IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7677787980 97>
Автор
Порака
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 11:59
Јас не велам дека е лошо да си монах, напротив, тоа е рај и уживанција за некои луѓе кои сакаат да избегаат од светов. ...
 
 
 
..i  da ziveat vo zemskiov raj!da si vozat dzipovi ,da si surfaat na net,da si ..znate de sto.gola vistina e!голема%20насмевка...i ova go ima  vo Makedonija,da nekazam samo kaj nas,posto ke me popravi nekoj!
valjda ne sekoj moze da e monah vo Bigorski ...ne ke da e prosto i ednostavno!намигнување
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 13:01

Христос посреди нас!

Добро ве најдов, мили мои. Денеска „случајно“ ја разгледував темата за монаштвото, што баптистичката тајфа повторно ја вратија во активност поставувајќи едни та исти прашања по стоти пат, и забележав дека датумот на моите први постови е 14 септември 2008. А меѓудругото, денеска е Црковната Нова Година, убав ден.

ЕвАнгелосче, душиче, па зарем уште си безработен (?)?

За сите оние кои поставуваат прашања и после 77 страни од темава, им советувам да читаат од почеток, затоа што навистина ќе си го најдат одговорот, се’ е исцрпно објаснето.

Рите, Пчелка и Момче Македонче, добредојдовте.

Ќе ви дадам краток одговор на вашите прашања, кои најверојатно повеќето ќе се копи-пејст од претходните страни.

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Матеј 28:19 Како, ако си затворен во манастир, во самица, можеш да ја извршиш оваа Исусова заповед (една од Неговите најголеми)?
И текстов ме наежи. Малку ми е и морничав. Се надевам дека нема да ми замерите за искреноста.


Рита, од непознавање на монашкиот живот, често пати и брат ти Ев ја повторуваше истата грешка (иако кај него тоа беше со цел да го исмее монаштвото). И проповедањето на Евангелието не е една од Неговите најголеми заповеди, туку најголемите заповеди се две, и на нив се темели целиот Закон и пророците:

Матеј 22: 36-39 "Учителе која заповед е најголема во Законот?" А Исус му одговори: "Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!

Не ти замеруваме (барем јас не) на твојата искреност, затоа што текстот навистина има утки.

Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

Пред некоја година, случајно на 11 септември се најдов во манастирот Бигорски, изгледа таму имаат некој празник или така нешто Замонашуваа едно момче, па сигурно беше на помала возраст од онаа што ја имам јас денес. Многу беше жално и потресно, мајка му липаше на цел глас, тажно... не знам како да го опишам тоа, ми се натажува душата кога размислувам на тој момент од животов


Момче Македонче, пред некоја година јас бев на тоа монашење, затоа што монахот е еден од моите најдорби другари кој ме воведе во вистинската вера, инаку сеуште ќе шетав по протестантските деноминации. Инаку, истиот тој монах ми беше на времето сосед, и со мајка му сме многу блиски. За време на монашењето, и двете бевме блиску една до друга, и двете плачевме... ама од среќа. Денеска, токму таа мајка е пресреќна што нејзиниот син е во манастир, и постојано оди да го посети и да му се радува, гледајќи го и него радосен.

Инаку, во право си за следниот твој коментар, монасите имаат мнооооогу активности во нивниот живот, за што веќе и сликовито имавме докажано на претходните страни. Само, оној дел за најубавата работа не ти е на место баш J Се сложувам со репликата на Рита.

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

] И еднаш порано го поставив ова прашање-дали монахот по замонашување се гледа со родителите и колку често, дали има некои ограничувања?


Монахот нема апсолутно никаква забрана за да се гледа со родителите, освен ако тој не изрази желба за тоа од одредена причина. Од тоа што го кажав за мојот другар монах, сметам дека јасно е

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

] Зошто родителот тажи?


Родителот може да тажи од најразлични причини. Има такви кои се радуваат (тие се верници кои живеат во Црквата), но има и такви кои тажат (номиналци).

Најчесто, родителите тажат од следниве причини:

1.     Не се воцрковени и не си ја знаат верата
2.     Тие се номинални верници, кои не си ја познаваат доволно верата, туку само во општи црти, или не сакаат се’ да прифатат поради нарушување на исполнувањето на нивните страсни, овоземни желби
3.     Атеисти се
4.     Сметаат дека нивното дете мора да се ожени/омажи и да створи потомство, а не ја гледаат среќата и желбата на децата
5.     Сакаат некои свои неостварени амбиции да ги живеат преку своите деца

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

] И нешто кое сега ми текна: како вие (јас) би реагирале еден ден вашето дете да реши на овој начин да Му служи на Бога?


Би се радувала и би Му благодарела на Бога!

Originally posted by Logos Logos напиша:

] темата е доста добра и мене ме интересираат некој работи во врска со монаштвото. моето мислење е дека тоа представува еден вид на симболично продолжување на 40-от дневениот пост каде Исус бил искушуван од злото(ѓаволот)за да на крајот не подлегне и целосно остане со бога?


Монаштвото е продолжување на првобитната Христова заедница со Апостолите.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 13:04
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

] Христос никаде не заповедал Неговите ученици да одат ниту 4 дена во пустина, ниту 40, а камо ли пак цел живот како што тоа го прават монасите изолирајќи се во манастири кои се оддалечени од цивилизацијата.


Евангелосе, Евангелосе… сеуште не ти дошол паметот, а?Манастири оддалечени од цивилизацијата? А да ми кажеше, зошто Господ се повлекол во пустината 40 дена? Зошто св. Јован Крстител цел живот живеел во пустина? Или зошто св. Ап. Павле вели:

Евреите 11: 38 оние, за кои светот беше недостоен - скитаа по пустињи, по ридови, по пештери и земни бездни.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

] во пасивноста на својата вера, си плетат бројаници, си црткаат икончиња, додека христијаните во светот мака мачат да го проповедаат евангелието меѓу луѓето, како јагниња меѓу волци, понекогаш жртвувајќи ги и своите животи, само за да спасат уште некоја душа од грешниот свет.


За малку ќе ти поверував А кој тоа мака мачи да проповеда? Ти, висејќи пред компјутер 24/7? Пази да не бидеш виртуелно жртвуван Дај да видиме колкумина си спасил ти, заедно со пасторот ти Грозданов (и јуниор и сениор), а јас ќе ти покажам само еден монах колкумина спасил, може?

Изменето од Maran Ata - 14.Септември.2009 во 13:04
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 13:15

Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Зошто да тажи?


Изворен, текстов е изваден од дневениот весник „Вест“, и како што можам да забележам, новинарката не е многу упатена во верата, поради што прави неколку смешни грешки:

1.     Отец Силуан не беше замонашен на Литургија (и Литургија се пишува со големо Л), туку на вечерна богослужба, вечерта на 10-ти септември.
2.     и не го добил името на „светоецот Сулиан“, туку на СВЕТОГОРЕЦОТ СИЛУАН.

Затоа, те советувам да ја прочиташ веста што беше објавена на страната на МПЦ.   

Еве како е во еден манастир „далеку од цивилизацијата“ и како „денгубат“ монасите кои „не одат да го проповедаат евангелието“ како Евангелос

      

Отсекување на главата на свети Јован Крстител (12.09.2009)



„Како светилник, ти ѝ претходеше на Светлината; како ангел, беше испратен однапред; како пророк, Го проповедаше Јагнето Божјо, Христа, Кој се јави; како маченик, со меч ти беше отсечена главата, предвестувајќи им Го Господа и на мртвите во адот.”



О, колку торжествено одекнуваа овие стихови во празничната ноќ на славниот патрон на Бигорското светилиште. Воскликнуваше со радосен восхит светата Бигорска обител, пеејќи му на оној, кој веќе десет столетија молитвено го закрилува овој манастир, големиот Претеча и Крстител Јован. Под неговата моќна закрила, Бигорското братство, накалемено на корените од богатата монашка традиција, веќе 15 години ревносно го следи неговиот свет пример и богато напредува, раѓајќи нови фиданки на монашкото стебло, нови молитвеници, кои, како вистински факели, горат пред Бога за овој народ. Во духот на таа традиција и оваа година бигорското плодоносно дрво се закити со уште еден ластар, кој никна благодарение на татковската грижа и љубов на својот старец, архимадрит Партениј, и сега ја приклони својата глава и прими монашки потстриг, сакајќи да живее само за својот Создател, сиот да Му се предаде, само за Него да работи, дење и ноќе кон Него да стреми, одејќи смирено по патот на совршенството.



Каква прекрасна глетка за огромното мнозинство на присутни верници и гости беше мигот кога искушеникот Спасе Медаровски, облечен во бела кошула и закрилуван од својот игумен, полека пристапуваше кон олтарот, следен од насолзените погледи и молитвени воздишки. И каков восхит кога се роди новиот брат Силуан! Каква радост и за небесата! И ангелите торжествуваа заради раѓањето на новиот небоземен жител, заради новото име запишано во книгата на животот, новиот воин против злото. А митрополитот Дебарско-Кичевски и Плаошки г. Тимотеј, кој во присуство на митрополитот Агатангел го изврши чинот на монашењето, со пригодна беседа се обрати кон новопотстрижаниот монах, нагласувајќи му ја важноста на делото што го започнал и давајќи му ги првите татковски поуки за што подостојно носење на монашкиот крст.



Најпрво, тој ја истакна љубовта како најголема христијанска добордетел и светлина, со која ние имаме врвна радост во животот и најголема утеха во сите животни искушенија и страдања и продолжи: „Светата црква е Божја тврдина на љубовта... а манастирите се високи кули на таа тврдина. Во нашите свети манастири се чуваше верата, националното сознание и желбата за слобода... нема манастир на просторот на Македонија каде националниот, културниот и просветниот интерес на нашиот народ не бил негуван, не бил помаган и не бил поткрепуван, како морално така и материјално. Во тоа најповеќе придонесувале светлите личности од монашкиот ред, како што се Анатолиј и Партениј Зографски, Јоаким Крчоски, Теофило Лазарополски, Козма Пречистански и безброј познати и непознати, коишто се вградиле не само во одделни манастири, туку и во историјата на нашиот напатен народ.



Но покрај оваа исклучително важна и полезна дејност, манастирите биле и остануваат места за подвизи на монасите, каде тие тежнеат и се трудат да бидат спасени. И вечерва присуствуваме на такво определување на една млада, богокопнежлива душа кон Христа и кон Неговите светли идеали.”



Потоа митрополит Тимотеј упати и неколку полезни поуки кон новопострижаниот брат Силуан: „ТргнувајЌи од својата младост кон Христа, ќе имаш и паѓања, но биди сигурен дека со цврста вера и непоколеблива надеж во Бога, ќе можеш сите препреки да ги надминеш, ако својата волја сецело ја препуштиш на својот игумен и на братството на оваа света обител. Овие завети што вечерва доброволно ги даде пред севишниот Господ и пред земната и небесната Црква, ќе можеш да ги исполниш со поткрепа и со молитвите на братството и сестринството, како и со молитвената поткрепа на благочестивиот и богољубив наш народ. Сочувај го пламенот кој го имаш кон Христа и не допуштај никогаш тој да биде згаснат. Долевај ново масло во душевното кандило, за тој пламен не само да гори туку и да распламтува, како би можел полесно и подостоинствено да презреш сè во овој свет и да го засакаш само Христа, кој е алфа и омега во нашиот живот. Свети Јован, големиот подвижник и испосник, чиј спомен денес го прославуваме, нека ти биде на помош, сега и во сите дни од твојот живот. Амин!”



Светата богослужба и чинот на монашењето беше следен и од неколку претставници на власта меѓу кои шефот на кабинетот на премиерот, г. Мартин Протугер, пратениците Илија Димовски и Александар Спасеноски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски.



Следниот ден продолжи торжеството низ прекрасни византиски напеви во кои се величаше маченичкиот подвиг на светиот пророк. Радоста ја зголеми и пристигањето на Неговото Блаженство, г.г. Стефан, кој чиноначалствуваше со светата архиерејска Божествена литургија. А каква круна на благолепието беше литургијата! Пееја ѕвонливо срцата на многубројните верници, разгорени од молитвениот пламен на распеаните псалти и достоинственоста на свечениот чин. Во своите молитви кон Претечата тие ги придружија и искрените изливи на својата душа за новиот брат. А откако се причестија со светите Христови Тајни, сите со свечена литија се упатија кон фијалата, каде се освети водата, празничниот леб и најпосле се случи она што толку време нестрпливо се очекуваше - осветувањето на новите Бигорски камбани, први камбани донесени од православна Русија, за што секако најголема заслуга имаат бигорските донатори, пред сè г. Андреј Куку, директор на компанијата „Лукоил” во Македонија, како и академик д-р Жан Митрев. Овие камбани, вкупно 13 на број, се излеани специјално да ја следат нотната скала и се дело на најпознатата Руска фабрика за камбани, компанијата „Вера Анисимов” од Воронеж. Во знак на благодарност од страна на братството за благочеството и богољубиво дело, на г. Андреј Куку му беше подарена вредна зографисана икона од Мајката Божја. А Неговото Блаженство г.г. Стефан, кој чиноначалствуваше со осветувањето, со симболично удирање на камбаната ги благослови новите бигорски камбани, пренесувајќи ги своите искрени желби овие камбани никогаш да не престанат да бијат.



Поттикнат од овој настан, Неговото Блаженство, одржа и пригодно празнично слово, во кое го истакна големото значење што Бигорскиот манастир отсекогаш го имал во историјата на македонската духовност:



Светото Евангелие говори дека пред доаѓањето на Синот Божји на земјата, бил испратен човек од Бога, по име Јован (Јн.1,6). По сведочењето на Самиот Господ Исус Христос - ниеден меѓу родените од жена не бил поголем од Јована (Лк.7,28). Раѓајќи се со посебна Божја најава, од родители во постари години, уште многу мал останал сирак. Растел и израснал далеку од светот, во пустина, далеку од влијанијата на животот и живеењето на луѓето.

Ете, тој, иако бил физички слаб од гладувањето и подвизите во пустината, изгорен од сонцето, истоштен од невремињата и уморен од начинот на живеењето на другите - бил силен на збор и никого не поштедувал! На сите им ја говорел вистината: и на познати и на непознати, и на богати и на сиромаси и на сите им го најавувал денот на Судот Божји, Судот од кого никој не може да се скрие... Неговата проповед за потребата од покајание и поправање во животот, се слушале сѐ подалеку. Јорданската пустина сѐ повеќе била посетувана од луѓе, кои доаѓале да го видат и слушнат Јована. Дури и царот Ирод разбрал за него и го повикал во царскиот двор. И, обично, кога ќе се случи таква можност, да се дојде и да се престојува во царски дворец, ние луѓето знаеме само да се восхитуваме и да благодариме што ни е дадена таква прилика. Но, свети Јован не можел да го премолчи она што таму го видел: царот Ирод јавно живеел со својата снаа, со сопругата од брат му Филип. А кон таа соблазна, кон таквиот неморал на царот, како постапил свети Јован, слушнавме од денешното Свето Евангелие: Не ти доликува тоа да го правиш, го укорувал Јован Ирода. Тие зборови ги слушнала и бесрамната снаа Иродијада, па при укажаната можност, побарала свети Јован да биде убиен, ја побарала неговата глава... Но, точни се оние зборови дека праведникот живее до века (Пс. 111, 6). Останал свети Јован да живее, еве, веќе 20 столетија во небоземната Црква и останал како пример на праведност и правичност, на вистина и морал... Тој и денес ни се обраќа и како да му вели на секого од нас: Не ви доликува тоа.

Не ви доликува тоа и вам свештенослужителите, кои не ја чувате заклетвата дека чесно и достоинствено ќе ѝ служите на Црквата, кои не ги исполнувате обврските совесно, кои со своето живеење го валкате образот на пастирот Божји, ги прекршувате каноните и правилата, ја погазувате светоста, коишто и денес би биле укорувани за својот живот од немолчливиот свети Јован...

Не ви доликува тоа и вам родителите кои не ја чувате светоста на бракот, не го чувате угледот на семејството, не ги воспитувате и не се грижите за децата...

Не ви доликува тоа и вам кои сте се оддале на алкохолот и на другите зла. Зар не е доволен примерот на Ирода - што направи поради пијанството и другото зло во себе? И денес често слушаме или читаме по медиумите: пијан татко го убил сина си, пијан син ја убил својата мајка, пијан сосед го убил комшијата, или се предозирал и тоа му било последно или, пак, заради пари потребни за набавка на разни опојни средства, кренал рака на најблиските, украл или се обидел да украде од банка, од пошта, од пријателите и роднините, од дома, па дури и од црква.

Не ви доликува тоа се однесува и на сите оние кои заради личниот интерес, заради добивката само за себе, забораваат на народот и на работникот што ги избрал, или им доверил некоја функција, забораваат и на државата и институцијата, забораваат на сѐ заради некаков процент и профит, без да бидат свесни колку губи државата, организацијата, колку губи народот.

Не ви доликува тоа се однесува и на оние што практикуваат корупција, што пуштаат прсти во народниот и во државниот џеб, на оние што наплаќаат за испити, за вработување или за лекување.

Значи, тоа - не ви доликува, е упатено кон сите нас, што повеќе живееме со злото, отколку со доброто, што го толерираме гревот во себе и кај другите околу нас. Но, овој голем Пророк на Црквата, овој Предвесник на спасението, не нè остава само со укорот, туку покрај опомената, срочена во зборовите не ви доликува, ни дава и поука, ни нуди излез, ни покажува спасителен пат, кога ни вели: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно (Матеј 3, 2).

Покајанието или преумувањето е патот на поправањето, патот на изменување на нашето поведение, тоа е патот на љубовта, на верата, на подвигот, патот на стравот Божји. Дека е тоа така, ни потврдува самиот свети Јован Крстител, кога ни вели за Спасителот: Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган (Матеј 3, 11). Во овој контекст, истакнувајќи го дарот на љубовта кон секого и сè, дарот кој произлегува од покајанието, светиот апостол Јаков ни советува: ...ако некој од нас се отклони од вистината и друг го поврати, тој треба да знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа и ќе покрие многу гревови (Јк. 5, 19-20).

Затоа, да го отфрлиме гревот, кој нѐ води во секаква измама, пакост, лицемерство и завист, и во секакво напаѓање (1 Петр. 2, 1), за да можеме да бидеме вистински чеда Божји и да не заборавиме на зборовите од светиот Претеча и Крстител Јован, да не заборавиме дека тие се упатени кон секого, насекаде и засекогаш!

Само така, размислувајќи за своите постапки, за своите зборови и дела, всушност, - ќе покажеме дека размислуваме за Јовановиот повик - не ви доликува тоа, односно, владеејќи со себе, ќе знаеме како да се однесуваме и кон себе и кон другите. А, Господа, можеме да го радуваме само со добри дела, со морално однесување, со достоинствено по Христа живеење.

Возљубени, наоѓајќи се денес овде, во Бигорскиот манастир, не можам, а да не ја истакнам исклучителната улога и местото на оваа светиња во духовното обновување и растење на нашиот народ. Овој наш манастир бил, а еве, со подвигот на ова братство, сеуште останува вистинско пристаниште за одмарање од духовниот товар, останува лекувалиште за сите духовни болести и место за скротување и оддалечување од сите соблазни на времето.

Исто така, сакам да го истакнам пред вас и чувството на восхит од тоа што го гледаме сите ние што сме доаѓале и доаѓаме овде - зашто е забележителна и духовната и материјалната ренесанса, што ја доживува овој наш манастир. Историјата, секако, ќе забележи дека со доаѓањето на отец Партениј за игумен и со формирањето на братството, на Бигорскиот манастир му е вратена некогашната сила и слава. Денес, овој манастир е најголемото духовно и материјално градилиште и место каде што обновеното и дограденото, восхитуваат со своето велелепие. Да посакаме, со Божја помош, по молитвите на светиот Јован, да се остварат планираните градби и надградби, да продолжат со сите активности, со кои за манастирот веЌе надалеку се слуша. Исто така, веруваме дека новите камбани уште подалеку ќе го разгласуваат повикот на св. Јован за покајание и оддалечување од недоличните однесувања и повикот на оваа светиња почесто да наврашаме на овој неповторлив бигорски вруток.

Нека ни е честит празникот, а Светата Литургија на здравје и спасение.



Уште истиот ден камбаните беа инсталирани во Бигорската камбанарија од страна на г. Денис Латишев, кој за таа цел пристигна во манастирот од Молдавија. Тој ги удостои насобраните верници и со првото празнично биење на распеаните камбани.

А секако не мала беше и радоста на монасите заради новоосветената магерница во која сега ќе може да се припрема храна за сѐ поголемиот број на гости и намерници за време на празничните богослужби.











Повеќе фотографии и видео:Монашење во Бигорски манастир

Изменето од Maran Ata - 14.Септември.2009 во 13:19
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 13:20
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Рита, од непознавање на монашкиот живот, често пати и брат ти Ев ја повторуваше истата грешка (иако кај него тоа беше со цел да го исмее монаштвото). И проповедањето на Евангелието не е една од Неговите најголеми заповеди, туку најголемите заповеди се две, и на нив се темели целиот Закон и пророците:

Матеј 22: 36-39 "Учителе која заповед е најголема во Законот?" А Исус му одговори: "Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!
 
Што значи да го возљубиш Господа? Исус недвосмислено кажа:
"Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди." (Господ Исус Христос во ев. Јован 14:15)
 
А заповедите на Исус не се да се повлекуваме во манастири и да плетеме бројаници таму, туку:
 
одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно." (Исус Христос во ев. Матеј 10:7)
"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици" (Исус Христос во ев. Матеј 28:19)
"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание!" (Исус Христос во ев. Марко 16:15)
"Ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби." (Исус Христос во ев. Матеј 10:16)
"Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!" (Исус во евангелие по Марко 1:17)
(Рибарот не ја става јадицата на брегот и не се моли рибите да скокаат од водата на брегот по неа, туку ја фрла во водата)
 
Исто така и во параболата за сејачот кој го сее семето за кое Исус експлицитно кажал дека го претставува Божјото Слово, Тој на почетокот рекол:
"Излезе сејач да сее свое семе... А ова парабола значи: семето е Божјото Слово." (Исус Христос во ев. Лука 8:5,11)
 
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Најчесто, родителите тажат од следниве причини:

1.     Не се воцрковени и не си ја знаат верата
2.     Тие се номинални верници, кои не си ја познаваат доволно верата, туку само во општи црти, или не сакаат се’ да прифатат поради нарушување на исполнувањето на нивните страсни, овоземни желби
3.     Атеисти се
4.     Сметаат дека нивното дете мора да се ожени/омажи и да створи потомство, а не ја гледаат среќата и желбата на децата
5.     Сакаат некои свои неостварени амбиции да ги живеат преку своите деца

Или пак заради тоа што родителите ја познаваат Библијата и Христовите заповеди и гледаат дека детото нивно постапува спротивно на нив тага
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Монаштвото е продолжување на првобитната Христова заедница со Апостолите.
 
Христос и апостолите не живееле во манаситири и не плетеле бројаници таму, туку нивната спасителна мисија била меѓу луѓето во светот.
 
На гората на преображението кога Исус се преобрази во Своето славно тело и кога се појавија Мојсеј и Илија да разговараат со Него, апостол Петар даде еден интересен предлог: "Учителе, добро е да сме тука; ајде да направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј, еден за Илија" (Лука 9:33) Петар бил воодушевен и задоволен од присуството на прославениот Исус, Мојсеј и Илија и посакал да направи живеалишта за нив на таа гора и да живее со нив таму одвоен од светот. (како монасите во манастирите) Но на оваа негова желба Бог одговори: "А од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот Син (Христос), Мојот Избраник! Слушајте Го Него!" (Лука 9:35). И така Петровата желба не беше исполнета и тие се вратија повторно меѓу луѓето да ги исполнуваат Христовите заповеди кои ги наведов погоре.
 
Истата Божја порака им ја препорачувам и на монасите денес: да не си прават свои изолирани живеалишта каде што тие (по нивна проценка) би живееле со Бог (како што побара апостол Петар), туку да го слушаат НЕГО - ХРИСТОС, а Тој вели... одете, излезете, одејќи проповедајте, бидете рибари на луѓе, како овци меѓу волци....
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 13:51
Sekoja cest, sestro MaranAta, sekoja cest za postovite...
Hristos posredi nas. + + +
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 15:14
Кога се дрзнуваме да говориме дека монасите биле вакви или онакви...мислам би требало да се запрашаме

ДАЛИ ПОЗНАВАМЕ МАКАР ЕДЕН МОНАХ/ИЊА?
ДАЛИ СМЕ РАЗГОВАРАЛЕ СО НИВ?
ДАЛИ СМЕ БИЛЕ ВО МАНАСТИР ДА ВИДИМЕ КАКО ЖИВЕАТ?
ДАЛИ СМЕ РАЗГОВАРАЛЕ СО РОДИТЕЛИТЕ НА НЕКОЈ МОНАХ????

Ако одговорот на неколку од прашањава е НЕ...би требало да си ги преиспитаме ставовите за монаштвото.....

Јас бев на монашењето на отец Силуан.....зборовите се недоволни за да опишам како се чувствував таму и што се случуваше во мојата душа....
МИР со сите
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 15:40
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

А заповедите на Исус не се да се повлекуваме во манастири и да плетеме бројаници таму, туку…


Абе, Евангелосче, златно гулапче, па зарем уште со сила глумиш лудило? Ајде да ја примениме твојата техника на демогогија на тебе:

Кажи ти како тоа ОДИШ и го проповедаш Евангелието? Како може да одиш, кога 24/7 си на нет? Секој разумен што те чита, ќе сфати дека само везеш... Заповедите на Господ се и:

1 Солунјаните: 5:17 Молете се постојано!

- ама ти на темата за молитвата велеше дека тоа не е така... Па кога селективно си бираш што ти одговара... Убаво му одговори владиката Наум на твојот пастор – оној кој нема подвиг во молитвата и воопшто, тешка дека нешто ќе разбере од Библијата со својот непросветлен ум! (Ама добро го подбра, ден денеска се смеам на тоа )

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

На гората на преображението кога Исус се преобрази во Своето славно тело и кога се појавија Мојсеј и Илија да разговараат со Него, апостол Петар даде еден интересен предлог: "Учителе, добро е да сме тука; ајде да направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј, еден за Илија" (Лука 9:33) Петар бил воодушевен и задоволен од присуството на прославениот Исус, Мојсеј и Илија и посакал да направи живеалишта за нив на таа гора и да живее со нив таму одвоен од светот. (како монасите во манастирите) Но на оваа негова желба Бог одговори: "А од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот Син (Христос), Мојот Избраник! Слушајте Го Него!" (Лука 9:35). И така Петровата желба не беше исполнета и тие се вратија повторно меѓу луѓето да ги исполнуваат Христовите заповеди кои ги наведов погоре.


Ако ова ти е твоето толкување на таа случка.... Лелееее, мајко, каша попара. А да ја дадеше целата случка како што била:

Марко 9: 6 Зашто не знаеше што да каже, бидејќи беа многу уплашени.

Лука 9: 33 И кога се разделуваа од Него, Петар без да знае што зборува, Му рече на Исус: „Учителе, добро е да останеме овде; да направиме три колиби: за Тебе една, за Мојсеј една, и за Илија една!”

Мили мој, Петар овде од преголема љубов кон Бога и воодушевен од глетката на нетварната светлина, не знаејќи точно што зборува, Му вели на Господ да останат таму за кога ќе слезат долу од планината, не Го фатат и Го убијат, сметајќи дека Мојсеј и Илија можат да го заштитат, затоа што Мојсеј застанал против Египтјаните, а Илија симнал оган од небото. Нема благе везе со тоа што ти го поврза.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

одете, излезете, одејќи проповедајте...


Како тоа ти одиш? Како излегуваш? Како одиш проповедајќи, кога нон стоп си на интернет? Ај да не се повторувам, ќе ме удостоиш на одговор?????

А, да – и убаво те прашав, покажи ми ти и твојата баптистичка тајфа колкумина имате „спасено“, а јас ќе ви покажам само еден монах колкумина ги упатил кон Бога. Некако ми го избегнуваш предлогов. Да не е малку страшен за тебе?


Изменето од Maran Ata - 14.Септември.2009 во 15:44
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 15:47
Originally posted by polzavce polzavce напиша:

Кога се дрзнуваме да говориме дека монасите биле вакви или онакви...мислам би требало да се запрашаме

ДАЛИ ПОЗНАВАМЕ МАКАР ЕДЕН МОНАХ/ИЊА?
ДАЛИ СМЕ РАЗГОВАРАЛЕ СО НИВ?
ДАЛИ СМЕ БИЛЕ ВО МАНАСТИР ДА ВИДИМЕ КАКО ЖИВЕАТ?
ДАЛИ СМЕ РАЗГОВАРАЛЕ СО РОДИТЕЛИТЕ НА НЕКОЈ МОНАХ????

Ако одговорот на неколку од прашањава е НЕ...би требало да си ги преиспитаме ставовите за монаштвото.....

Јас бев на монашењето на отец Силуан.....зборовите се недоволни за да опишам како се чувствував таму и што се случуваше во мојата душа....


Хрситос посреди нас, Полжавче!

Овие прашања му ги имаме поставено на Ев пред 1 год (мене денеска ми е годишница на форумов ) ама... кој чека... умрел чекајќи

А тебе, мило мое сестриче, Господ ти ја огреал душичката. Чувај си ја почетничката благодат Каде што е трупот, таму се и орлите
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 15:48
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Sekoja cest, sestro MaranAta, sekoja cest za postovite...Hristos posredi nas. + + +


Јест и будет!

Моли се за мене, братче! +++
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 18:41
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 18:47
Добредојдовте назад Маран Ата и Опитен!големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 19:06
sekoj  sto  nema  takareceno  zareska  na  srceto  nemoze  da  bide  monah ili  monahijna
 od  taa   teorija  izleguva   deka  sekoj   sto  treba  da  se  zamonasi  treba  da  se  otkaze  od  potomstvoto  negovo   sto  znaci  nemoze  da  ja  dozivee   mojkta  na  gralot  koj  go  pravi  covekot  besmrten  preku  potomstvoto.pa  taka    medicinski  gledano  za  da  se  stane  monah  potrebno  e  da  se  ima  fobija..............................................
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 19:36
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Ne e samo deka si zatvoren megju 4 zida, tocno deka poveketo vreme go pominuvaat vo manastir, no i tie rabotat isto taka, bash im e ubavo, shto im fali na monasite na primer na manastirot Sv Jovan Bigorski, tamu e super ima dosta svez vozduh, dobra zemja za obrabotuvanje, a i prekrasno e da go iskoristime celoto vreme za Gospoda Isusa Hrista, Toj za nas mozese da umre i na tretiot den da voskresne i nie treba da mozeme da se posvetime na verata sto poveke i poveke!
 
DDarko, јас не велам дека на монасите не им е убаво таму по манастирите. Тие таму си ужуваат во природата, си уживаат во удопството, во пасивноста на својата вера, си плетат бројаници, си црткаат икончиња, додека христијаните во светот мака мачат да го проповедаат евангелието меѓу луѓето, како јагниња меѓу волци, понекогаш жртвувајќи ги и своите животи, само за да спасат уште некоја душа од грешниот свет.
Јас не велам дека е лошо да си монах, напротив, тоа е рај и уживанција за некои луѓе кои сакаат да избегаат од светов. Јас велам дека монаштвото не е Христијанска дисциплина, не е Христова заповед, ниту Христов повик до Христијаните. Како што наведов во цитатите погоре, Христос им заповедал на Своите следбеници активно и ОДЕЈЌИ да ја проповедаат евангелската порака, да одат меѓу луѓето, а не да си уживаат во убавите манастири и во природата околу нив, додека луѓето во светот умираат во гревот.
 
Апостолот Павле во своите писмо до христијаните во Рим вели дека "eвангелието е Божја сила за спасение на секој кој верува" (Римјаните 1:16).
Засмили си ти DDarko дека во твојот џеб го имаш лекот против ракот, додека сите твои далечни и блиски роднини и пријатели се болни од рак. Дали ти во тој случај ќе отидеш кај нив да им дадеш од лекот и да ги спасиш, или пак ќе си го стиснеш себично во рацете лекот и ќе си избегаш во некој манастир со него и таму ќе си плетеш бројаници и ќе си црташ икончиња додека твоите роднини и пријатели умираат таму доле во светот?
Баш ме итнересира што ќе направиш DDarko.
 


Pa go nemam EvAngelose, no od kade znaesh, mozhebi ke otrijam takvo neshto, neli medicina pochnav da ucham.голема%20насмевка
A shto ke napravam, ke go razdadam lekot, pa ke odam vo manastir...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7677787980 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.