|
Македонската емиграција |
Внеси реплика | страница <12345 17> |
Автор | |
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чуповски во организирањето на Македонците
Со 19 (деветнаест) потписи (при што првиот потпис е на Крсте П. Мисирков, а вториот на Димитрија Чуповски) трга да ја легализира македонската национална идеологија во Русија како Голема сила, со што истата би добила легалност и на секаде. Потписите се на Молба до Советот на “Петербуршкото словенско благотворно друштво” во која по изнесените причини за расцепканоста на македонската интелигенција се вели: “...За да ги избегнеме жалните резултати од таквата раздробеност и за да имаме можност да се обединиме врз базата на единството на татковината, истото потекло и иднината, како и врз базата на заедничкото изучување на нашата татковина во историски, етнографски, фолклорен и јазичен поглед, ние долупотпишаните имаме чест најпокорно да го замолиме С. Петербуршкото словенско благотворно друштво да ни дозволи да се собираме во неговите простории врз истата основа врз којашто стануваат таквите собранија на чешката, бугарската и српската младина што учи во С. Петербург“ По две седници, Советот донесе позитивно решение и со тоа го направи првото официјално признавање на македонската културно-национална индивидуалност, зачленувајќи го Македонското студентско другарство во Општословенското друштво “Славјанска беседа”. Тогаш официјално се конституира и Македонското Другарство чиј Претседател станува правникот Дијамандија Т. Мишајков, Потпретседател Гаврил Константинович студент на Воено-медицинската академија, Секретар Милан Стоилов од Кукуш студент на истата академија кој подоцна загинува во Илинденското востание, Библиотекар Ристо Русуленчич студент на Физичко-математичкиот факултет, а во прво време изгледа и Христо Шалдев е член на Управата, но кој подоцна нанесува ненадоместлива штета на македонското револуционерно дело ставајќи се во услуга на Егзархот. Наскоро Стефан Дедов оди во Софија за да ја организира тамошната емиграција и ги покренува весниците “Балкан“ (1903) кој е забранет од Бугарите па го покренува “к*риер“(1904) и најпосле “Балкански к*риер“(1905). Претседателот Дијамандија Мишајков пак оди во Македонија и родната Битола со цел да го организира теренот за решавачкиот миг, па на чело на Другарството во С. Петербург застанува најактивниот член на ова Другарство Димитрија Чуповски. Тој на должноста Претседател на Другарството останува се до крајот на неговата дејност. http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=46&tid=1764 Молбата до Советот на “Петербуршкото словенско благотворно друштво” од 1902 година пробав да ја поставам тука, ама секој пат ми блокира експлорерот, ако некој може, нека ја покаже тука. Заинтересирав се дали од тие 19 само за Шалдев се однесува а во прво време изгледа и Христо Шалдев е член на Управата, но кој подоцна нанесува ненадоместлива штета на македонското револуционерно дело ставајќи се во услуга на Егзархот. Или има и други. Изменето од cercetator - 23.Август.2009 во 17:48 |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бр.11 изгледа исто како Шалдев. Во спомените на Ц. Миладинова читам следното
„Учители и организатори им бeа Христо Боботанов и госпожица Кица Попхристова, тогава учител и учнтелка в бугарското училиште в Пиргите, а сега г-н и г-жа инженер Христо Боботанови, населени в мини Перник, видни и уважувани граѓани на третото бугарско царство, по потекло од околните на Солун булгарски села.“ Мојата хипотеза е дека „Со 19 (деветнаест) потписи (при што првиот потпис е на Крсте П. Мисирков, а вториот на Димитрија Чуповски) трга да ја легализира македонската национална идеологија во Русија како Голема сила“ не е точно. Мислам дека не сите 19 биле за Мисирковата идеологија. Во писмото тие се РОДЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА, кои сакаат како землјаци да се собираат. Изменето од Македон - 20.Јуни.2010 во 01:49 |
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам да кажам дека сега сте Македонци, ама долго време сте го носеле името Бугари во МИНАТОТО, а тоа не го признавате.
Изнесувам само факти и документи. За Христо Боботанов од 19те најдов дека бил како и Шалдев. Гугл преведувач - Наставници и организатори беа Христо Боботанов и госпоѓицата Кица Поп Христов(а), тогаш учител и учнтелка во бугарското училиште во пирг(Пиргите), а сега г-дин и г-ѓа инженер Христо Боботанови утврдени во мини Македонија(??? мини Перник ги преведува мини Македонија), истакнати и почитувани граѓани на третото бугарско царство, по потекло од околината на Солун бугарски села. Царевна Миладинова Значи бројката од 19, ја намаливме на 17. Продолжуваме барањата и за останатите. Изменето од cercetator - 27.Август.2009 во 10:02 |
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грешка, ние од секогаш сме биле Македонци, незнам што сте вие?! Македонците никогаш ниту биле, ниту пак ќе бидат Бугари. За жал еден дел од македонскиот народ заблуден од пропагандите од нашите “добри“ соседи, стануваат Бугари, Грци или Срби. Дефинитивно, македонската миграција е најбројна во Бугарија. Во современите западни демократии правото на самоопределување не му е ограничено на ниту еден Македонец. Состојбата во Бугарија е сосема спротивна, Македонците стануваат кремот на бугарското општество само под услов ако се декларираат како Бугари. Практично без нив Бугарија не ни може да постои. Тоа е една од причините што вие неможете да се откажете од Македонија и сопствените корени. Вистинската бугарска историја вам ви е страна, туѓа и неприфатлива. Доколку бугарската политика отстапи барем малку од својот к*рс и им дозволи на луѓето слободно си ја изразуваат својата национална припадност, силно сум уверен дека после исзвесно време во Бугарија нема да останат многу Бугари. Нацијата која ги заснова своите темели на несоновани факти и небулози е осудена на пропаст. На руската творба со по 1 милион Турци и Рома, 2 милиона пезионери и 2 милиона економски мигранти (кој знае уште колку други би сакале да фатат пат под нозе) судбината и е многу сивкаста, скоро црна. Засебноста на македонската нација е неспоран, бугаризирани можете слободно да се сликате! Изменето од macedon_alex - 27.Август.2009 во 12:35 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Другата македонска емиграциjа:
Бегалци од с.Горно Броди (Серско) населени во градот Пештера. Меѓу нив има многу вдовици и сирачиња на убиени и исчезнати мажи Изменето од macedon_alex - 28.Август.2009 во 00:37 |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Попис во САД 1930. Погледнете ја колоната за јазик кој се зборува дома (мајчин) пред доаѓањето во САД.
Американски попис од 1930 година (на англиски) Изменето од macedon_alex - 28.Август.2009 во 00:36 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апелот завршува со следните зборови Т.е. да се направи комунистички преврат во емигрантските организации. Интересно е да се види кои се потпишале под овој документ и каква била судбината им по тоа. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апелот не е само последните эборови и многу е јасен
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, во право си, потенцирам на потписниците, кои се, што се. Некои ми се познати, други - не. За тоа сакам да се знае кои се тие луѓе. Многу интересни превратности во животот имал Петар Шанданов Роден: 4 јули 1895 Охрид, Република Македонија Умрел 15 октомври 1971 Софија, Бугарија Петар Димов Шанданов (познат и како Перо Шанданов) е ... револуционер и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, еден од главните поддржувачи на крилото на Александар Протогеров. Шанданов е роден во 1895 година во Охрид, тогаш е во Отоманската империја. Дипломирал на Битолската бугарска гимназија, каде што се приклучува на ВМОРО. Во 1912 година станува нелегален и секретар на чета на организацијата. При избувнување на Балканската војна во 1912 година Шанданов е доброволец во Македонско-одринското ополчение и оди во Трета посебна партизанска чета и Сбората партизанска чета. Награден е со орден "За храброст" ІV степен. Во 1913 година учествува во Охридското востание. Запишал во Военото училиште во Софија, кој завршува во 1916 година. Учествува во Првата светска војна како офицерски кандидат во Петти полк на Единаесетта дивизија. Вклучувајќи се во востановената од Тодор Александров ВМРО првично како четник, а подоцна како охридски и битолски војвода. Во 1922 година дејствува со чета во Охридско и Преспанско. По убиството на Тодор Александров Шанданов е меѓу главните организатори и извршители на убиствата во горноџумајската кривична акција во септември 1924 година. Шанданов е меѓу организаторите на базата на организацијата во Албанија. На Шестиот конгрес на ВМРО е избран за резервен член на Централниот комитет и по убиството на Александар Протогеров во 1928 година, автоматски станува член на ЦК, кое не е признаено од михајловисткото крило. Шанданов е главен водач на протогеровистите и предводи протогеровистка чета, која е разбиена на 25 јули на Јундола. Застава на чело на втора протогеровистка чета, која во почетокот на август, повторно е разбиена во селото Обидим [2]. Шанданов се ориентира кон приближување со комунистичката ВМРО (Обединета) и во 1931 година се среќава со Георги Димитров. Во јули 1931 година на одржани од него Седми конгрес на ВМРО е избран за член на ЦК. По Деветнадесетомаjскиoт удар и поразот на македонските организации е постојано интерниран. Конечно се ориентира кон левицата и учествува во комунистичкото партизанско движење во Бугарија, како командант на Втора востаничката оперативна зона. Во 1944 година се вклучува во АСНОМ и станува член на Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија. Репресиран во Југославија побегнал во Бугарија, кaдешто исто е испитуван и затворен во затворот во Белене, каде престојувал неколку години. Подоцна е рехабилитиран и наградуван со државни награди. Шанданов умира во 1971 година во Софија Изменето од Македон - 31.Август.2009 во 16:50 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу убаво и се энае кои се тие луѓе,не се секирај
Изменето од Boogie - 30.Август.2009 во 15:49 |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знае се, ама не се знае. Види за Шанданов, едитирав погорниот пост.
Кој е Туше Влахов? Алексо Мартулков?.... |
|
Внеси реплика | страница <12345 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |