IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 106107108109110 138>
Автор
Порака
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 17:04

.....уште малку, само уште некој чекор, мораш да издржиш,  слушав како ми говороше срцето додека се искачував  по белите карпи.Желбата да овој пат успеам, да овој пат ги надминам сите мои стравови беше толку голема и силна што ја задушуваше болката, која како да сакаше да се откажам од целта.На белите остри камења крвавите траги од моите рани беа единствените сведоци за моето поминување по патот кој водеше кон врвот.

Овој пат ке успеам, тивко прошепотив , како да со тие зборови сакав да ги предупредам облаците кои го прекриваа врвот, за моето доаѓање,припивајќи се кон стрмната карпа додека ситните камчиња паѓаа бездниот амбис кој се наоѓаше под моите боси и крвави стапала.Со брзо движење на едната рака проверив дали околу појасот е уште шареното торбуле во кое беше собран целиот мој живот, кој пред самото поаѓање со треперливите раце го завиткав во свилената, светликава марама, како да сакав да го заштитам и тоа малку што остана од него.Знаев дека таму горе, во облаците, на рамната карпа, ме чекаат одговорите на сите мои прашања и моите недоумици.Не, не е место ни време да мислите почнат да ме влечат и враќаат кон минатото!Сега битна е само Сегашност и Моментот...

...Ја кренав главата кон ѕвезденото небо и ја погледнав месечината со очи полни со Храброст и Надеж....ја погледнав месечината која милно ми се насмевна во знак дека може да го продолжам искачувањето.Движењето кое го направив ми ја разбуди болката на плеќите, каде две свежи рани беа единствените сведоци дека некогаш  на тоа место постоеа снежно-бели крилја, од кои сега болно крвареа, оставајќи жар-црвени траги на белиот камен.Болката не ме попречи да го продолжам искачувањето, само цврсто ги стегнав вилиците и продолжив....и знаев, сигурна бев како никогаш досега во својот успех дека овојпат ке го видам раѓањето на Сонцето како што никој не го видел досега....

Спуштајќи го шареното торбуле, седнав на рамниот бел камен земајќи ги колената во прегратка ,дозволувајќи им на белите облаци да ми го милуваат бледото изморено лице.Пред очите ми се простираше волшебна глетка....шуми, реки, пустини и цветни ливади, се беше споено во едно, се беше една бреспрекорна целина обвиена во тивкот вел на мугрите.Неверојатната хармонија на пејсажот кој се простираше пред моите широко отворени очи, ме направи да се почувствувам како воин што ја добил најголемата битка во својот живот.

На хоризонтот, каде што мастиловото небо ја бакнуваше земјата, нијансите на портокаловата боја го најавуваа раѓањето на Сонцето.

Не, не почувствував повеќе ништо....немаше веќе ни трага од стравот, колебањето,двоумењето, болката... Низ белите изморени образи ми се тркалаа топли бисери, кои на крајот на својот пат го напојуваа белиот камен,додека првите зраци од Сончевото раѓање ми ја милуваа растреперената снага....сега знаев, сега бев сигурна.....



Изменето од marija1000 - 16.Август.2009 во 17:04
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 00:37
Mrak. Potpolna temnica. Sedis seuste vo foteljata iako vekje odamna site si zaminaa od pretstavata, vo teatarot narecen zivot. Sedis zanemen. Ne ti smeta mrakot sto te obviva. Ne si ni svesen za nego.
Osekjas kako usnite ti se pododtvoraat, za da go primat filterot od cigarata koja nesvesno, po navika ja stavas vo usta. Iako e zabraneto da se pusi, nikoj nikogas ne ja pocituval zabranata. Blesokot na svetlina od zapalkata za moment ja razbiva temninata, ja otkriva seta necistotija, site valkanici na podot. Vo teatarot na zivotot. Otpusoci, hartii, zguzvani pakovki od raznorazni proizvodi… Ponekoja casa, vo koja seuste ima tragic od alkoholot koj se piel od nea. A reata koja seuste lebdi samo potvrduva kolku vsusnost sme necisti nie lugjeto.
Site jadea, pieja, se smeeja, se zabavuvaa… A nikoj ne ostana da go sredi neredot. No, neredot ne e ona sto ti smeta. Znaes deka e taka vo ovoj teatar. Vsusnost, segasnosta voopsto ne ti smeta. Prenesen si vo mislite na ona sto se slucuvase na scenata, koga se odvivase pretstavata, koja pred nekolku momenti bese tolku ziva, tolku svetla, tolku glasna. Polna so zivot. Dodeka traese, voopsto ne pomisluvase deka ednas sepak ke zavrsi. Dobra pretstava, definitivno. Te zanese.
Ne znaes… Dali ja gledase pretstavata, dali I ti bese del od nea. Tolku bese realna, sto mozes da se zakolnes deka I ti bese na sticite. Ama sega sedis vo foteljata vo praznoto gledaliste, koe ke se napolni povtorno duri na slednata pretstava. I scenata e prazna, glumcite veke se razotidoa da si gi ziveat svoite zivoti.

I ti ke si odis, za nekoj moment… No veke nema da ja gledas ova pretstava. I akterite, ako gi vidis povtorno, nema da gi igraat istite ulogi…

Dobra pretstava. Igrav li voopsto von ea?
DeepBlue
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 09:21
Бегам. Никогаш не сум бегала, но овој пат бегам. Подалеку од се. На секој километар подалеку од тебе се радувам, со се повеке прашалници во главата, бегам. Надвор е олуја. И сонце и дожд....во мене исто. Сеуште се прашував како човек може да уништи нешто толку убаво. Како може да допушти  да падне се во вода. Зар е можно се да беше лага!? А се зборуваше јас сум лошата. А се зборуваше и се газеше по мене. Крајот го краси делото-се виде кој е лошиот. Бегав за да се излечам, како повредена животинка барав засолниште да се скријам и да не излезам дур не ми помине раната. Се криев помегу високи зидови, два празни кревети и само јас на бамбус мебелот занесено гледав низ прозорот. Некој ме праша-Денес изгреа сонцето? Одговорив-Да. И тивко слушнав-Значи и без него изгреа и пак ке изгрее. И така и беше. И без него не запира ништо, само запира една преубава, чиста, искрена ствар. Ствар. Не може никако друкше да се нарече.
Боли. Боли што повторно се вракам онаму од каде избегав пред некој ден. Боли што повторно ке го дишам воздухот на тој безмилостен град. Не знам од што е позагаден. Од метежот по улиците или од сите тие расипани души кои не знаат за болка. Се лажев кога мислев за два дена ке ми помине. Но некоја виша сила направи нешто друго да ми го одвлекува вниманието. Конечно имав време да набљудувам наоколу. Да ги гледам децата, старите луге по клупите...едноставно...да гледам. Но и некоја виша сила направи да сретнам некого кој ке ми ги зеде мислите за цело време да се мислам- Зошто налетуваме на личности кои никогаш повторно нема да ги видиме ? Кога ја поткренав ногата без волја да се качам во автобусот...зад мене слушнав еден познат глас-Хтио сам те испратит. Збунето го гледав размислувајки. Се прашував која е причината што го запознав тој странец  кога нема никаков траг на мене..
Седам на петиот перон, во третион син автобус, на петото седиште. До мене седнува пријатна госпога. Посакувам уште еднаш да го видам странецот, колку да го поздравам за последен пат, иако ништо не би ми значело тоа. И како што секој километар подалеку од Скопје се радував, сега секој метар поблизу ме боли.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 21:56
Коса твоја
на гради мои распослана
мирно дишеш
се друго далеку е
рака моја како брод плови
низ мирно море сончево
веруваш
низ што минав да ми се отвориш
мирна си
само добро се случува
остров сме
далеку од секаков отров
полека се чистиме
нека бајато звучи
но прекрасни сме
никој повеќе во змејови не верува
но змејови сме
можеби и не постоиме веќе
зошто такви сме.
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 23:38
kratok izvadok ...

Mislev deka nekoi raboti treba da ostanat tamu kade shto se, no ako se preskokne egoizmot i se gleda vo oci na vistinata ke se vidi deka ponekogas se lazeme sami... pa shto ni ostanuva vo zivotot da bideme... custvuvame... ednostavno, mozebi da se pretvorime vo edno zrce pesok i da cekame plimata da nadojdi i da ne povleci vo moreto, ili pak da se pretvorime vo vozdishka i da otideme do oblacite... neznam ... a ke dojdi i denot koga ke doznaam ... a togah ...srceto ke prestane da raboti, mir ke ja oblee mojata dusha... vecnosta ke bide pred mene ... dali e toa ona shto treba da go barame... kojznae... jas neznam no samo znam deka ke te ljubam... do posleden zdiv... dodeka ne gi zatvoram ocite ... dodeka ...





(drugoto drug pat )
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2009 во 00:50

Sakam koga e rana esen

docno leto vrnezlivo

Sakam koga se budam sama

za da si dokazam deka mozam sama so sebe.

 

 

Sakam koga sonuvam za mir

koj vsusnost vo realnost go nemam

Sakam koga go sozivuvam toj mir

koj vsusnost bogatstvo mi znaci.

 

 

Ako gi pregrnam oblacite dali i tie mene ke mi vozvratat?

Ako go zapram vremeto dali i jas ke zastanam?

Ako kazam deka mozam ponatamu dali ke prodolzam?

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2009 во 08:07

Ako biseri bea nasite solzi....ke bevme najbogati....

ako kristalni zvezdi bea nasite bolki....ke bevme najsjajni...

Ako namesto bolka custvuvavme radost...ke bevme beskonecni...

.ako namesto taga vikavme srekja...ke si poveruvavme...

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 11:40
Не барај од мене искрена насмевка
Не барај од мене срека
Се додека не те преболам
Не барај да те почитувам.
Не барај од мене да сватам
Не барај од мене да признаам
Се додека не дознаеш што сакаш
Не можам ни да те сватам.

Не барај од мене да не мислам
Испаднав тешка глупача
Свесна за се, знаев вака ке испадне
Но уште посвесна знам како право е.


Не барај засолниште за себе
Кога веке си влегол во ринг
Ако јас ја кренав мрежата и излегов
како можеш да речеш јас сум победник?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 11:52
Зошто не го свртиш грбот и не заминеш?
Што те држи овде?
Тагата која ти ја подметна и премина во хронична фаза!?
Грижата на совест!?

Често велеше -јака си, можеш да издржиш.
Зошто сега не ме пуштиш да одам по својот пат
И така повеке не ме заслужуваш..
Имаше доволно време да осмислиш
Вистините ги знаеме само ние двајца..

Затоа оди, оди и не врти се.
Заврти ми го грбот и не очекувај Збогум од мене.
Сеуште ми е рано да ти го кажам тоа.
Но кога ке го кажам ке знаеш
Ке осетиш по празнината околу тебе
Кога ке ме нема мене, ке нема многу работи околу тебе...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 11:59
Ај само да се сакаме
сите сомнежи ги разработивме
некои останаа
некои исчезнаа
ниеден недопрен не остана
само гушни ме и не мисли
никој не ни’ е достоен
зошто големи сме само заедно
затоа понекогаш се паничиме
онакви мали какви се често
не сакаме да бидеме.
Ниеден збор нема значај
каков нашиот умее да има
во ниеден темен ќош
не може веќе да не’ собере
ние сме на бина
и во публика
зад завеса и зад врата
ништо нема
се уверивме.
 
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 15:00
                                    ..Воздухот е студен,

небото натрупано со облаци

нивните пространи слапови минуваат еден преку друг,

ме постетува на...

да, да...

на зимско топење на мраз во некоја река.

Полумесечината се кандилка помеѓу облаците

личи на некоја лаѓа,

опкружена со тие воздушни санти...

А каде сме јас и ти во овој приказ?

Аххх....

мислам дека немора сите да знаат...

Само ќе им напоменам...

дека сум подготвена,

само за тебе...вечерва...

треперам...

како да ми е прв пат...



Изменето од Andjelina - 20.Август.2009 во 15:20
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 10:17
Не можам, не можам од болката да пишувам
Не можам да најдам прави зборови за да кажам што се случи
Не можам да пренасочам, во тотална кома на пат кон лудило
а не сакам да те имам. Барем не веке. А тоа истото го рече и ти.
Не сакам ни да се присетам како гледав на тебе, како ти на мене.,..
Како гледавме во секое дрво, во секоја ѕвезда...во секој облак...
Како ги овековечувавме убавините од природата...
Крај! Чуствувам се менувам.
Тоа е добро.
Чуствувам се челичам иако ме боли
Чуствувам дека конечно сватив.
Моите вредности се сите на број
само една фали
-почитта кон себеси.
Ке ја имам.
Чуствувам дека набрзо ке се опоравам од ова лудило
и ке се разбудам од комата...
а тогаш...не барај ме.....

Не барај ме....

...Кога ке посакаш да ме вратиш само едно присети се....
-Да не го истегнеше конецот, немаше јас да го пресечам.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 19:28
Кога ќе помислам на устенцето твое :
 - Лиз, мљац, шмук !
така ми иде.
На газенцето твое :
 - Фаќ, гњав до сабајле утре !
На цицките твои :
 - Лиз, мљац, шмук, фаќ и гњав !
Па на кревет :
 - Крц, квич, скрш од мерак јак !
Ама па у лифт :
 - Кој го држи лифтот, п**ка му мајчина !
Па у кола :
 - Чук, чук, двеста евра казна по ново !
 - Па ние не знаевме !
 - Е сега ќе знаете !
Авион многу бучен и голем станува
падобранци бели исфрла :
 - Бегај мило, кон тебе паѓаат !
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2009 во 19:31

I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 106107108109110 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.