|
На столбот на срамот! |
Внеси реплика | страница <1 23456 49> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако малку ’’погледнеме’’ во историјата така речи кај сите народи постојат две струи, односно две категории зависно од кој агол се гледа и секогаш едните за себе сметаат дека се најголеми патриоти, а за другите дека се предавници. Во зависност чија политичка опција владее таа има ’’привилегија’’ да манипулира со народот затоа што народот верува. Во Македонија за овие 18 години сме се изнагледале ’’предавници и патриоти ’’. Ако наместо себедокажувањето седнеа на маса и направеа договор за доброто на земјата како што тоа го направија Словенците сите овие перипетии ке беа далеку зад нас.
Некој понапред спомна дека треба да ги ставиме на столбот на срамот, во ред ама во некое време пак ке дојдат на власт некои кои не мислат како моменталната опција и ке се случи преврат сегашниве ке се кандидати за столбот на страмот, а оние другине ке се воздигнуваат. Зошто? па затоа што ’’тајните архиви’’ место во државни интереси и прогрес на земјата се ставаат во функција на сатализирање на противникот. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да не ја заборавиме и третата струја која нештата не ги гледа од партиски агол и преку обоени наочари, но изгледа е најмалубројна, иако нивниот суд е највалиден бидејќи тука нема предрасуди кон “сопствените“.
Предавниците се предавници, без разлика дали се обоени во сино или портокалово, дали се од овој или оној етнос. Токму заради тоа и треба да се двојат и покажуваат со прст ваквите единки кои работат на штета на народот и државата, сите без исклучок, за да почнат да отвараат очи и обоените кои пристрасно бранат едни, истовремено фрлајќи со камења по другите. Крајно време е. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
предавници ..... а може ли да појасниш кои се тоа предавници ? ...... и за какво предавство станува збор ? ........ постојат ли докази за извршено предавство или зборот предавник се користи кога треба да се обвини некој кој не мисли исто ? ........... ќе може ли да објасниш кои се ПРЕДАВНИЦИТЕ ??? ......... Изменето од МАРШАЛ - 22.Август.2009 во 10:35 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Предавник е секој онај кој дошол на позиција на власт со релативно широка народна подршка,и кој потоа развил тотално разнебитувачка теза за историјата,валидноста,идентитетот,постоењто и во нашиов случај независноста на Македонија.
Е ова е дефиниција за предавство според мене Маршале. Што мислам јас или ти нема врска со предавството како чин. Оценката дали некој е предавник се гледа според делата,а му суди народот и историјата.. Е сега види кој припаѓа во таа група на предавници и кој би требало да се наоѓа на Столбот на страмот. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кои се предавници?!
Треба ли да се појаснува дека предавник е секој политичар што работи на штета на државните или национални интереси? На пример прифаќање преговори со друга држава за промена на името на сопствената, промена на државно знаме и други државни симболи под притисок исто на друга држава, саботирање на членство на државата во меѓународни институции, работење по агенди на соседни држави со цел поделба или присоединивање кон некоја од нив, промовирање планови за поделба на државата со ѕидови и преселби на народи, промена на државното име со директни импликации и врз идентитетот на народот... има уште многу, а на овој список лесно може да се препознае кој е кој... |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еве јас не сум ни политичар а ниту историчар и немам исто мислење како она кое по пат на хистерија некој се обидува да го наметне .... значи ли дека сум предавник со самото тоа што не ги оправдувам и сметам за погрешни постапките на оваа влада која донекаде успеа да наметне унифицирано мислење ? ......... предавник ли сум поради тоа што СПАСОТ од РАСПАЃАЊЕ пред надоаѓачките проблеми поради евентуално невлегување во нато и недобивање покана за членство во еу го барам поинаку отколку со чукање во гради ? ......... доста ми е од чукање во гради ......... напишав еднаш и ќе повторам ......... ТАКВИТЕ СЕ НАЈОПАСНИ .......... од проста причина .......... што само се чукаат во гарди а кога доаѓа моментот за докажување , ПРВИ ФАЌААТ МАГЛА ............
Изменето од МАРШАЛ - 22.Август.2009 во 12:01 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој те спомна па тебе?!
Јас јасно напишав во постот: секој политичар што работи на штета на државните или национални интереси? Ти политичар си? |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
реков дека не сум .. нели
но зошто е толку важно мислењето само на политичарите ?
зарем ние обичните смртници не смееме да имаме свое мислење ?
зарем тоа не е основата на демократското општество ?
не можам никако да сватам , со кое право некого прогласуваме за предавство и му лепиме етикета предавник само поради спротивното размислување од ставот на актуеланата и “ патриотска “ власт ? ......
ставаме на столб на срамот , го прогласуваме за предавник секој еден
кој не мисли исто ......... нормално дека и мене ме навредува зошто и ЈАС како обичен смртник имам свое мислење кое не е унифицирано со мислењето на “ патриотите “ и градобијачите .............
Изменето од МАРШАЛ - 22.Август.2009 во 12:03 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Си рекол во 12:01, после мојот пост
Не мислењето Маршале - делување, работење на политичарите против државата, има разлика нели? Нормално дека секој има право на мислење, ако не беше така немаше сега ни да дискутираме. Секој од нас си има став, со некој се согласува, со некој не... тоа не не прави предавници, патриоти или твоите омилени “градобијачи“. Јас не се пронаоѓам само на едната страна и јасно го кажав моето: секој без разлика на партиска боја. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не реков после твојот пост туку го болдирав и поцрвенив за да можеш да го видиш бидејќи не си го видела кога си ме прашала дали сум политичар .......
а што се однесува до предавници , неспорно е дека многу лесно посегнувате по тој збор и уште полесно етикетирате секј еден кој не е истомисленик .........
столбот на срамот ......... ставени политичари и неполитичари кои имале храброст да го кажат својот став и своето мислење .........
кај се оние кои тоа го немаат ....... оние кои единствено чекаат некој да каже нешто кое нешто не кореспондира со нивниот “ патриотизам “ за да веднаш тој некој кој имал барем храброст нешто да каже биде обвинет за предавство и етикетиран како предавник .
мене тоа повеќе ми наликува на политички маркетинг и борба за гласови и рејтинг отколку на нешто кое како на обичен смртник ќе ми даде сознание дека грешам , дека некој навистина работи за доброто на оваа држава и слично .......
кога веќе обвинуваш и на тој начин собираш поени кај електоратот , треба и самиот да имаш храброст и да излезеш да го информираш народот и граѓаните за сето она што ќе го очекува како резултат на тврдокорниот став и “ патриотизам “ ......... а доколку како одговор се добие нешто во стилот “ не сум ванга па да знам“ , тогаш доколку Господ постои , навистина ќе треба да биде на наша страна ..... со оглед дека ова стадо овци го водат слепи овчари ........
или , не кажуваат зошто не сакаат да се најдат на столбот на срамот .... погрешно е да оставиме така лесно на историјата ........... таа да биде таа која ќе докаже и покаже кој и колку бил во право ........ зошто , работите не се за оставање ........ и повеќе од сериозни се за да оставаме на “ историјата “ ........ на која и чива историја ќе оставаме да докаже доколку се случи нешто кое се најавува дека ќе се случи ? ....... Изменето од МАРШАЛ - 22.Август.2009 во 12:27 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Последен пат ќе се повторам: не зборувам за етикетирање неистомисленици, туку за политичари кои де факто со свои дела и направиле штета на државата.
А за оние од власта, кажуваат или не кажуваат, времето на одлука се ближи, ќе мора еден ден да кажат: ние одлучивме да го промениме името на државата, вака и вака. Е тогаш ќе е време народот да стане и да каже дека од Груевски, Иванов, Милошоски или кој ќе е од нив поголем предавник нема и да одлучи дали ќе го дозволи предавството или ќе ја проголта кнедлата. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
доколку Господ постои , навистина ќе треба да биде на наша страна ..... со оглед дека ова стадо овци го водат слепи овчари ........
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
[QUOTE=МАРШАЛ]
столбот на срамот ......... ставени политичари и неполитичари кои имале храброст да го кажат својот став и своето мислење .........
кај се оние кои тоа го немаат ....... оние кои единствено чекаат некој да каже нешто кое нешто не кореспондира со нивниот “ патриотизам “ за да веднаш тој некој кој имал барем храброст нешто да каже биде обвинет за предавство и етикетиран како предавник .
Мики не е мислењето и до ставот работата. До делата е,тоа гледај го,гледај кој какви дела направил од позиција на власт и според тоа донеси одлука дали ја ПРЕДАЛ ДОВЕРБАТА ДАДЕНА ОД НАС НАРОДОТ. Не го споменувај тука патриотизмот бидејќи ако мислиш дека тие што се чукаат в гради се тоа си се зезнал,тие нека се декларираа како такви,ама од патриотизам имаат поим колку магаре од музика. Чукачите в гради се само галамџии и партиски војници,такви има секаде па и кај нас. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
фикс ........ од каде знаеш кои дела се исправни за да некого ставиш на столбот на срамот ? ..........
тоа што размислуваш воден од “ патриотски “ побуди , не мора да значи дека ставот на оној кој размислува со разумот е помалку загрижен за иднината на оваа држава ............
проблемот со името е нешто кое мора да се реши .......
сакале ние да признаеме или не ...........
проблемот е во тоа што некој многу вешто манипулира
и е користи ситуацијата за набивање на рејтинг .........
многу разговараме за проблемот со името ........ премногу ........
многу изнапишувавме и изначитавме ......... но никаде не прочитавме
ниту пак слушнавме ДАЛИ НЕШТО ќе се случи и ШТО ќе се случи доколку не се изнајде решение ...... досега само политичарите од албанскиот политички блок во РМ излегоа со јасен став по основ тоа ..... не сметаш ли дека тоа е доволно сериозен проблем ? ........
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456 49> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |