|
КОЈА ЦРКВА СПАСУВА? |
Внеси реплика | страница <1 13141516> |
Автор | |||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
"Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово (Боже) е вистината." (Исус Христос во ев. Јован 17:17)
"Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека." (Псалм 109:105)
"Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело."
(2 Тимотеј 3:16)
"Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене....
Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас"
(Исус Христос во ев Јован 14:6 и 18:37)
Изменето од EvAngelos - 17.Септември.2009 во 01:37 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не заборавај да спомнеш дека овој цитат се однесува на Стариот Завет, затоа што Новиот не ни бил напишан во тоа време Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2009 во 04:42 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Кога Мојсеј се синмал од плнината Синај единствено Свето Писмо што го имале израелците биле 10-те Божји заповеди. Тој го положил ова Свето Писмо во ковчегот на заветот. Подоцна кон ова Свето Писмо Мојсеј додавал и дополнителни свети писма (закони) во тој ковчег.
По смртта на Мојсеј Светото Писмо на евреите претставувало Законот (Тората, Првите пет книги во Библијата: Битие, Излез, Левит, Броеви и Второзаконие).
Подоцна кон овие свети книги се додавале историските книги, книгите на мудроста, псалмите, потоа книгите на пророците, потоа книгите на апостолите и евангелистите (Новиот Завет).
Во секоја етапа Бог обезбедувал одредена количина од Светото Писмо до луѓето се до Неговото конечно финиширање со Откровението на апостолот Јован.
Голема ерес е да се тврди дека Срариот Завет е боговдахновен, а Новиот не е. Сега ќе докажам и зошто.
"А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост; како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел."
(2 Петрово 3:16)
Грчкиот збор за "писма" кој е употребен овде (graphe) во Новиот Завет се појавува 51 пати и во сите случаи се однесува на Стариот Завет (пр. Зашто Писмото вели, зашто Писмото предвиде итн.) Оттука гледаме дека апостолот Петар воопшто не прави разлика меѓу писмата на Павле и Старозаветните писма и како и овде, така и на други места, го признава Неговото апостолство и боговдахновеноста на Неговите писма.
Од ова заклучуваме дека и писмата на апостолот Павле влегуваат во канонот на Библијата (Светите Писма) уште во времето на апостолите.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
А кој го тврди тоа? Ок, освен Прахристијанската Заедница, како што ни објаснуваше Мајкл.
Евангелос, не е убаво вака да се лаже. На грчки овој стих е: ὡς καὶ ἐν πάσαις ἐπιστολαῖς λαλῶν ἐν αὐταῖς περὶ τούτων, ἐν αἷς ἐστιν δυσνόητά τινα, ἃ οἱ ἀμαθεῖς καὶ ἀστήρικτοι στρεβλοῦσιν ὡς καὶ τὰς λοιπὰς γραφὰς πρὸς τὴν ἰδίαν αὐτῶν ἀπώλειαν. Или во латинична транскрипција: 3:16 ws kai en pasais epistolais lalwn en autais peri toutwn en ais estin dusnohta tina a oi amaqeis kai asthriktoi streblousin ws kai tas loipas grafas pros thn idian autwn apwleian Колку што може да се забележи, за првот збор „писма“ е искористено зборчето ἐπιστολαῖς (epistolais), пришто и самиот збор кажува дека се однесува на апостолските посланија (Epistles), додека за вториот збор „Писма“ е искористен грчкиот збор γραφὰς (grafas). Значи, не е така како што тврдиш дека и за Писмата од Стариот Завет, и за Посланијата на апостол Павле, се користи зборот graphe. А, и да! Да не ти текне да ме наклеветиш дека сакам да кажам дека едното(Писмата од Стариот Завет) е боговдахновено, а другото (посланијата на Апостолите) не. Далеку од тоа!
Душичке, за каков канон на Библијата зборуваш кога во тоа време не постоел канонот? Св. Ап. Павле е убиен заради Христа околу 64-65, а според некои и до 67 година од првиот век, а Евангелието според Јован е напишано според разни извори, меѓу 80-100 год. од првиот век. Каков бил тој канон што го спомнуваш? Имаш некој доказ? Линк, историско истражување или сл?Или сега ќе почнеш да се ваѓаш дека под Библија си мислел само Стар Завет? Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2009 во 12:37 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Леле кој дочекав да ми држи часови по коине грчки, бившата преведувачката од мистериозниот араматејски јазик
Јас погоре реков "збор" (во еднина), а не зборови (множина). Можеби требаше да прецизирам за кои "писма" го употребувам зборот "graphe" во дискусијата подоле, но сметав дека не е потребно, затоа што знам дека имаш грчки нов завет во електронска форма, а и ти добро знаеш дека и јас го имам тоа (со далеку подобар фонт од твојот ) така што нема потреба да се фаќаш за вакви мои буквални пропусти во образолежнието кога знаеш што сум мислел.
Јас го цитирав тој стих за да покажам дека апостол Петар ги вреднува Павловите писма како и старозаветните Писма. Петар во посочениот стих вели: "како и другите писма." Доколку Петар не ги сметал Павловите писма за дел од светите писма, тогаш тој ќе речел: "како и во Писмото" или "како и во Писмата". Но со самиот факт дека тој вели: "како и другите писма" тој индирекно објавува дека Павловите писма се исто така дел од Писмата, инаку не би рекол "другите". Капиш?
Тоа што во тоа време не постоеле сите 66 библиски книги укоричени меѓу две корици (ниту пак тоа било можно, затоа што пишувале на папирусни свитоци/ролни) тоа воопшто не ја тангира боговдахновеноста на новозаветните свети писма. Како што виде (а можам да ти наведам и други примери) христијаните си ги сметале за свети писма и еднакво боговдахновени и новозаветните книги.
Еве ти друг пример за да видиш дека и евангелијата ги сметале за писма (graphe) како и старозаветните свети писма.
"Зашто Писмото (graphe) вели: „Не заврзувај му ја устата на волот што врши!” и „Работникот ја заслужува својата плата.”"
(Павле во 1 Тимотеј 5:18) Првиот цитат на Павле овде е цитат од Второзаконие 25:4, но вториот цитат нема никаде да го најдеш во Стариот Завет а сепак е Писмо (graphe) нели? И сега шо прајме? Нормално, отвараме Новиот Завет, отвараме евангелие по Лука 10:7 и читаме "трудбеникот ја заслужува својата плата" - цитат кој Павле исто така го нарекува Писмото употребувајќи го грчкиот збор graphe кој се јавува 51 пати во Новиот Завет и во сите овие случаи се однесува за стариот завет.
Ова е уште еден доказ дека апостолите уште во нивно време ги вреднувале новозаветните свети писма/евангелија на исто ниво како и старозаветните, сметајќи ги и едните и другите за Свето Писмо.
Ви благодарам на вниманието
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Па, бидејќи господинот Евангелос не се најде доблесен да одговори на неговите искривувања на вистината, направив мало истражување во релација грчките зборови послание – Писмо дали се разликуваат, и излезе дека во сите цитати што ги проверив, никаде во Новиот Завет не се преклопуваат. Првава група се цитати каде се содржи зборот "посланија". Гледаме дека секаде на грчки стои зборот „ἐπιστολή“, само му се менува формата во зависност од членувањето, множината или сл. 2 Коринтјани 7:8 Оти, ако сум ве и ожалостил со посланието, не се кајам, иако се каев; бидејќи гледам дека тоа послание ве ожалостило само за малку време. ὅτι εἰ καὶ ἐλύπησα ὑμᾶς ἐν τῇ ἐπιστολῇ, οὐ μεταμέλομαι: εἰ καὶ μετεμελόμην {βλέπω [γὰρ] ὅτι ἡ ἐπιστολὴ ἐκείνη εἰ καὶ πρὸς ὥραν ἐλύπησεν ὑμᾶς} 2 Коринтјаните 10:9 Но, никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам, бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при личното присуство меѓу нас слаб; проповедта негова ништо не вреди. Таквиот нека знае дека какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело, кога присуствуваме. ἵνα μὴ δόξω ὡς ἂν ἐκφοβεῖν ὑμᾶς διὰ τῶν ἐπιστολῶν: ὅτι, Αἱ ἐπιστολαὶ μέν, φησίν, βαρεῖαι καὶ ἰσχυραί, ἡ δὲ παρουσία τοῦ σώματος ἀσθενὴς καὶ ὁ λόγος ἐξουθενημένος. τοῦτο λογιζέσθω ὁ τοιοῦτος, ὅτι οἷοί ἐσμεν τῷ λόγῳ δι' ἐπιστολῶν ἀπόντες, τοιοῦτοι καὶ παρόντες τῷ ἔργῳ. Дела 15:30 И така пратените слегоа во Антиох, го собраа народот и го предадоа посланието. Οἱ μὲν οὖν ἀπολυθέντες κατῆλθον εἰς Ἀντιόχειαν, καὶ συναγαγόντες τὸ πλῆθος ἐπέδωκαν τὴν ἐπιστολήν: Втората група се цитати каде се спомнува зборот "Писма", под што се мисли Светите Писма од Стариот Завет т.е. Законот. Тука, на грчки стои зборот "γραφὴ", кој, исто така, ја менува формата во зависност од членувањето, множината или сл., и истиот, освен една буква, нема никаква допирна точка со зборот "ἐπιστολή". Лука 4:21 И почна да им говори: “Денес се исполни ова Писмо, што го чувте.” ἤρξατο δὲ λέγειν πρὸς αὐτοὺς ὅτι Σήμερον πεπλήρωται ἡ γραφὴ αὕτη ἐν τοῖς ὠσὶν ὑμῶν. Лука 24:27 Па, кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им зборуваше за Него во целото Писмо. καὶ ἀρξάμενος ἀπὸ Μωϋσέως καὶ ἀπὸ πάντων τῶν προφητῶν διερμήνευσεν αὐτοῖς ἐν πάσαις ταῖς γραφαῖς τὰ περὶ ἑαυτοῦ. Јован 19:37 И друго Писмо пак вели: ‘Ќе погледнат на Оној, Кого Го прободоа.’ καὶ πάλιν ἑτέρα γραφὴ λέγει, Ὄψονται εἰς ὃν ἐξεκέντησαν. 2 Тимотеј 3:16 Целото Писмо е од Бога двахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата... πᾶσα γραφὴ θεόπνευστος καὶ ὠφέλιμος πρὸς διδασκαλίαν, πρὸς ἐλεγμόν, πρὸς ἐπανόρθωσιν, πρὸς παιδείαν τὴν ἐν δικαιοσύνῃ... 1 Коринтјаните 15:3, 4 Ви го предадов најнапред она, што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; дека Он беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата... παρέδωκα γὰρ ὑμῖν ἐν πρώτοις, ὃ καὶ παρέλαβον, ὅτι Χριστὸς ἀπέθανεν ὑπὲρ τῶν ἁμαρτιῶν ἡμῶν κατὰ τὰς γραφάς, καὶ ὅτι ἐτάφη, καὶ ὅτι ἐγήγερται τῇ ἡμέρᾳ τῇ τρίτῃ κατὰ τὰς γραφάς... |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
п.с. НЕ ја извртувај темата за канонот - КАНОН НА НОВИОТ ЗАВЕТ НЕ ПОСТОЕЛ во времето на апостолите.
И да те потсетам:
Ако е така, што трескаш од памет? Всушност, нели треба некако да се оправдаш за твоето непознавање на Светото Писмо И уште еднаш да се види дека веза немаш од историјата на создавањето на Светото Писмо такво какво што денеска го знаеме:
И сега? Ќе ни кажеш кога, како и кој го утврдил канонот на Новиот Завет?
А кој го тврди спротивното? Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2009 во 03:19 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Што е ова копи пејст на исти постови само колку последниот збор да остане твој?
Па се надевам дека модераторите нема да го дозволат ова играње играчки и повторување! Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2009 во 04:24 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
EvAngelos, dobro znaesh deka kopiranje i povtorno postiranje na isti komentari ne e dozvoleno.
Tvojot posleden post e izbrishan. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
А бре око соколово пристрасно.
Зарем не гледаш дека пријателкава твоја Maran Ata двата големи коментари погоре ги копирала и на темата "Колку протестантите го разбираат Светото Писмо" (види страна бр. 2 и 4)?
Зарем не гледаш како тука ми поставува прашање, јас и го одговарам, а она истото прашање (комплетно истиот коментар) потоа ми го поставува (копира) на другата тема и таму ме клевети како не сум имал доблест да одговорам?
Зарем не гледаш како и овде на оваа иста тема, прво ми поставува прашање, јас и одговарам на прашањето, а потоа се САМОЦИТИРА (зарем не е тоа копирање на еден ист коментар?? ) велејќи дека "не сум бил доблесен да одговорам" иако мојот одговор е веднаш под нејзиното поставено прашање?
Изменето од EvAngelos - 18.Септември.2009 во 10:39 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Евангелосе, темата што јас ја отворив, насловена како „Колку Протестантите го разбираат Светото Писмо?“, е сума сумариум на сите работи кои искривено се претставуваат од страна на протестантите. Така, и твоите киксови редовно ќе се наоѓаат таму.
Исто така, темата е отворена за да се бави само за Светото Писмо - од толкувачки, историски и други аспекти. Бидејќи од историски аспект го зачна прашањето со твоите коментари (т.е. коментари кои само докажуваат дека канонот на Светото Писмо не постоел за време на Апостолите), секоја слична дискусија, т.е. докажување дека не е така како што тврдиш, ќе биде поставено и таму. А ти, сега бидејќи знаеш, можеш почесто да ја посетуваш таа тема. Добредојден си! п.с. а ако те боли тоа што пишува дека не си бил доблесен да одговориш, кажи бе, братче, ќе го сменам, ама тоа не го менува фактот дека тоа што го одговори само повеќе те заглави. Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2009 во 10:46 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ок, тогаш и јас ќе отворам тема "Колку Адвентистите го разбираат Светото Писмо" и таму ќе ги разобличувам работите кои искревено се претставуваат од страна на адвенстите. Така, и твоите киксови редовно ќе се наоѓаат таму
Јас на твоето прашање тука ти одговорив многу добро, но тебе те боли тоа што ти не очекуваше да ти одговорам, па затоа повторно го поставуваш прашањето и елаборираш нешто за што воопшто не беше прашања, нешто што воопшто не беше предмет на дискусијата.
Со самиот факт што Петар ги смета Павловите посланија за свети писма и ги изедначува со старозаветните, а истото го прави и Павле за евангелието по Лука, тоа е доказ дека апостолите уште во своето време ги сметале новозаветните книги за свети писма рамни на старозаветните. Ете ти сума сумарум од мојот одговор, а аргументите ги имаш погоре, да не спамирам затоа што како што гледаш, мене не ми е дадено тоа право.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Suma Sumarium, какви теми сакаш отворај и таму со кого сакаш дискутирај си. Ако отвораш за Адвентистите, збори си со нив, не ти се мешам А поентата за тоа што го извртуваш не е дали Посланијата на Апостолите се сметале за свети и боговдахновени (затоа што тоа е неспорно од Православна гледна точка), туку дека луѓето до 7-8 век немале апсолутно утврден канон на Новиот Завет, каков што го знаеме денеска, т.е. некои Посланија кои денеска се во канонот на Светото Писмо не ги прифаќале како веродостојни и не се користеле во сите Христијански заедници. И од тоа произлегува прашањето: Што правеле луѓето без Светото Писмо сите тие векови? Од каде се учеле на верата? Кој го одредил канонот? Врз основа на што? Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2009 во 11:13 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ниту пак јас ти се мешам околу твоите теми. Ако отвараш за протестантите, збори си таму со нив, ниту јас не ти се мешам.
Јас можам да ти одговарам само околу изворното христијанство кое го проповедале Христос и апостолите (зарем не е очигледно тоа од мојот потпист кој го имам 2 ипол години)
Околу светите писма и канонот, сметам дека ти дадов доволно библиски стихови на оваа тема дека апостолите ги сметале посланијата и евангелијата за Писма како и старозаветните.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 13141516> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |