IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 61>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 15:31
Туре за 15 мил. фунти во Сити

Манчестер Сити, конечно, донесе еден дефанзивец по тројцата напаѓачи и еден фудбалер од средниот ред во летниот преоден рок. Она што се шпекулираше последните денови, вчера и се оствари откако Коло Туре го официјализираше трансферот и за него Арсенал ќе добие 15 милиони фунти. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска од своја страна ќе заработува по 120 илјади фунти неделно, а официјалната промоција ќе ја доживее најдоцна до петок по што в сабота ќе следи и дебито на пријателскиот дуел со Барнсли.

Коло Туре, всушност, е "утешна" награда за Манчестер Сити и менаџерот Марк Хјуз. Амбициозниот клуб летово имаше цел во своите редови да го донесе Џон Тери од Челзи, дури испрати рекордна понуда за годишна плата од 12 милиони фунти, но англискиот репрезентативец ја одби со образложение дека Челзи е неговата судбина и таму ќе ја заврши кариерата.

Досега Манчестер Сити потроши околу 105 милиони фунти на засилувања, а покрај Туре ги донесе уште Тевез, Адебајор, Санта Круз и Бери. Следна цел е Џолион Лескот од Евертон, а ако тој не биде достапен, Сити ќе се сврти кон Метју Апсон од Вест Хем.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 23:05
Пуштен конечниот распоред за сезоната 2009/10 во Серија А
29/07/2009 18:41

Италијанската фудбалска федерација го објави распоредот за наредната сезона. Екипите на Милан и Јувентус нешто слично како лани, но сега точно во последното коло ќе ги одмерат силите, би било интересно да има големо значење тој натпревар.

Од поинтересните натпревари, уште во второто коло се игра најголемото градско дерби во Италија, Милан - Интер, а во истото коло Јуве ќе игра со Рома.

Во 15-то коло се игра римското дерби, Рома-Лацио, а тогаш и се игра најголемиот дерби натпревар, играат екипите со најголеми шанси за титулата, Интер-Јувентус.

Еве како изгледа првото коло:

Bologna-Fiorentina
Catania-Sampdoria
Genoa-Roma
Inter-Bari
Juventus-Chievo
Livorno-Cagliari
Lazio-Atalanta
Palermo-Napoli
Siena-Milan
Udinese-Parma

Тука го имате комплетниот распоред.(Клик)

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 11:18
Милион евра за Тасевски
Еден од најсилните тимови во Украина, Металист сака да го доведе во своите редови македонскиот репрезентативец во екипата на Левски, Дарко Тасевски.

Украинскиот состав понудил милион евра за услугите на Тасевски. Сопственикот на Левски, Тодор Батков изјави дека клубот може да го напуштат неколку фудбалери меѓу кои и Тасевски.

Членот на сениорската репрезентација засега не сака да се враќа во Украина, каде две годи настапуваше во Металург од Запорожје. Тасевски претпочита да се пресели во Холандија во тимот на Гронинген кој понудил помала сума од онаа на Металист.

Тој на последниот тренинг пред првиот натпревар од третото коло на квалификациите за Лигата на шампиони против баку се повреди и според докторите ќе го пропушти и реванш мечот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 14:01
Почина сер Боби Робсон

Еден од најголемите и најхаризматични англиски фудбалски тренери Боби Робсон денеска почина на 76-годишна возраст, по тешка и долга борба со ракот.

Британските медиуми пишуваат дека сер Боби Робсон најмногу ќе биде запаметен по водењето на англиската фудбалска репрезентација на Светското првенство 1990 година во Италија, кога Гордиот Албион беше запрен во полуфиналето на мундијалот.

Робсон ги предводеше и англиските премиерлигаши Фулам и Ипсвич, во кои на клупата седеше 13 години и со нив го освојуваше ФА купот и Купот на УЕФА. Покрај овие два клуба, тој ги водеше и ПСВ Ајндховен, Спортинг Лисабон, Порто и Барселона, а кариерата ја заврши во Њукасл.

Во 20-годишната играчка кариера Робсон настапуваше за Фулам, Вест Бромвич Албион и многу кратко за Ванкувер Ројалс. Во својата играчка кариера тој за англиската фудбалска репрезентација настапи 20 пати и даде четири гола.

Со болеста се бореше од 1991 година, а во август лани соопшти дека има рак на белите дробови.

-Ќе умрам порано или подоцна. Секој еднаш мора да си замине, а јас уживав во секоја минута од својот живот, изјави Робсон минатата година.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 14:04
Реал понуди 28 милиони фунти за Алонсо

Од шпанскиот гигант Реал (Мадрид) направиле понуда во висина од 28 милиони фунти за играчот на Ливерпул Чаби Алонсо, пишува денешното издание на авторитетниот британски весник "Тајмс".

Од Ливерпул најавиле дека не планираат да се разделат од Алонсо за помалку од 30 милиони фунти. Ова и втората понуда од Реал Мадрид за Алонсо, првата беше во висина од 24 милиони фунти и веднаш била одбиена од страна ан Ливерпул.

Познат е фактот дека овој фудбалер сака да го напушти "Енфилд" и да се пресели во Шпанија односно на "Бернабеу" но останува само добрата желба на Ливерпул да ја прифати понудата која ја дал Реал Мадрид.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 18:26

Барса слага цена от 300 млн. евро на Меси изненадување

ba maaamu

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2009 во 10:02
Сити годишно ќе троши 100 мил. фунти за плати

Манчестер Сити ќе има трошоци од околу 100 милиони фунти годишно за платите на фудбалерите. Приближно толкава е сумата која овој клуб ја потроши и за летни засилувања во досегашниот тек од летниот преоден рок во кој ги донесе Емануел Адебајор, Коло Туре, Карлос Тевез, Роке Санта Круз и Гере Бери.

Најголема плата од актуелниот играчки кадар има Робињо - 160 илјади фунти. Зад него се Адебајор и Тевез со по 150 илјади, па Бери и Туре со по 120 илјади и потоа играчите кои и лани беа дел од Сити. Освен астрономските плати на фудбалерите, Сити е обременет и од евентуалните бонуси кои тие ќе ги добијат за постигнатите успеси.

Извршниот директор на Сити, Гери Кук, смета дека овие трошоци се инвестиција за иднината, но од Манчестер Јунајтед предупредуваат дека финансиската иднина на градскиот ривал може да биде доведена во опасност поради ненаменското трошење.

"Ние не веруваме дека има логика да се плаќаат толку пари за фудбалери од 27, 28 години. Тоа не носи враќање на инвестицијата бидејќи фудбалерите сега се во најдобрите години и за неколку сезони не можат да се продадат барем за толку пари. Ние држиме кон тоа платите на играчите да бидат околу 45-50% од вкупниот обрт на средства во текот на годината", рече извршниот директор на Јунајтед, Дејвид Гил.

Во моментов, расходите за плати на фудбалерите на Сити го надминуваат годишниот обрт на клубот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2009 во 10:03
Челзи со нов обид за трансфер на Пирло, Рибери и Агуеро

Англискиот премиерлигаш Челзи повторно ќе се активира на трансфер пазарот и ќе направи нов обид за ангажман на плејмејкерот на Милан, Андреа Пирло, францускиот репрезентативец од Баерн, Франк Рибери и гол-мајсторот на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро.

Според англиските медиуми, евентуалните трансфери на тројцата играчи би го чинеле Роман Абрамович околу 100 милиони фунти, а тоа нема да биде проблем за сопственикот на "сините" кој се обидува да покаже дека не ги загубил апетитите за борба на трансфер-пазарот, иако клубот во последно време не е премногу активен.

Откако беше решена ситуацијата со Џон Тери, "сините" се обидуваат да го ангажираат Андреа Пирло и да го победат Манчестер Јунајтед за Рибери и Агуеро. Двете понуда за Пирло беа експресно одбиени од "росонерите", но се очекува лондонскиот клуб да ја зголеми својата понуда. Челзи првично понуди 8,6 милиони евра плус Клаудио Пизаро, а тимот од Милано не сакаше да чуе за оваа ниска сума. Новата понуда до Италијанецот би изнесувала околу 14 милиони евра.

Шансите Рибери да заигра во Лондон се исто така големи бидејќи Челзи е подготвен да "искешира" сума од 40 милиони фунти, а од друга страна Агуеро би чинел околу 45 милиони фунти, меѓутоа самиот фудбалер има претензии за колосална плата, што е проблем за клубот на Абрамович.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Cvekence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2509
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cvekence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2009 во 00:50
xabi alonso od liverpool u real madrid
respect my authoritaaa
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 11:44
Ливерпул нема шанси за титула, Челзи ни е конк*рент

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, го отпиша Ливерпул од трката за шампионската титула во Премиер-лигата и тоа уште пред да почне англиското првенство. "Црвените ѓаволи" се трикратни шампиони на Англија по ред и во претстојната сезона ќе се обидат тоа да го направат и по четвртипат, но според шкотскиот стручњак главен конк*рент нема да биде вицепрвакот од минатата сезона, туку Челзи, кој сега ќе биде предводен од Карло Анчелоти. Ливерпул лани до претпоследното коло беше кандидат за шампионскиот трофеј, но и покрај тоа Фергусон смета дека оваа сезона не може да игра на истото ниво.

"На фудбалерите на Ливерпул ќе им биде многу тешко да ја повторат играта од минатата сезона, а не да ја подобрат. Другите екипи имаат поголем квалитет и дури и во Ливерпул го знаат тоа", изјави Фергусон за Сан.

Ливерпул во летниот преоден рок не само што не успеа значајно да се засили туку остана без шпанскиот двоец Арбелоа-Алонсо, што може да се одрази на играта на екипата иако менаџерот на Јунајтед смета дека заминувањето на овие двајца играчи нема значајно да се почувствува.

"Ливерпул лани ја одигра веројатно најдобрата сезона во последните 20 години, но за претстојното првенство наш најголем конк*рент ќе биде Челзи. И причината за тоа ќе биде Анчелоти, кој знае да внесе промени во играта на екипата. Сега стилот на Челзи ќе наликува на оној на Милан. Анчелоти со таквата игра освои две титули во Лигата на шампионите, па нема причина да го менува. Што се однесува до Чаби Алонсо и Арбелоа, мислам дека тие не се толку важни играчи за Ливерпул. Целата игра на овој тим се темели на Торес и Џерард", додаде Фергусон.

Новата сезона во Премиер-лигата почнува на 15 август, а како сериозен претендент за врвот на табелата сега се наметнува и Манчестер Сити.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 10:05
Атлетико не прифатил 36 мил. евра од Реал за Форлан

cДавид Виља, челниците на Реал се свртеле кон Форлан кои вршеле голем притисок за него, меѓутоа претседателот на Атлетико, Мигуел Анхел Гила, не сакал да чуе да го продаде најдобриот стрелец во шпанската лига за минатата сезона на вечниот ривал.

Изданието тврди дека Перез неколкупати се обидувал да го контактира Анхел меѓутоа првиот човек на Атлетико упорно не му одговарал на повиците. Откако беше јасно дека преговорите се пропаднати, "Кралевите" се свртеа кон Карим Бензема каде успешно ги завршија разговорите, со што Французинот се приклучи на Кристијано Роналдо и Кака и останатите ѕвезди на мадридскиот тим.

Околу 250 милиони евра Реал потроши за засилување на екипата која веќе се наоѓа на мини-турнејата во Торонто каде беше феноменална пречекана од 20 илјади фанови. Спортскиот директор Хорхе Валдано пред два дена изјави дека повеќе нема да трошат пари на засилувања и ќе се сконцентрираат кон воигрување на екипата.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 10:59
Челзи и Анчелоти почнаа со трофеј


Фудбалерите на Челзи со трофеј ја почнаа новата сезона откако триумфираа во англискиот Супер-куп, т.н. Комјунити Шилдс одигран на Вембли. Во извонреден натпревар на лондонскиот стадион, за победа на Челзи му беа потребни пенали откако по 120 минути игра беше нерешено, 2:2. Јунак беше Петр Чех, кој одбрани два од трите пенали и ја прекина доминацијата на Манчестер Јунајтед во ова натпреварување откако англискиот првак победуваше на пенали во последните две сезони.

Воедно, ова беше официјално деби на новиот менаџер на Челзи, Карло Анчелоти, кој на теренот ја изведе најдобрата постава. Затоа, Фергусон почна со неколку изненадувања почнувајќи со Парк, Флечер, Карик и Нани во средниот ред, додека на клупата останаа летните засилувања Валенсија и Овен. На првиот гол не се чекаше многу. Се играше десеттата минута кога Нани прими долга топка на левата крилна позиција, се избори за место и упати удар во спротивниот гол каде Чех не успеа да стигне. До крајот на првиот дел екипите беа рамноправни на теренот, но голманот на Челзи беше принуден неколкупати да интервенира додека на несигурниот Фостер повеќе проблеми му правеа повратните топки од соиграчите отколку противничките напаѓачи.

Анчелоти во второто полувреме го стави во игра Босингва на местото на Ивановиќ, а влегувањето на Балак место Микел комплетно ја затвори левата страна на Јунајтед. Од самиот старт на вториот дел Челзи тргна жестоко, и тоа по седум минути донесе резултат. Малуда одлично се снајде на левата страна, убаво центрираше, Дрогба во скок го збуни Фостер, а Карваљо непречен од никого на вториот дирек ја дочека топката и ја уфрли во голот. "Сините" потоа ја презедоа иницијативата, а до пресврт дојдоа на 20 минути пред крајот. Во контаранапад "3 на 2" Дрогба ја заврши главната работа, центрираше за Лампард, кој не шутираше сигурно, Фостер одби само до дирекот по што топката ја помина гол-линијата. Следуваа жестоки протести од фудбалерите на Јунајтед бидејќи претходно Балак со лакот го запре Евра по што главниот судија Фој, комплетно се загуби на теренот. Изгледаше дека Челзи ќе стигне до трофејот, но работите се сменија во во втората минута од судиското продолжение. Гигс извонредно го проигра Руни, кој избега на противничката одбрана и рутински ја испрати топката во подалечниот агол на Чех. Репризата покажа дека напаѓачот на Јунајтед беше најмалку половина метар во офсајд, но помошниот судија не реагираше со што компензираше за вториот гол на Челзи. Потоа следуваа продолженија, па пенали по што Челзи стигна до победата. Лампард сигурно шутираше по средината, а млакиот удар на Гигс беше лесен плен за Карик. Балак потоа погоди исто како и Карик, а Дрогба донесе предност за Челзи од 3:1. Евра, кој пред десетина дена не искористи пенал на Ауди купот во Минхен повторно беше непрецизен, а точка на мечот стави Саломон Калу иако тој пенал тргна да го изведе Деко.

Манчестер Јунајтед така беше поразен во Комјунити Шилдс првпат по две години откако во претходните два настапи победи како што сега загуби - на пенали. Сезоната во Премиер-лигата почнува идниот викенд, а двете екипи имаа прилично лесен распоред на стартот. Челзи на стартот го дочекува Хул, а Јунајтед на Олд Трафорд игра со новакот Бирмингем.

Инаку, пред почетокот на мечот & беше оддадена почит на неодамна починатата англиска тренерска легенда Боби Робсон.


ЧЕЛЗИ - МАНЧЕСТЕР Ј. 2:2 (4:1 на пенали)

Стрелци: Карваљо 52', Лампард 71' (Ч) - Нани 10', Руни 90' (М)

Стадион: Вембли во Лондон. Гледачи: 85.896. Главен судија: Крис Фој

Жолти картони: Ивановиќ (Ч) - Бербатов, Евра, Овен (М)

ЧЕЛЗИ: Чех, Ивановиќ (46' - Босингва), Тери, Карваљо, Е.Кол, Микел (65' - Балак), Есјен, Лампард, Малуда (78' - Деко), Дрогба, Анелка (83' - Калу).

МАНЧЕСТЕР Ј.: Фостер, О'Ши (75' - Фабио); Фердинанд, Еванс, Евра, Парк (75' - Гигс), Флечер (75' - Сколс), Карик, Нани (63' - Валенсија), Руни, Бербатов (75' - Овен).

ПЕНАЛИ

Лампард + - Гигс

Балак + + Карик

Дрогба + - Евра

Калу +

Фергусон: Судијата го расипа мечот

"Ова беше одличен натпревар кој во вториот дел го уништи судијата Фој. Разочаран сум затоа што тој го виде ударот со лакот на Балак врз Евра, сигурен сум во тоа, е не реагираше. Тој момент н$ чинеше победа на овој меч затоа што мислам дека имавме контрола на теренот и можевме да постигнеме втор гол. Можеби и сами сме си виновни бидејќи во првото полувреме пропуштивме неколку добри шанси, но голема улога во поразот имаше и судијата", изјави Фергусон, кој заборави да го искоментира очигледниот офсајд на Руни при израмнувањето во 92. минута.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 11:01
Премиерен "кикс" за Баерн

Екипата на Баерн и покрај големиот број квалитетни засилувања не успеа да се избори за победа на премиерниот меч од новата сезона на гостувањето кај Хофенхајм. "Баварците" одиграа само 1:1 во крајно лоша и недопадлива игра, особено во првото полувреме.

Хофенхајм изненадувачки храбро стартуваше на овој меч кога постигна гол преку новакот Јосип Шимуниќ, но беше неправедно поништен поради наводен офсајд. Меѓутоа, во 25. минута с$ си дојде на свое место. Хрватскиот тандем Прањиќ-Олиќ се покажа кобен за одбраната на Хофенхајм. Токму Олиќ по центаршутот на Прањиќ од пет-шест метри го совладува домашниот голман.

"Сините" не се предаваа и по неколку пропуштени шанси дојдоа до израмнување. Се играше 41. минута кога асистенција на Сеад Салиховиќ, Нигериецот Чинеду Обаси ја претвори во израмнување.

Во вториот дел се играше со далеку послаб ритам и без некои посериозни опасности на двете страни. Па така на крајот двете екипи си поделија по еден бод.

"Заборавивме како се игра фудбал во првото полувреме. Фудбалерите не го почитуваа потцртаниот план. Тоа навистина не е професионално од нивна страна. Вакво нешто не е дозволиво за еден голем клуб. Пред средбата имав чувство дека ќе ги освоиме трите бода бидејќи имавме доста шанси, но не ги искористивме. Тоа противникот знаеше да го казни", кажа тренерот на Баерн, Луис ван Гал на пресот.

За разлика од него, одлично деби имаше стратегот на Шалке, Феликс Магат, водејќи го својот тим во првата победа, и тоа против Нинберг на гости. Клучен фудбалер на мечот се покажа Кевин к*рањи, кој стрелаше двапати и кој беше најдобар на теренот. С$ што успеаја да сторат домаќините е да го намалат резултатот преку Словакот Минтал во самиот финиш на средбата.

"Секоја победа на премиерните натпревари е драга бидејќи се подига самодовербата на фудбалерите. На овој меч ги заслуживме трите бода бидејќи бевме подобри. Мора да го пофалам к*рањи, кој покажа дека се наоѓа во извонредна форма и кој сигурно ќе одигра клучна улога за тимот во новата сезона. Задоволен сум од победата и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам", изјави Магат.

Катастрофално лошата игра на Вердер донесе изненадувачки пораз против Ајнтрахт. Пред преполниот Весер домашните не можеа да најдат противигра за полетните противнички фудбалери кои предводени од Јоанис Аманатидис стигнаа до важна победа на стартот од Бундес-лигата. Грчкиот репрезентативец беше стрелец на првите два погодоци во првото полувреме, а во второто Фенин ја запечати победата на гостите. Претходно Вердер двапати израмнуваше преку Озил од пенал и Бубакар Саного.

Распродадениот Сигнал Идуна Парк беше сведок на првата победа на Борусија Дортмунд во новата сезона, и тоа против новакот во лигата, Келн. "Милионерите" беа подобри во текот на целиот натпревар со што победата беше чиста како солза. Добриот настап Борусија го материјализираше во 75. минута и тоа на заслуга на Матип, кој си постигна автогол.

ЛЕГЕНДА: Баерн до бод во лоша игра - Олиќ го постигнува голот

ЛЕГЕНДА: Незадржлив за Нирнберг - Кевин к*рањи во дуел

ЛЕГЕНДА: "Милиониерите" со премиерна победа - фудбалерите на Борусија (Д)

РАМКИ

Борусија Д. ја прекина продажбата на годишни билети

Пред натпреварот од првото коло од германската Бундес-лига, Борусија од Дортмунд одлучи да ја прекине продажбата на годишни билети. Причината не е слабиот интерес на публиката, туку рекордниот број продадени билети.

"Ова е рекорд на столетието. 50.675 пати благодариме за вашата љубов", порачаа од клубот на клупската веб-страница алудирајќи на бројот на продадени сезонски билети.

Фудбалскиот клуб Дортмунд оваа година слави стогодишнина од своето постоење, а минатата сезона нивниот Сигнал Идуна Парк беше убедливо најпосетен од сите други екипи.

Тимошчук: На Ван Гал, очигледно, квалитетот не му е битен

Украинскиот фудбалски репрезентативец Анатолиј Тимошчук е првиот бунтовник во соблекувалната на Баерн. Застана против тренерот Ван Гал, кој засега го држи на клупата.

"Ако одлучил да не играм, значи дека другите работи му се поважни отколку квалитетот. Дојдов во Баерн со позитивни намери, како и со отворено срце да дадам с$ од себе. Се докажував на секој натпревар и жал ми е што не сум во првиот тим", изјави Украинецот.

На тоа Ван Гал експресно му одговори:

"Анатолиј е еден од 25-те играчи на Баерн. Како и сите останати мора да ми покаже на која позиција игра најдобро. Дотогаш нема да го користам".

Познати двојките за второто коло од домашниот Куп

Синоќа беше извршена ждрепката за второто коло од германскиот куп. Актуелниот шампион на ова натпреварување, Вердер, на свој терен ќе игра против Сент Паули, додека, пак, вицепрвакот Баер ќе се сретне со Кајзерслаутерн. Другите поинтересни двојки се Келн против Волфсбург, како и Нирнберг со Хофенхајм. Мечевите се закажани за 22 и 23 септември.

КУП НА ГЕРМАНИЈА 2.КОЛО

КЕЛН - ВОЛФСБУРГ

НИРНБЕРГ - ХОФЕНХАЈМ

БОХУМ - ШАЛКЕ

МИНХЕН 1860 - ХЕРТА

АУГСБУРГ - ФРАЈБУРГ

КАРЛСРУЕ - ДОРТМУНД

КАЈЗЕРСЛАУТЕРН - ЛЕВЕРКУЗЕН

ВЕРДЕР - СЕНТ ПАУЛИ

АЈНТРАХТ Ф. - АХЕН

БАЕРН М. - ОБЕРХАУЗЕН

МЕНХЕГЛАДБАХ - ДУИЗБУРГ

ОСНАБРИК - ХАМБУРГЕР

ЛИБЕК - ШТУТГАРТ

АЛЕН - ГРОЈТЕР

КОБЛЕНЦ - КОТБУС

АЈНТРАХТ Т. - АРМИНИЈА

РЕЗУЛТАТИ

ВОЛФСБУРГ - ШТУТГАРТ 2:0

Мисимовиќ 71', Графите 82'

НИРНБЕРГ - ШАЛКЕ 1:2

Минтал 88' - к*рањи 36', 51'

МАЈНЦ - ЛЕВЕРКУЗЕН 2:2

Хогланд 5', Гункел 81' - Дердјок 42', Кислинг 43'

ХЕРТА - ХАНОВЕР 1:0

Качар 82'

ДОРТМУНД - КЕЛН 1:0

Матип 75' (аг)

ВЕРДЕР - АЈНТРАХТ 2:3

Озил 13'(п), Саного 44' - Аманатидис 6', 41', Фенин 71'

ХОФЕНХАЈМ - БАЕРН 1:1

Обаси 41' - Олиќ 25'

БОХУМ - МЕНХЕГЛАДБАХ 3:3

Азауаг 51', 52', Шестак 63' - Аранго 19', Колаути 26', Броуерс 40'

ФРАЈБУРГ - ХАМБУРГЕР 1:1

Бехман 65' - Питроипа 3'

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2009 во 17:53
Рибери пред потпис со Челзи

Според најновите информации од Англија, челниците на Баерн Минхен и Челзи веќе се договориле околу трансфер сумата на Рибери и истиот денес започнал преговори со "Ситите" од Лондон.

Рибери се најавуваше како следно мега име на Сантијаго Бернабе но истиот не успеа да направи трансфер во "Кралскиот" клуб ова лето и остана во редовите на најтрофејниот во Германија. Челзи и Манчестер Јунајтед се клубовите од Англија кои се поврзуваат со купување на Рибери па најновите информации говорат дека Челзи веќе понудил 41 милион евра за Рибери сума која е веќе прифатена од страна на Баерн.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.