|
Светот денес |
Внеси реплика | страница <1 3738394041 46> |
Автор | |||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Авганистан: Нема храна ако нема сексСо најновиот ’поумерен’ закон објавен во Службен весник мажот има право да не и дава храна на жената ако таа не ги исполни неговите сексуални потреби. Aвганистанските власти донесоа закон со кој како што соопштува организацијата за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч се ’легализира дискриминацијата’ на жените, вклучувајќи и скратување од храна ако таа не ги исполнува брачните обврски. Според соопштението на Хјуман Рајтс Воч спорниот закон е објавен во Службениот весник во Авганистан, на 27 јули оваа година. Ова е нова верзија на законот усвоен во март кој не стапи на сила заради противењето на западните земји, а според кој на мажот му се дозволуваше да ја силува жената, ако таа не сака доброволно да има сексуални односи со него. Со новиот закон, сопругот има право материјално да не ја помага жената, вклучувајќи ја тука и храната и грижата за децата, ако таа не ги исполни неговите сексуални потреби. Во тој случај старателството на децата го презема мажот. Законот исто така предвидува, дека жените мораат да добијат согласност од мажот за да работат некоја работа, но и дека силувачот може да плати отштета на жртвата и притоа да биде неказнет. Овој закон е донесен во екот на претседателските избори во Авганистан на 20 август, на кој досегашниот претседател Хамид Карзаи е забележан како главен фаворит. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Масакр во Дагестан - 11 убиени
Група бунтовници влегла во една сауна и убила седум жени во руската република Дагестан, на северот од Кавказ, а потоа и четворица полицајци на еден контролен пункт, соопшти денеска полицијата. Седумте жени се убиени во приближно исто време кога сепаратистите го нападнаа блискиот полициски контролен пункт во градот Буинакск, на 41 километар од главниот град Махачкала. „Најмалку четворица се убиени кога бунтовниците ја нападнаа сообраќајната полиција. Во приближно исто време тие влегле и во сауна и убиле седум жени“, рече портпаролот на локалната полиција. Портпаролот на полицијата не наведе повеќе детали за двата напада, пренесоа агенциите. Руските медиуми јавија дека четворица полицајци се убиени при размена на оган со сепаратистите и во соседна Чеченија, а во таа прилика убиени се и двајца од екстремистите. Судирот бил во една напуштена куќа во близина на престолнината Грозни, јави агенцијата РИА Новости. Изменето од Biba_G - 15.Август.2009 во 22:59 |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Турција се стекнува со улога на клучна земја во енергетскиот сектор Турција како земја која се подготвува да стане значајна транспортна земја за ЕУ и Русија, ќе продава енергија на соседните земји. Претстојните денови започнува продажбата на електрична струја и гас на Сирија а потоа гас на Нахчиван. Најпрвин беа фрлени потписи на проектот Набуко. Веднаш потоа беше постигната историска соработка со Русија. Потписите фрлени во последниот месец го зајакна стратешкото значење на Турција. Турција преку цевоводите станува значајна транспортна земја а истовремено се стекнува со карактер на земја терминал. Значи Турција веќе не е само земја потрошувач туку напредува на патот да стане земја која продава енергија. Вложените напори почнаа да ги даваат првите плодови. Турција на Сирија ќе и продава електрична струја и гас, а на Нахчиван гас. Со Сирија беше потпишан петгодишниот договор за годишна продажба гас во износ од една милијарда метри кубни гас, и 250 мегавати електрична струја. Договорот свечено ќе биде потпишан претстојните денови во Дамаск со учество на министрите за енергетика на двете земји. Турција меѓудругото преку Игдир на Нахчиван ќе му продава гас чиј годишен износ ќе изнесува околу 500 милиони метри кубни. Од друга страна пак потписите фрлени на енергетските договори се очекува да придонесат кон развојот на односите со ЕУ. Историските потписи кои што беа фрлени во последниот месец придонесоа Турција да се стекне со улога на клучна земја во енергетскиот сектоp |
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Атина вознемирена од „Јужен тек“
|
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
После проектот НАБУКО ќе функционира и гасоводот Јужен тек преку Турција
Вчера погледите на светот повторно беа свртени кон Анкара Турција и Русија потпишаа протоколи за соработка во 20 области
Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот премиер Владимир Путин фрлија потписи на мошне значајни договори помеѓу двете земји, додека на церемонијата на питпишување на договорите присуствуваше и италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Согласно питпишаните договори кои ги засегаат одблизу светските енергетски рамнотежи, Турција и Русија влегуваат во еден нов период во мултидимензионалното партнерство во енергијата. Во тие рамки, главна точка на дневниот ред на средбата Ердоган-Путин беше енергијата. Двајцата лидери разговараа близу три часа, по што кон разговорите се приклучи и италијанскиот премиер Силвио Берлускони. За време на вчерашната посета на рускиот премиер Владимир Путин на Анкара, помеѓу Турција и Русија беа потпишани протоколи за соработка во 20 сфери. Така според постигнатиот договор помеѓу двете земји, Турција од гасоводот Син Проток ќе може да продава гас на трети земји. Руската страна ќе доставува нафта на нафтоводот Самсун-Џејхан, додека Турција ќе го продолжи договорот за купување на гас од Русија кој истекува во 2011-та година. Друго значајно прашање за кое беше постигнат договор беше дозволата Русија да ги користи турските територијални води за истражувања посветени на проектот Јужен проток-2. Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот премиер Владимир Путин одржаа заедничка прес-конференција, по што Ердоган го покани и италијанскиот премиер Силвио Берлускони и премиерите на трите земји се ракуваа и фотографираа. Рускиот премиер Владимир Путин потоа во вечерните часови во претседателскиот дворец во Чанкаја беше примен кај претседателот на Републиката Абдуллах Ѓул. Русија и Турција го потпишаа договорот за Јужен тек
Премиерите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара потпишаа договор со кој се овозможува минување на гасоводот Јужен тек низ турски територијални води. На потпишувањето на договорот, како што пренесува Макфакс, присуствувал и италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Русија со ова обезбеди изградба на дел од Јужен тек во турските територијални води во Црно Море. Овој гасовод треба да ги поврзе Русија и Бугарија од каде ќе се расчленува во две насоки, кон Австрија и кон Грција и Италија. Италијанската компанија Ени е главен партнер на рускиот гигант Гаспром за проектот Јужен тек. Овој договор, според оценките на медиумите, ќе претставува значаен успех за Москва во напорите да ја задржи доминацијата во областа на снабдувањето на Европа со енергенси. Европјаните, од друга страна, ја планираат изградбата на гасоводот Набуко, кој ќе ја заобиколи Русија, со цел Европа што помалку да зависи од рускиот гас. |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Русија очекува потпис од Турција за Јужен тек
Русија и Турција денеска во Анкара треба да го потпишат протоколот со кој се овозможува изградба на гасоводот јужен тек во територијалните води на Турција. Договорот треба да го потпишат рускиот и турскиот премиер Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Турската страна со овој протокол ќе „даде зелено светло за почеток на работите“, а двајцата премиери ќе го одредат датумот за почеток на работите. Гасоводот Јужен тек треба да ги поврзе Русија и Бугарија, од каде ќе се разделува во два правца, кон Австрија и кон Грција и Италија. |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Турски командоси уапсија седум пирати во Сомалија
Турски воено-поморски командоси, кои учествуваат во мисијата на НАТО за борба против пиратството покрај бреговите на Сомалија, уапсија денеска седум пирати. Пиратите, како што соопшти турската армија, се уапсени во моментот кога се обидувале да киднапираат чамец во Аденскиот залив. Турските командоси минатата недела со помош на хеликоптер уапсија пет пирати во Аденскиот залив, кои се подготвувале да нападнат брод. Турција испрати два воени брода во меѓународната мисија во Аденскиот залив. |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
LSFC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 1004 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
I dodeka svetot go trese ekonomska kriza nekoj se zanimava i so drugi vesti.
Мајката на Обама на еротски фотографии |
|||||||||||||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Пред господ сме сите исти Болестите одат и кај богатите, само да има оздравување.
Никола Саркози во болница |
|||||||||||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
kon edno odi .......komunizam
|
|||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Во социјализмот привидно сите земаа иста плата- оди ли ова кон распад
Сите европратеници со исти плати |
|||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 3738394041 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |