|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 146> |
Автор | ||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не ме разбираш изгледа... Кој кажа дека во македонскиот јазик нема потреба од ќ и ѓ?! Нашите ќ и ѓ и по изговор се различни од српските Ћ и Ђ. А кога сме веќе кај историскиот развој на тие букви, Цепенков ги бележел вака: кь и гь при што знакот ер мал (ь) служи за омекнување на согласките к и г. Истиот тој знак служи за омекнување и на н и л, па така, Караџиќ не бил којзнае колку инвентивен кога ль и нь ги слеал во љ и њ . Мисирков тој ер мал (ь) го заменува со апостроф во „За македонцките работи“ па така таму место ль и нь бележи и л’ и н’ аналогно на к’ и г’. Но ние сепак сме ги прифатиле српските варијанти љ и њ, што и не е некој проблем. Проблемот е во тоа што за сметка на тоа да можеме да користиме Ќ и Ѓ наместо Ћ и Ђ сме се откажале од Ъ кој е потребен во нашиот јазик, и во дијалектите за многу зборови, и во литературниот најчесто за оние места во кои ние немаме сонантно р туку се слуша гласот ъ пред р, како на пример върба, при што акцентот паѓа врз самогласката ъ, нормално, бидејќи се нагласуваат само самогласки, никогаш согласки, меѓу кои спаѓа и р.
Изменето од Владо - 15.Август.2009 во 16:00 |
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Чекај Чекај - грешка си многу голема,значи ние не сме прифатиле ништо од никого само сме нашле соодветна солуција за да правописот биде соодветен на изговорот на литературниот јазик.Па пред Вук Караџиќ и Србите имале Њ Љ Ќ Ѓ а ги пишувале на стариот црковен кириличен.Смешна е дури твојата упорност да наметнеш нешто што очигледно не постои,значи еволуцијата на кирилицата е поединечна на секоја држава која ја користи кирилицата,треба ли сите држави да го вратат црковното кирилично писмо според тебе,бидејки нормално тоа било наметнато од црквата поради верското учење на народот.
Немој да забегуваш пријателе,еволуцијата секаде постои така и во азбуките |
||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Абе Буги, што се правиш на удрен навистина не знам! Каква еволуција, какви глупости, човече! Еве го решението на првата јазична комисија
Тоа решение ги испаничило србоманските слоеви и Гигов смислил изговор дека подобро да се консултираат славните руски слависти Берштајн и Державин, но тие не биле консултирани, туку тоа било само изговор за да се добие на време. Свикана е втората комисија во која што членувале партиски гласови, а не квалификувани луѓе, и на таа комисија било донесено решение да се усвои комплетно српската азбука плус ѕ. Но поради негодувањето на некои видни Македонци (можеме да претпоставиме кои ) се свикала и третата комисија, но дури откако Малинска, Конески и Марковски биле итно повикани во Белград, и таму повторно им било налагано да се усвои српската азбука, но сепак бил најден „компромис“, и така ние денес ја имаме фаличнава азбука. Некако многу забрзана еволуција, зар не се согласуваш?! Ако тоа не е пример за политичко пазарење, тогаш не знам што е! |
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тебе ти се увило у глава Србоманството или патиш од комплекс на страв кон Србите и Српското како и секој Бугарин.Прочитај за историјата на Македонскиот јазик и писмо па ке ја согледаш еволуцијата,без никакво Србоманство или Бугарофилство,мислам доколку според тебе и Мисирков,Синаитски или Пејчиновиќ не се Србомани - да не го спомнувам Пулески или авторите на АБЕЦЕДАрот од 1925 год
|
||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
За Вардарска и Егејска Македонија не знам, ама за Пиринска - сигурно. Ако еден пирински Македонец треба да учи македонски јазик, за него тој ќе биде како странски јазик, главно од лексикален аспект. Од ЛИНКОТ најдов следните зборови, кои ќе му бидат неразбирливи. Може некои да се од вардарските дијалекти, но се неразбирливи. контроверзиите, дефинитивно, седницата, одлука, јавноста, стручњаци, настаните, состојбата, образложил, искористиле, заедничкиот став, наишло, инсистирал, истражуваше, занесот, цврсто, сложуат, здрави разлози, пракса, |
||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Буги па кај најде баш Абецедарот да ми го спомнеш?! Ти изгледа слабо памтиш а бргу забораваш, пријателе Ајде пак, повторување:
Ајде да видиме како гледале некои на македонскиот јазик, но кои не ги засегале многу српските интереси. Имено станува збор за познатиот Abecedar од 1925 год, издаден во Грција. Еве да разгледаме еден текст од истиот, станува збор за текст кој се наоѓа на последната страница. Lenka, lošata cupa. Petre i Gjorgia odat na-pole za da igrat so drugarite. Malata sestra na Petre, Lenka, sakat i taja da odi sonimi da igra. Petre ja Ja nekeše. Lenka plači, vika i se fírli na-zemnja i fati da klocat. Fustano mu se stori berbat. Babata ja sluša kako plačese ot aurot, kai davaše seno na voloite. Istírca i ja krena, ja istrese i mu dade edno círveno jabolko. Lenka papsa da plači i si go jade jabolkoto. http://damj.manu.edu.mk/pdf/0006ABECEDAR%201925.pdf Потцртаните форми се всушност нашите зборови фрли, истрча и црвено, но со знакот í пред r! Зошто е тоа така? Гледаме дека е во прашање латиница а не нашата кирилица, одговорот е логичен- í е замена за Ъ. Тој т.н. полуглас или поточно речено, темната самогласка Ъ е присутна и денес и во други европски јазици и сите тие си имаат соодветна буква за него, освен се разбира, ние Зошто Грците би го вметнале тој глас во Абецедарот? Затоа што многу одамна тој глас бил присутен и во старогрчкиот јазик, но со време се развил во самогласките о, а, е, пред или по р или л, додека кај нас таа темна самогласка во најголемиот број на случаи пред буквата Р е зачувана и до ден денес, но не ја бележиме, од некои причини. Еве нешто и од МК Wiki Азбуката на првото издание на Абецедарот со кирилична еквиваленција:Aa /а/, Bb /б/, Cc /ц/, Čč /ч/, Dd /д/, Ee /е/, Ff /ф/, Gg /г/, Hh /х/, Ii //и, Îî / ' или ɘ/, Jj /ј/, Kk /к/, Ll /л/, Mm /м/, Nn /н/, Oo /о/, Pp /п/, Rr /р/, Ss /с/, Šš /ш/, Tt /т/, Uu /у/, Üü /ʏ/, Vv /в/, Zz /з/, Žž /ж/, Dz dz /ѕ/, Dž dž /џ/. Диграфи и триграфи: јa /ја/, јe /је/, јo /јо/, kja /ќа/, lja /ља/, nja /ња/, kjo /ќо/, ljo /љо/, njo /њо/, gja /ѓа/, gjo /ѓо/, ae /ае/, ei /еи или ој/, oi /ои или ој/. Ü- буквата Ü го претставува гласот /ʏ/. Тој глас го нема во стандардниот македонски јазик и е еднаков по вредност на германската и турската буква Ü и албанската буква Y. Оваа буква во македонскиот јазик се користела само во Абецедарот и најверојатно е здобиена од влијание на турскиот јазик. Î- буквата Î во Абецедарот го претставува гласот /ɘ/. Денес тој не се смета како глас во стандардниот македонски јазик туку е полуглас и најчесто се сретнува пред буквата Р каде тогаш буквата Р добива вредност на самогласка. Гласот се сретнува во многу јазици како на пример во албанскиот јазик е претставен со симболот Ë, во турскиот јазик е преставен со буквата I а во бугарскиот и рускиот јазик со буквата Ъ. линк Изменето од Владо - 15.Август.2009 во 17:04 |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Владо, прочитај повеќе за јазикот во Егејска Македонија и за тоа кој стандарден јазик таму го сакале и говореле. Во Егејска Македонија целосно го прифаќаат македонскиот јазик, таков каков што бил, со радост чекале литература од НР Македонија, додека литературата што стигала од НР Бугарија мислам дека и самиот знаеш како завршувала... |
||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Македон, погледни го погоре примерот со Абецедарот, а еве ти еден убав пример од егејските говори
Кънде грендеш, мило чендо? http://en.wikipedia.org/wiki/Yus |
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Политподобност?! Гледај, некој сметал дека таа буква е непотребна, а јас со тоа наполно се согласувам. Верувам дека и мнозинството во Македонија (не само во Републиката)го дели моето мислење по прашањето на таа непотребна буква. Сметам дека само бугарофилите имаат проблем со тоа дека некој “озгора“ решил така. Наполно ги разбирам од кои причини се соочуваат со тој проблем. Литературниот јазик не се развива на штета на дијалектите, туку се развил и сеуште се развива на сметка на дијалектите. Колку само убаво звучи кога некој од Струмица без проблем ќе може да се разбере со некој од Охрид или Кумнаово или од Лерин или Благоевград. Додуша овие последниве малку потешко од причина што не им било дозволено да го изучуваат литературниот македонски јазик. Но, верувам дека брзо ќе фатат приклучок. Со оглед дека си загрижен за состојбите во македонскиот јазик и воопшто правописот, ајде приложи го твојот предлог? Дај да видиме какви ти тоа решенија нудиш? Па ако има консензус, ќе побараме да се распише и референдум. Па народот нека каже, а не некој озгора да ни налага. Изменето од Platenik - 16.Август.2009 во 07:43 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не се правам покомпетентен од доктори на науки по тоа прашање, и луѓе со искуство во филологијата. а кои го донеле ова решение: А оние што имале проблем со тоа решение се осведочени србомани, како Блаже Конески, тој тоа не го ни криел, Страхил Гигов, кој го организирал убиството на Кочо Рацин, понатаму Темпо, знаеш кој бил тој, нели? Ѓилас?! Со овие ли луѓе ти се согласуваш? |
||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Буги, за тебе мора постојано и постојано да се повторувам, ама што би рекол Виктор Фридман, што ќе прајш?!
...Свикана е втората комисија во која што членувале партиски гласови, а не квалификувани луѓе, и на таа комисија било донесено решение да се усвои комплетно српската азбука плус ѕ. Но поради негодувањето на некои видни Македонци (можеме да претпоставиме кои )... ( Види на претходната страна ) Можеш ли да претпоставиш кои, а Буги? Претпоставувам истите оние кои подоцна биле ликвидирани! |
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Никогаш јас не сум напишал дека денешнава азбука е србоманска - ти си тој што тврди дека имаме србоманска азбука која е донесена на народно заседание на АСНОМ под претседателство лично на ЧЕНТО.Па сега види ти што е што и кој е кој - за мене е многу чисто и јасно,Македонскиот литературен јазик е направен многу легално и е чист како солза бидејки не е правен во никакви афери,потплатувања и присилувања,Македонците сами донеле одлука која денес ја живееме и користиме а јас ја почитувам и ке ја почитувам до гроб не само поради заслугите на Македонските борци туку и поради нивната храброст да сторат такво нешто имајки предвид дека постојат луѓе како тебе
|
||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ајде прочитај ја темата уште еднаш, јас мислам дека се постирани доволно докази дека патриотски настроените македонски лингвисти работеле под невиден притисок. Имаш и линкови, и нив разгледај ги. Понекогаш не е доволно само да се каже „Верују“ туку треба и малку да се истражува, освен ако не си од оние на кои никако не им одговара објективно да се истражува минатото, тоаш јас и ти немаме тема за разговор.
|
||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Објективно истражено,ти ги читам сите постови и линкови и заклучоците се смешни од твоја страна.Се сомневаш во нешто што почнало да се случува уште на крајот на 18 и почетокот на 19 век за да кулминира на АСНОМ.Напишав и претходно,погледни ги азбуките на сите кирилични земји и ке ја видиш еволуцијата на самите азбуки и литературниот јазик,освен на Бугарија која нема јазик и користи Руска граѓанска азбука со исфрлање на неколку букви 1945 год.
Читај и уживај супер сме ние и нашата азбука,чувствувај како Кирил и Методи да го преминуваат периодот на 10те века и дека мора да го следат народниот говор кој би ги обединил во една граница на една држава |
||||
Внеси реплика | страница <1 1415161718 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |