|
КУЛТОТ ЗА МАРИЈА |
Внеси реплика | страница <1 4344454647 60> |
Автор | ||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Затоа што со нив разговарал, затоа што тие биле присутни таму. Сепак интересно во оваа дискусија е тоа што апостолите не му велат да им се моли ним за да му ја простат таа мисла, туку му велат: "моли Го Господ да ти ја прости помислата на твоето срце. " (Дела 8:22)
Второ, доколку алудираш на тоа дека ова е поука дека обичните верници треба да ги молат починатите апостоли (светци) , тогаш има неколку проблеми тука:
1. Во Светото Писмо има пример каде што светиот апостол Павле ги замолува обичните верници да се молат за него и за сите друи свети (а не само обратно):
"молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сета постојанство и со молба за сите свети и за мене, да ми се даде слово кога ќе ја отворам устата, за да можам да ја соопштувам смело тајната на Евангелието, за кое сум пратеник во окови: за да зборувам смело како што и треба да зборувам."
(Свети Павле во Ефешаните 6:18-20) 2. Примерот на застапничка молитва која ти ја наведе и која јас ја наведов, а и сите други застапнички молитви во Светото Писмо се на релација: земја - земја (а не земја-небо, ниту пак небо-земја).
Со други зборови, во Светото Писмо нема ниту една молитва упатена до некој починат верник чија душа е на небото.
Во Светото Писмо има примери за стотици молитви, сепак ниту една од нив не е упатена до некој починат верник (светец).
Во Светото Писмо нема никаква гаранција дека починатите верници (вклучувајќи ја и блажената Марија) имаат способност/ингиренции да ги слушаат нашите молитви овде на земјата.
3. Во Светото Писмо има пример каде што дури и демоните го замолуваат Исус и Тој им ја услишува молитвата.
"А демоните Го молеа, велејќи: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињите.” И (Исус) им рече: „Отидете!” А тие излегоа и отидоа во свињите;"
(Матеј 8:31-32) Епа ако Исус можел да им ја услиши молитвата на демоните, колку повеќе тоа би го сторил за нас луѓето кои сме создадени според Божјиот лик и подобие?
Затоа сметам дека нема потреба од бркање врски преку блажената Марија или другите апостолите за да се стигне до Исус. Непотизмот е световна карактеристика, но не и небесна.
4. Кога учениците го замолиле Исус да ги научи да се молат Христос им одговори вака:
"еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!” А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата, да се свети Твоето име!"
(Господ Исус Христос во ев. Лува 11:1-2) Значи овде гледаме дека Исус ги поучува Своите ученици (следбеници, христијаните) да ги упатуваат своите молитви до Бог, а не да бркаат врски преку свети овој или свети оној. Пак ќе повторам: Бркање врски и непотизам можеби функционира на земјата, но не и на Небото. |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ќе се осврнам на еден дел од твојот пост,за поопширен одговор сигурен сум маран ата ќе ти одговори повеќе.
Кога го читав ова одма ми текна еден момент од новиот завет.Од второто послание на апостолот Петар(посебно 15-от стих) 13. а и право е,додека сум во ова тело,да ве потсетувам, 14. бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело,како што Господ наш,Исус Христос,ми откри. 15. A ќе се погрижам на ова да се потцетувате секогаш и по мојата смрт. Како е ова можно ако велиш дека ништо не навестува дека светиите се грижат за нас?!Пази, не вели дека Господ ќе ги упател туку дека он лично(Петар) ќе се погрижи за тоа и тоа и по неговата смрт? |
||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
15 А ќе настојувам вие, и по моето заминување, да си спомнувате секогаш за ова. 16
Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус
Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци
на Неговото величие. Петар ке настојува да ги зацврсти во верата па да си спомнуваат секогаш за тоа ( и по неговото заминување ). |
||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Абе братче...
каква врска има 16 стих со мојата поента?! Твојата реченица е твој заклучок и не пишува така во посланието. Значи не вели апостолот за верата туку дека ОН ЛИЧНО ќе се погрижи да се потсетуваме за тоа. И на крај краева по кој критериум решаваш дека тоа што го толкуваш така Писмото е точно?! |
||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Na shto se misli kako KULTOT NA MARIJA?
Shto treba da znachi ova? |
||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако речел светецот дека "По мојaта смрт истотака ке настојувам да биде така и така" тогаш ке имаше логика твоето верување. |
||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мил мој, а кој светител е горд, па да рече: „Молете ме мене за да го молам Господ“? Слабо стоиш со смирението, и теоретски и практично! Ама што вели Симон? – Молете му се вие на Господа. А зошто? – Затоа што сте праведници, сте го осветиле својот живот и имате поголема смелост пред Бога. Вашите дела се само за Бога, додека моите дела се световни, а познато е дека Господ ги слуша молитвите на праведниците.
Па и сите светители од Православната Црква барале од верниците да се молат за нив. Што е тука спорно?
Цркавата е ЕДНА. Сите се во една Црква, и упокоените и живите. Сите сме членови на едно тело на кое глава е Христос. А штом е така, баш сме во релација со светителите и Богородица кои не се повеќе на земјата со нас. Тоа не ни треба да биде спорно. Евреите 12:22 Вие, пак, пристапивте кон планината Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон десетина илјади ангели, 23 кон соборот и Црквата на првородените, кои се напишани на небесата, и кон Бога, Судија на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство... Молитвата на праведникот е најделотворна и најугодна на Бога, така, што и да побараат светителите, а особено Мајката на Господ Исус Христос, ќе им биде дадено. Jaков 5:16 ...голема сила има усрдната молитва на праведникот. Светиите и Богородица се молат за нас. Тоа многу јасно е кажано во Откровението. Откровение 5: 8 И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старци паднаа пред Агнецот, држејќи секој од нив гусле и златни чаши, полни со темјан, кои се молитвите на светиите; Откровение 8:3 Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му се даде многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник, што беше пред престолот. A освен тоа, ние, православните христијани веруваме дека Бог не е Бог на мртвите, туку на живите: Лука: 20:38 А Бог не е Бог на мртвите, туку Бога на живите, оти во Него се сите живи.”
Е има, и тоа како има. Светите Отци (оние свети отци кои го канонизирале Светото Писмо) одредиле и апокрифни книги кои може да се читаат (апокрифни затоа што не може да се утврди автентичноста на писателот, но догматски и теолошки се исправни). Постои една таква книга (верувам позната ти е) во која се кажува за видение што се случува на небесата. II Мак. 15:12-14 Еве го неговиот сон: го видел некогашниот првосвештеник Онија човек чесен и добар, скромен во однесувањето, со блага природа, кроток, слаткоречив, кој уште од детството беше усвоил со ревност се што води кон придобивање на добродетели. Него го видел со издигнати раце како се моли за сиот јудејски народ.Потоа се појавил еден друг маж, украсен со бели коси и со сјај, окружен со чудна и необична величественост. А Онија рекол: „Овој е братољубецот Еремија, Божјиот пророк, кој се моли многу за народот и за светиот храм.
Ај што ти нема повторно врска примеров, ама ајде... Чудно, го молат и Петар. И замисли, го молат да ја исцели Тавита. А зарем на Бог му требаат посредници да исцелува? Зарем Тој Самиот не е способен? Дела Ап.: 9:38 А бидејќи Лида е близу до Јопа, учениците чуја дека Петар е таму и испратија кај него двајца мажи, кои го молеа: “Не забавај се со доаѓањето кај нас!”
1. А каде тука виде дека Господ им рекол да не бараат помош од светителите? Или ти си умислуваш? 2. И нема логика да им рекол молете се на светителите, затоа што во времето кога ги научил на оваа молитва, сеуште не се случило Христовото воскресение, што значи – пророците и св. Јован Крстител биле во пеколот, а не на небесата. |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден; Римјани 3-10 Праведни пред Бог се сите кои се исчистени преку крвта Христова. |
||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Дали некој од вас ја има прочитано “Чудата на Пресвета Богородица“ и што мислите за истата, односно чудата кои се запишани таму?
Дали верувате во се што е напишано таму? |
||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Култ на личност е кога на некоја личност ќе и се придодадат одредени митски особини (каракретистики, особини, титули) која таа всушност ги нема/немала, но од личноста е направен култ и таа личност добива авторитет на божество меѓу нејзините следбеници.
Таков е примерот со култот на "Крале Марко" за кој се вели дека пиел по 10 бочви вино наместо вода и потоа ќе го јавнел коњот Шарец и со него скокал од планина на планина и со боздоганот лом правел, а со сабјата главата му ја скинал на Црна Арапина. Ете тоа е култото на Марко Крале, а вистината е дека тој не пиел по толку вино, дека не скокал од планина на планина итн.
За голема жал култ е направен и од блажената Марија која го родила Исус. Единствени титули кои и се дадени во Светото Писмо се: блажена и благословена, титули кои се дадени и на други библиски личности.
Но, како што се ширело христијанството меѓу паганите кои предходно си обожавале богињи или "божици Мајки" (пр. Артемида во Ефес, Јунона во Рим), во компромис со нив, се појавило и култивизирање на блажената Марија во божество како еден плагијат на овие паганизми во официјалната црква која единствено можела да се шири толку брзо, масовно и глобално меѓу паганите доколку врши компромиси со нивните традиционални верувања.
Па така блажената Марија која Христос во евангелијата никаде не ја нарекол мајко (Исус и со обраќа со "жено") постепено станала "Мајката Божја", Богородица,
станала ПРЕСВЕТА (Титула која ниту Господ Бог ја нема во Светото Писмо),
станла Преблагословена (исто така титула која ниту Господ Бог ја има во Светото Писмо),
станала Пречиста, Пренепорочна, Најголемата (иако Исус кажал дека Јован Крстител е најголемиот),
станала Владичица на Небото, Царица (рамо до рамо со Господ),
станала Господарка на ангелите, Господарка на сите, (ноу комент!)
станала Спасителка и наша Застапничка на Судниот Ден (иако Светото Писмо вели дека Христос е нашиот Застапник),
станала проповед и слово на сите пророци (иако има само едно слово, само едно пророштво за неа кај пророците, додека за предавникот Јуда има 2!),
станала покровителка на градови, покровителка на секој што ја повикува
станала мета на молитвите на сите католици и православни..
итн. со други зборови станала КУЛТ во католицизмот и православието, додека за христијаните останува блажената Марија, благословената меѓу жените, наша сестра по вера, која ќе си добие заслужена награда и позиција од Господ (а не од православните) на Небото онака како што Господ ќе процени.
Се надевам дека сега ти е појасно DDarko. Доколку имаш дополнителни прашања околу култот на блажената Марија, слободно пиши ги.
Поздрав Изменето од EvAngelos - 16.Септември.2009 во 00:24 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Kako prvo veruvam vo Gospod, Gospod spasuva,kako treto preku molitva ja molam Bogorodica da me spasi, da go izmoli Isus za moe spasevanje, toa mi bese mislata,mislam deka me razbravte, sega na pravoslavnie ikoni da toa pisuva, ama nekoi pogresno go razbiraat toa, Isus e toj sto spasuva, a sekoj ima pravo na svoe mislenje, jas veruvam vo Gospod, a da Bogorodica opsto pomegu narodot se smeta za zastitnicka na familijata, no taa e zastitnicka na site koi se molat na nea, tolku,pozdrav na site na ovoj forum, neka bide Gospod so vas mili moi
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Снешка мила моја, не е важно што некој напишал на православните икони, не е важно ниту што се смета општо помеѓу народот, туку, за нас христијаните, е важно што напишал Господ Бог во Своето Слово и што Тој смета дека е правилно.
На Судниот Ден Господ нема да ни рече: "Зошто не го правевте тоа што го пишуваше на православните икони", ниту ќе ни рече: "зошто не го правевте тоа што меѓу народот се смета", туку ќе ни рече: "Зошто не го извршувавте она што Јас ви го заповедав?!"
"Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди." (Исус Христос во ев. Јован 14:15)
Христос не поучи да му се молиме дирекно на Бог, а не на починатите верници (како блажената Марија). Ниту Христос, ниту апостолите, ниту било кој од другите библиски личности не се помолил на некој починат верник. Ние немаме гаранција дека душите на починатите верници ги слушаат нашите молитви кога ние им ги упатуваме на нив. Впрочем, ако беше тоа можно, тогаш таа привилегија сигурно некој ќе ја искористеше во Библијата. Но, иако Светото Писмо, во своите над 1000 страници има напишано стотици молитви, сепак ниедна од нив не е упатена до некој починат верник.
Затоа размисли убаво пријателке, дали е Богоугодно да им се молиме на починатите верници или само на Бог како што тоа го правеле Христос, апостолите и другите библиски личности.
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не можам да разберам зошто секогаш кога ги наведуваш титулите на БогоРодица, го изоставаш она едно многу важно нешто:
Евангелие според Лука
Глава 1 38 Марија, пак, рече: “Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!” И ангелот си отиде од неа.
39 А Марија, како стана во тие дни, отоде набргу во ридскиот крај, во градот Јудин; 40 Па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. 41 Штом го чу Елисавета поздравот на Марија, заигра младенецот во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, 42 па извика гласно и рече: “Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот, на твојата утроба! 43 И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ? 44 Зашто, ете, кога пристигна гласот од твојот поздрав до ушите мои, радосно заигра младенецот во утробата моја. Зошто, EvAngelos, ти од титулите кои и’ ги дава Светото Писмо на БогоРодица никогаш не набројуваш дека таа е мајка на нашиот Господ? Како што можеш да прочиташ (затоа и ги пренесов сите овие неколку стиха), ова не се зборови на човек сам од себе, туку ги кажува Елисавета исполнета со Дух Свети!! Зошто ти никогаш тоа не го земаш предвид? Изменето од Pravoslavie - 16.Септември.2009 во 00:45 |
||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Значи едната теза ви е дека посредува во молитвите кон Господ. И оваа другава дека лично таа може да одговори на молитвата во случајов за заштитување без никаква асистенција од Бог. |
||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 4344454647 60> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |