|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 910111213 98> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никогаш не ве обвинил никој за смртта на Кочо Рацин. Објаснувањето беше дека загинал во несреќен случај. Востанието од 11-ти Октомври, Илинденските демонстрации пред тоа ,народниот гнев, зулумите над населението, разни ангарии( работа во рудници и слично ), стрелања на деца , палење на Цркви и грабежите на војската се факти, сакале ние или не. Истотака, не може да им дадеме политички карактер на овие работи, како и на фактот дека на пример додека во исто време бугарската полиција ги има Трајчо Костов, деклариран Бугарин, важна личност во БКП и Никола Јонков Вапцаров, деклариран Македонец кој е осуден на смрт, додека Костов поминува подобро. Ова се кажува. Изменето од macedon_alex - 23.Јули.2009 во 23:01 |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали станува збор за фашистичка, комунистичка или сега демократска власт односот на Бугарија спрема Македонија е непроменет. Се разбира кога во една таква широка политичка лепеза, од крајна десница до крајна левица, оспорувањето на Македонскиот народ, идентитет, јазик и култура постануваат константа, тогаш разбирливо е што одговорноста за сите злодела му се припишува на бугарскиот народ. За жал таквата политика продолжува и денес во 21 век, дури подкрепена и во сојуз со еден од најхегемонистичките и национално шовинистички индоктринирани системи. Претпоставувам разбра дека станува збор за грчкиот. Меѓудругото да незаборавиме дека и таа англо-германско руска креатура од Грција која ја базира својата историја и постоење врз интерпретација на митиви е држава која била во постојан конфликт со Бугарија. Ова е само уште една потврда дека целта не ги бира средствата. Класичен пример за една непринципиелна (неприродна) политичка коалиција меѓу Грција и Бугарија. Бугарија ја окупира Македонија, а во временскиот период од 1941 -1944 на територијата на Македонија поставува своја политичка, воено-полициска и образовна власт. Децата се принудени да го изучуваат бугарскиот јазик (не онај на правите Бугари туку онај на бугаризираните), да членуваат во младинската организација Браник читај Хитлер југенд. Соодветен Професор Рајков доаѓа од североисточна Бугарија да предава “бугарски“ јазик во охридската гимназија. Во текот на неговиот престој во Охрид ќе се ожени со една охриѓанка по име Цвета Чипан, а по завршувањето на војната ќе си замине за Бугарија. Тој дотичен професор Рајков во неклоку прилики на учениците од 7 и 8 клас (денешни 3 и 4 година од средното образование) ќе им изјави: “Јас од вас неможам да направам Бугари, меѓутоа задача ми е да ви предава бугарски додека сум овде, а вие да го научите бугарскиот јазик“. Изменето од Platenik - 24.Јули.2009 во 02:16 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па овде од авион се гледа дека е монтиран процес: Обвинител: Според тоа, вие стававте знак на еднаквост меѓу српското влијание и комунистичкото учење? Секој оној што ќе кажел нешто против комунизмот бил прогласуван за предавник, контрареволуционер, државен непријател бр. 1, „непријатељ народу“ и што ти знам уште каква идиотска комуњарска реторика. Нам целата интелегенција ни ојде на Голи Оток и Идризово на тој начин! А за Кочо Рацин се знае- несреќен случај - „самоубица се убио с леџа“ А за тоа дека ги терале селаните да патролираат против ВМРО, па тоа е уште еден класичен пример за изживување врз македонскиот народ. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Дедо Иван“15.09.1941г. Од тука се види дека кумановските комунисти биле против економската експлуатација на бугарската буржоазија, која не се разликува од сите останати буржоазии. |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас мислам дека досега бев многу јасен. Незнам во што се состои недоразбирањето?! Бугарската власт, без разлика каде таа седи на политичкиот спектрум (буржуаска, комунистичка, демократска, лева, десна, горна, долна) во основа нејзината политката во однос на Македонија и Македонскиот народ е непроменета. Една од таквите буржуазии е и основоположник на современата бугарска држава и словенобугарскиот народ. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://217.16.70.245/?pBroj=1660&stID=27528&pR=9
Се сеќавам на една таква сцена во годините на окупацијата, кога мајка ми ги слушаше вестите од радиото и плачеше. Плачев и јас со неа поради нејзините солзи. Вестите ни кажаа дека Осмата велешка бригада, таа ноќ била разбиена кај Зелениково. Во бригадата беше и мојата братучетка. Цел ден се растрчувавме насекаде и татко ми некако преку неговите "волшебни канали" разбра дека дада ми е жива, но сите се растурени, заробени, отепани. Заробена беше и најдобрата другарка на братучетка ми, Маца Овчарова, речиси уште дете. Измачена, на кол ставена, со градите исечени, жива закопана. Цела ноќ селаните ги слушале нејзините вресоци без да можат да се приближат на живиот гроб"! ------------------------------------------------------------------------------------------------- Еден од најтрагичните настани за време на бугарската окупација е токму убиството на Маца Овчарова. Инаку братучетката во текстот, најдобрата другарка на Маца Овчарова чија бригада "Димитар Влахов" е разбиена, всушност е моја блиска роднина ( самата авторка е истотака моја роднина ), која благодарение на бугарските "ослободители" остана инвалид, а поради тоа што избега подоцна си го спаси животот. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Осмата велешка бригада доколку знам е создадена на 2 септември 1944. Кога била разбиена и од кого. Да не е од Германците?
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Грешка си, Маца Овчарова не била жива тогаш, порано е убиена од Бугарите на начинот опишан во текстот. А Осмата велешка бригада е разбиена од Бугарите, пак подоцна можеби е возобновена. Инаку одредот на Маца Овчарова и мојата роднина ( сеуште е жива ) се викал "Димитар Влахов" и е создаден уште во 1941 или 1942. http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=394 Изменето од macedon_alex - 15.Август.2009 во 17:35 |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"туку тоа беше договор помеѓу
обичните помалку или повеќе анонимни Македонци кои со денови ги слушаа лажните
вести на Радио Софија, од што им беше дојдено преку глава!!"
ако кажам дека Русите со денови слишали радио Берлин дали ке ми поверуваш? |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A ако ти кажам дека и Американци слушале Радио Москва што ќе кажеш? |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
значи гледаш логически проблем во изjавата
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не гледам проблем, а посебно не за Маца Овчарова, чие убиство е дело на бугарскиот окупатор. ФАКТ!
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи признаваш дека во емоционалното писмо на твојата роднина има некои неточности? Освен дека едно училиште се вика „Маца Овчарова“ ништо друго нема за неа. Дај сите подробности што ти се познати, ако сакаш разбира се. За мене тука има нешто митично. Треба да го истражуваме. За писмото на Шаторов - во дневникот на Богдан Филов пишува дека на 27 април Германците решиле да го дадат Скопје на Бугарите. |
||
Внеси реплика | страница <1 910111213 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |