|
Ангели и демони |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поради тоа што акцентот, особено визуелно(она што умот најлесно го впива), е ставен врз страдањето на Исус. Имено, како што ни објасни Габриеле пророчицата Божја(во рамките на приредбата “Исус беше човек од народот не од црквата!“) - Демоните на тој начин сакаа Исус Христос да го исмеат и прикажат како обичен слабак и преку филмот тоа го втиснат незабележливо во свеста на гледачите. Не е спорно дека Исус бил мачен и погубен, но ние треба во свеста да ја имаме сликата за воскреснатиот - Победникот. Тоа е оноа кое може да ни биде како потпора во нашето патување кон Бога. Инаку мене лично ми се допаднаа актерите, музиката и особено оргиналната идеја дијалозите да одат на арамејски и латински. |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересна книга, занимлива, не е лошо да си ја прочитате. Воопшто не го тангира Христијанството.
|
|
Вера, надеж, љубов
|
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ангели и демони е далеку поинтересна и пореалистичка творба во споредба со Кодот. Една од неколкуте книги кои ми оставиле посебен впечаток после читањето.
Книгата се базира на идејата за историскиот конфликт меѓу науката и религијата,односно вечната војна меѓу мистериозните илуминати и Католичката црква."Ангели и демони“ го следи заговорот на илуминатите против католицизмот, со употреба на бомба направена врз основите на антиматерија, додека во Рим се избира нов папа.
|
|
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па Majkl ни тоа не е грешка. И јас прво го гледав филмот, но кога ја читав книгата секојпат имаше нови изненадувања. Малку е поразлична од филмот кој во споредба со неа не е толку интересен. башка ја читав на англиски, оригинал, такашто немаше работи кои би биле изгубени во преводот.
DDARKO, не е баш христијанска книга, иако се врти околу Католичката Црква и Ватикан, религиска симболика и слично. Kако што напиша pcelka: Еден познат научник ќе биде убиен и Лангдон ќе биде повикан да го истражи симболот (амбиграмот) кој е втиснат на неговите гради. Испаѓа дека тоа е знак за едно тајно друштво-Илуминати-коишто многу и имаат замерено на католичката црква во минатото. Подоцна испаѓа дека Илуминатите ја имаат украдено антиматеријата создадена од убиениот научник, кој патем е католички свештеник, и неговата ќерка. Тие тргнуваат за Ватикан и дознаваат дека антиматеријата е скриена таму и на полноќ треба да експлодира. Освен тоа Папата е мртов (убиен) и токму тој ден се избира негов наследник. Четворицата преферити се киднапирани од убиецот најмен од Илуминатите и по еден ќе биде убиван на секој час во периодот од 8-11 часот. Лангдон сфаќа дека местата кадешто ќе бидат убивани се всушност маркерите за патот до Црквата на просветлувањето и тој ќе биде во трка со времето за да ги спаси четворицата кардинали на кои им се заканува ужасна смрт... Во книгата има многу дијалози и монолози кои се однесуваат на религијата, постоењето на Бога, науката и слично. Навистина одличен трилер со неверојатен расплет. Ми се допадна многу, иако не се сложувам со некои работи кои се напишани Поздрав |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja imam procitano knigata Angeli i demoni pred nekolku godini, uste koga izleze na makedonski jazik. Dobra kniga, isto kako i Kodot na Da Vinci. Den Braun e nesomneno talentiran pisatel, pisuva na kontroverzni temi i zatoa negovite knigi stanuvaat bestseleri. Ne se plasete da ja procitate, zatoa sto ako vasata vera zavisi od nekoja kniga napisana od covek, togas toa sto go imate ne e vera. Religijata i naukata se dva prozorci kon Bog i se nadopolnuvaat edna so druga. Se ona sto e dokazano naucno, ne e vo sprotivnost so Biblijata. Inaku filmot se uste go nemam gledano, bas ke go gledam. |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |