|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 7980818283 97> |
Автор | |||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Абе ти што збориш, може да се сравни со тропотање на канти, ама што зборуваат доказите е друга работа. А и тоа што луѓето го пишуваат по форумов, уште поголем доказ. Прочитај го коментарот на Полжавче |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тие ви се некои виртуелни монаси.
|
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Надвор сме од темата,
|
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
izvoren, vo pravo i go izbrishav posledniot komentar na Maran Ata.
Ne sakam nitu jas da odam nadvor od temava, no imam direktno prashanje od Maran Ata koe sekako deka korespondira so onoa za koe diskutirame. Zatoa kje si zemem za pravo da odgovoram na nego.
Sigurno ne na pamet, sigurno ne so goli citati koi nekogash bile rasposteleni so crno mastilo vrz bela hartija... Prosvetlenosta i produhovenosta ne se suvoparni zborovi koi se uchat na pamet... toa ne e tablichka na mnozhenje... nitu recital za nekoj specijalen den. Oti ako beshe taka, togash deca od deset godini, koi gi znaat na pamet svetite pisanija, kje bea najprosvetlenite lugje na zemjava. Ama znaeme deka toa ne e taka... Onoa sto propovedal Isus ne se nauchuva od kniga... zatoa Isus i site prosvetleni lugje nikogash ne pishuvale. Knigata e ogranichena, taa lesno se falsifikuva i se korumpira so dodavanje i vadenje zborovi, so preveduvanje i so preraspredeluvanje na redovi i pasusi. Duri i ako bide prezervirana onaka kako sto e napishana, taa nikogash nema da dade odgovor na site mozhni prashanja koi kje proizlezat od nejzinoto chitanje. Prosvetluvanjeto se dobiva samo vo zhiveenje so prosvetlen chovek ili so svoe lichno makotrpno patuvanje do nego. Isusovoto propovedanje e propovedanje na Ljubov, propovedanje na Milosrdie, propovedanje na prifakjanje na seto onoa sto e sozdadeno od Boga i sto egzistira kako Negovo delo... so drugi zborovi, toa e propovedanje na Edinstveno i Nerazdelno Sebstvo so Kreatorot na s'e onoa sto e vidlivo i nevidlivo, na seto onoa sto bilo, sto e, i shto kje bide. Za da mozhe da se propoveda Isusovoto uchenje treba da se osoznae i aktivno da se zhivee vo taa Ljubov i vo toa Edinstvo so Boga, tokmu onaka kako sto go zhiveel i propovedal samiot Hristos. Изменето од Messenger - 16.Септември.2009 во 03:13 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Апсолутно се сложувам со тебе за ова, и не си ни свесен колку твоево размислување со совпаѓа со Православното Христијанско учење! Токму тука и може да се види разликата помеѓу протестантите и православните. Протестантите сувопарно учат цитати на памет и при тоа само ги редат без да ја сфатат нивната суштина, додека, пак, Православното Христијанство го проповеда обратното - подвиг за достигнување на очистување на срцето од страстите, просветление на умот и на крај - обожение на целата личност. Затоа и св. Серафим Саровски, кој ги поминал овие фази (степени), советува: Освети се прво самиот себе си, а потоа по твојот пример, ќе се осветат и уште 1000 души околу тебе. Всушност, тоа се вели и во Светото Писмо, кога св. ап. Павле говори за фарисеите и им вели прво себе да се научат (затоа што и покрај тоа што го имаат Законот и Пророците и ги знаат на памет, сеуште не се научиле), а потоа да ги учат и останатите! И особено битно е тоа што го велиш дека треба да „живееш“ со човек кој е просветлен, за да стигнеш и ти до просветлението. Апсолутно! Затоа и постои духовниот отец, за тој да те води по патот кон Бога кој тој веќе го има изминато. Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 03:52 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Maran Ata, pozdrav i do tebe, da imas pravo za se,mnogu mal del od kometarite procitav,poz
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Здраво Меси, по подолго време, незнам шо ме натера да отворам на форумот и ... мојата омилена тема :) Предходно кажаното од тебе го цитирав затоа што апсолутно се сложувам со тебе и е така, а ако добро ме држи памтењето е дека за ова сите се сложивме многу одамна но едноставно на некои и треба повеке пати да ја повторат лекцијата па да ја научат а може и недај Боже и никогаш да не ја начат. работите се толку едноставни и со примерите од светото Писмо и со живото предание на Црквата Божја низ историјата, и од практична гледна точка па и логички така е дека најпрво треба да завршиш школо, а тоа значи еден период целосно да се предадеш на тоа што го учиш и откако ќе покажеш дека си научил и за тоа ти дадат потврда тогаш и ти да земеш и да поучуваш, но вака е најлесно. без труд и посветеност одма учители. Зашто е така? Гордоста. Гордоста, мили мои. Гордоста е бајголемата пречка. најтешко е да ја наведнеш главата и да триш и не случајно нашиот народ рекол: „ Бог да чува од учен а недоучен„ Голем поздрав до сите |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сакам да прашам нешто... ?
Иако нашиот јунак од статијата Спасе, сега Сулиан...дошол во
манастирот со голема љубов кон Бога, и поминал искушенички
период од две години...иако подготвен, возбуден и со радост се
замонашил.....што би се случило во овоземниот негов живот, ако
на некој начин сега или понатаму, реши да се ...одмонаши... ???
|
|||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Монаштвото е личен избор на својата волја. Монахот доброволно го напушта овој свет и умира за него за да со сиот свој живот, сиот свој ум, сила и разум како што пишува во Светото Евангелие, сака да му служи на Бога а тоа значи и дека тој на ист начин и го засакува Него. За да се дојде во манастир треба да помине период на проверка , откако ќе се дојде во манастир пак треба да помине период на проверка, опит искушение ( од тука е зборот искушеник, од црковно словенскиот збор искушати- да пробаш, да искусиш ) и откако духовниот Отец ке потврди дека тој е спремен да се замонаши , тогаш бива приведуван во монашките редови, и повторно , со трикраткото давање на ножиците на искученикот и толкупати негово вракање на истите во рацете на Епископот кој го замонашува тој пак слободно и љубовно потврдува дека сака да е замонашен. Тоа значи дека неговта волја е цврста и зашто би одел во манастир ако р5азмислува за одмонашување. Многу се ретки случаевите некој да замине од манасастир. Но ете и тоа се случува. Тогаш се враќаме пак на почетокот. ако, недај Боже, некој сака да се размонаши и повторно да го живее световниот живот, како што никој приндно не го донел така и никој со принуда неможе и да го задржи. Мегутоа тоа се смета за трагедија и отсапување и прекршување на монашките завети што ги дал и затоа следи и епитимија, ( казна) според номоканонот на Црквата. Иако монахот си останува секогаш монах, сепак тој според каноните се става во редот на мирјаните и лаиците.Тоа е исто како некој воен офивер кој си дал отсавка од работата. Најчесто и од оние кои се размонашувале , подоцна откако доволно ке го осозреат својот духовен пат тие повторно се вракаат во манастир со покајание. |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Опитен, nema da veruvash, no poslednava nedela-dve mislev na tebe i posakuvav da se javish povtorno na ovoj nash forum. Bog e nash sesodrshatel, pa moite misli vrodile so tvoja intencija i eve, povtorno so radost te chitam. Kako sto velish, vo minatoto site zaednichki dojdovme do nekoi sogleduvanja i zakluchoci, no kazhano e deka onoj koj ne e podgotven da vidi i da osoznae kje gi odmine neshtata kako tie da ne postojat. Oti patot do prosvetluvanjeto ne e nekakov elektrotehnichki priruchnik koj treba da se prochita i napamet da se nauchat vnesenite standardiizirani vrednosti. Sosem sprotivno, prosvetluvanjeto nema nikakva vrska so toa. Pisanijata se alat koj treba da se koristi vo patot na produhovuvanjeto, no alatot sam po sebe ne e celta na toa patuvanje. Onoj koj slepo se drzhi za alatot kako bozhemen izvor na majstorstvoto nema da stane nishto poveje od eden alatnichar. Mozhebi kje stane odlichen alatnichar, no nikogash nema da bide majstor na zanaetot. Za zhal, povekjeto lugje toa ne go razbiraat ili ednostavno ne sakaat da se soochat so toj fakt. Vo sekoj sluchaj, da ne dolzham i da ne go uzurpiram mestovo za komentiranje koe bega od temava, sakam da ti se zablagodaram sto beshe priemchiv kon moite skorashni mislenja i sto oddeli del od tvoeto skapoceno vreme da se javish povtorno megju nas. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Според мене ќе се случат неколку работи:
На Небото Бог и ангелите ќе се радуваат затоа што Спасе се вразумил.
На земјата пак, повеќето луѓе претпоставувам ќе се радуваат што го имаат Спасе повторно во нивните животи, а Спасе ќе си добие казна од МПЦ (big deal ич не боли таа (виртуелна, заплашувачка) казна, не се секирај). Со слични казни и католиците ги заплашувале нивните верници порано, дека ако не платат толку и толку, нивната душа ќе се измачува илјадници години во чистилиштето.
Но, за среќа и слава на Бог, денес нам ни е достапна Библијата на современ и разбирлив јазик и лесно можеме да ги видиме овие измислици на големите цркви (чистилишта, монашки завети, казни и сл.)
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Точен одговор! И јас се радувам што те читам, Опитен! Православното Христијанство е љубов и слобода, а тоа значи дека апсолутно никого не принудува да направи нешто што самиот не сака. Ако некој сака да замине од манастир, слобно може да го направи тоа, но сепак, ќе си ги сноси последиците, не дека некој нешто ќе му направи, туку со самото откажување од тој завет што го дал пред Бога, смиот тој ќе си направи зло. Тоа би било како некој да се крсти во Христа, и после извесно време се откажува од Христа и станува муслиман. Никој ништо не може да му направи, но со тоа што се откажал, самиот тој си сторил зло. Но, покајанието е најбитно. Секој кој се кае, Црквата го прима назад како што отецот го примил блудниот син А отец Силуан, Господ да го чува и укрепува во неговиот молитвен подвиг за нас и целиот свет! До сега нема случај монах од кај отец Партениј да се размонаши, и се надевам дека нема да има. Затоа и отец Партениј претходно трезвено и во доволно време ги испитува дали навистина сакаат да се посветат на тој живот во пост, бдение, молитва, труд... Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2009 во 04:35 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Напуштање на монашкиот завет е секога лична и трагедија на целата Црква(иако тоа не значи дека тие одма стануваат безбожници.)
Затоа од историјата и од искуството на Црквата е востановен искушеничкиот стаж (така да го наречам) каде се филтрираат сите со сомнителни или недоволно јак мотив за монаштво. Затоа дури и за секој обичен верник што престојувал барем еден ден во некој манстир му е јасно дека она фамозно обвинување дека наводно во монаси иделе некои кои имале љубовни проблеми или се разочарале од животот е просто смешно! Ќе прафразирам што кажа една монахиња од марков манастир..ние во православието се водиме од максимата: БАВНО НО СЛАВНО..епа истото важи и за монаштвото. |
|||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Каква трагедија на целата црква? |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 7980818283 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |