|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 132133134135136 146> |
Автор | |
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жалното е што според тебе,нешто за да бидит македонски не смејт да бидит бугарско или спрско,тешко нас ако го градиме македонизмот на таква основа.Тоа значит дека имаме некој комплекс и потреба да докажиме дека нешто е наше.Значит со ерот азбуката ќе била бугарофилска,види богати.Тогаш ајде под итно да ги исфрлиме Љ и Њ бидејќи се исти како српските варијанти а не како нашите оригинални на КПМ.И мислам дека е време да престанит да се дискутират оваа тема од историска гледна точка,туку од,како што прилегат лингвистичка.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се плашиме ние од било кој глас туку е формиран литературен Македонски јазик на основа на дијалектите и дијалектите не се пишуваат официјално туку литературниот јазик се пишува баш во рамките на таа азбука - гласот е најубаво заменет со интерпукциски знак кој служи перфектно без азбуката да личи ниту на бугарска ниту на српска
И не си ми јасен дали сакаш Бугарофилска азбука затоа ли го бараш ова,што не ти е јасно во врска со буквите па ги споредуваш со Српски и нормално зошто - или пак политика,политика и само политика. Срамота е да не ги почитуваш одлуките на луѓето кои својот живот го поминале во невидени маки за да може секој Македонец да имаш држава,татковина која ке е Македонска,да има секој Македонец посебна култура историја и азбука која ке биде Македонска.Жални се твоите констатации и муабети но најверојатно кореспондираат со твојата мисла и твојот карактер затоа и си толку упорен.Како и да е напишав претходно има институции во системот па немора да биде така како што кажувам јас - повели интервенирај па ке видиш што народот сака и мисли |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во ред бе Буги, твојот хард-кор став си е твој, но не сме саде ние и не сме саде тука , се согласуваш ли? Да те прашам едно хипотетичко прашање; на пример, да му се исполнила желбата на Конески во Македонија да се воведе целосната Вукова азбука, значи не само њ,љ,џ, и ј туку и ћ и ђ наместо ќ и ѓ, и без ѕ и нормално Ъ, дали ти пак би го имал тој твој став дека си имаш своја азбука која не сакаш да се „мењава “? И уште еден мал детал;
Погледни го тука распоредот на буквите, а потоа погледни го тука, единствената буква која го разликува нашето писмо од српското е ѕ, иако ќ и ѓ ние не ги изговараме како нив. А и кога веќе црногорците си се доследни на своите фонетски карактеристики не знам зошто и ние да не си ги почитуваме своите, кога гласот Ъ кај нас е присутен. Можеби се плашиме од нешто... |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дискусијава е беэ иэлеэ,ти си имаш твое мислење а јас си имам своја аэбука која несакам да се мењава и тоа е тоа - эа повеке може да органиэираш протести и да собираш потписи эа да дадеш до парламентот предлог на раэгледување и тоа е тоа - сепак живееме во демократија.
п.с.Но го энаеш веке и самиот исходот |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во ред, јас немам ништо против тоа, само би сакал да кажам дека дури и да има понекоја закачка, кон мене на пример, јас тоа и не го сфаќам како којзнае колку трагично, сепак сме луѓе а не роботи. А ако некој се нашол навреден од моја страна, должен сум да кажам дека тоа не ми било намерата. Поздрав, посебно до Маманд и до Буги.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дечки постовите се префрлени овде од администраторката лично, а и едитирани се токму по укажување на Мамамд, бидејќи во некои постови имаше нешто што не би требало да го има во нормална диксусија, а посебно не во пријателска атмосфера!
Изменето од macedon_alex - 31.Јули.2009 во 23:30 |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Буги момче, немој така да ми припишуваш мисли кои јас ниту сум ги кажал, ниту сум ги помислил. Не е чесно тоа, и како што рече ти, свесен си дека сето тоа било политика, политика и само политика. Затоа и стои потписот на Ченто таму. Според мене, тој сето тоа го сметал само за преодно решение. Ако не се лажам, тој предлагал посебен член во уставот на тогашна ФНРЈ со кој сите републики би имале право на отцепување. Значи, дали ние всушност сме го добиле сето тоа за што се бореле асномците?!
За бугарската и руската азбука тоа да, изменети се, ама и кај нас не е само Ъ во прашање така ли е? Но ете да кажеме дека и членовите во првата комисија, кои биле се лингвисти и литературни дејци, а и денешни филолози исто така, сметаат дека Ъ му е потребно на македонското писмо, а ние имаме и право на него, бидејќи тоа е тргнато за да не потсетува некого на Бугарија. А дека имаме право, се гледа и на линков. Се ти е тоа политика, политика и само политика. И еве пак, ако можат и Русите, покрај Бугарите, зошто да не можеме и ние да ја користиме таа буква која означува глас кој што и тоа како постои во македонскиот јазик? А да биде иронијата уште поголема, таа буква светлото на денот за првпат го видела во нашиот Охрид. п.с. каљаш е српски збор, на македонски е валкаш Изменето од macedon_alex - 31.Јули.2009 во 23:12 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас нема потреба да чепкам,јас сум горд на Македонската азбука и Македонскиот лингвистички успех за создавање на литературно Македонски говор кој го поддржува Македонската кирилична азбука.
Него едно прашање - зошто не им се лутиш на Русите што не го употребуваат св.Климентовото писми,зошто не им се лутиш на Бугарите што два пати под Руски притисок го мењаваат св.Климентовото писмо и воедно сеуште користат Руска граѓанска азбука а не св.Климентова кирилица.Зошто за нив е дозволено а за нас не е дозволено,знам јас - политика,политика и само политика. Наместо да се гордееш со потписот на Ченто на азбуката Македонска ти го каљаш неговото име за да го направиш Српски слуга - така и за останатите АСНОМци - се во зијан на Македонштината а во корист на соседните држави - епа секоја чест за тебе Владо но народот го кажа своето и го потврди во АСНОМ а ти ако не веруваш прашај ги дедовците на денешниве генерации Бугари и ке видиш каков ќутек јаделе Бугарите затоа зошто морале да пишуваат Руски а не Македонски |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Докази ли, Буги? Па каков поголем доказ сакаш од тоа што кога избила караницата помеѓу членовите на комисијата итно биле повикани во Белград. А Конески, според извадоков погоре од стенографските белешки, се гледа која „партија“ застапувал. А мислам дека знаеш дека Ченто бил во конфликт со Темпо, и Павел Шатев и Брашнаров исто така. И уште една работа да расчистиме, немој со такви, би ги нарекол комуњарско-популистички реторики секогаш да го мешаме народот. И јас и ти сме дел од тој народ, а некои кон него немале почит на времето, тоа е вистина. Ниту кон неговата традиција. Ајде, ќе наоѓаме и докази, би можел и ти исто така да прочепкаш.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
убаво си знаеме сите дека се чита така како што се пишува а како што кажа Буги, ова личи на пропаганда Изменето од macedon_alex - 31.Јули.2009 во 23:18 |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај да не биде дека се си ти во грешка нека биде дека сето тоа што го напиша погоре е вистина ама дај поткрепи го со докази,ајде дај докази дека Темпо диктирал на било кој нешто во врска со азбуката.
И на крај покажи почит кон Македонскиот народ кој ја поддржал народноослободителната борба и заседанието на АСНОМ бидејки тие ставиле се на коцка за да денес ние живееме и пишуваме Македонски Изменето од macedon_alex - 31.Јули.2009 во 23:10 |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Буги, јас сум совршено јасен, меѓутоа тебе не ти е јасно, тука лежи работата. Не ти е јасно дека Шаторов не учествувал на АСНОМ, и не ти е јасно, или не сакаш да ти стане јасно дека според „дадената ситуација“ која што ја диктирал Светозар Вукнаовиќ- Темпо, (знаеш кој е тој нели? Тоа е еден македонски херој, и тоа голем херој кого што нормално, треба да го славиме, а кој што како што имам слушнато, не ни верувал во македонската нација), требало ние да станеме....ти текнува?
Изменето од macedon_alex - 31.Јули.2009 во 23:10 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ок
Ти се причинуваат работи па нормално и бараш стенографи и моменти на заговори и предавства - пак ке повторам,што бараш да читаш од луѓе како Ченто,Шаторов и др. кои биле на заседанието во самото раководство. Како тргна ке почнеш и олигархија да бараш,па тогаш што се случило се случило според дадената ситуација - и наместо да си горд што Вук Караџиќ и целиот словенски свет ја напишал својата азбука на основа на Македонската азбука ти еволуцијата на писменоста ја поистоветуваш со политички аномалии од 21 век. Не си јасен воопшто Изменето од macedon_alex - 31.Јули.2009 во 23:09 |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде презентирај ни ги тогаш стенографските белешки од трите јазични комисии да видиме што се се случувало таму и по чии наредби кој менувал што. Се си има запишано таму.
Еве еден мал дел од тие белешки, каде што Конески го оправдува целосното усвојување на српската азбука во Македонија: За оваја наша работа постои големо интересуење, има многу други луѓе што се интересуват за овоа питање. И сметам, оти кај нив има мнозина кои не се сложуат со досегашните мнениа.( Што ли му значеше ова сега, мајката?) Да се измислуат нови букви не е проста и лека работа и затова не треба да се упуштаме во това пред добро да размислиме. За да измислуваме нови букви, треба да најдеме јаки и здрави разлози оти старите букви не чинат. А старото е проверено со пракса. Ако имаме извесна навика со употребата на една азбука, а да измислуваме нови букви само за това да се нашата азбука разликуват од некоја друга азбука, това е многу слаб разлог... Ако ја земеме српската кирилица, пак нашиот јазик ќе си остане македонски... Повеќето македонски народ денеска е писмен со Вуковата азбука и ако не ги земеме тие знаци, мнозина ќе останат неписмени...‘ А од кога е таа писменост во Македонија со Вуковата азбука? Јас би рекол- од 1913! Изменето од macedon_alex - 31.Јули.2009 во 23:08 |
|
Внеси реплика | страница <1 132133134135136 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |