|
Колку Протестантите го разбираат Светото Писмо? |
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Автор | |||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Воопшто никакви предрасуди немало, затоа што во самото писмо не стои на која деноминација припаѓа „загрижениот теолог“. А ако убаво забележиш, владиката на секој втор збор вели „Нека ми прости“ и „Господи помилуј“, а меѓудругото нагласува: „Пишувам во трето лице еднина, односно индиректно затоа што не го познавам човекот и затоа што пишувам за општа поука.“ Многу јасен е владиката дека не го суди Марко: „Сепак, нема да го осудиме и нема да го наречеме лажго затоа што од отците научивме гревот да го мразиме, а не човекот што го прави.“ Значи, владиката ја вади најубавата поука од целиот текст на пасторот - ТРЕБА ДА СЕ СМИРУВАМЕ И ДА НЕМАМЕ ВИСОКО МИСЛЕЊЕ ЗА СЕБЕ, затоа што Господ им се противи на таквите т.е. горделивите. Владиката, исто така, дава поука дека не треба да се практикува палењето огнови, за што Марко го наклевети: „Дека палењето огнови е стар пагански обреден обичај, тоа е познато. Дека со собирањето околу огновите најчесто се нарушува постот, и тоа е познато. Моето мислење дека тоа не е добро е исто така познато.“ И за крај, fileo, би те прашала, зарем „загрижениот теолог“, кој патем е баптист, е толку загрижен за МПЦ, што почнува јавно да шири лаги и клевети дека владиката Наум изјавил нешто што не е така? Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 14:53 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
[/QUOTE] И за крај, fileo, би те прашала, зарем „загрижениот теолог“, кој патем е баптист, е толку загрижен за МПЦ, што почнува јавно да шири лаги и клевети дека владиката Наум изјавил нешто што не е така? [/QUOTE] Тоа се вели: оседнатост со омраза кон МПЦ! Да се појасниме ( не мислев на fileo ).. |
|||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ne velam, deka vladikata go osuduva teologot no vie reagiravte osuduvacki prema nego spored prvite reakcii posle izlaganjeto naodgovorot na vladikata. И за крај, fileo, би те прашала, зарем „загрижениот теолог“, кој патем е баптист, е толку загрижен за МПЦ, што почнува јавно да шири лаги и клевети дека владиката Наум изјавил нешто што не е така? pretpostavuvam deka reagiral pod silni cuvstva i pogresno razbral nekoi raboti pa zatoa iskazal nekoi netocni raboti vo vrska so vladikata. no toa e samo moe mislenje, jas ne sum nekoj dobar procenuvac. Изменето од fileo - 16.Септември.2009 во 15:21 |
|||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
[/QUOTE]Не треба да се суди, но Вистината треба да се брани по секоја цена! А молењето во црква со кренати раце нагоре и пеењето на наши компонирани песни за "слава" на Господа според Библијата е?[/QUOTE]
da, spored biblijata e. citaj gi psalmite i ke vidis. najgolemiot del od psalmite se od carot david komponirani. Изменето од fileo - 16.Септември.2009 во 15:25 |
|||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не му одговори на човекот во врска со иконите. А во постариот коментар во кој велиш дека владиката го закопал Марко имаш многу лош заклучок. Цитирам: "...тивкиот и топол ветер Развигор што ја буди и расцветува природата напролет...". Муахахааааа... Те молам... многу теолошки и библиски. Се чудам кое ли евангелие го цитираше? Можеби по Итар Пејо? Или пак нешто од читанката од трето одделение? И кој е горделивиот тука? Нашите пастори пред се се наши водачи, а потоа и слуги, а не возвишени попови на кои мораме да им целиваме рака. Кој е погорделив? Оној кој го води стадото или оној кој бара целиви (и пари морам да додадам)? Оној кој ќе искара друг или оној кој нема да признае дека погрешил? "Зашто секое дрво се познава по својот род. Не се берат смокви од трње, ниту грозје од капина."-Лука: 6:44 |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дарко така се молеле Библиските личности. И така, мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи ги чистите раце без гнев и сомневање. 1 тимотеј 2-8 Изменето од izvoren - 16.Септември.2009 во 23:07 |
|||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Или држи се до темата или не коментирај! И тоа „Муахахааааа“ интересно звучи, нешто измеѓу и А тоа што и ти како пасторот ти Марко веза немате што пишува во Светото Писмо, е еден плус доказ на темава дека Протестантите воопшто не го разбираат Светото Писмо: 1 Цареви 19:11, 12 Тогаш Бог му рече: "Излези и застани на гората пред лицето Господово; и, ете, Господ ќе мине, и голем и силен ветар кој ридови урива и соборува карпи пред Господа; но не е Господ во ветрот; по ветер - земјотрес, но не е Господ во земјотресот; по земјотресот - оган, но не е Господ во огнот; по огнот - здив од тих ветар, и таму е Господ." Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2009 во 05:16 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А ти се молиш ли со кренати раце? |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А тоа значи дека вие се споредувате со цар Давид? Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2009 во 05:13 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Неколку пати до сега, за оваа година дена што го следам форумот, имам прочитано од страна на баптистите и останатите протестанти дека со следниот стих се осврнуваат на Новиот Завет од Библијата.
"Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело."
(2 Тимотеј 3:16) Сепак, поентата е тоа што кога апостолот Павле го пишал ова послание, Новиот Завет од Библијата не ни постоел каков што ние денеска го знаеме. |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ете, повторно се наидов на тотално неразбирање на Светото Писмо од историска гледна точка од страна на протестантското гледиште, така што иако ова реплицирање го има и на друга тема, сметам дека е токму за оваа, па затоа и тука го копирам.
Евангелос, не е убаво вака да се лаже. На грчки овој стих е: ὡς καὶ ἐν πάσαις ἐπιστολαῖς λαλῶν ἐν αὐταῖς περὶ τούτων, ἐν αἷς ἐστιν δυσνόητά τινα, ἃ οἱ ἀμαθεῖς καὶ ἀστήρικτοι στρεβλοῦσιν ὡς καὶ τὰς λοιπὰς γραφὰς πρὸς τὴν ἰδίαν αὐτῶν ἀπώλειαν. Или во латинична транскрипција: 3:16 ws kai en pasais epistolais lalwn en autais peri toutwn en ais estin dusnohta tina a oi amaqeis kai asthriktoi streblousin ws kai tas loipas grafas pros thn idian autwn apwleian Колку што може да се забележи, за првот збор „писма“ е искористено зборчето ἐπιστολαῖς (epistolais), пришто и самиот збор кажува дека се однесува на апостолските посланија (Epistles), додека за вториот збор „Писма“ е искористен грчкиот збор γραφὰς (grafas). Значи, не е така како што тврдиш дека и за Писмата од Стариот Завет, и за Посланијата на апостол Павле, се користи зборот graphe. А, и да! Да не ти текне да ме наклеветиш дека сакам да кажам дека едното(Писмата од Стариот Завет) е боговдахновено, а другото (посланијата на Апостолите) не. Далеку од тоа!
Душичке, за каков канон на Библијата зборуваш кога во тоа време не постоел канонот? Св. Ап. Павле е убиен заради Христа околу 64-65, а според некои и до 67 година од првиот век, а Евангелието според Јован е напишано според разни извори, меѓу 80-100 год. од првиот век. Каков бил тој канон што го спомнуваш? Имаш некој доказ? Линк, историско истражување или сл? Или сега ќе почнеш да се ваѓаш дека под Библија си мислел само Стар Завет? Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2009 во 12:36 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Друг проблем кој може да се појави кај протенстантизмот и нивното сфаќање на канонот од светото писмо е Откровението од Апостолот Јован и посланието до Евреите.
Таа книга(Откр.) не била генерално прифатена на Истокот.Затоа кај најраните Оци не може да се најдат толкувања на истата бидејќи ја сметале за апокрифна. Додека на запад па била обратна ситуацијата. Откровението било ширко прифатено за разлика од посланието до Евреите кои го сметале за апокрифно. Работата била решена на еден собор во Картагена(на кој учествувал и Блажениот Августин)каде взаемно биле прифатени двете книги. Нус продукт на тоа на истокот, е што до ден денес отровенито нема литургиска употреба(кога се читаат посланијата и другите свети списи). Е сега како ќе го оправдаат ова протестантите деке куп "попови и владици" уствари се главни "виновници" што они денес воопшто го имаат отровението би билa интересна тема за размислување. Изменето од ahmar1 - 17.Септември.2009 во 12:35 |
|||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А тоа значи дека вие се споредувате со цар Давид? [/QUOTE] Всушност земаме пример од царот Давид. Инаку јас не се споредувам со никого. |
|||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ahmar1 каква е поврзаноста на темата со твојот пост?
што има тоа врска со ова за кое се дискутира? |
|||
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |