![]() |
|
Фан клуб Реал Мадрид |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 6> |
Автор | |||
хулиган ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 103 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
|||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Роберто Карлос се враќа во Реал?
![]() 36-годишниот Карлос моментално настапува во турскиот Фенербахче, а се очекува во јануари да потпише со бразилскиот Сантос. Меѓутоа, новата варијанта би можела да му ги промени плановите, и на крајот да заврши во Мадрид каде Перез би му понудил работа во младинските категории на Реал Мадрид. Карлос го напушти Реал во 2007 година по 11 прекрасни сезони минати во престолнината на Шпанија, каде одигра 370 натпревари. Во јануари постоеше варијанта да се врати во Кралскиот клуб како фудбалер, меѓутоа идејата пропадна и Карлос реши да остане во Истанбул до крајот на договорот. Многу интересно |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
![]() |
|||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Осумте заповеди на Перез
![]() Неговата листа на правила сигурно претставува голем шок за Кристијано Роналдо и сите останати во тимот. Првиот човек на клубот во својот список освен она што не смее, наведол и она што секој член на Реал може да го прави. Како што наведува шпанската Марка, овие правила најтешко ќе им паднат на Фернандо Гаго, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, кои се познати по ноќниот живот и друштво со убави девојки во мадридските барови, а Икер Касиљас веќе го има прекршено правилото седум кога на една забава дојде маскиран како мускетар. С$ уште не се познати казните при евентуалното прекршување на некои од правилата. Очигледно Перез има големи планови со екипата во иднина и сака да се осигура од евентуални штети кои би ги направиле големите фудбалски имиња. Меѓутоа, ако сакаат и понатаму да ги добиваат големите примања ќе мора да играат како што ќе "свири" Перез. Еве ги неговите правила: 1. НЕПОСРЕДНОСТ Играчите мора да бидат достапни за навивачите. 2. КАРАКТЕР Играчите мора да покажат почит кон тренерите, менаџерите и навивачите. 3. НАПОР Пожртвуваност, приврзаност.... 4. ТОЧНОСТ Фудбалерите мора да ги почитуваат договорените термини. 5. ЗДРАВЈЕ Фудбалерите мора да ги избегнуваат сите ризични ситуации. 6. РЕД Забранети се сите ноќни излегувања. 7. ИМИЏ Играчите мора секогаш да изгледаат репрезентативно. 8. СОРАБОТКА Фудбалерите мора да соработуваат со вработените во клубот и новинарите. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
![]() |
|||
ВАЖНА ![]() Сениор ![]() ![]() Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
срам да ти е! ![]() ![]() ![]() реал мадрид е најдобар бре!!! најјак клуб! |
|||
![]() |
|||
ВАЖНА ![]() Сениор ![]() ![]() Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
имаш право! ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
kompas ![]() Нов член ![]() Регистриран: 21.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 14 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
mojot klub vo srceto shto go nosam e REAL MADRID !!!
vo toa nema greshka. so nego bev koga gubea koga site gi p[cuea koga site velea nema nishto da naporavat so tolko zvezdi pa shto da vidish ... osovija liga na shampioni so magichniot udar na ZINEDINE ZIDANE . i ovaa godina kje bide repriza na taa godina .. pod uslov da zemat kvaliteten lev bek i ushte eden centralen defanzivec. |
|||
![]() |
|||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Реал сака да игра порано за да го гледаат и во Кина
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
![]() |
|||
ace_boy ![]() Сениор ![]() ![]() BADBOY Регистриран: 04.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 158 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Abe ovoj glupakov Halid ibn Velid ![]() ![]() Изменето од ace_boy - 04.Октомври.2009 во 11:07 |
|||
![]() |
|||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Реал Мадрид - тим без душа
![]() По срамната елиминација од третолигаш, се постанува прашањето кои се всушност вистинските вредности на овој Реал Мадрид т.н. "Галактико 2", кој се обидува да стане најдобар светски клуб во историјата и дали претседателот на клубот, Флорентино Перез, конечно, ја сфати грешката дека со пари не може да се освои се. Што да се каже повеќе? Вистинската слика околу подготвеноста на "Кралскиот клуб" се виде на двомечот со аматерскиот тим на Алкоркон. Па сега дали вреди во еден клуб да се вложуваат милиони и милиони, а фудбалерите да не можат да совладаат ниту тим составен од менаџери, пекари, ѕидари, адвокати ... Токму овие луѓе кои во слободно време играат фудбал им покажаа на големите професионалци како треба да се бранат боите на еден клуб, односно како треба вистински да се игра и да се сака фудбалот. Ѕвездите кои го одиграа реваншот на Сантјаго Бернабе како Кака, Раул, Ван Нистелрој, Мамаду и Ласана Диара, Албиол, Марсело, Пепе, Ван дер Варт .... не покажаа ни 10% од она што го најавуваа пред две недели кога го загубија првиот меч со убедливи 4:0. Се подготвуваа да го демолираат противникот, да ја наполнат нивната мрежа, меѓутоа наидоа на подготвен тим, желен за надигрување, жилави играчи кои не покажаа ни трошка страв од некакви светски познати фудбалери. Комплетна анализа е мизерна, лоша, катастрофална игра на фудбалерите на Реал на двомечот со Алкоркон. Целокупното раководство заедно со фудбалерите едноставно мора да им ги врати парите од влезниците на фановите кои дојдоа на Сантјаго Бернабе уверени во пласманот во следната фаза на својот тим. Првпат Флорентино Перез јасно ја слушна порака од фановите: "Пелегрини оставка". Во отсуство на Кристијано Роналдо, Чаби Алонсо, Карим Бензема, Гути и Икер Касиљас, Мануел Пелегрини беше принуден да состави добитната комбинација и убиствен напад кој ќе атакува на голови. Чилеанецот и постави таква формација, 4-2-2-2. Меѓутоа, нападот предводен од Ван Нистелрој и Раул потпомогнати од Игуаин и Кака во позадина едноставно не помина како опција. Чилеанецот како да заборави дека во својот тим нема фудбалери-креативци како на пример што ги има Барселона во Чави и Иниеста. Средниот ред како да го немаше. Гаго и Мамаду Диара тотално се изгубија, а Кака и Игуаин повеќе мислеа на нападот отколку на средината. Тоа им оставаше доста место за манипулација на играчите на противникот. Со ваква поставена игра Пелегрини очекуваше неговиот тим рано да постигне гол, а потоа да ги притисне играчите на Алкоркон до крај. И покрај неколкуте шанси, реално гледано Реал едноставно потфрли во првиот дел. Во вториот Пелегрини ја увиде својата грешка и ги стави во игра Марсело и Ван дер Варт, кои малку ја размрдаа играта. Но не го извади Гаго, кој беше најслаб поединец на натпреварот, туку Ласана Диара, кој беше далеку позабележителен од Аргентинецот. Тој потег навивачите на Реал го испратија со свирежи. Реал успеа да постигне погодок, но предоцна. Ван дер Варт погоди во 82. минута но немаше време да се достигнат оние четири разлика. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
![]() |
|||
futka ![]() Нов член ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Само напред наши најаки сме во светот во све..
Фудбал,пари,навивачи,фудбалери, апсолутно во све.. |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Касиљас од сабота во "клубот 500"
До јубилејната бројка, тој стигнува на 28 години откако веќе една деценија е стандарден на голот на "Кралскиот клуб" Дебито го забележа во сезоната 1999/2000 во мечот против Атлетик Билбао и оттогаш освои две титули во Лигата на шампионите и четири во Примера. ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Навивачите на Реал песимисти пред реваншот
![]() Тоа, очигледно, ги обесхрабри навивачите на Реал бидејќи сега само 49% од нив се надеваат на пласман на нивниот омилен тим во четвртфиналето иако пред одигрувањето на првиот натпревар овој процент беше двојно поголем. Реал сезонава има максимален учинок на домашен терен сметајќи ги сите натпреварувања, но и тоа не е доволен аргумент за навивачите на најтрофејниот шпански клуб. Дополнителен песимизам вчера внесе истражувањето на АС кој заклучил дека при резултат од 1:0 на домашен терен од првиот натпревар, во 53,5% од случаите понатаму поминувал тимот што првиот меч го играл пред своите навивачи. УЕФА во сезоната 1970/71 го воведе системот на доделување повластен статус на екипите што имаат гол повеќе на гости при нерешен вкупен резултат од двата натпревари. Овој процент се зголемува до 58 ако се земат предвид сите европски купови, а не само Лигата на шампионите. Реал, сепак, има пријатни спомени од ваквиот резултат. Петпати досега од гостувањата се враќал со пораз од 1:0 и само еднаш не успеал да ја надмине негативата и да се пласира понатаму. Тоа се случило во сезоната 1973/74 кога бил елиминиран од англискиот Ипсвич. Лион, пак, досега трипати имал предност од 1:0 од првиот натпревар на домашен терен и во сите три случаи поминал понатаму. Реванш-осминафиналниот натпревар меѓу Реал и Лион на Сантијаго Бернабе се игра на 10 март. |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Игуаин и Роналдо најдобри во последните две децении
![]() Успехот на овие двајца фудбалери е уште поголем ако се знае дека Игуаин досега пропушти шест, а Роналдо девет натпревари од досегашното првенство. Апсолутни рекордери на Реал Мадрид по 26 одиграни кола од Примера се Хуго Санчез и Емилио Бутрагењо кои во сезоната 1989/90 заедно постигнаа 36 гола од кои 27 само Мексиканецот. Тоа е сезоната во која Реал Мадрид го постави рекордот на шпанското првенство со 107 постигнати гола. Втор на оваа листа досега беше црногорско-хрватскиот тандем Мијатовиќ-Шукер од шампионската генерација на Реал Мадрид предводена од Капело во сезоната 1996/97. Двајцата тогаш постигнаа 31 гол, бројка која следната сезона ја достигнаа Раул и Роналдо. |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ШПАНСКАТА ЛЕГЕНДА СИГУРНО ГО НАПУШТА "КРАЛСКИОТ КЛУБ"
Раул "раскинува" со Реал на лето ![]() Ѕвездата на Реал го направи своето деби во 1994 година на 17-годишна возраст, а му помогна на клубот да дојде до три титули во Лигата на шампионите постигнувајќи голови на финалните натпревари во 2000 и 2002 година, но и до шест шампионски трофеи во домашното првенство. |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |