IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 49>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 19:29
Дали на мажите најсексапилни им се витките жени?
60 илјади мажи ја оценувале привлечноста на жените со конфекциски броеви 36, 40 и 42. Прочитајте што одбраа!





Без оглед на култот за виткоста, посебно не во женскиот свет, мажите не сакаат (пре)слаби жени. Култот за виткоста од пред некое време ја преплави западната култура. Има многу девојки и жени кои така размислуваат. Впрочем, ништо чудно, ако погледнеме, медиумите се пренатрупани со слики од ’исушени’ манекенки. Виткоста не означува само убавина, туку и привлечност, успешност, самоконтрола, па дури и среќа.

Тоа, имено и не е претерано машко побарување при изборот на женско тело, а истражувањето во Австралија покажало дека Австралијанците повеќе се одлучуваат за ’полнички’ претставници на женскиот пол, отколку послаби. Австралискиот магазин FHM направил истражување за тоа како кој тип на женска големина има предност во машката свест, а како мерило ги поставиле конфекциските броеви.

Мажите избирале помеѓу слики на кои жените носеле броеви 36, 40 и 42. Во истражувањето учествувале 60 илјади мажи, а дури 80% од нив се одлучиле за жени кои одговараат на броевите 40 и 42.

Изненадувачки или не, најмногу гласови добила жената која носела број 40, за неа гласале дури 41% од мажите. За жената која имала број 42, се одлучиле 39% од мажите, а само на 20% од мажите најпривлечна им се чинела жената со бројот 36. Со ова научниците потврдија како би требало да изгледаат жените (и што мислат мажите дека е привлечно), односно што навистина сакаат мажите.





Виткоста како норма?

Каде можеме да ги најдеме причините за тој отскок помеѓу женското предвидување и машкото очекување? Таа претерана грижа околу тежината доаѓа од списанијата кои се ’грижат’ за нејзиниот небесен изглед, а истовремено го доведуваат човекот до таа мера да има проблеми со прекумерно изгладнување на своето тело. Да не би дошло до забуна, тоа важи и за мажите, со тоа што модните ’патокази’ во магазините и на нив им го исцртуваат патот до сексапилот. На тоа подрачје и традиционалната ’машкост’ доживува бројни промени.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 19:31
Само да ми каже некој како се движат тие конфекциски броеви ако може?
-Ве молам девојки посочете пример за конфекциски број 40,со слика,пример за некоја позната жена или актерка.

Ајде ве молам девојкиголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 19:32
ах бре , душо напатена намигнување
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 19:34
штета... јас сум 38 инаку би ти пратила слика тагаголема%20насмевка
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 19:38
тоа за циците се однесува?
не jа знам таа номерациjа..ги разбирам броевете како например 85 С
до 90 Dголема%20насмевка
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 19:42
Не за циците Пагане.
Конфекциски број на облека за жени 40.
Која величина е тој број???

Дали оваа на сликава има таков број конфекциски 40??


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 19:45
42-44...сочна е женава..
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 19:52
Originally posted by pagane pagane напиша:

42-44...сочна е женава..


Значи малку послабо од ова.
Ок јас сум за ова на сликата.голема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
ana sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2278
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ana sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 20:32
fiks konfeksiski br 40 nesto ko E. Velevskadobar izbor ako biras 40големо%20гушкање
...moze ne sum sovrsena ama sekogas sum jas...
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 19:17
Сексот и доброто расположение
  

Изгледа дека најновите истражувања на сексолозите и физиолозите ќе ја потврдат старата максима дека "кондомот е несигурна брана за зачеток и челичен оклоп против задоволството".
 
sex.jpg
Научниците од државниот универзитет во Њујорк докажале дека во спермата се наоѓаат хормоните на "доброто расположение" кои кога ќе навлезат во организмот на жената ја прават да се чувствува добро и задоволено, но и предупредуваат дека тоа не смее да биде причина за несигурен секс. Докторот кој го предводел тимот научници и чие истражување го објавил во магазинот "New Scientist" нагласил дека тие всушност не препорачуваат да не се користи кондом. Сосема јасно сакале да дадат до знаење дека несаканата бременост или болестите кои се пренесуваат со сексуалниот контакт сосема ќе го уништи секое психолошко задоволство кое го пружаат хормоните од спермата. 

Истражувањето е спроведено со испитување на 300 студентки преку поставување на стандардни прашања во врска со нивниот сексуален живот. Оние чии партнери никогаш не користеле заштита добиле оцена 8, за разлика од оние кои повремено имале односи со или без кондом и кои заработиле 11,3 поени на скалата од 1 до 20. Но, студентките, кои пак, потполно апстинирале оценети се со 13,5 бодови. 

Депресијата и лошото расположение кај студетките чии партнери повремено или никогаш не користеле кондом била сѐ поизразена колку повеќе тие апстинирале. Научниците трагале и по други фактори кои би можеле да влијаат на лошо расположение како антибеби пилулите, зачестеноста на сексуалните односи како и личниот ментален и физички склоп, но утврдиле дека ниеден од нив не влијае на налозите. 

За сексолозите и физиолозите резултатите од истражувањето воопшто не се изненадувачки бидејќи одамна е познато дека во спермата се наоѓаат неколку хормони кои го "контролираат расположението кај жените", покрај кои и тестостеронот. Некои од овие хормони се пронајдени и во крвта кај жената само неколку часови по сексуалниот однос без кондом. 

Научниците сепак сметаат дека спермата влијае врз расположението на жените без разлика на кој начин тие ќе ја "примат". 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2009 во 19:45

Жените лажат за градите, мажите за парите


Кога станува збор за лажење и претерување, тоа го прават и мажите и жените. Единствената разлика е во тоа што не го прават тоа од иста причина, на ист начин и не лажат за исти работи. Дали сте подготвени да ја слушнете вистината?

Секоја жена која има искуство со оnline dating може да потврди дека со некој маж со кој стапила во контакт, во профилот напишал дека е повисок отколку што навистина е, во што и се убедила, кога се сретнале.

Исто така, секој маж може да каже дека жената која ја сретнал преку некоја мрежа за дружење и запознавање, во реалност била постара од фотографиите кои ги ставила на својот профил.

Многу истражувања покажаа дека и жените и мажите лажат, а разликата е во тоа што не се работи за истата причина, на ист начин и не се лаже за исти работи.

„Корисничка на еден сајт за запознавање има 47 години, изгледа на фотографијата дека има 40, а на профилот и пишува дека има 35 години“, вели докторот, консултант и психотерапевт Џонатан Алперт, на кого третина од клиентите му се корисници на online dating сервис.


„Мажите лажат за висината и финансиската состојба, знаат да лaжат дека се банкари, а не се. Не знам дали може тоа да им помогне“, додава Алперт.

Зошто лажат?
Мажите лажат за да остават подобар впечаток за кариерата и приходите. Жените лажат да остават подобар впечаток по прашањето за социјалниот статус, вели Денис Реина, автор на Trust & Betrayal in the Workplace.

Како лажат?
Кога лажат, мажите тоа го прават на очигледен начин, нападно. Жените заобиколуваат, тврди д-р Крег Фрабрикант, психолог на Универзитетот во Хакенсак во Њу Џерси. Вели дека и додека лажат, мажите гледаат в очи, за разлика од жените кои го спуштаат погледот.

За што лажат?
Бела Де Пауло, професорка по психологија на Универзитетот Санта Барбара, го проучува ’лажењето’ долго време. Лагите, тврди таа, можат да се поделат во две категории: себична лага, кога некој лаже во корист да остави подобар впечаток, или да избегне некоја непријатност - и несебична лага, кога некој лаже за да не повреди некого.

Мажите и жените подеднакво лажат и во двете категории, освен во случај кога жената лаже жена, тогаш несебичните лаги се удвостручуваат.

„Додека мажите се спремни да кажат сешто, со цел да привлечат внимание од жените, жената ќе каже дека е природна русокоса, а не е, а пак жените кои немаат големи гради ќе носат push-up или влошки за да го прикријат тоа“, вели Фабрикант.

Марк Френк, професор по комуникации, вели дека таквите лаги во општеството понекогаш се потребни и порачува – жени, не ги фрлајте своите push-up градници!
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2009 во 19:47
лажат сите во интерес да ги излажат оние кои имаат намера да ги излажат намигнување
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 12:42
Сонуваат ли навистина жените за големи пениси Дали е ’гигант’ нивна најскриена фантазија, или преголем пенис може да биде потполно неупотреблив.



Да дефинираме голем пенис

Кога ќе кажеме голем пенис, јасно е дека мислиме вистински ’гигант’. Најмалку на 22 или повеќе сантиметри долг ’алат. Значи должина за која просечно надарен маж може само да сонува.

Дали жените навистина се опседнати со големината на машката алатка, или станува збор само за машки комплекс? Дали за добар секс навистина е потребен голем и дебел пенис? Дали маж кој тоа не го поседува е лишен од задоволства, и цел животот ќе останне без партнерка?

На сите овие прашања разбирливо е различни луѓе да дадат различни одговори. Но, нешто стои цврсто како камен. Просечниот пенис е навистина добра понуда за добар секс, затоа што сексот никогаш не зависеше само за пенис, туку и од страст и од тоа како партнерите се согласуваат. Што им користи на мажите ’гигантот’, ако не знаат да го користат, ако прават погрешни работи.

Што велат дека жените?

А навистина, што ако има голем пенис, а згора на тоа е и одличен љубовник, кој е свесен дека пенисот е само мал дел од мозаикот? Да се знае точно со својата исклучителна големина да ги излуди жените кои за прв пат во живот ги реализираат своите скриени фантазии? Дали жените и тогаш велат дека големината на пенисот не игра улога, или ќе си признаат дека со поголемо задоволство би го избрале ’гигантот’од просечниот пенис?

Дилема на која ќе знаат да одговорат само жените. И страв, кој без сомнение ги прогонува мажите со мали пениси. Од друга страна добредојдена е една друга анкета, каде што токму жените признале дека премногу големиот пенис е бескорисен, затоа што наместо задоволство предизвикува болка и непријатност. Особено во аналниот секс и во т.н. длабоко грло, кој во овој случај никако не е изводливо.



Момци, не се товар

Затоа, драги момчиња, не се оптоварувајте со сантиметри и на жените својата сексуална способност покажете и ја на свој начин. Не со пенисот, туку со страст и посветеност, што ги остава далеку зад себе и неверојатните ’гиганти’. И не заборавајте, на многу жени им е важен и изгледот на пенисот. Ако пенисот е убав, тој може да биде малку помал, а жена сеедно ќе биде многу задоволна.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 15:22

Жените се согласуваат на секс од чиста досада, или од благодарност


Општоприфатеното мислење дека жените се впуштаат во сексуални односи од љубов и наклонетост кон партнерот паднаа во вода. Жените се согласуваат на секс поради мир во домот или од чиста досада.

Авторите на книгата “Зошто жените се впуштаат во сексуален однос, 200 најчести причини“ ја скршија илузијата и ги открија вистинските причини зошто жените се согласуваат на секс со своите партнери.

Мир во домот, знак на благодарност и чиста здодевност се причините поради кои припадничките на поубавиот пол одат в кревет со својот избраник.

Истражувањето покажа дека мажите се впуштаат во сексот заради привлечност, а жените ќе се согласат на секс дури и кога не е така.

„Жените се впуштаат во секс од навистина чудни причини“, откриваат авторите на книгата, Синди Местон и Дејвид Бас, психолози од Универзитетот во Тексас.

Во текот на студијата се испитани 1.600 жени, од кои некои дале навистина чудни одговори, како на пример дека се впуштаат во секс за да ја излекуваат главоболката, за да се ослободат од стресот или за да се чувствуваат поблиски до Бог. Некои жени се вклучат во сексуални односи за да ги усовршат своите вештини во креветот.

Дури 84 проценти од жените признале дека го користат сексот за да ги натераат нивните партнери да извршат некои работи низ дома, а некои откриле дека тоа понекогаш го прават поради сожалување на одредени мажи.

Помеѓу испитаните жени имало и такви кои одговориле дека имаат секс кога им е здодевно или кога партнерот започнува некаква расправија, но има и такви кои имаат секс да се заблагодарат за пријатната вечер или убавиот подарок.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,719 секунди.