|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 146> |
Автор | ||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, користи се, само не е глас како во бугарскиот, таа е знак за тврдост на претходната согласка.
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Деведесет слависти од светот ќе зборуваат македонски
На семинарот ќе присуствуваат слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји од Европа и САД и Јапонија На претстојниот 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, што и оваа година ќе се одржи во Охрид, (10 - 27 август), ќе учествуваат 90 слушатели од 23 земји. На семинарот што е под покровителство на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ќе присуствуваат слависти, македонисти, балканисти историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји. - За првпат државата го финансира семинарот со повеќе средства отколку што беше минатите години. Оваа година од Министерството за образование и наука има 2,6 милиони денари и 400.000 денари од Министерството за култура, а семинарот чини околу 5 милиони денари, рече ректорот на Универзитетот "Кирил и Методиј", Велимир Стојковски. Директорката на семинарот проф. д-р Емилија Црвенковска рече дека на собирот во Охрид главен акцент ќе биде изучувањето на македонскиот јазик и оти затоа тој се одржува за да се воведат сите учесници од странство во тајните на нашиот јазик, таа додаде дека најголем интерес владее меѓу славистите од словенските земји (Полска, Русија, Словачка, Чешка, Србија...) но и ќе има и учесници од прекуокеанските земји (САД, Јапонија...). Меѓу веќе познатите имиња се и истакнатите Ала Шишкин од Русија и Иван Доровски од Чешка, професорите Кшиштоф Вроцлавски и Јан Соколовски од Полска, Волф Ошлис од Германија, Стивен Френкс од САД и други. - Наставата ќе се одржува со задолжителни секојдневни лекторски вежби, к*рсеви по избор од македонскиот јазик, македонска литература, старословенски јазик, археологија, како и к*рс по народни ора. И оваа година продолжува со работа преведувачката работилница, а ќе се работи превод од и на руски, англиски и полски јазик наспрема македонскиот. За слушателите се предвидени и по едно до две предавања дневно од областа на македонскиот јазик, литература, култура и историја што ќе ги одржуваат еминентни специјалисти од земјава, рече Црвенковска. Таа посочи дека новина во програмата е драматуршката работилница што ќе ја води истакнатиот драмски автор Горан Стефановски. Во рамките на семинарот, на 24 и 25 август ќе се одржи и 36. научна конференција, која работи во две секции - лингвистичка и литературна. Темите на лингвистичката секција се "Лексичката синонимија во македонскиот јазик" и "Структурата на простата реченица во дијалектите на македонскиот јазик". Темите на литературната секција се "Научното и критичкото дело на Димитар Митрев" и "Македонската литература во европски контекст". На конференцијата ќе учествуваат околу 70 научни работници од земјава и од странство. На семинарот ќе бидат претставени повеќе изданија, како собраните дела на Милан Ѓурчинов, Антологијата на македонскиот расказ во превод на руски од Олга Пањкина. Семинарот и годинава има сопствена издавачка дејност со вкупно пет книги од областа на македонистиката. Во културната програма ќе бидат одбележани 80-годишнините од животот на академиците Гане Тодоровски и Матеја Матевски, а ќе биде претставено и творештвото на скулпторот Томе Серафимовски. Д-р ЕМИЛИЈА ЦРВЕНКОВСКА: НОВИНА Е ДРАМАТУРШКАТА РАБОТИЛНИЦА - Наставата ќе се одржува со задолжителни секојдневни лекторски вежби, к*рсеви по избор од македонскиот јазик, македонска литература, старословенски јазик, археологија, како и к*рс по народни ора. И оваа година продолжува со работа преведувачката работилница. За слушателите се предвидени и по едно до две предавања дневно од областа на македонскиот јазик, литература, култура и историја, рече Црвенковска. Таа посочи дека новина во програмата е драматуршката работилница што ќе ја води истакнатиот драмски автор Горан Стефановски. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Еден професор ме повика во неговата канцеларија и ме предупреди да не продолжувам да ги споредувам македонскиот и бугарскиот јазик, инаку ќе станам персона-нон-грата во Бугарија. ...“, изјави Фридман. Добро би било да се споредат јазиците. |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да занеш дека навистина е поблиску од вистината во споредба со Фридман. Фридман сепак е странец кому Македонскиот јазик не му е мајчин јазик. Згора на тоа зборува во рамките на постоечката политичка консталација. Изменето од macedon_alex - 15.Август.2009 во 22:18 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да се вратам на прашањето за јазикот. Воопшто не е битно кој начин на пишување мене ми се допаѓа. Македонскиот литературен јазик е современ јазик кој во основа ги има надминато нелогичностите кои произлегуваат од бројните македонски дијалекти. Со други зборови ги зближува дијалектите, излегувајќи им во пресрет на потребите за современо комуницирање. Азбуката и правописот е предмет на договор, а пред се мора да се во функција на погоре споменатите потреби.
Ќе ми простиш ама примерите од типот на Љупчо - Љубчо Вторник - Фторник Леб - Леп Свет - Сфет Од - От Љупка - Љубка....... се архаизми кои произлегуваат од разговорниот јазик во одредени региони. Носителот на развојот на современиот Македонски јазик, сакале некои или не е Република Македонија. Македонските образовни институции и академии се тие кои ќе имаат за цел стандардизација на Македонскиот јазик, не само во Републиката туку и пошироко. Ова посебно важи за таму каде изучувањето на стандардниот македонски јазик не било дозволено. Морам да те пофалам, ти добро се снаоѓаш и веќе имаш направено голем прогрес при совладвањето на Македонскиот јазик. Изменето од macedon_alex - 15.Август.2009 во 22:20 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од каде энаеш дека е поблиски или не,Македонскиот јаэик(денешниот) е направен природно од Македонските дијалекти а не како Бугарскиот наметнат од Русите со 1001 странски эбор
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
До било каква констатација да дојдеш, во основа станува збор за македонски јазик. Јазикот на кој браќата Кирил и Методиј општеле бил македонски дијалект од Солун и и неговата околина.
Правописот и непотребните букви се исфрлени не за да се направи јазикот помодерен, туку да се излезе во пресрет на потребите за современото комуницирање. Се разбира дека има протоколи по кои еден современ јазик се развива, а истовремено и се збогатува неговиот фонд на зборови. Каде е тука проблемот?! Изменето од macedon_alex - 15.Август.2009 во 22:25 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зборовите како “внуши“, „внушение“ итн. се употребуваат и во македонскиот јазик, многу повеќе во литературата отколку во разговорниот јазик, но се користат.Соодветен збор на инспирација е „воодушевување“, или „вдахновение“ кои се буквални преводи на латинското in-spiratio, додека „узрок“ е србизам Буги на македонски е „причина“, „причинител“.
Изменето од Владо - 14.Август.2009 во 21:21 |
||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Платеник, до кога ќе се расфрламе со вакви памфлетски изјави кои немаат никаква врска со реалноста? гевгелиски- път, зъб (пат, заб) малешевски- вък, въна (волк, волна) Осоговие-кумановско- кът, тъг, дън, слънце (кога, тогаш, ден, сонце) гостиварско- събота, јъже, сънце (сабота, јаже, сонце) охридско зъш, къј, шъшърдисан, ръка, мъка, се къпам (зошто, кај, шашардисан, рака, мака, се капам) А што да кажеме за егејските и за пиринските дијалекти? И секаде во Македонија се вели цървено, църно, кърв, а не цррвено, цррно, кррв итн. А поназад во темата јасно се виде дека отстранувањето на буквата ъ од нашата азбука е од политички причини, а не лингвистички. И како ти би му објаснил на некој гевгеличанец, на кого што и дедо му и прадедо му зборувале на тој истиот дијалект, дека говорот му е нелогичен само затоа што Блаже Конески „не можел да го следи...гевгелискиот дијалект“ па затоа во Крагуевац со своите соученици од Македонија комуницирал на српски?! Разговори со Конески (разговори, 1991, стр 79) Андреевски, Цане Изменето од Владо - 14.Август.2009 во 19:38 |
||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Буги, нормално е во Куманово да се вели „узрок“ наместо причина, исто како што е нормално во Берово да се вели „башта“ наместо татко. Тоа се преодни дијалекти. Но јас колку што знам, на форумов се пишува на македонски литературен јазик, а во него нема „узрок“ туку „причина“. И сега, ај ти застани пред огледало и пробај да изговориш било која согласка (во кои спаѓа и р) без ъ, и да видиш колку смешно би изгледал. Значи, на секоја согласка и е потребна самогласка за да биде озвучена. Спелувањето на пример- a, be, ce, de, итн. или а, бъ, въ, гъ, дъ итн. Е сега, не постои збор во кој има три или повеќе согласки по ред како „дгтк“- ова не може да се изговори освен ако не се вметне некоја самогласка, меѓу кои е и гласот ъ! Единствен исклучок е р, поради својата природа како глас-ликвид, може да се изговори и вака- цррн, значи, малку продолжено, но ние такво немаме, ние изговараме църн, не изговараме ррж, туку ърж.
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пак правиш огромна грешка,по што се гледа само твојата неукост и тврдоглавост - значи ъкај нас нема потреба да има доколку несакаме да преземеме нешто во користење што нема воопшто да користи.Многу е просто всушност така ги учат и децата кај нас бидејки сум присуствувал на часовите на син ми - значи буквите кај нас не се спелуваат туку се читаат како што се напишани на пр. А ; Б ; В ; Г и понатака - ова секое дете го знае исто како што секој си го знае својот дијалект и се гордее на него
Изменето од macedon_alex - 15.Август.2009 во 22:29 |
||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Буги, искрено да ти кажам, малку ми е чудно ти да ми даваш такви квалификации, посебно во овој случај. Па човече, токму за тоа станува збор, ние секаде го користиме тој глас, природно, мајчин јазик ни е. Но тој глас нема соодветна буква! А ај да сме ја немале, па иди ми дојди ми, ама ние сме ја измислиле и сме ја користеле цели 1000 години!!! Што се однесува до Б, В, Г, Д итн. разбираш ли дека тие букви не можат да се изговорат сами, затоа и се викаат со- гласки, за разлика од само- гласките како А, Е, И, О, У и Ъ. Затоа во латинскиот јазик се спелува А, Be, Ce, De, Е, Ef итн. а кај нас се изговара A, Бъ, Въ, Гъ итн. разбираш ли? Но не се пишува, исто како и во црн, се изговара църн, а ние погрешно пишуваме црн.
Изменето од Владо - 14.Август.2009 во 20:23 |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти пак неможеш да расчистиш две многу важни работи - а тоа е ДИЈАЛЕКТИ и МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК - во Македонскиот литературен јазик не е предвидено да има таков глас и завршена приказна,значи во школо учиш Македонски литературен,пишуваш Македонски литературен а по дома или каде и да е во твоја околина користиш твој дијалект.
Тоа е тоа што повеке не ти е јасно - пак ке кажам застани пред огледало и ке видиш дека во литературниот Македонски такво нешто како ъ не постои бидејки не е предвидено да има затоа и К Р В е крв,Ц Р Н е црн и така натаму |
||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |