IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - На столбот на срамот!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На столбот на срамот!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 49>
Автор
Порака
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:10
слободно почни ........ од овие голема%20насмевка
 
никола груевски
антонио милошовски
мартин протуѓер
енд цомпану ...........
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:17
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

прашањето е колку е корисно водењето инает ? .........


на секој план ..... економски , надворешна политика  а најважно ,  внатрешна безбедност ........ водењето инает е во овој момент самоубиство .....

зошто мислите дека НЕ ќе значи НЕ и дека работата ќе се заврши тука ? .......... 

Маршал како што кажав за блефот, да знаеш дека си изблефиран за слабата позиција на Македонија во однос на спорот со Грција.
Нас не признале 125 земји под уставно име.
Не признале 3те главни сили од 5 постојани членки на СБ при ООН.
Ние да излеземе од преговорите со јасно правно образложение, Грција не само што го прекрши договорот од 1995 туку дури не го ни ратификуала.
Тогаш што ќе ни можат. Како што сега сме ние во ситуација да се помириме, така Грција ќе се помири. Ќе поминат 3 години, ќе поминат 5 години и јасна е психологијата на масата. Масата го прифаќа тоа. Така да затоа блефираат затоа што и Грција и новите власти во Грција и Европа, кога би излегле од преговорите ќе нема што да сторат освен да го прифатат тоа. Што ќе стори Европа, ќе не изолира. Самата себе ќе се изолира, па сите стратешки компании се нејзини. Зарем својот бизнис, своите компании ќе си го уништува.
Зарем не вреди за 4-5 години да си го решиме ова клучно прашање кое ќе повлече позитивен однос и кон другите проблеми политички и економски или со децении и години да се влечеме и малтретираме.
Она што е слабост секогаш може да се претвори во предност, ако се има верба.
Блеф, Марша. Во битките како и во покерот се игра на блеф. Блефираат дека може нешто да ни сторат или нешто ќе ни се случи. Никој не може да ти го смени името, посебно идентитетот ако сам не се согласиш со тоа.

Изменето од sard - 21.Август.2009 во 20:27
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:23
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

слободно почни ........ од овие голема%20насмевка
 


никола груевски

антонио милошовски

мартин протуѓер

енд цомпану ...........

Нема проблем. Само да се извадат и јасно разобличат зборовите и делата, сеедно кој е. Ги има доста и во таа компанија кои заслужиле да бидат на столбот на срамот. И за било кој, мислењето за улогата која ја играат, мнозинството нека просуди. А поединците кои не мислат така, треба во името на подобрата иднина низ национално единство, да го прифатат ставот на мнозинството.

Изменето од sard - 21.Август.2009 во 20:24
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:24
блеф ........ газење%20од%20смеење ......... па тогаш објасни го блефот , еве на пример на американската администрација и огромниот дел земји членки на европската унија кои не признаа под уставното име но сепак сугерираат и дури условуваат со промена на името за прием во евро - атлнаските интеграции .......... прекрасно е да биде онака како сакаме ......... но не бива ..........
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:30
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

блеф ........ газење%20од%20смеење ......... па тогаш објасни го блефот , еве на пример на американската администрација и огромниот дел земји членки на европската унија кои не признаа под уставното име но сепак сугерираат и дури условуваат со промена на името за прием во евро - атлнаските интеграции .......... прекрасно е да биде онака како сакаме ......... но не бива ..........

Нормално дека ќе сугерираат, ама што можат да сторат ако излеземе од преговорите. Освен прво силен после се послаб политички притисок, полека да попуштаат.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:33
а кој врз нив ќе изврши политички притисок ? ... НИЕ ? ........ газење%20од%20смеење
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:42
времето...
другите проблеми....
и внатрешните добри сили кај нив (Европа и Грција) кои ќе имаат аргументација да не бранат. Бидејќи вака кога меѓу нас имаме некои кои се спремни да си го сменат името, тогаш кога на маса се зборува, тие мораат да молчат.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:44
времето ......... за жал , времето работи ПРОТИВ НАС ...........
и нема добри или лоши сили ....... тоа ни го кажа
шведскиот амбасадор ...... постојат ИНТЕРЕСИ .........
а ние своите обврски во поглед на нивните интереси ги исполнивме
и ништо освен тапкање по рамо и ултиматум за изнаоѓање решение
како предуслов за она што сакаме да бидеме , НЕ ДОБИВМЕ .........
 
а нема да биде лошо да погледнеш  и на останатите проблеми
а не само на преговорите со името ......... нека%20ти%20е%20срам


Изменето од МАРШАЛ - 21.Август.2009 во 20:48
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 20:51
Можеби малку ќе излезам од темата, но ме поттикна на едно размислување. Зошто секогаш, ако некој размислува поинаку од другите , мора да биде на столбот на срамот? Немам ништо против Денко Малевски, може да го каже своето мислење јавно, ако не ми се допаѓа, не го прифаќам, не мора да го прогласам за вештерка, и да барам јавно да биде запален, зашто не мисли како мене...Демократијата го дава тоа право. Не сакам да размислувам Орвеловски - Незнаењето е сила, Слободата е ропство. Уште од антиката имало луѓе кои размислувале поинаку, а биле тогаш критикувани, па нарекувани филозофи..Исус проповедаше љубов во време на анархија и беше распнат на крст... Коперник го запалија жив оти рече дека Земјата е округла- не размислувал како другите...
Во Македонија денес на власт е колективна свест. Сите партии се декларираат како демократски, а нема ни трага од демократија... се сеќавам на една мисла на Тито Петковски на една дебата на телевизија , кога рече: Во сите партии во Македонија во статутите стои демократија, а во реалноста имаме водачи и слепи послушници кои само гласаат како ќе каже водачот, во ниедна партија нема демократија...
Партиските „војници“ одработиваат за својот „фирер“, и бараат „вештерки“, сите кои не размислуваат како нив да бидат на столбот на срамот.
А каде е вистината, кај „фирерите“, или кај некој изолиран човек кој го кренал гласот и кажал нешто. Народот е тој што прифаќа или отфрла идеи. Народот е филтер на секоја идеја. Ако е некој доволно храбар да изнесе јавно своја теза, тој ризикува да биде глорифициран или маргинализиран, а тоа ќе го направи или голем мислител, или „изгубена душа“...
Затоа, нека сите „експерти“ и „интелектуалци“ излезат јавно, и без влакна на јазик нека го кажат својот став за актуелните проблеми, па од 100 досадни говори , ќе блесне една светла идеја, а народот ќе ја „филтрира“. Не сум за осудување на размислувањето...Секој нека размислува и нека дебатира, во критика и расправија секогаш се раѓа генијална идеја....
А кој е предавник денес? тешко е да се каже, играта сеуште трае...
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 23:06
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

блеф ........ газење%20од%20смеење ......... па тогаш објасни го блефот , еве на пример на американската администрација и огромниот дел земји членки на европската унија кои не признаа под уставното име но сепак сугерираат и дури условуваат со промена на името за прием во евро - атлнаските интеграции .......... прекрасно е да биде онака како сакаме ......... но не бива ..........




Пусто турско. За се турчинот е крив што ни ја зема културата а не научи- ги научил нашите предци се да работат на СИЛА,  а ние тоа сме го попримиле во НАСЛЕДСТВО. Срамот си е срам. Ама турчинот зошто не останал- и онака веке одомаќен тука ако не за секогаш барем уште едно петстотини години или пак ако веќе морал да си оди да го ставел стапот за да го крка секој кој ќе се огреши.
А, америка и останатите секоја чест за признавање на Уставното име. Но, која корист од тоа кога тие истите не ни го признаваат Уставот. Велат дека охридскиот договор е новиот македонски устав. Тоа не е столб на срамот................авторот погрешил при формулација на насловот.......... на темата требало да ИМЕ : ,,ДИРЕКОТ НА СРАМОТ,,.



Изменето од orlov - 22.Август.2009 во 22:49
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 23:37
Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Можеби малку ќе излезам од темата, но ме поттикна на едно размислување. Зошто секогаш, ако некој размислува поинаку од другите, мора да биде на столбот на срамот?

Затоа што нивнитее замисли не се против поединци и групи туку се против мислењето на сите други. Ако мисли дека е во право, нека си го искаже ставот, а не да работи во полза на противниците од својот народ. Таквите се нарекуваат субверзивци и петтоколонаши.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Немам ништо против Денко Малевски, може да го каже своето мислење јавно, ако не ми се допаѓа, не го прифаќам, не мора да го прогласам за вештерка, и да барам јавно да биде запален, зашто не мисли како мене...
Исто и ние имаме право на мислење и нашето мислење е дека таквите луѓе се себични штетници кои работат само за свои интереси против подобрата иднина на целиот народ. Затоа тука го повикуваме судот на мнозинството, судот на народот, кој е единствено меродавен да просуди дали е така или не е.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Демократијата го дава тоа право. Не сакам да размислувам Орвеловски - Незнаењето е сила, Слободата е ропство. Уште од антиката имало луѓе кои размислувале поинаку, а биле тогаш критикувани, па нарекувани филозофи.

Тие биле критикувани од носителите на моќта, а не бил прашан народот.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Исус проповедаше љубов во време на анархија и беше распнат на крст...

Пред да биде поттикнат народот од страна на поединци, група (Синедрионот), само ден пред тоа народот го слави Христос постилајќи цвеќиња, лисја и облека на патот пред Него.
Богочовекот им одреди на своите ученици и самиот тоа го спроведувал, никогаш да не влегуваат насила во селата, домовите, местата, каде претставниците на местото не го прифаќале. Што значи го почитувал ставот на луѓето именуван преку нивните претставници. Тоа е и канонско правило на Православната Црква при решавањето на меѓуверските спорови. Се почитува волјата на мнозинството, малцинството или да ја почитува или да си најде свој простор за своето верување.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Коперник го запалија жив оти рече дека Земјата е округла- не размислувал како другите...

Коперник не е осуден со одлука на народот. Тоа не било одлука на мнозинството туку на инокосно уредената Римокатоличка Црква која го нарушува принципот на соборно одлучување во Православната Црква.

Во случајов во Македонија зборуваме за луѓе кои за разлика од примерите кои ги наведуваш, не се со ставови против индивидуални или групни авторитети, туку се против автентичниот СТАВ НА ЦЕЛИОТ НАРОД. Така што во случајов треба да ги земеш за пример Квислинг Видкун, Маршал Петен, Недиќ и други кои спротивно на интересот на својот народ работат за надворешни интереси.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Во Македонија денес на власт е колективна свест. Сите партии се декларираат како демократски, а нема ни трага од демократија... се сеќавам на една мисла на Тито Петковски на една дебата на телевизија , кога рече: Во сите партии во Македонија во статутите стои демократија, а во реалноста имаме водачи и слепи послушници кои само гласаат како ќе каже водачот, во ниедна партија нема демократија...
Партиските „војници“ одработиваат за својот „фирер“, и бараат „вештерки“, сите кои не размислуваат како нив да бидат на столбот на срамот.
А каде е вистината, кај „фирерите“, или кај некој изолиран човек кој го кренал гласот и кажал нешто. Народот е тој што прифаќа или отфрла идеи. Народот е филтер на секоја идеја. Ако е некој доволно храбар да изнесе јавно своја теза, тој ризикува да биде глорифициран или маргинализиран, а тоа ќе го направи или голем мислител, или „изгубена душа“...

Народот како маса, нема разумност, но затоа има инстикт кој е непогрешив, како и што се докажа при изборите во изминатите 18 години. Овој пат не може да се зборува за ситуација како пред 50 години. Овој пат секоја страна си има право да си го каже мислењето и народот има можност да ги слушне мислењата на сите и правилно да просуди. И ете си го кажуваат мислењето Малески, Фрчкоски, Чашуле и останатите и народот ГИ ОСУДУВА. Што значи тоа не е партиски став туку став на народот.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Затоа, нека сите „експерти“ и „интелектуалци“ излезат јавно, и без влакна на јазик нека го кажат својот став за актуелните проблеми, па од 100 досадни говори , ќе блесне една светла идеја, а народот ќе ја „филтрира“. Не сум за осудување на размислувањето...Секој нека размислува и нека дебатира, во критика и расправија секогаш се раѓа генијална идеја....

Штом има дебата и народот исфилтрира, зошто некој упорно оди против ставот на народот, и наместо со јасни аргументи туку со игра на зборови се обидува да направи обмана на јавното мнение.

Originally posted by Diogen Diogen напиша:

А кој е предавник денес? тешко е да се каже, играта сеуште трае...

Не работите секогаш се чисти и јасни. Тоа е гревот на дводушноста познат во Православната Вера, каде некој стално се мисли и премислува, што ќе биде, како ќе биде, наместо едноставно да размислува.

Прашањето Диоген за тебе и за Маршалот: доколку нема никакви штетни последици (казни од посилните) дали би си го смениле името на земјата заради грчките барања.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 23:54
Нашиот народ е во ужасно жална состојба за која мора да е некој виновен.

Дали историјата признава предавници. ДА.
Кој одредува кои се предавниците. Народот.

Што значи треба да му се даде можност на народот (македонскиот) да ги осуди луѓето кои работат против единството и веќе долго време ја уништуваат неговата иднина.

Ете јас посочив реченици на предавство и го образложив предавството. Како што ќе можам и како што ќе излегуваат таквите дела и постапки, од кој и а е, така и ќе ги разобличувам. Денес видов страшно жална слика на македонската пропаст и време е виновниците да бидат од народот поставени на столбот на срамот.

Изменето од sard - 21.Август.2009 во 23:54
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2009 во 02:39
Апсолутно се согласувам со Сард.
Секој еден кој се зафатил да се занимава со политика, професионално или не, се нафатил да креира и учествува во државната политика на една земја и како таков, уживајќи во сите права, треба да сноси и одговорност за своите дела/недела.

Политичка одговорност кај нас е мислена именка, многу тешко се определува и речиси никој од политичарите не ја сноси на свој грб: или се префрла врз партијата која стои зад нив, или врз организација/институција каде делува или некаде ветрот ја одвејува во заборав...

И кога политичарите сето тоа убаво си го знаат, си го користат и без многу грижа на совест и никаков страв си ги остваруваат своите агенди, многу често на штета на државните интереси, а истовремено на сметка на истата таа држава која уште и дебело ги плаќа за тоа!

Е сега ако фините и префригани господа успеваат досега дваесетина години да не дриблаат и да ескивираат од политичка а често и од кривична одговорност, дајте барем да не му се забранува на народот да ги стави пред сопствен суд, кога веќе не може пред оној вистинскиот!

И да, историјата признава предавници, а народот ги препознава таквите... некогаш со задоцнување, ама сепак ги покажува со прст!

П.С. Да ја дополнам листата со уште двајца на кои сега ми текнува:

Киро Глигоров - референцата за 2-3 месеци
ЉуБчо Георгиевски - блгарскиот војвода

Ја оставам отворена за сите од сегашната гарнитура на власт кои со свои одлуки ќе се осмелат да им наштетат на државните интереси на Македонија.


Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2009 во 05:48
Прашањето Диоген за тебе и за Маршалот: доколку нема никакви штетни последици (казни од посилните) дали би си го смениле името на земјата заради грчките барања.
 
Ајде да ти одговорам директно на прашањето. Не се согласувам со Денко Малевски, а промената на името Македонија не доаѓа во предвид, затоа што ќе предизвика домино ефект од штетни последици по идентитетот, јазикот, историјата, културното наследство, едноставно, ќе не снема...
Но тоа не значи дека го сатанизирам Малевски, туку го маргинализириам. Исто како  Георгиевски, и куп актуелни и бивши политичари, како и куп „аналитичари„ и „интелекѕуалци“. За сите нив, јас одлучувам на избори, јас, минорна единка, можам на некого да му го дададам или одземам правото да владее. Ако власта добие мандат од народот , треба да владее во негово име, ако благо работи против, ја губи власта предвреме или не добива нов мандат, ако „забега“, нема столб на срамот, почесто во светската пракса е „ѕидот на Чаушеску“.
Грчките барања се ирационални, тоа во последните аналитички коментари во самата Грција го констатираа, според нив, нема шанси за решение, оти се свесни, дека без насилство, никој нормален нема да си смени име и идентитет.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.