|
Свински грип |
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Автор | |
kumanovaboy
Сениор Регистриран: 30.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 98 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vistina lie deka bese zarazen so svinski grip ??
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Potvrdena e dijagnozata za site tri slucai.
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добро е, бидејќи има лекови..... тоа е најбитното..... може и 50 случаи да има, ако се откриени во рана фаза,..... се ќе биде добро...... мора да бидеме оптимисти
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епидемиолозите не исклучуваат дека бројот на заразени лица ќе се зголемува во текот на наредните денови и тоа кај оние кои биле во контакт со веќе инфицираните, бидејќи инкубацијата на заразата трае седум дена. Епидемиолозите очекуваат грипот да се шири, особено затоа што во наредниот период во Македонија се очекува доаѓање на голем број иселеници, кои во летните месеци се враќаат во родната земја. Тројца од овие шесте случаи се од Австралија каде што сега почнува зимата, а тоа подразбира дека контактите меѓу луѓето се почести и ризикот за пренесување на вирусот е поголем. Грипот се појавува и кај патниците од другите земји, бидејќи и таму веќе е проширена заразата, а во авионите е голем ризикот за пренесување на вирусот.
Ova zagrizuva... |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали свинскиот грип навистина заслужува толкаво внимание какво што му се придава или пак беше своевидна ,,патка’’ со цел да го одвлече вниманието на светската јавност од економската криза?
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mozebi deka e taka .... od pricini sto kaj nas nema kriza , sledstveno na toa i nema epidemija na svinski grip
|
|
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грипот се шири заради профитот
Моќниците што го создадоа вирусот на новиот грип за да остварат профит, сега подготвуваат вакцина, тврди австриската новинарка, Јане Бургермеистер и се повикува на голем број докази Се подготвува најголемиот грабеж и злосторство на човештвото бидејќи вирусот на новиот грип е искористен како биолошко оружје, а биотероризмот го спроведува група врвни светски банкари кои ги контролираат федералните резерви во САД, СЗО, Обединетите нации и НАТО, обвини австриската новинарка Јане Бургермеистер. Таа веќе покренала тужба против СЗО, ООН, ФБИ и против неколку американски владини и фармацевтски лица, кои, според неа, подготвуваат планирано масовно убиство на голем број луѓе на Земјината топка. Како што пренесоа европските медиуми, новинарката бара од американскиот суд да ја забрани употребата на новата вакцина против свинскиот грип, од која здравствените власти во многу земји побаруваат огромни количини. Вирусот на новиот грип А Х1Н1 масовно се шири во светот - заболуваат и умираат илјадници луѓе, а фармацевтските компании подготвуваат вакцина. Бургермеистер тврди дека токму оние моќници што го создадоа вирусот сега подготвуваат вакцина. Таа до државното обвинителство во Виена доставила тужби и против компаниите „Бакстер“ и „Авир“. Австриската новинарка тврди дека има докази оти претставништвото на фирмата „Бакстер“ во Австрија во минатата зима на 16 лаборатории во четири земји им испратило 72 килограма жив вирус на птичјиот грип кој не бил соодветно осигурен, лабораториите не го чувале добро вирусот и дозволиле тој да се помеша со човечкиот грип. Таа го посочува и скандалозниот случај кога вирулентниот материјал на свински грип наменет за истражување, експлодира во воз полн со патници во Швајцарија. Новинарката вели дека ослободувањето на вирусот и' овозможило на СЗО да има доволно време за да прогласи пандемија на свински грип, а потоа да почне и дистрибуцијата на новата вакцина.Од централата на Светската здравствена организација во Женева не сакаат да ги коментираат обвинувањата на Бургемеистер. И во нашата Комисијата за пандемски грип одбиваат коментар за ваквите тврдења. - Ние само ги спроведуваме препораките на СЗО и ги следиме упатствата за да се ограничи ширењето на вирусот - велат во Комисијата. За разлика од нашите епидемиолози, проф. д-р Иван Бојиќ од Србија, кој е и автор на книгата „Инфективните заболувања во биолошка војна и биотероризам“, за „Политика“ изјави: - Вистина е дека приказната за новиот вирус и прогласувањето пандемија од почетокот беше неубедлива и нелогична. Нас, клиничарите прво не' зачуди брзината на откривањето на деловите на геномот, односно делот на птичјиот, свинскиот и хуманиот вирус. За два-три месеци се' се знаеше и беше објавено во еминенти стручни магазини, што кај многумина лекари предизвика сомнение дека нешто можеби е правено со овој вирус. Ако некој и сакал да извлече материјална корист од прогласувањето на пандемијата, сега тоа е завршена работа. Лекувањето на луѓето е неопходно - вели д-р Бојиќ. И во Македонија се зголемува бројот на заразени од новиот грип, а здравствените власти во петокот обелоденија дека првпат е регистрирано ширење на вирусот на лице што не било во странство. Нов случај на заболен од грип Институтот за јавно здравје потврди присуство на новиот тип вирус А/Х1Н1 кај уште едно лице кое пред неколку дена се вратило од летување во Грција. Лицето е хоспитализирано и се наоѓа во општа добра состојба. - Во Клиниката за инфективни болести во Скопје деновиве се хоспитализирани 11 болни и сите се со добра клиничка слика. Досега таму се лекувани вкупно 52 пациента, од кои кај 14 е потврден вирусот на Х/А1Н1 - соопшти Министерството за здравство. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2AEA85A3232E7E45A70FFD653FF0B1B3 |
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОДЕКА ПАНДЕМИЈАТА НА ГРИПОТ СЕЕ СТРАВ НИЗ СВЕТОТ
Изумителот на „тамифлу“ си ги полни џеповите Како
што пандемијата на новиот грип шири паника низ целиот свет, а државите
влегуваат во трка по нови лекови и вакцини, еден човек станува се
побогат: 55-годишниот доктор Норберт Бишофбергер, пронаоѓачот на лекот
против грипот - „тамифлу“, единствениот што, засега, може да се најде
на пазарот. Доктор Бишофбергер сега е директор на истражувачката
дејност и потпретседател на компанијата „Гилијад сајансиз“, која
минатата деценија го разви лекот. Тие ја задржаа интелектуалната
сопственост над лекот, но правото на производство и дистрибуција му го
продадоа на швајцарскиот фармацевтски концерн „Рош“. Тој за својата
функција добива плата од 600.000 евра годишно, а бонусите и заработката
од акциите на компанијата му носат дополнителни десетици милиони евра.
Исто така, тој добива добар процент од милионските профити што се
остваруваат од продажбата на „тамифлу“. На 27-годишна возраст,
Бишофбергер, по студиите завршени во Инсбрук, Цирих и на „Харвард“,
заминал за Бостон, САД, со само една илјада швајцарски франци во џебот.
Кон почетокот на 1990 години, тој станува шеф на истражувачкиот тим на
компанијата „Гилијад сајансиз“ и го развива лекот „тамифлу“.
Компанијата, која тогаш имала само две простории и дваесетина
вработени, денес има пазарна вредност од 30 милијарди долари и 1.800
вработени. Време, број 1733, 29.07.2009 |
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трудниците-посебно загрозена категорија
Генерално,трудниците се ионака изложени на поголем ризик од вирусите на грип,но новиот вирус А е за нив многу поопасен. Воочена е релативно поголема пропорција на смртни случаи меѓу трудници во споредба со останатата популација-изјавува Д-р Денис Џејмисон од американскиот Центар за контрола и превенција на болеста. Студијата е заснована на 6 смртни случаи меќу трудници од вкупно 45 случаи поврзани со новиот грип од 15-ти април до 16-ти јуни. Сите жени биле здрави пред инфекцијата,сите оболеле од воспаление на плуќата и сите морале да бидат приклучени на апарати за вештачка вентилација(вештачко дишење) (SRNA) |
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поголеми превентивни мерки против грипот А/х1Н1 во училиштата
Со почетокот на учебната година, се зголемува и ризикот од ширење на грипот А/ Х1Н1. Поради тоа Министерството за здравство ќе воведе строги мерки за превенција од ширење на грипот, како и строга контрола дали тие мерки се почитуваат, најави денеска министерот Бујар Османи. „Од први септември Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе наложи спроведување на противпандемски контроли и зачестени контроли на училиштата и градинките и низ социјалните установи. Институтот за јавно здравје ќе врши едукација на наставниот кадар за новиот грип кој што потоа првиот училиштен час ќе им одржат предавање за новиот грип како и за потребата од одржување на личната хигиена“, изјави министерот Османи. Тој најави дека во секое училиште ќе се постават апарати со дезинфекциони средства, а ќе бидат поделени и брошури за заштита од заразување од грипот А/ Х1Н1. Министерот изјави дека оваа акција нема за цел да предизвика паника кај граѓаните, туку само да ги намали ризиците за ширење на болеста. Тој уште една ја отфрли можноста за затворање на образовните институции како начин да се спречи ширењето на новиот грип. Нагласи дека наставниците ќе бидат задолжени да водат строга контрола за отсуствата на учениците и причината за тоа. Т “Тоа не е официјална препорака од официјалните здравствени. Засега само децата со симптоми да не се пуштаат на училиште. Само во изолирани случаи кога поради зголемен број на заразени ќе се попречи наставниот процес може едно училиште да биде затворено“, рече министерот. Во моментов има 42 потврдени случаи заразени со новиот грип, од кој само еден пациент е хоспитализиран. Министерот додаде дека Македонија е една од ретките земји каде нема внатрешно ширење на болеста, туку сите случаи се импортирани, однос заболените се заразиле додека престојувале во друга земја. Автор на веста: Нетпрес Објавена на 30.08.2009 13:51:48 |
|
snup
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се збрува дека и во македонија како и во свето зазема замав свискиот грип.Но дали е смртоносен или сепак мозе да се излекува цитав дека тамифлѕ лекот го стагнира вирусот но дали го лечи.И колку луге во македонија се заразени.
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Училиштата под засилен мониторинг поради новиот грип „Два нови случаја со симптоми на грипот Х1Н1 се регистрирани во
текот на викендов, но се прават дополнителни испитувања да се утврди
дали навистина станува збор за новиот грип“. Ова го изјави вчера
министерот за здравство Бујар Османи по одржувањето на состанок со
Комисијата за пандемски грип на која се разговараше за последните
препораки на Светската здравствена организација(СЗО) во врска со
вакцинирањето против грипот. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште еден случај со новиот тип на вирус А Х1Н1 потврден во последни 24 часа. Се работи за 22-годишна студентка која студира во Бугарија и со вирусот се заразила таму. Со тоа бројот на заболени од овој тип на вирус се зголеми на 37 случаи. Сите вирусот го имаат донесено од странство. Ниту еден не се заразил во државата. Но, надлежните предупредуваат на вирозите кои владеат, бидејќи меѓу нив може да има заболени и од новиот вирус. „Можно е меѓу нив да се крие, дури се претпоставува дека и во западните земји, ако официјалната бројка е на пример 5.000 на Х1Н1 позитивни, дека четири пати е поголема таа бројка, затоа што многу повеќе од нив поминуваат асимптоматски, без симптоми, или во многу блага форма, па не бараат и помош од лекар“, вели Јованка Костовска, министерство за здравство. Државата се подготвува за можниот бран од грип кој веќе владее во соседните земји. На матичните лекари им се препорачува задолжително да носат маски, да внимаваат на сомнителните случаи, а хроничните болни бремените жени да ги препраќаат на инфективната клиника како ризични групи. Комисијата за пандемски грип ги подготви листите на ризични пациенти кои ке им бидат препратени на матичните лекари. Санитарните инспектори денеска ги чешлаа училиштата. Поради немање на средства за дезинфекција и нехигиена затворени се тоалети, спортски сали, поедини објекти. За овие училиштата се подготвуваат прекршочни пријави. „ОУ „Живко Брајковски“ во општина Чаир, затворен е времено еден санитарен блок за машки ученици. Понатаму во ОУ „Климент Охридски“ во истата општина, времено затворена спортска сала и инфраструктурни придружни простории, санитарен блок и гардероби. Констатирано е дека гимназијата „Орце Николов“ во општина Карпош не ги почитува, односно не ги спровела наредените мерки. Во струшко имаме во три основни училишта во моментот недостасувало течен сапун. Инспекторот се задолжил уште еднаш да помине во училиштето ди крајот на денот, доколку тоа не се стори, истотака ќе се преземат правни мерки“, рече Вера Менкова, санитарен инспектор.Инспекцијата пратила допис до општините за да им обезбедат средства за хигиена на училиштата. засега нема деца кои отсуствуваа од настава заради грип. вакцината се очекува да стигне во текот на ноември и со неа ке бидат вакцинирани здравствените работници и ризичните групи, хронично болните пациенти. (prevzemeno od A1.com.mk) |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...od momentalno 20000 zaboleni od grip kaj nas ,garant 5% se so simptomi na "crven vetar".
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |