|
ВМРО - соэдавање и дело |
Внеси реплика | страница <12345 55> |
Автор | |
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има ли значење како се нарекува Организациjата во разни периоди-таа си останува истата.
Значи Мартулков збори за бугари во началниот устав, па потоа дека бил променет, за да се даде шанса и на други народности да учетваат. Односно дека ВМОРО била на македонци, види што пишува понатаму И каква била девизата на Мартулков? Изменето од lav4eto - 26.Септември.2009 во 20:09 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ЧеГевара неговата борба ја засновал на комунизмот(Стаљинизмот) тоа незначи дека борците му биле Руси како прво - како второ кои Бугари - гагаузи ли,такви во ст.загора мислам дека нема и тоа што на пр. многу Хрвати се родиле во АвстроУнгарија не ги прави Австроунгарци тие сепак се раѓале како Хрвати.
Исто така се знае и дека во критични моменти на ВМРО секогаш Бугарските агенти биле откривани за предавства,потплатувања и шпијунажа воедно затоа и биле поставувани во ВМРО за да го известуваат Бугарскиот двор за состојбата во Организацијата,но тоа не го мењава фактот дека ДЕлчев на пр. бил против такви„помагачи„ кои биле доделени од страна на царот бугарски. Пак леташ без радар и глупаш тропости |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од спомените на Иван Хаџиниколов, основач на ВМОРО:
Поради овие настани 12-мината решивме едно време да не одиме по селата, својата агитација да ја ограничиме само во градот. Тоа време јас водев сметка за касата во нашата фурна па ми се даде можност да ја прочитам историјата на С. Паисиј, второ издание, печатено 1842 год, во Будим. На крајот на книгата забележав нацртан лав и натпис: „Слобода или смрт". По примерот на тој цртеж решив ла се извезе знаме на нашата организација. Кога на Петровден се собравме во куќата на Гоце Грбев, го извадив знамето, го заковав на стап и долго марширавме во одајата и пеевме бунтовничка песна: „Ветер ечи балкан стенка“. Знамето остана на чување во куќата на Гоце. Дали jа знаете ова бунтовничка песна? Изменето од lav4eto - 04.Август.2009 во 14:03 |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И овој Жарко го нема читано Мисирков. Мисирков не го пророкува Илинденското востание, а евентуално востание пролетта на 1904. „Затоа, наместо да го воспеваме морбидното и самоостварливо пророштво на винопиецот Груев („Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“), на секој црн Илинден поарно е да се потсетуваме на пророчките думи на трезвениот Мисирков: „Револуциата на пролет ке бидит наи глупаото, шчо можиме ние да напраиме. Со револуцииата на пролет ке се користат само нашите неприиатели, коии си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси.“ |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште од спомените на Иван Хаџиниколов, основач на ВМОРО: Успешно ја завршивме учебната година, и откако се видов со пари в раце, решив да продолжам да учам во Пловдиската гимназија. Пред да го напуштам селото, ги собрав учениците, им дадов упатни совети и им подвлеков дека никогаш не треба да ги заборават другите поробени бугарски земји, што треба да ги милуваат, како што ја милуваат слободна Бугарија. Во Солун останав до декември 1882 г., кога по мое барање бев преместен во гр. Воден. Од моето престојување во тој град ќе ми остане запечатена во сеќавањето мојата средба и разговорот со истакнатиот гркоман X. Бинчев. Еден ден тој ме повика дома кај него, и ми вели дека неговиот внук, што завршил медицина во Атина, сака да се ангажира со лекарска практика во Кукуш, поради што ме замоли да му дадам препорака до кукушките граѓани, да го прифатат наклонето. Му напишав таква препорака, но на аџијата усно му реков, дека тешко неговиот внук да наиде на успех во нашиот град, бидејќи сите кукушани се егзархисти, и не ги сакаат гркоманите, поради што и тој треба да се изјасни за егзархист. „Па и вие треба да се освестите и да станете егзархист, бидејќи во Воден нема Грци". На тоа тој ми одговори: „Да, ние признаваме дека сме Бугари. Но го имаме во предвид следново: грчкиот владика и сите истакнати Грци што доаѓале и доаѓаат тука, и со кои сум имал допир, категорички изјавуваат дека и до каква и да е промена на политичките граници и да дојде во иднина, Воден ќе остане во рамките на Грција. При таква положба на нештата, нема смисла сега да стануваме егзархисти, кога утре ќе треба пак да стануваме гркомани“. Се разбира, јас му приговорив дека нема никакви изгледи Воден да влезе во границите на грчкото кралство, но тоа не го поколеба, истакнувајќи дека грчките државници првенствено водат една национална политика, која на крајот на краиштата ќе триумфира и наспроти нејзините привремени неуспеси. Изменето од lav4eto - 19.Септември.2009 во 07:58 |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За основањето на Организациjата: Од 1888 година српската пропаганда во Македонија ја засили својата активност и почна да врши атаки дури и во Солунската гимназија. Со давање пари и големи ветувања српските агитатори успеаја да заблудат околу 40 мина ученици од гимназијата, и да ги испратат во Белград, кои по едногодишен престој таму, избегаа во Софија. Истата пропаганда растураше улавски големи пари, за да отвора српски училишта насекаде низ Македонија, поткупувајќи по неколцина продажни луѓе од секое населено место. Турската влада и Цариградската патријаршија беа во нејзина служба. Знаејќи дека во Македонија нема Срби, ваквата активност на српските агенти многу ме лутеше. Во барањето на средство за спротивставување на таа пропаганда, дојдов до заклучокот, дека само една тајна револуционерна организација ќе може да го пресече патот на туѓите пропаганди во Македонија, и дека таа ќе обезбеди основа за запазувањето на бугарштината во Македонија, како и тоа дека таа ќе помогне дури и за стопанското засилување на нејзиното население. Изменето од lav4eto - 19.Септември.2009 во 07:59 |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Четата на воjводата Лука Иванов:
Четата на воjводата Антон Штипков: Четата на Пешо Радев-Пашата: Изменето од lav4eto - 07.Август.2009 во 15:41 |
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Димче Могилчето, Битолски воjвода на ВМОРО
Изменето од lav4eto - 24.Август.2009 во 18:51 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Обединетата чета на Крсто Б’лгаријата и Пенјо Шиваров. Како бе тоа-Крсто од Враца- македонски воjвода? И со таа фамилиja? Крсто Николов Георгиев (бугарски: Кръстьо Николов Георгиев) , познат како Крстјо Б’лгаријата (бугарски: Кръстьо Българията), е офицер од бугарската армија и револуционер, војвода на Врховниот македонски комитет и ВМОРО. Крсто Б'лгариjата Изменето од lav4eto - 04.Септември.2009 во 22:03 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова има ли некаква поткрепа или како и многу пишувачи од Бугарија нема доказ за тоа - па на крајот на краиштата ако станува збор за озборување тогаш можам и јас да напишам дека ВМРО поточно Тодор Александров пратил Македонски комити во Ирска да им помогнат на Ирците во ослободување од Англичаните - така имам начуено но немам факт,писмо,фотографија и сл.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тешко дека некој би ти поверувал,секој знае за шопското востание против Бугарите но во недостиг на докази не се замара и не се пишува - многу е лесно да се напише,хартија трпи се но каде се доказите,аргументите за таквите тврдења
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па така де - ајде малку посериозно
Рафаел Моше Камхи, во 1894 година се запознал со Даме Груев и станал член на ТМОРО. Тој бил еден од најблиските соработници на Ѓорче Петров. Учествувал на Првиот конгрес на ТМОРО во 1896 година во Солун,
како битолски делегат на местото на Даме Груев. Учествува во Аферата
Мис Стон и бил и еден од директните учесници во преговорите за откупот
на Мис Стон.
Во 1903 од турските власти заедно со брат му Ментеш е протеран во Дебар.
Во Дебар веднаш се поврзал со дебарската организација на ВМРО и
под името Скендер Бег, учествувал во Илинденското востание во Дебарско,
а потоа и во Малесија.
Рафаел Моше Камхи , длабоко разочаран од решенијата за поделба на
Македонија на Версајската конференција во 1919 година, се преселил од
Софија во Солун.
Во текот на Втората светска војна е подложен на иследување и
тортура од нацистите и од грчките колаборационисти и е затворен во 1943
година.
Благодарение на ангажирањето на Македонскиот национален институт,
Илинденската организација и на Националниот комитет на македонските
братства од Софија со помош на бугарската влада е издејствуван посебен
третман за Рафаел Камхи, како „заслужен Бугарин“, а негово семејство
завршило во злогласните логори на Треблинка.
По војната извесен период живеел во Софија, а по 1950 се преселил
во Тел Авив, каде што во длабока старост починал во 1970 година. Рафаел
Моше Камхи, е автор на книга спомени и еден примерок има во Архивот на
Македонија. |
|
Внеси реплика | страница <12345 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |