќе го негирате Исус и ќе одите во пеколот.
 Во црквите сепак има некаква принуда, но во Божјото царство се е доброволно. Кој сака да живее без Бог, може слободно да реши и така да живее. Бог не кани, а ние имаме можност да го одбиеме. Дали сакате да живеете без Бог? Можете! Дали сакате да живеете без мир со Бог? Можете! Сакате ли да живеете без Библијата? Можете! Сакате ли да ги кршите Божјите заповеди? Можете! Сакате ли да не ја почитувате неделата, да блудничите, да лажете, да крадете? Смеете! Ако некој не го сака Спасителот што го пратил Бог да ги спаси грешните, слободно нека го одбие. Кој сака да заврши во пеколот, не му е забрането! Кај Бог нема принуда. Но, нека ви биде јасно дека ќе морате сами да си ги поднесете последиците. Бог преку Исус ви нуди проштевање на гревовите и мир. Можете да кажете: ,,Мене тоа не ми треба. Јас тоа не го сакам.,, Имате право така да живеете. Но немојте да се надевате дека во последните 5 минути на вашиот живот- при умирачка- ќе го сфатите и разберете се она она што Бог ви го нудел во текот на целиот ваш живот.
СТЕФАН
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2006 во 09:34
,,Бутел 2,, твојот коментар ми беше поттик посебно за те*е да направам една лекција- тема која верувам ќе ти помогне во некои од размислувањата, а се надевам и на многумина други. Имам такви теми уште многу. Морам да признаам дека ќе се молам за те*е, за да успееш да ја видиш Божјата љубов. Бог не сака сите, а таа љубов ни ја искажа најмногу преку Исус. Исус умре за сите, дури и за оние што нема да веруваат во него. Но спасен е тој што поверува во Исус. Бог те љуби и те*е.
СТЕФАН
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2006 во 12:14
Интересна прашања и одговори , благодарам Стевче, поздрав.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.