IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ГНОСТИЦИЗАМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГНОСТИЦИЗАМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
Автор
Порака
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 21:32
Deka mi se postovite koga prashav shto mislat Gnosticarite za zad grobniot zivot?
I ako moze neka mi odgovori za nivniot stav vo vrska so toa!среќа
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 23:02
Darko, gledam deka se interesirash povekej za gnosticizmot, pa moshebi kje treba da napisham neshto povekje za nego.

Za sega nakuso, kolku da ti ja zadovolam ljubopitlivosta, gnosticharite veruvaat vo prosvetluvanje na dushata. Toa e nejzinoto spasenie. Taa egzistira vo iluziite na materijalniot svet s'e dodeka ne go postigne toa, a potoa odi pri Boga stanuvajki svesen del od Edinstevnoto Sebstvo.

Razni gnostichki pravci imaat razlichni pogledi na detalite okolu toa, no vo glavno se sveduva na spasenie preku prosvetluvanje so osoznavanje, a ne za spasenie preku Isusovata ili bilo kakva druga zhrtva. Samo ti samiot mozhesh da se izborish za svoeto spasenie i nikoj ne mozhe da ti go dade toa kako dar so negovo zhrtvuvanje.

Изменето од Messenger - 29.Август.2009 во 06:22
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 10:15
И од мене нешто :)

ГНОСТИЦИЗАМ

 

 

Општо

Гностицизмот е дел од историјата на платонистичката традиција, но историчарите на религијата истиот го лоцираат во мешавината на грчкото и ориенталното размислување, односно во амбиентот на персискиот дуализам каде сретнуваме две начела (два бога), спротивставени едно на друго и грчкото разбирање на надмоќта на духот и духовното над материјата и материјалното. Користењето на мешавина од грчката философска терминологија и источната симболика доведува до лесно пропагирање и прифаќање на гностичките идеи.

Некои, пак, Гностицизмот го поврзуваат и со еврејскиот и јудео-христијанскиот амбиент. Основен недостик на последново тврдење е критикувањето и отфрлањето на Стариот завет и Јахве како вистински Бог.

Трети, пак, постанокот и ширењето на Гностицизмот го доведуваат во врска со менталниот склоп на луѓето од I и II век, во психолошкото и религиозното расположение на луѓето од овој период кое е под влијание на егзистенцијални проблеми и тешкотии. Гностиците успеваат да се поврзат со духовниот елемент во човекот при што истовремено материјата ја прогласуваат за лоша и зла со што се отвара простор материјалниот све да биде отфрлен.

Сепак, со сигурност може да се потврди дека Гностицизмот е синкретичка форма, а не плод на само една од претходниве причини. Тој е мешавина на јудејство, елинизмот (грчката философска мисла), источните учења и традиции и христијанството.

Значи, Гностицизмот  (грчки. γνώσις gnosis – знаење, осознавање, спознавање, увид) е синкретичко[1] верско движење кое се појавило уште во првите векови од христијанството и се ширело се до IV век кога истото е поттиснато, особено откако престануваат гонењата на христијаните од страна на Римската империја.

Инаку, терминот γνώσις е збор кој изворно е користен во Платоновите филосовски списи, а најчесто се употребувал за да се потенцира духовното знаење на просветениот човек, кое се опишува како непосредно спознавање на натприродното и боженственото преку личен опит.

Во IXX и XX век научниците терминот „гностицизам“ за да обележат повеќе различни групи од ранохристијанскиот период а кои постоеле одделно од вистинското христијанство. С# уште трае спорот околу тоа дали гностиците се движење во самото христијанство или, пак, независно и многу посеопфатно движење кое постоело дури и пред појавата на христијанството.

           

 

            С# до XX век[2] најголемиот дел од гностичкото учење се реконструира преку критичките дела на црковните отци кои пишувале против ересите како што се: свети Иринеј Лионски, Јустин Маченик и Философ, Ориген и други.

           

 

 

Учење

            Покрај верата гностиците ја потенцираат важноста на осознавањето на духовните работи. Тие сметале дека луѓето се боженствени души заробени во материјалниот свет, а материјата е создадена од страна на несовршено и зло битие – Демијург, кое, пак, честопати се поистоветува со Бога од Стариот завет, спротивен на новозаветниот. За гностиците постоело равенство меѓу злото и материјата и меѓу доброто и духовниот свет. Сметале дека човекот мора да се посвети на себеси и да се просвети со мудроста за да може да го спознае светот и да се ослободи од неговите окови.

 

Напуштете го барањето на Бога, вселената и слично, наместо тоа почнете од себеси. Запрашајтесе кој во вас присвојува с# кога ќе каже: мој дух, мое срце, мој Бог. Барајте ги изворите на љубовта, радоста, омразата, копнежот... доколку внимателно испитате с#, сето ова ќе го најдете во себеси

Иполит, Отфрлањето на ересите

 

            Едно од гностичките учења е и она на Валентин, христијанин од Александрија, кој го ширел ова свое учење во Рим во исто време со Маркион (меѓу 135 и 160). Неговото учење е сконцентрирано на идејата за Полнота (Плирома), па така, според него чистиот духовен свет претставува Плирома и истиот е составен од единството на божествените еманации на Отецот.  Логостот, вели тој, не е ист со Бога Творецот, туку само негова духовна еманација. Материјалниот, пак, свет, кој според својата суштина е зол, е преуреден од страна на Демијург. Самото спасение претставува чин на спознавање кој е потребен за да се врати хармонија на Полнотата. Ова учење го сретнуваме во „Евангелието според Филип“ кое се претпоставува дека е напишано од страна на некој ученик на Валентин.

 

            Не плашете се од телото, не го ни сакајте. Ако се плашите од него тоа ќе завладее со вас, ако, пак, го сакате тоа ќе ве изеде и парализира.

Евангелие според Филип

 

            Во некои од гностичките текстови сретнуваме и траги од неоплатонска философија. Плотин, еден од најпознатите неоплатонисти од III век за гностиците во своејата школа го кажал следново: Имаме разбирање за некои наши пријатели кои таа (гностичка) мисла ја прифатиле пред да ни станат пријатели и продолжуваат истата да ја негуваат, иако не знам како успеваат во тоа.

           

 

           

Ширење на гностицизмот

            Во првите векови од христијанството Гностицизмот бил распространет по бреговите на Средоземното море и Средниот исток, могу научници сметаа дека на почетокот во чиста форма, а подоцна измешан со Манихејството, Маркионитите, Вардесијаните и др. Секти истиот долго време ја следел Црквата. Иако Црквата ги смета за еретици, тие себеси не се доживуваат како такви, туку како „трагачи по совршеното знаење“.

           

            Не се сметаме себеси за еретици туку за Божји луѓе на кои Господ им дал ум да мислам, а не само слепо да веруваат. За да може да веруваме, најнапред треба да се сомневаме. Трагавме за совршеното знаење, она кое стигнува до другата страна на привидот и овозможува објаснување на предметите и појавите

Житие на јеромонахот Захар

 

           

Кога во IV век Римската иперија престанува да го гони христијанството се создале услови Црквата да успее да ја  потисне гностичката ерес. Кипарскиот епископ Епифан кога бил во Египет имал блиска средба со гностиците, овој настан тој вака го опишал:

 

Возљубени, и самиот се сретнав со таа секта, и од устите на гностиците ги слушнав овие работи. Тие заблудени жени не само што ми го открија своето учење, туку во својата бесрамна смелост се обидое и да ме заведат... но, милостивиот Бог ме спаси од нивната лошотија, па затоа, откако ги прочитав нивните книги и ги разбрав нивните вистински намери, не дозволувајќи да бидам заведен – побегнав без да го проголтам мамецот, па веднаш за сето о ва ги известив тамошните епископи и ги пронајдовме оние кои се криеа во Црквата. Потоа, нив, околу осумдесетмина, ги протераа од градот, кој конечно беше исчистен од плевел.

 

            Благодарение на приклонувањето на римската власт и престанокот на гонењата во границите на Римската империја Црквата успева да го сузбие и скоро да го уништи Гностицизмот во границите на Римската империја, но истиот успева да се прошири и надвор од нејзините граници, особено во Азија. Истиот подоцна со појавата на Исламот ќе биде истиснат од Блискиот исток и Азија, иако некои помали заедници во Ирак и Иран постојат до ден денешен.

            Сириско-египетскиот гностицизам би под влијание на Платонизмот. Создавањето било објаснувано како серија на еманации од првобитната супстанца кое довело до создавање на материјалниот свет. Поради ова злото било поистоветувано со материјата која е инфериорна во однос на божественото. Злото било разбирано како најголема оддалеченост од божествениот принцип. Нивното учење вклучувало и многу текстови кои на некој начин биле поврзани со Христијанството, па затоа и многумина од нив се нарекувале христијани иако имале ставови кои од догматски апсект биле многу далечни за Христијанството. Голем број од овие списи беа откриени во библиотеката Наг Хамадиј.

            Во Персија Гностицизмот се сретнува како Манденизам (Mandā – знаење) кој и денес се практикува во делови од Ирак и во иранската област Кхузестан. Покрај манденизмот, Гностицизмот во Персија бил ширен и преку манихејското учење кое подоцна се шири во Сирија, Северна Арабија, Египет, северна Африка, а потоа од Сирија преминува во Палестина, Мала Азија и Ерменија.

            Во Ерменија во VI век Гностицизмот извршил големо влијание на Павлиќијанството, а преку него и на Богомилското и катарското учење во Средниот век.

 

            Како претставници на гностицизмот се сретнуваат: Симон волшебникот (магот, бајачот, гатачот) од Самарија, Понт, Николај (основачот на Николаитите), Керинт (современик на апостол Јован), Менандар од Самарија, Василид од Александрија, Саторнил од Антиохија, Барзани од Сирија и други.

 



[1] Синкретизам претставува формирање на теорија преку некритичко спојување на поими, идеи, закони и факти кои потекнуваат од различни теориски системи и кои не се компатибилни меѓу себе.

[2] Во 1945 година доаѓа до епохално откритие во Египет кога е откриена таканаречената „Библиотека од Наг Хамади“ каде се пронајдени оригинални гностички дела – апокрифи. Самата библиотека има 12 книги, секоја од нив, освен десетата, е состевена од збирка на пократки текстови, па може вкупниот број на текстови изнесува 52 од кои 12 беа и претходно познати додека 40 се сосема нови. Инаку 30 текстови се зачувани скоро во целост, а 10 се само фрагменти. Поголемиот дел од овие текстови воопшто и не содржат христијански елементи и не припаѓаат на јудејско-христијанското наследство, додека пак, се сретнуваат текстови со египетска традиција.

                Закопувањето и сокривањето на оваа библиотека се смета дека настанало како последица од престанокот на гонењата на христијаните и доближувањето на римските власти кон христијанската традиција. Оваа библиотека во наг Хамади е значајна и по тоа што содржи коптски преводи на многу изгубени грчки дела.

 




Изменето од Bronhi - 29.Август.2009 во 10:16
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 10:15
< ="Content-" content="text/; charset=utf-8">< name="ProgId" content="Word.">< name="Generator" content="Microsoft Word 12">< name="Originator" content="Microsoft Word 12"><>

ЕВИОНИТИ

 

Општо за Евионитите

 

Евионити (грчки: βιωναοι Ebionaioi, од еврејското: אביונים, Ebyonim – сиромашни) се рана јудео-христијанска секта која постоела во околината на Јудеа и Палестина во периодот од I до IV век.

Со цел да се објаснат ставовите и историјата на Евионитите научниците се обиделе да ги реконструираат податоците кои се достапни за нив од различни извори. Многу од она што е познато за нив доаѓа од црковните отци кои пишувале полемички трактати против Евионитите кои ги нарекувале јудејски еретици. Многу научници се сложуваат со општо раширениот став дека Евионитите се одделиле од христијанството обидувајќи се да го обноват јудејскиот закон (да се вратат на Стариот завет). Според енциклопедијата Британика појавата на евионитското движење може временски да се лоцира во периодот на разрушвањето на Храмот во Ерусалим (70 год.).

Други, пак, сметаат дека Евионитите биле верни на автентичнто учење на Христа и го претставувале јарото на Ерусалимската црква пред истите да бидат маргинализирани од страна на следбениците на апостол Павле.

Спротивно на Христијанството, Евионитите инсистирале на универзалната потреба да се следат и зачуваат јудејските религиозни обреди и јудејскиот закон, кои според нив Христос ги објаснил и расветлил. Според нив Христос како смртен човек бил само месијански пророк но не и Богочовек, тие го почитуваат Јаков братот Господов како глава на Ерусалимската црква и го отфрлаат апостол Павле сметајќи го за „отстапник од Законот“.

Нивното име посочува дека особена важност посветувале и го почитувале религиозното сиромаштво.

Некои научници прават разлика меѓу Евионитите и другите јудео-христијански групи, односно од Назарените, додека пак други сметаат дека се работи за една и иста секта и дека забележаните несогласувања помеѓу јудејските христијани не соодветствуваат со овие имиња. Сепак, некои сметаат дека овие термини не биле употребувани за да се оддели и именува посебна група, туку било која група од тој период која сакала да се идентификува како христијанска, но при тоа да продолжи да го почитува јудејскиот закон.

 

Како што веќе спомнавме името Евионити доаѓа од еврејскиот збор Евионим што значи „сиромашни“, што пак има паралели во Псалмите и е термин со кој се нарекувале набожните Јудејци. Терминот „сиромашни“ се однесувал и на христијаните, односно на нивното материјално но и религиозно сиромаштво. Со појавата на ересите во раното христијанство, елинизираниот еврејски термин „Евионити“ бил ексклузивно употребуван за Јудејските христијани одделени од останатото христијанство, а подоцна во IV век за посебна група на Јудејски христијани различна од Назарените.

Ова различно користење на терминот: Евионити постои и денес, па така, некои научници го користат за именување на сите Јудејски христијани, дури и за периодот пред појавата на ереста – Евионити, додека пак, други имајќи ги во предвид историските настани истиот го користат во потесна смисла.

 

 

 

Историјат

 

Обидот да се реконструира учењето, обредите и историјатот на Евионитите најмногу се темели на делата на црковните отци бидејќи недостасуваат археолошки докази и оригинални дела.

Најрано спомнување на група која може да се идентификува како Евионити се јавува во делото „Диалог со Трипо“ (околу 140 г.) од св. Јустин Маченик. Тој посочува дека постојат две групи на Јудејски христијани, едните го почитуваат Мојсеовиот закон но не го сметаат за задолжителен, а другите го сметаат за задолжителен и обврзувачки за сите.

Иринеј (околу 180 г.) е првиот кој го користи терминот Евионити да ја опише еретичката јудејска секта, за која тој вели дека тврдоглаво се држи и го почитува Законот.

Ориген (околу 212 г.), пак, објаснува од каде доаѓа терминот Евионити – од еврејското – евион – сиромаштво.

Епифаниј од Салама (IV век) дава најкомплетно, но истовремено и најнесигурно сведоштво за Евионитите во своето дело за ересите Панарион во кое набројува 80 еретички секти. Во своето дело дава општи информации за нивните религиозни убедувања при што дава и цитати од нивните евангелија, од кои до нас не стигнало ниту едно.

 

Евионитите најрано се спомнуваат во II век, а нивната најрана историја и поврзаноста со Ерусалимската црква остануваат неразјаснети. Многумина од научниците почетокот на оваа секта го поврзуваат со првата Јудео-римска војна, во контекст на ова се смета дека тие се дел од Ерусалимската црква предводена од апостол Петар, а подоцна од Јаков братот Господов. Евсевиј пренесува традиција, најверојатно базирана на Арист од Пела, дека христијаните го напуштиле Ерусалим пред војната и побегнале во Пела, отаде Јордан, предводени од Симеон Ерусалимски († 107), а за време на Втората јудео-римска војна биле гонети од страна на Бар Кохба бидејќи одбиле да ги прифатат неговите месијански тврдења.

            Според овие научници, токму од другата страна на Јордан, за прв пат Евионитите биле прифатени како посебна група, одделена од Христијанството која се повеќе се доближувала до Рабинското јудејство што резултирало со „дегенерирање“ во класична јудејска секта. Делови од оваа група се одделиле и приклониле кон Јудејскиот гностицизам и синкретичките влијанија, а подоцна некои Евионити се сретнуваат и во контекст на гностичкото движење широко распространето во Сирија и источните земји.

            По Првата Јудео-римска војна важноста на Ерусалимската црква почнува да опаѓа, приврзаниците на Јудејското христијанство биле распрснати низ еврејската дијаспора во Левант од каде истото полека се губи и исчезнува меѓу христијаните. На ова придонесува и Бунтот на Бар Кохба (135 г.) по кој Евреите се избркани од Јудеа, а Ерусалим станува незнабожечки град – Аелиа Капитолина. Оние Јудејски христијани кои биле во Пела целосно се откажале од Јудејството и се приклучиле кон Христијанството прифаќајќи го во целост, а оние кои останале доследни на своите убедувања биле прогласени за еретици. Епифаниј во 375 г. Спомнува група Евионити на Кипар, но веќе во средината на V век Теодорит од Кипар известува дека истите не се повеќе присутни во тој регион. Сепак има лоцирање или барем претпоставки дека успеале да дејствуваат некаде до XII век.

Во XX и XXI век се појавуваат неколку мали религиозни движења, како на пример Евионитската еврејска заедница која тврди дека ги обновува убедувањата и обредите на раните Евионити, но овие тврдења не може со сигурност да бидат потврдени.

 

 

Учењето на Евионитите

 

            Оците на Црквата ги опишуваат Евионитите како традиционалисти, но сепак аскетски Евреи кои фанатично го следат Мојсеовиот закон, го почитуваат Ерусалим како најсвет град и се мешаат/дружат само со оние незнабошци кои го прифатиле Јудаизмот. Еднаш во годината се собирале во периодот околу Пасха при што прекршувале бесквасен леб и користеле само вода, а не и вино, што е во целосна спротивност на христијанската Евхаристија.

            Епифаниј од Салама е единствениот црковен отец кој некои Евионити ги опишува како одделени од традиционалните јудејски религиозни принципи и обреди, особено потенцирајќи практикување на претерано ритуално миење, постоење на Ангелологија во која тие тврделе дека Христос е голем архангел кој се воплотил во Исус и бил усвоен син Божји. Исто така, се противеле на животинските жртви, негирале делови од Законот и практикувале релиогиозно вегетаријанство. Но, некои научници се сомневаат во веродостојноста на дел од овие тврдења на Епифаниј, бидејќи истиве се поблиски до христијанскиот гностицизам отколку до јудејскиот.

            Голем дел од црковните оци се сложуваат дека Евионитите отфрлаат многу од централните христијански погледи по однос на Христа, на пример: постоење од вечноста, божественоста, раѓањето од девица и физичкото воскресение на Христа. Но затоа пак, ја нагласуваат единственоста на Бога и човечноста на Христа како син на Марија и Јосиф, кој поради својата праведност бил избран од Бога да биде месијански пророк како Мојсеј, кога Светиот Дух го помазал за време на крштението во Јордан.

            По однос на Евангелијата го признавале само Евангелието според Матеј и тоа само еврејската верзија и истото било именувано: Евангелие на Евреите и сметано за додаток на Еврејската библија. Како што сведочи Иринеј во ова Евангелие недостасуваат првите две глави во кои се зборува за раѓањето на Исус и истото започнува со крштението на Исус од страна на Јован.

            Евионитите верувале дека сите Евреи, но и незнабошци морале да ги почитуваат заповедите од Мојсеовиот закон ако сакаат да станат праведни и да тежнеат кон единство со Бога, но овие заповеди да бидат разбрани во духот на Христовото учење објавено на „проповедта на планината“.

 

           

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Евионити-гностици

 

Покрај јудејските Евионити има и група која се нарекува Евионити-гностици, бидејќи покрај јудејското учење истиве прифатиле и многу незнабожечки ставови.

            Како гностиците и тие материјата и с# што е материјално сметале дека е зло. Оттука и потекнува нивниот негаторски став кон старозаветната религија во онаа форма во која е изложена во свештените книги на Евреите.

            Според нив оваа религија не е вистинита туку истата била изменета прифаќајќи и развивајќи најразлични обреди, жртвопринесувања и други церемонии. Вистинската и првобитна религија му била објавена на Адам, но тој по гревопадот истата ја заборавил. Сепак, Божјиот дух истата повеќе пати ја објавувал на човечкиот рад јавувајќи се во лицето на старозаветните праведници. Истата, според преданието му била дадена на Мојсеј и зачувана само од страна на една група одбрани израелци. Повторно истата му била објавена на човечкиот род преку Исус Христос, па според тоа, Христос не е Бог Искупител туку само учител, а Неговото учење не е ново откровение, туку едноставо повторување на она што веќе било познато, иако лимитирано само на една група луѓе.

            Како алатка за духовно издигнување над материјалното, Евионитите го сметале и практикувале строгиот аскетизам, па не само што не употребувале месо, туку не јаделе ниту јајца, ниту млеко.

Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 10:27

Не се евионити, туку ебионити.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 10:29
< ="Content-" content="text/; charset=utf-8">< name="ProgId" content="Word.">< name="Generator" content="Microsoft Word 12">< name="Originator" content="Microsoft Word 12"><>

СИМОН Волшебникот (бајачот, гатачот)

(Дела 8, 14 – 25)

 

Општо

Се смета дека потекнува од самарискиот град Хитум впрочем и во Дела апостолски се спомнува Самарија како место каде се случил настанот меѓу Симон и апостолите, но некои неговото потекло го лоцираат на островот Крит. За Симон волшебникот немаме археолошки сведоштва, тој се спомнува во Светото писмо на Новиот завет во книгата Дела апостолски, за неговото учење дознаваме од свети Иринеј Лионски, а дополнителни податоци се сретнуваат и во некои апокрифни дела.

Во постапостолските дела Симеон Волшебникот се смета за татко на гностицизмот и зачетник на ересите иако знаеме дека гностицизмот како синкретичко учење не е поврзан со појавата на христијанството, туку неговите почетоци може да се лоцираат порано и тоа во источните учења.

Свети Јустин Маченик говори дека Симеон успеал да привлече следбеници дури и во Рим каде отворил училиште за „морална слобода“ (аморализам), а не само во Самарија. Во апокрифниот текст Дела петрови (4-32) се вели дека ги заразил римските христијани со своето лажно учење, а градската управа му излегувала во пресрет на сите негови потреби и барања, сепак бил поразен од страна на апостол Петар во натпреварот во правење чуда!

Но најдетално легендата за Симон Волшебникот е изложена во Псевдо-Климентовите Исповедања и Омилии од каде може да се заклучи дека бил непомирлив Петров „ривал“, иако се добива впечаток дека ова ривалство било само превез за ап. Павле против кого Симон ширел гласини и негативни размислувања меѓу Евионитите и сличните Јудео-христијански групи.

 

Учење

Како што веќе спомнавме учењето на Симеон Волшебникот до нас стигнало преку сведоштвото на свети Иринеј Лионски; според Симеон Бог постои од вечност и пребива во непристапна светлина, во одреден миг од Него излегол највисокиот Еон (мисла или знаење за Неговата душа – Енија).

Токму овој Еон според Симеон е создателот на другите Еони кои се пониски од него, а воедно го создал и видливиот материјален свет. Но оваа материја која тој ја создал ги заробила останатите Еони кои под нејзино влијание стапиле во војна со својот создател – највисокиот Еон - Енија. Во оваа борба победиле пониските Еони и највисокиот Еон бил понижен и заклучен во повеќе материјални тела (не одеднаш, туку се префрлал од едно во друго тело). Овде се забележува силното влијание на источните мислења во учењето Симеон.

Како последица на ова следбениците на Симеон ја почитувале жената на Менелај Елена, а подоцна жената на Симеон Волшебникот која исто така се викала Елена по потекло била од градот Тир.

Самиот Симеон себеси се сметал за Еон од повисок степен кој им се јавувал на луѓето во повеќе тела, тој во своите умствени вратоломии отишол доттаму што се изедначил со Отецот на Синајската гора, со Синот во Тиверија и со Светиот Дух при слегувањето на пламените јазици за време на Педесетница во Ерусалим!

Како цел на ноговото учење се поставува ослободувањето на луѓето од стегите на материјата и ослободувањето на највисокиот Еон – Енија кој излегол од Бога.

Своето учење и дејствување го поткрепувал со магии и најразлични чуда кои на тогашните луѓе имале големо влијание.

Сепак, ова учење било со краток век и набрзо по неговата смрт неговите следбеници го напуштиле.

 

 

 

Керинт

 

Во апостолско време се појавил уште еден гностички еретик – Керинт кој своето високо образование го стекнал во Александрија.

            Неговото дејствување соодветствува со владеењето на Домицијан, а како местоположба на неговото дејствување се јавува палестина, а подоцна градот Ефес.

 

Учење

Учењето на Керинт претставува мешавина на гостицизам и Евионитство. Тој по однос на Христа сметал дека е обичен човек роден од Марија и Јосиф, додека во поглед на светот и неговото создавање истото го лоцира кај Демијург кој според Керинт е водителот на човештвото низ Стариот завет.

            Се забележува поистоветување на Бога Отецот со Демијург. Според Керинт Демијург бил оној кој им го дал Законот на јудејците, истиот, не бил совршен Закон, поради што дошло до негово усовршување при крштението на Христа кога на луѓето им било дадено повисоко откровение на божественото, односно при крштението врз Христа слегол повисок Еон – небесниот Исус. Овој небесен Исус се соединил со земниот Исус, му го открил вистинскиот Бог и му дал сила да прави чуда за да го потврди и шири своето учење. Небесниот Исус останал со земниот се до мигот на распнувањето кога го напуштил па на крстот страдал замо земниот Исус, со ова тој го негира Спасението на луѓето и смртта на Исус Христос Спасителот ја прави бесмислена.

            Слично на Евионитите, но и на Хилиастите Керинт учи дека треба да настапи илјадагодишно земно царство.

            На ова еретичко учење силно се спротивставил и дејствувал против него свети Јован Богослов кој впрочем живеел во Ефес.

 

Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 10:30
Добар ден Вангеле:) Long time no see;)
Кога прочита кога искомениразбунетост


Изменето од Bronhi - 29.Август.2009 во 10:30
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 11:11
:party1: за старите добри времиња.
Бронхи и лакше се дише големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 13:00
Blagodaram na site, sega ke prolistam se.големо%20гушкањесреќа
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 13:11
Evangelie spored Filip?
Doma imam eden izvadok na list zapishan na nego pishuva deka e Evangelie spored Isus, abe ajde postojat samo 4 Evangelija...Ako imase poveke ke gi imase vo Noviot Zavet
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 13:31
Bronhi, imame edno nepishano pravilo da ne kopirame i objavuvame tugji tekstvoi na nash*te temi osven ako ne se nekoi pokusi citati, se razbira, so naznaka na nivniot avtor.

Drug pat posochi link do vakvite tekstovi.

P.S. Iako objavenite tekstovi se opshtoinformativni, tie sodrzhat i pogreshni podatoci, a ochigledno se napishani kako pravoslavna kritika na gnosticizmot.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 15:37
Dali ima vo Makedonija Gnostichari?
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 14:11
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


P.S. Iako objavenite tekstovi se opshtoinformativni, tie sodrzhat i pogreshni podatoci, a ochigledno se napishani kako pravoslavna kritika na gnosticizmot.


Да точно е.Ова е православно гледање на гностицизмот.Јас ја имам ова книга на бугарски(фала Бронхи за преводот)
Месинџер, кој се тие погрешни податоци?
Даре,Гностици како верска групација единствено сега има во Ирак.Тоа е една мала минорна група,(и го заборавив името) нешо као демек ученици на Свети Јован Крстител.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 17:28
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Bronhi, imame edno nepishano pravilo da ne kopirame i objavuvame tugji tekstvoi na nash*te temi osven ako ne se nekoi pokusi citati, se razbira, so naznaka na nivniot avtor.

Drug pat posochi link do vakvite tekstovi.

P.S. Iako objavenite tekstovi se opshtoinformativni, tie sodrzhat i pogreshni podatoci, a ochigledno se napishani kako pravoslavna kritika na gnosticizmot.


Месинџер благодарам за поуката но текстовите се компилација од повеќе извори и истата е моја.

Како основа е земено поглавјето Гностицизам од Историја на христијанската црква од П.И.Малицки (бугарски превод од Матеј Попов).  Вкупно се користени над 20 различни текстови и извори.
Инаку за гностичарите сме зборувале и порано. на темата има мој пост за Евангелието според Јуда.
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.