Ангели и демони
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19882
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 07:39 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Ангели и демони
Постирано од: Rita.MD
Наслов: Ангели и демони
Датум на внесување: 19.Август.2009 во 12:57
Дали спојот на науката и религијата е возможен? Дали камерленгото беше во право со тоа што го направи? Дали луѓето ја видоа славата на Бога? Откритието на Леонардо Ветра ќе го издигнеше Бог или ќе го понижеше Неговото создавање? Би сакала да ги прочитам вашите коментари во врска со книгава (или филмот) или цитатите кои (не) ви се допаднаа...
|
Коментари:
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 19.Август.2009 во 14:34
Ако е нешто од ден браун тогаш не вреди да го коментитраме
------------- Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 19.Август.2009 во 15:33
Дали спојот на науката и религијата е возможен?
Kako sto odi vremeto, tie se priblizhuvaat s'e povekje i povekje... no toa ne znachi deka eden den neminovno kje se spojat.
Rabotata e sto naukata mora da go dokazhi seto onoa sto go prezentira kako postoenje ili realnost vo ovoj svet, dodeka religijata ne e obvrzana na neshto takvo. Isto taka, dokolku religjata dopushti vo eden moment da se spoi so naukata, togas toa kje bide denot na nejzinoto ischeznuvanje...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 19.Август.2009 во 17:15
ahmar1 напиша:
Ако е нешто од ден браун тогаш не вреди да го коментитраме |
Искрено, кога го гледав Кодот на Да Винчи и јас бев многу лута. Тоа беа еден куп измислици во кои некои беа доволно глупави да поверуваат. Се додека има овци, ќе има и кој да ги стриже. Ова е нешто поинаква книга. Кога почнав да ја читам имав многу резерви, имаше и делови кои не ми се допадна (на пр. кога тврди дека сите религии се исти, кога го напаѓа христијанството, продава некои невистини како факти...). Сепак има и добри моменти. Има нешто во приказната што е ми беше интересно. Еден човек изманипулира со многумина, го зеде она што најмногу го мразеше-созданието на науката и го употреби за својата цел. Напната книга, во секој случај. Освен тоа не сум католик, па да ме тангираат однесувањата на свештените лица. А зашто книгата има таков наслов? Тоа не го сфатив баш ...
Сепак, сметам дека вистинската наука и религијата одат заедно. Науката може да ни помогне да ги спознаеме Божјите дела и преку нив да ја видиме Неговата слава, безграничен ум и креативност, а со верата да Го спознаеме и да имаме лична врска со Него.
Луј Пастер рекол: "Науката ги доближува луѓето до Бог"
http://www.bpnews.net/BPnews.asp?ID=30530-нешто повеќе за книгата и "фактите"
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 19.Август.2009 во 19:46
Јас го читам Ден Браун, нема за што да бидам лута или не, тоа е сепак една обична белетристика.
Но Ангели и Демони е навистина (за мене) книга со која сакаше да го повтори “бумот“ со Кодот, но не успеа, ужасна е, заморна, до зла Бога досадна и нешто у Рамбо стил спасување на канистерот-скокање од хелихоптер без повреда и слични работи. Кој сака акција ете му.
(Ми се допадна тоа што пишува за Илуминатите и др. тајни организации, се нешто ќе научи човек но кога би ја оценила од 1-5 би и дала да речеме една двојка.)
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 19.Август.2009 во 21:30
Rita.MD напиша:
Дали спојот на науката и религијата е возможен? Би сакала да ги прочитам вашите коментари во врска со книгава (или филмот) или цитатите кои (не) ви се допаднаа... |
maria_magdalena напиша:
Но Ангели и Демони е навистина (за мене) книга со која сакаше да го повтори “бумот“ со Кодот, но не успеа, ужасна е, заморна, до зла Бога досадна и нешто у Рамбо стил спасување на канистерот-скокање од хелихоптер без повреда и слични работи. Кој сака акција ете му. | Значи добро е што го гледав само филмот
Уживав гледајќи го филмот, навистина возбудлив со голем пресврт на крајот. Онака за занимација вреди да се погледне ако сакате возбудливи трилери со многу акција.
Науката и религијата се неспоиви до крај доколку религијата ја земеме догматски. Но земена како духовност, науката истата само ја потврдува(мислам на квантната физика во прв ред).
На крајот од филмот лошиот католички батка губи, а добриот победува станувајќи Свет Отец - Папа. Во реалноста за жал секогаш е обратно. Не случајно.
Но поради тоа, еден ден „Ќе паднат ѕидините на Ватикан...„ како што објави Божјиот Дух во едно Негово откровение примено низ пророчката реч почетокот на 1980те.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Август.2009 во 05:32
Majkl напиша:
Науката и религијата се неспоиви до крај доколку религијата ја земеме догматски. Но земена како духовност, науката истата само ја потврдува(мислам на квантната физика во прв ред).
|
Se slozhuvam so kazhanoto.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 20.Август.2009 во 23:36
... За Ангели и Демони наидов на еден мал вовед...
Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите, најмоќната подземна организација уште од настанувањето на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол... Впуштајќи се во френетична потрага низ запечатени скрипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на светот, Ленгтон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим сè до одамна заборавеното дувло на илуминатите, таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан....
Ме заинтересира, сакав да ја земам и да ја прочитам, но еве некако ме ...испишманивте...
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 21.Август.2009 во 17:34
pcelka напиша:
... За Ангели и Демони наидов на еден мал вовед...
Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите, најмоќната подземна организација уште од настанувањето на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол... Впуштајќи се во френетична потрага низ запечатени скрипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на светот, Ленгтон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим сè до одамна заборавеното дувло на илуминатите, таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан....
Ме заинтересира, сакав да ја земам и да ја прочитам, но еве некако ме ...испишманивте... |
Види, можеш да си ја прочиташ, не е лоша, ама не верувај во се што пишува... Не заборавај дека тоа е само роман, плод на нечија фантазија, а не научна книга на која логично е да и се верува...
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 21.Август.2009 во 17:40
pcelka напиша:
... За Ангели и Демони наидов на еден мал вовед...
Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите, најмоќната подземна организација уште од настанувањето на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол... Впуштајќи се во френетична потрага низ запечатени скрипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на светот, Ленгтон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим сè до одамна заборавеното дувло на илуминатите, таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан....
Ме заинтересира, сакав да ја земам и да ја прочитам, но еве некако ме ...испишманивте... |
Она што за мене е добро, за некого не е, и обратно. Никому не би му рекла “немој да го читаш тоа, не е за тебе, нема да ти се допадне“. Сите сме толку различни и единствени.
Никогаш не се ослонувај на туѓата критика пред да одлучиш да прочиташ некоја книга, секако дека нема да бидеш зијан.
Прочитај ја, па да го чуеме твоето мислење, можеби ќе се разликува од моето, од на Меси, Мајкл....
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Август.2009 во 02:44
maria_magdalena напиша:
pcelka напиша:
... За Ангели и Демони наидов на еден мал вовед...
Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите, најмоќната подземна организација уште од настанувањето на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол... Впуштајќи се во френетична потрага низ запечатени скрипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на светот, Ленгтон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим сè до одамна заборавеното дувло на илуминатите, таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан....
Ме заинтересира, сакав да ја земам и да ја прочитам, но еве некако ме ...испишманивте... | Она што за мене е добро, за некого не е, и обратно. Никому не би му рекла “немој да го читаш тоа, не е за тебе, нема да ти се допадне“. Сите сме толку различни и единствени.
Никогаш не се ослонувај на туѓата критика пред да одлучиш да прочиташ некоја книга, секако дека нема да бидеш зијан.Прочитај ја, па да го чуеме твоето мислење, можеби ќе се разликува од моето, од на Меси, Мајкл....
| Така е maria_magdalena јас го изнесов само моето лично гледиште. Филмот во секој случај го препорачувам, но велат подобро е најпрвин книга па потоа филм - ама ја директно на филмот прејдов.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 22.Август.2009 во 15:52
Mozhe li nekoj da malku go objasni ovoj film da znam dali da go gledam, sodrzhinata mu e Hristijanska ili?
-------------
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Август.2009 во 17:54
DDarko напиша:
Mozhe li nekoj da malku go objasni ovoj film da znam dali da go gledam, sodrzhinata mu e Hristijanska ili?
| Па зависи што под разбираш под тоа „христијанска содржина„ На пр. филмот на Гибсон: Страдањето Христово за мене е анти-христијански.
Мислам дека би било најдобро самиот да го погледнеш и си донесеш свој заклучок. Ќе ти кажам само дека е трилер полн со акција, а самиот наслов е земен чисто симболично, значи не е некаков хорор со натприродни сили. Филмот би можел да се нарече и „Предизборните интриги во Ватикан„ или „По трагата на историските симболи во околината на Ватикан„.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 22.Август.2009 во 20:04
Majkl напиша:
DDarko напиша:
Mozhe li nekoj da malku go objasni ovoj film da znam dali da go gledam, sodrzhinata mu e Hristijanska ili?
| Па зависи што под разбираш под тоа „христијанска содржина„ На пр. филмот на Гибсон: Страдањето Христово за мене е анти-христијански.
Мислам дека би било најдобро самиот да го погледнеш и си донесеш свој заклучок. Ќе ти кажам само дека е трилер полн со акција, а самиот наслов е земен чисто симболично, значи не е некаков хорор со натприродни сили. Филмот би можел да се нарече и „Предизборните интриги во Ватикан„ или „По трагата на историските симболи во околината на Ватикан„.
|
Е зошто анти-христијански, кога е правен по евангелијата?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Август.2009 во 20:50
maria_magdalena напиша:
Е зошто анти-христијански, кога е правен по евангелијата? |
Поради тоа што акцентот, особено визуелно(она што умот најлесно го впива), е ставен врз страдањето на Исус. Имено, како што ни објасни http://www.universelles-leben.org/makedonski/prophetie/gabriele_die_prophetin.html - Габриеле пророчицата Божја(во рамките на приредбата “Исус беше човек од народот не од црквата!“) - Демоните на тој начин сакаа Исус Христос да го исмеат и прикажат како обичен слабак и преку филмот тоа го втиснат незабележливо во свеста на гледачите.
Не е спорно дека Исус бил мачен и погубен, но ние треба во свеста да ја имаме сликата за воскреснатиот - Победникот. Тоа е оноа кое може да ни биде како потпора во нашето патување кон Бога.
Инаку мене лично ми се допаднаа актерите, музиката и особено оргиналната идеја дијалозите да одат на арамејски и латински.
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 22.Август.2009 во 23:36
Интересна книга, занимлива, не е лошо да си ја прочитате. Воопшто не го тангира Христијанството.
------------- Вера, надеж, љубов
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 23.Август.2009 во 00:23
Ангели и демони е далеку поинтересна и пореалистичка творба во споредба со Кодот. Една од неколкуте книги кои ми оставиле посебен впечаток после читањето.
Книгата се базира на идејата за историскиот конфликт меѓу науката и религијата,односно вечната војна меѓу мистериозните илуминати и Католичката црква."Ангели и демони“ го следи заговорот на илуминатите против католицизмот, со употреба на бомба направена врз основите на антиматерија, додека во Рим се избира нов папа.
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 23.Август.2009 во 15:16
Па Majkl ни тоа не е грешка. И јас прво го гледав филмот, но кога ја читав книгата секојпат имаше нови изненадувања. Малку е поразлична од филмот кој во споредба со неа не е толку интересен. башка ја читав на англиски, оригинал, такашто немаше работи кои би биле изгубени во преводот.
DDarko напиша:
Mozhe li nekoj da malku go objasni ovoj film da znam dali da go gledam, sodrzhinata mu e Hristijanska ili?
|
DDARKO, не е баш христијанска книга, иако се врти околу Католичката Црква и Ватикан, религиска симболика и слично. Kако што напиша pcelka: Еден познат научник ќе биде убиен и Лангдон ќе биде повикан да го истражи симболот (амбиграмот) кој е втиснат на неговите гради. Испаѓа дека тоа е знак за едно тајно друштво-Илуминати-коишто многу и имаат замерено на католичката црква во минатото. Подоцна испаѓа дека Илуминатите ја имаат украдено антиматеријата создадена од убиениот научник, кој патем е католички свештеник, и неговата ќерка. Тие тргнуваат за Ватикан и дознаваат дека антиматеријата е скриена таму и на полноќ треба да експлодира. Освен тоа Папата е мртов (убиен) и токму тој ден се избира негов наследник. Четворицата преферити се киднапирани од убиецот најмен од Илуминатите и по еден ќе биде убиван на секој час во периодот од 8-11 часот. Лангдон сфаќа дека местата кадешто ќе бидат убивани се всушност маркерите за патот до Црквата на просветлувањето и тој ќе биде во трка со времето за да ги спаси четворицата кардинали на кои им се заканува ужасна смрт... Во книгата има многу дијалози и монолози кои се однесуваат на религијата, постоењето на Бога, науката и слично. Навистина одличен трилер со неверојатен расплет. Ми се допадна многу, иако не се сложувам со некои работи кои се напишани Поздрав
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 23.Август.2009 во 15:51
Ja imam procitano knigata Angeli i demoni pred nekolku godini, uste koga izleze na makedonski jazik. Dobra kniga, isto kako i Kodot na Da Vinci.
Den Braun e nesomneno talentiran pisatel, pisuva na kontroverzni temi i zatoa negovite knigi stanuvaat bestseleri.
Ne se plasete da ja procitate, zatoa sto ako vasata vera zavisi od nekoja kniga napisana od covek, togas toa sto go imate ne e vera.
Religijata i naukata se dva prozorci kon Bog i se nadopolnuvaat edna so druga. Se ona sto e dokazano naucno, ne e vo sprotivnost so Biblijata.
Inaku filmot se uste go nemam gledano, bas ke go gledam.
|
|