IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали треба да се исповедаме?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали треба да се исповедаме?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920>
Автор
Порака
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2009 во 15:43
На секого на кого ќе му се исповедаш станува господар на твојата слобода
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2009 во 23:45
За неспокојното спокојство…
Јован Корнаракис

          Кога би можело да се проникне во срцевината на човечката егзистенцијална агонија, која се раѓа од копнежот за единство, тогаш би се открило дека тој копнеж ја открива човечката душевна жед за стишаност (тишина). Факт е дека растроениот и внатрешно расцепен човек, дури и да живее во потреба за единство како основен стремеж во животот, во длабочината на своето внатрешно душевно суштество копнее за стишаност (тишина). Од друга страна, човек кој е пореметен од внатрешни конфликти и кршења може на крај да ја познае душевната собраност и интегрираност, прво добро во кое би уживал, секако би било духовната безмолвност, како израз на хармонизирање на неговите душевни состојби и содржини. Од таа причина подвижничкото доживување, трезвеноумната отечка пустина, би му понудиле на оној кој е жеден за единство и копнее за апсолутот, во душевниот простор на самотијата да вкуси подвижничко тихување и “отшелништво” од светските нешта. И овде би можело да се сретнат некаква можеби “апсурдна” реалност, специфична состојба на стишаност и душевна самотија.

          Според општата концепција на светот, но и во духот на многумина кои се одлучуваат да се предадат на живот во подвиг, безмолвноста на монашкиот живот се сфаќа како напуштање на нешто реално и како откажување од социјалната функција на животот. Вистина е дека монашкото живеење често го карактеризираат како начин на живот, кој се избира како последица на душевен притисок и потреба за бегање, за “напуштање”, за барање телесен и духовен мир таму каде нема светски грижи и бучава. Во тој случај, човекот уморен од животот, разочаран од лажностите кои тој му ги донесува, згаден над лажните меѓучовечки односи, бара да се заштити и воздивне, да отпочине во прегратките на монаштвото. Но токму тука е потресното недоразбирање, кое Исаак Сирин подробно го разобличува во своите силни опишувања.    

          Според свети Исаак Сирин, монашкото или подвижничкото тихување не е душевно спокојство кое претпоставува угодно, апатично опуштање на нервниот систем и воопшто на духот човечки. Тоа не е никаква мирност во хедонистичка смисла некоја ориентална опуштеност. Тоа е динамичен духовен процес кој се проживува, иако во својата прва фаза во истоштувачки и исцрпувачки простор на искушенија и жалости, во распалената печка во внатрешноста која вкруг го уништува секој негативен душевен елемент и подготвува терен за истенчено самонабљудување. Во тој случај се среќава “апсурдот” во најдлабоката смисла на монашката и подвижничката стишаност. Тоа безмолвие не претставува напуштање на светските нешта, туку најдинамична форма на живот во подвиг и искушенија. Тоа претставува едно неспокојно спокојство.       

        Според светиот Исаак, “тихувањето на сетилата ги умртвува надворешните движења, а внатрешните ги поттикнува; завртеноста кон надворешното го прави спротивното на тоа – ги поттикнува надворешните сетила, а внатрешните движења ги умртвува.” Тихувањето ја активира внатрешноста на личноста и ја воведува во една мошне тешка и крвава борба. Затоа само оној кој вистински ќе ја сфати смислата на тихувањето, знае во што ќе се впушти и таа свест го следи во целиот тек на непоштедната борба на која тој се одлучува за доследно да ги вкуси подвижничките неспокојства на спокојот. Како што капетанот на бродот ги гледа ѕвездите за да знае право да ја одржи насоката на својот брод, “така и монахот во внатрешното самонабљудување, на с# гледа во текот на патувањето кон целта која ја замислил во својот ум, од првиот ден кога се одлучил да го помине непредвидливото море на тихувањето, с# додека не го најде бисерот заради кој се спуштил во неговата недогледна длабочина”.

           Стапувањето во подвижничкото тихување е, некој би рекол, опасен потфат кој се состои од безбројни и непрестајни нурнувања во “недогледната длабочина” на внатрешноста. Тоа е тежок потфат кој се одвива под површината на внатрешното море, а целта е да се открие бисерот на самопознанието и истенченото самовидување.

            Големината и размерите на внатредушевниот потфат јасно нагласуваат дека “влегувањето” во тихувањето треба да се смета за небесен повик. “Да се посветиш самиот себе на Бога е дар” и затоа “твоето влегување во тихувањето нека биде со расудување; испитај го тоа делање и не брзај само заради тоа што е тухување”. Копнежот и итањето за подвижничко тихување треба да се сфати како небесен дар, како таинствен духовен пат кој е веќе пробиен пред нозете на вистинскиот духовен борец и пред да го почне неговото патување. Оној кој е повикан “во невидливо мачеништво да прими венец на осветување” во неописливо пустинско душевно злострадање, повикан е на непрестаен подвиг на самопознание и душевно очистување. Тој, значи, не е одреден да тихува, туку да се бори! Но ако стапи во подвиг, тој и ќе се стиши…   

          Најдлабоката смисла на стремењето кон безмолвие секако дека е средбата и заедницата со Бога. Тихувачот не мирува за да ги задоволи човечките потреби за душевен мир. Тој тихува динамично и активно за да го помине особениот духовен пат кој ќе го доближи до Бога, кој ќе го соедини со “женикот Христос”. Подвижникот и монахот, кои се предаваат на очистување и освојување на својата внатрешност, одат по законитиот пат во разговор и соединување со Бога.                   

        Во секој случај, меѓутоа, духовно неупатениот човек го изненадува крвавото инсистирање за освојување на внатрешноста, како претпоставка за соединување со Бога. Трезвеноумниот борец избрал посебен, но и тежок пат по кој ќе оди до небото. Човекот од светот можеби не може лесно да се ослободи од критичкото настроение кога ја набљудува длабочината и размерите на внатрешноста по која подвижникот трага за бисерот, за доживување на таинствениот Божји Ерос.            

          При сето тоа, подвижничкото искуство на внатрешноста, во духовниот простор на тихувањето, фасцинантно е и потресно за нашиот, секуларно искварен, дух. “Чесното дело на тихувањето е пристаниште на тајната”; и на тој брег на тајната, во таинственото искуство на тихувањето, ние се восхитуваме на величественоста на подвижничката внатрешност во која вистински се крие небото.          

          Да го слушнеме со скрушеност подвижничкиот глас:
        “Ревнувај да влезеш во својата внатрешна ризница и да ја видиш ризницата небесна, бидејќи тие двете се едно. Од една врата ги гледаш двете. Скалата кон горното царство е скриена во твојата душа. Нурни се од гревот во себеси самиот и таму ќе ги најдеш скалилата по кои ќе можеш да се искачеш”.                                                        

        Таа духовна слика на сместување на Царството Божјо во внатрешноста претставува напреден чекор во подвижничкото тихување. Таа претставува величање на духовните вредности на самопознанието и самонабљудувањето, кои се стекнати со огромен душевен труд и низ подвижнички искушенија. Тоа е индивидуализација на Царството Божјо со помош на тихување и подвиг.          

        Од друга страна, самонабљудувањето, влегувањето во ризницата на внатрешноста, е токму “посета” на подвижникот во тихување на храмот каде пребива Светиот Дух, односно највнатрешната длабочина на неговата личност. “На оној кој се грижи за својата душа во секој миг, срцето му се радува за она што таму ќе го најде. И кој го собира созерцанието на својот ум во себеси, го согледува одблесокот на духот. Кој се згадува над секое превознесување, го гледа својот Владика во своето срце. Ете го небото во тебе. Ако си чист, во себеси ќе ги видиш Ангелите во нивната светлина.”
        Тоа доживување на поразителната внатрешност е самовидување на апсолутното душевно единство и истовремено задоволување на копнежот за апсолутот. Тоа доживување е, значи, потресна спротивност на духовната пустина на (апсурдистот) Алберт Ками и одговор на современиот човек кој гледа како да ја состави својата душа од петте ветрови.     

        Кој бега од себеси, ги умножува своите внатрешни кршења и се предава на милоста и немилоста на сеуништителниот безизлез. Оној кој, напротив, ќе прифати да влезе во својата “ризница”, да се врати на самиот себе, ја открива тајната патека до единството и душевната и духовната хармонија. Повеќе од тоа, тој согледува неистражени и неописливи тајни, бидејќи на “оној кој се познал себеси му се дава познанието на с#; бидејќи да се познаеш себеси е полнота на сите знаења.” Затоа “оној кој се удостоил да се види себеси е подобар од оној кој се удостоил да ги види ангелите”. Така познанието и толкувањето на светот опитува во нуклеосот на личноста, и тоа откако во духовниот процес се оствари извесно единство на сопството. Во подвижничката идеја современиот човек наоѓа решение за Камиевата загатка.      

        Она што Ками го потресува, што го наведува на тоа да вкусува сеуништителна празнина, е “молчењето на светот”. Светот не му зборува – или затоа што нема што да му каже, или затоа што не може да проговори “од себе”. Значи, молчењето на светот ги интензивира внатрешните кршења на личноста, ја прави да се расејува на пет ветрови, бидејќи трагањето за единство, но и за смислата на светот, ги троши силите на душата во непрестајната борба, борбата Сизифова. Затоа во митот за Сизиф, Ками ја гледа сета таинствена смисла на апсурдот кој се “раѓа од контрадикцијата која постои помеѓу човековиот копнеж и апсурдното молчење на светот”.

        Ако внимателно се погледне, технолошкиот човек со својот незадоволен копнеж за “напредок” и “технички развој” изгледа дека денес го воплотува многустрадалниот Сизиф. Тој “компулзивно” работи во прогресивното растројство на своето сопство, кое го блокира во апсурдот. Тихувањето претставува некое далечно искуство, носталгија во светлите моменти на “механичката” самокритика. Како ќе успее тој човек за момент да ја прекине својата сизифовска брканица за да ја ослушне таинствената порака на подвижничкото тихување?
Тоа е прашалност од чиј одговор навистина е тешко да не се трепери.

Кон врв
milomoe Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај milomoe Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 01:52
Bez da se ispovedas nema spas na dusata. Bog rekol deka sekogas koga od se srce ke se pokaes za tvoite grevovi tie ke ti bidat oprosteni megutoa treba i ti da prostuvas na onoj koi ti zgresil za da ti prosti i tebe bog.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 19:55
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

На секого на кого ќе му се исповедаш станува господар на твојата слобода




Zatoa ispoveduvaj se samo na Boga, a ne na covek.
Кон врв
vistinskipravoslavec Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vistinskipravoslavec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 13:04
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by zbunet zbunet напиша:

На секого на кого ќе му се исповедаш станува господар на твојата слобода




Zatoa ispoveduvaj se samo na Boga, a ne na covek.

AMIN!!!
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 14:31
Originally posted by vistinskipravoslavec vistinskipravoslavec напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by zbunet zbunet напиша:

На секого на кого ќе му се исповедаш станува господар на твојата слобода




Zatoa ispoveduvaj se samo na Boga, a ne na covek.

AMIN!!!


Е како велиш АМИН за исповедањето само на Бог, а во потпис ти стои “Покорувајте им се на учителите ваши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души? изненадување

Контраддикторен си, нели, ако одиш според потписот, треба да се исповедаш на свештеник, а според одобрението на погорниот пост-само на Бог.
газење%20од%20смеење



МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 17:12
Во новозаветната Христова црква не постои човечка служба/титула "свештеник" затоа што само еден е Свештеникот и Првосвештеникот, а тоа е Исус Христос. Па оттаму бесмислено е "обичниот верник" да се исповеда пред некој ткн. "свештеник". Христијаните се повикани да се исповедаат еден на друг и да се молат еден за друг (Јаков 5:16), но овој повик т.е. оваа заповед е дадена за да се практикува по ХОРИЗОНТАЛА (брат се исповеда на брат и обратно), а не по ВЕРТИКАЛА (мирјанин се исповеда на клир во црквата и никако обратно).
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 17:23
Познавам поп кој сите интересни исповеди и ги кажува на попадиката а оваа потоа на другарките итн.
Сеири!!!

Затоа-со ум!
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 17:32
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Познавам поп кој сите интересни исповеди и ги кажува на попадиката а оваа потоа на другарките итн.Сеири!!!Затоа-со ум!



Zatoa rekov deka treba da se ispovedame samo na Boga. I jas znam za takvi slucai.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 20:07
Se slozhuvam so poslednive tri komentari okolu ispovedanjeto.

Nema zoshto da mu se ispovedame na chovek koga postojano na raspolaganje go imame Boga.

Ushte povekje, ispovedanje, vo edna poshiroka smisla na zborot, e odlichna praktika i za ateistite. Vo nivniot sluchaj toa verojatno bi se nareklo retrospektiva, meditiranje, rekapitulacija, refleksija ili neshto slichno. Toa sto tie go pravat intimno i vo sebe, sushtinski ne se razlikuva od ispovedanjeto pred Boga bidejki Bog e vo nas i sekoja nasha intimnost, vo krajna konsekvaneca, ne e nishto drugo tuku konverzacija so Boga.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 23:01
Моите исповедања се досадни и не би сакал никого да замарам со нив
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 00:30
Ма само ти почни ние со радост ќе те сослушамесреќаголемо%20гушкање
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 12:53
зошто да се исповедаме некому кој има уста ? ....... доколку постои господ , тој сам ќе го прочита од нас она што го интересира ......... не мора преку други да дознае ......... да игра расипан телефон .....нека%20ти%20е%20срам

Изменето од МАРШАЛ - 02.Август.2009 во 12:53
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 15:31
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

зошто да се исповедаме некому кој има уста ? ....... доколку постои господ , тој сам ќе го прочита од нас она што го интересира ......... не мора преку други да дознае ......... да игра расипан телефон .....нека%20ти%20е%20срам



Bog znae sto imame vo mislite, no sepak,koga razgovaras so Bog vo molitva i koga baras proska za grevovite , Bog te ispolnuva so milost i dobrina, plodovi na Svetiot Duh.

Bog saka da razgovarame so Nego, a molitvata e razgovor na dusata so Nebesniot Tatko. Duri ne mora ni na glas da se ispovedame. Samo treba da bideme iskreni i da se trudime da ne gi povtarame nasite greski.

Togas Bog ti dava duseven mir koj go nadminuva dusevniot mir na svetot okolu nas.

Onie koi se molat znaat za sto zboruvam.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,734 секунди.