|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 61> |
Автор | |||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Туре за 15 мил. фунти во Сити
Манчестер Сити, конечно, донесе еден дефанзивец по тројцата напаѓачи и еден фудбалер од средниот ред во летниот преоден рок. Она што се шпекулираше последните денови, вчера и се оствари откако Коло Туре го официјализираше трансферот и за него Арсенал ќе добие 15 милиони фунти. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска од своја страна ќе заработува по 120 илјади фунти неделно, а официјалната промоција ќе ја доживее најдоцна до петок по што в сабота ќе следи и дебито на пријателскиот дуел со Барнсли. Коло Туре, всушност, е "утешна" награда за Манчестер Сити и менаџерот Марк Хјуз. Амбициозниот клуб летово имаше цел во своите редови да го донесе Џон Тери од Челзи, дури испрати рекордна понуда за годишна плата од 12 милиони фунти, но англискиот репрезентативец ја одби со образложение дека Челзи е неговата судбина и таму ќе ја заврши кариерата. Досега Манчестер Сити потроши околу 105 милиони фунти на засилувања, а покрај Туре ги донесе уште Тевез, Адебајор, Санта Круз и Бери. Следна цел е Џолион Лескот од Евертон, а ако тој не биде достапен, Сити ќе се сврти кон Метју Апсон од Вест Хем. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Пуштен конечниот распоред за сезоната 2009/10 во Серија А 29/07/2009 18:41
Италијанската фудбалска федерација го објави распоредот за наредната сезона. Екипите на Милан и Јувентус нешто слично како лани, но сега точно во последното коло ќе ги одмерат силите, би било интересно да има големо значење тој натпревар. Од поинтересните натпревари, уште во второто коло се игра најголемото градско дерби во Италија, Милан - Интер, а во истото коло Јуве ќе игра со Рома. Во 15-то коло се игра римското дерби, Рома-Лацио, а тогаш и се игра најголемиот дерби натпревар, играат екипите со најголеми шанси за титулата, Интер-Јувентус. Еве како изгледа првото коло:
Тука го имате комплетниот распоред.(Клик) |
|||||||||||||||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Милион евра за Тасевски
Еден од најсилните тимови во Украина, Металист сака да го доведе во своите редови македонскиот репрезентативец во екипата на Левски, Дарко Тасевски. Украинскиот состав понудил милион евра за услугите на Тасевски. Сопственикот на Левски, Тодор Батков изјави дека клубот може да го напуштат неколку фудбалери меѓу кои и Тасевски. Членот на сениорската репрезентација засега не сака да се враќа во Украина, каде две годи настапуваше во Металург од Запорожје. Тасевски претпочита да се пресели во Холандија во тимот на Гронинген кој понудил помала сума од онаа на Металист. Тој на последниот тренинг пред првиот натпревар од третото коло на квалификациите за Лигата на шампиони против баку се повреди и според докторите ќе го пропушти и реванш мечот. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Почина сер Боби Робсон
Еден од најголемите и најхаризматични англиски фудбалски тренери Боби Робсон денеска почина на 76-годишна возраст, по тешка и долга борба со ракот. Британските медиуми пишуваат дека сер Боби Робсон најмногу ќе биде запаметен по водењето на англиската фудбалска репрезентација на Светското првенство 1990 година во Италија, кога Гордиот Албион беше запрен во полуфиналето на мундијалот. Робсон ги предводеше и англиските премиерлигаши Фулам и Ипсвич, во кои на клупата седеше 13 години и со нив го освојуваше ФА купот и Купот на УЕФА. Покрај овие два клуба, тој ги водеше и ПСВ Ајндховен, Спортинг Лисабон, Порто и Барселона, а кариерата ја заврши во Њукасл. Во 20-годишната играчка кариера Робсон настапуваше за Фулам, Вест Бромвич Албион и многу кратко за Ванкувер Ројалс. Во својата играчка кариера тој за англиската фудбалска репрезентација настапи 20 пати и даде четири гола. Со болеста се бореше од 1991 година, а во август лани соопшти дека има рак на белите дробови. -Ќе умрам порано или подоцна. Секој еднаш мора да си замине, а јас уживав во секоја минута од својот живот, изјави Робсон минатата година. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Реал понуди 28 милиони фунти за Алонсо
Од шпанскиот гигант Реал (Мадрид) направиле понуда во висина од 28 милиони фунти за играчот на Ливерпул Чаби Алонсо, пишува денешното издание на авторитетниот британски весник "Тајмс". Од Ливерпул најавиле дека не планираат да се разделат од Алонсо за помалку од 30 милиони фунти. Ова и втората понуда од Реал Мадрид за Алонсо, првата беше во висина од 24 милиони фунти и веднаш била одбиена од страна ан Ливерпул. Познат е фактот дека овој фудбалер сака да го напушти "Енфилд" и да се пресели во Шпанија односно на "Бернабеу" но останува само добрата желба на Ливерпул да ја прифати понудата која ја дал Реал Мадрид. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Барса слага цена от 300 млн. евро на Месиba maaamu |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Сити годишно ќе троши 100 мил. фунти за плати
Манчестер Сити ќе има трошоци од околу 100 милиони фунти годишно за платите на фудбалерите. Приближно толкава е сумата која овој клуб ја потроши и за летни засилувања во досегашниот тек од летниот преоден рок во кој ги донесе Емануел Адебајор, Коло Туре, Карлос Тевез, Роке Санта Круз и Гере Бери. Најголема плата од актуелниот играчки кадар има Робињо - 160 илјади фунти. Зад него се Адебајор и Тевез со по 150 илјади, па Бери и Туре со по 120 илјади и потоа играчите кои и лани беа дел од Сити. Освен астрономските плати на фудбалерите, Сити е обременет и од евентуалните бонуси кои тие ќе ги добијат за постигнатите успеси. Извршниот директор на Сити, Гери Кук, смета дека овие трошоци се инвестиција за иднината, но од Манчестер Јунајтед предупредуваат дека финансиската иднина на градскиот ривал може да биде доведена во опасност поради ненаменското трошење. "Ние не веруваме дека има логика да се плаќаат толку пари за фудбалери од 27, 28 години. Тоа не носи враќање на инвестицијата бидејќи фудбалерите сега се во најдобрите години и за неколку сезони не можат да се продадат барем за толку пари. Ние држиме кон тоа платите на играчите да бидат околу 45-50% од вкупниот обрт на средства во текот на годината", рече извршниот директор на Јунајтед, Дејвид Гил. Во моментов, расходите за плати на фудбалерите на Сити го надминуваат годишниот обрт на клубот. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Челзи со нов обид за трансфер на Пирло, Рибери и Агуеро
Англискиот премиерлигаш Челзи повторно ќе се активира на трансфер пазарот и ќе направи нов обид за ангажман на плејмејкерот на Милан, Андреа Пирло, францускиот репрезентативец од Баерн, Франк Рибери и гол-мајсторот на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро. Според англиските медиуми, евентуалните трансфери на тројцата играчи би го чинеле Роман Абрамович околу 100 милиони фунти, а тоа нема да биде проблем за сопственикот на "сините" кој се обидува да покаже дека не ги загубил апетитите за борба на трансфер-пазарот, иако клубот во последно време не е премногу активен. Откако беше решена ситуацијата со Џон Тери, "сините" се обидуваат да го ангажираат Андреа Пирло и да го победат Манчестер Јунајтед за Рибери и Агуеро. Двете понуда за Пирло беа експресно одбиени од "росонерите", но се очекува лондонскиот клуб да ја зголеми својата понуда. Челзи првично понуди 8,6 милиони евра плус Клаудио Пизаро, а тимот од Милано не сакаше да чуе за оваа ниска сума. Новата понуда до Италијанецот би изнесувала околу 14 милиони евра. Шансите Рибери да заигра во Лондон се исто така големи бидејќи Челзи е подготвен да "искешира" сума од 40 милиони фунти, а од друга страна Агуеро би чинел околу 45 милиони фунти, меѓутоа самиот фудбалер има претензии за колосална плата, што е проблем за клубот на Абрамович. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
Cvekence
Сениор Регистриран: 21.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 2509 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
xabi alonso od liverpool u real madrid
|
|||||||||||||||||||
respect my authoritaaa
|
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Ливерпул нема шанси за титула, Челзи ни е конк*рент
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, го отпиша Ливерпул од трката за шампионската титула во Премиер-лигата и тоа уште пред да почне англиското првенство. "Црвените ѓаволи" се трикратни шампиони на Англија по ред и во претстојната сезона ќе се обидат тоа да го направат и по четвртипат, но според шкотскиот стручњак главен конк*рент нема да биде вицепрвакот од минатата сезона, туку Челзи, кој сега ќе биде предводен од Карло Анчелоти. Ливерпул лани до претпоследното коло беше кандидат за шампионскиот трофеј, но и покрај тоа Фергусон смета дека оваа сезона не може да игра на истото ниво. "На фудбалерите на Ливерпул ќе им биде многу тешко да ја повторат играта од минатата сезона, а не да ја подобрат. Другите екипи имаат поголем квалитет и дури и во Ливерпул го знаат тоа", изјави Фергусон за Сан. Ливерпул во летниот преоден рок не само што не успеа значајно да се засили туку остана без шпанскиот двоец Арбелоа-Алонсо, што може да се одрази на играта на екипата иако менаџерот на Јунајтед смета дека заминувањето на овие двајца играчи нема значајно да се почувствува. "Ливерпул лани ја одигра веројатно најдобрата сезона во последните 20 години, но за претстојното првенство наш најголем конк*рент ќе биде Челзи. И причината за тоа ќе биде Анчелоти, кој знае да внесе промени во играта на екипата. Сега стилот на Челзи ќе наликува на оној на Милан. Анчелоти со таквата игра освои две титули во Лигата на шампионите, па нема причина да го менува. Што се однесува до Чаби Алонсо и Арбелоа, мислам дека тие не се толку важни играчи за Ливерпул. Целата игра на овој тим се темели на Торес и Џерард", додаде Фергусон. Новата сезона во Премиер-лигата почнува на 15 август, а како сериозен претендент за врвот на табелата сега се наметнува и Манчестер Сити. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Атлетико не прифатил 36 мил. евра од Реал за Форлан
cДавид Виља, челниците на Реал се свртеле кон Форлан кои вршеле голем притисок за него, меѓутоа претседателот на Атлетико, Мигуел Анхел Гила, не сакал да чуе да го продаде најдобриот стрелец во шпанската лига за минатата сезона на вечниот ривал. Изданието тврди дека Перез неколкупати се обидувал да го контактира Анхел меѓутоа првиот човек на Атлетико упорно не му одговарал на повиците. Откако беше јасно дека преговорите се пропаднати, "Кралевите" се свртеа кон Карим Бензема каде успешно ги завршија разговорите, со што Французинот се приклучи на Кристијано Роналдо и Кака и останатите ѕвезди на мадридскиот тим. Околу 250 милиони евра Реал потроши за засилување на екипата која веќе се наоѓа на мини-турнејата во Торонто каде беше феноменална пречекана од 20 илјади фанови. Спортскиот директор Хорхе Валдано пред два дена изјави дека повеќе нема да трошат пари на засилувања и ќе се сконцентрираат кон воигрување на екипата. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Челзи и Анчелоти почнаа со трофеј
Манчестер Јунајтед така беше поразен во Комјунити Шилдс првпат по
две години откако во претходните два настапи победи како што сега
загуби - на пенали. Сезоната во Премиер-лигата почнува идниот викенд, а
двете екипи имаа прилично лесен распоред на стартот. Челзи на стартот
го дочекува Хул, а Јунајтед на Олд Трафорд игра со новакот Бирмингем. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Премиерен "кикс" за Баерн
Екипата на Баерн и покрај големиот број квалитетни засилувања не
успеа да се избори за победа на премиерниот меч од новата сезона на
гостувањето кај Хофенхајм. "Баварците" одиграа само 1:1 во крајно лоша
и недопадлива игра, особено во првото полувреме. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Рибери пред потпис со Челзи
Според најновите информации од Англија, челниците на Баерн Минхен и Челзи веќе се договориле околу трансфер сумата на Рибери и истиот денес започнал преговори со "Ситите" од Лондон. Рибери се најавуваше како следно мега име на Сантијаго Бернабе но истиот не успеа да направи трансфер во "Кралскиот" клуб ова лето и остана во редовите на најтрофејниот во Германија. Челзи и Манчестер Јунајтед се клубовите од Англија кои се поврзуваат со купување на Рибери па најновите информации говорат дека Челзи веќе понудил 41 милион евра за Рибери сума која е веќе прифатена од страна на Баерн. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 2526272829 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |