|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 7576777879 97> |
Автор | |
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кхм, кхм... аааммм... мислам дека поставив прашање...
|
|
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па кај пишува дека оние кои се замонашени се затворени помеѓу четири ѕида?
|
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Треба малку да си реален и да се согласиш со фактот дека монасите го поминуваат времето во некои изолирани манастири. И со оваа религиозна дисциплина МПЦ се гордее. |
|
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никаде не пишува, ама така е. И зашто посветувањето на својот живот на Бог е толку трагична случка? Тоа треба да биде најубавата работа што ни се случила, а не... И текстов ме наежи. Малку ми е и морничав. Се надевам дека нема да ми замерите за искреноста. Изменето од Rita.MD - 13.Септември.2009 во 00:08 |
|
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Реален сум, но тие имаат доста активности, родум сум од мијачко реканскиот крај, сум одел доста-пати натака, ова се возрасни луѓе, знаат со што се соочуваат и сами избираат, никој не ги принудува. Деновите им се исполнети, како со молитви, така и со најразлични активности, цртаат, ракотворби... Што се однесува до нивната изолираност, често сум ги видел и по градови, пред една недела со монас од манастирот Бигорски со кој се познавам се видов во Мекдоналдс :) Значи и не се до толку изолирани :)
А најубавата работа што може да ни се случи не е посветувањето на бога, туку создавањето семејство и грижата околу него Изменето од Момче Македонче - 13.Септември.2009 во 00:06 |
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во секој случај голем дел од животот го поминуваат изолирани.
Бидејки толку многу се посветени на Бог, тоа време нека го потрошат мегу народите проповедајки ја Христовата наука. |
|
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку ли луѓе имаат семејства, успех, слава, убавина, кариера..., а сепак се одвнатре празни? Зашто посегнуваат по алкохол, дрога, коцкање, па дури и по сопствениот живот? Зарем тоа не им е доволно? Зашто толку им подлегнуваат на пороците? Многу луѓе се во потрага по духовното: спиритуализам, окултизам и слично, но задоволството од тоа трае кратко и обично завршува кобно. Сметаат дека ако му се посветат на Бог ќе изгубат многу "слободи" и ќе живеат во рамки на строги правила (од кои нема фајде) за нечии ќеф. Има една празнина која само Бог може да ја пополни и да не направи да се чувствуваме комплетни и задоволни. Ако го бараме Бог и ќе го најдеме. Тогаш ќе бидеме променети луѓе, Божји чеда и ќе имаме вечен живот. Ако тоа не е доволно, за да се откажеме од телесните и световните задоволства-ништо друго не е. |
|
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добра вечер и пријатно дружење Читајќи го преубавиот текст и мене ми се наметнаа истите прашања. 1. Прво, тага. Дали навистина монахот го минува својот живот, меѓу другото и во тага? Христијанството е Радост, Евангелие значи Радосна Вест. А не тага. Дали е тоа “омашка“ на новинарот или е навистина така? 2. И еднаш порано го поставив ова прашање-дали монахот по замонашување се гледа со родителите и колку често, дали има некои ограничувања? 3. Зошто родителот тажи? 4. И нешто кое сега ми текна: како вие (јас) би реагирале еден ден вашето дете да реши на овој начин да Му служи на Бога? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Logos
Група Регистриран: 13.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 67 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
темата е доста добра и мене ме интересираат некој работи во врска со монаштвото. моето мислење е дека тоа представува еден вид на симболично продолжување на 40-от дневениот пост каде Исус бил искушуван од злото(ѓаволот)за да на крајот не подлегне и целосно остане со бога?
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Izvini vaka, no da ne razmisluvas da stanes monah? |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам од каде би произлегло ова симболично продолжување, но сигурен сум дека не произлегува од Христовото учење.
Христос никаде не заповедал Неговите ученици да одат ниту 4 дена во пустина, ниту 40, а камо ли пак цел живот како што тоа го прават монасите изолирајќи се во манастири кои се оддалечени од цивилизацијата.
Напротив Христовата заповед е ние, христијаните, активно да го проповедаме евангелието меѓу луѓето, одејќи кон нив, а не бегајќи од нив и поминувајќи поголем дел од времето со бувовите.
"И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно." (Исус Христос во ев. Матеј 10:7)
"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици" (Исус Христос во ев. Матеј 28:19)
"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание!" (Исус Христос во ев. Марко 16:15)
"Ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби." (Исус Христос во ев. Матеј 10:16)
"Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!" (Исус во евангелие по Марко 1:17)
(Рибарот не ја става јадицата на брегот и не се моли рибите да скокаат од водата на брегот по неа, туку ја фрла во водата) Исто така и во параболата за сејачот кој го сее семето за кое Исус експлицитно кажал дека го претставува Божјото Слово, Тој на почетокот рекол:
"Излезе сејач да сее свое семе... А ова парабола значи: семето е Божјото Слово." (Исус Христос во ев. Лука 8:5,11)
Од сите овие поуки на Господ Исус Христос можеме да видиме дека христијаните треба да ИЗЛЕЗАТ и ОДЕЈЌИ да проповедаат меѓу луѓето од овој свет и покрај тоа што честопати тие знаат да бидат ВОЛЦИ, а не да се замонашуваат во манастири, и пасивно да чекаат луѓето да дојдат кај нив.
Изменето од EvAngelos - 14.Септември.2009 во 00:50 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Monashkiot zhivot ne e ekskluzivnost samo na hristijanskata vera. Toj postoel iljadnici godini pred nea i postoi vo site drugi veruvanja i religii.
Toa e samo pomoshno sredstvo pri medirtiranjeto ili pronaogjanjeto na Boga vo sebe (stavete mu kakvo sakate obelezhje spored bash*te veruvanja...). Rabotata e sto chovek ne mora da se izolira na Himalite ili vo nekoj manastir vo planina za da go stori toa. Istoto se postiga i doma, vo soba, sedejki na stolica... Potrebno e samo cvrsta volja i zhelba da se stori toa... Изменето од Messenger - 14.Септември.2009 во 04:00 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne e samo deka si zatvoren megju 4 zida, tocno deka poveketo vreme go pominuvaat vo manastir, no i tie rabotat isto taka, bash im e ubavo, shto im fali na monasite na primer na manastirot Sv Jovan Bigorski, tamu e super ima dosta svez vozduh, dobra zemja za obrabotuvanje, a i prekrasno e da go iskoristime celoto vreme za Gospoda Isusa Hrista, Toj za nas mozese da umre i na tretiot den da voskresne i nie treba da mozeme da se posvetime na verata sto poveke i poveke!
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DDarko, јас не велам дека на монасите не им е убаво таму по манастирите. Тие таму си ужуваат во природата, си уживаат во удопството, во пасивноста на својата вера, си плетат бројаници, си црткаат икончиња, додека христијаните во светот мака мачат да го проповедаат евангелието меѓу луѓето, како јагниња меѓу волци, понекогаш жртвувајќи ги и своите животи, само за да спасат уште некоја душа од грешниот свет.
Јас не велам дека е лошо да си монах, напротив, тоа е рај и уживанција за некои луѓе кои сакаат да избегаат од светов. Јас велам дека монаштвото не е Христијанска дисциплина, не е Христова заповед, ниту Христов повик до Христијаните. Како што наведов во цитатите погоре, Христос им заповедал на Своите следбеници активно и ОДЕЈЌИ да ја проповедаат евангелската порака, да одат меѓу луѓето, а не да си уживаат во убавите манастири и во природата околу нив, додека луѓето во светот умираат во гревот.
Апостолот Павле во своите писмо до христијаните во Рим вели дека "eвангелието е Божја сила за спасение на секој кој верува" (Римјаните 1:16).
Засмили си ти DDarko дека во твојот џеб го имаш лекот против ракот, додека сите твои далечни и блиски роднини и пријатели се болни од рак. Дали ти во тој случај ќе отидеш кај нив да им дадеш од лекот и да ги спасиш, или пак ќе си го стиснеш себично во рацете лекот и ќе си избегаш во некој манастир со него и таму ќе си плетеш бројаници и ќе си црташ икончиња додека твоите роднини и пријатели умираат таму доле во светот?
Баш ме итнересира што ќе направиш DDarko.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <1 7576777879 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |