![]() |
|
ВИЗЕН РЕЖИМ - либерализација и укинување |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4445464748 66> |
Автор | ||
ABC ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Никој од Македонците(обични смртници)нема што да изгуби со визната либерализација доколку навистина се спроведе и на дело.Зборувам за оние кој не се вработени во Државната МЕГА Администрација,за оние кој “црнчат“ за по 100тина евра плата(колку за леб),зборувам за невработените кој државава не ги става ни на “таквото“,без изгледи за некаква иднина,зборувам за кулаците по текстилните робовладателски картели,па зборувам и за поединци со сопствени фирми кој плаќаат фирмарини повеќе одколку плата што вадат,за луѓе кој доколку почнале сопствен мал бизнис со 1-2 вработени па не стигаат ни плата да земат од прекумерните давачки за кирија,струја,вода и други комунални трошоци.За студентите на кој сега нема да им треба виза и можат по три месеци да работат во Германија за по 10тина евра од час,без некакви поголеми натегања и посредувања. Ќе изгубат само газдите на транзиционо подарените фирми,кој ги плаќаат вработените со мизерни плати,или воопшто не ги плаќаат,ќе изгубат партијските лидери,во кој народот(посебно младите),досега гледаа единствен спас за некакво вработување,ќе изгубат олигарсите газди на поголеми фирми кој досега плаќаа ефтини суровини,или пак воопшто не ги плаќаа како во Шведмилк,зошто сега во Холандија и Данска има отворени огласи за Македонски сточари или млекари со по 3 000 евра плата,за истата ако не и полесна работа со крави како што вредно работеа во Македонија.Македонските градежници ќе можат да отворат сопствени фирми во Германија на пример или било каде низ ЕУ и лесно да се стекнат со работни дозволи и годишни визи за престој,како за себе така и за вработените,па да заработуваат по 3 000 евра,без проблем.Ќе нема водоводџии,плочкари,лимари.......Ќе се затворат најмалку 10 000 фирми низ Македонија,кој досега колку толку го полнеа МЕГА буџетот во државата,за да може владата да се расфрла и при тоа да пере пари полнејќи ги џебовите на некој локален моќник наводно градејќи цркви,музеи восочни,џамии,фонтани или “шмизли“ па и “бикови“ со по живот опасни рогови.И затоа не треба да гледаме песимистички на целата работа,дека некој нешто ќе изгубел.Па што ќе изгуби бе,освен времето кое и онака го има на претек,без сигурна и солидно платена работа? Затоа мој совет е секој што има и најмала шанса храбро да си ја проба среќата,90% од сите ќе успеат од прва,а оние 10% и да се вратат ќе можат да најдат овде,посолидно и пристојно платено работно место.Всушност тоа беше и идеата за визна либерализација,оти на Македонија не и треба ниту НАТО ниту ЕУ,Македонецот е генетски предодреден да биде печалбар зошто во неговата земја никогаш немал доволно за пристоен живот.Па токму тоа ме плаши дека најавената визна либерализација е само уште една “фарса“ како многупати досега. |
||
![]() |
||
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Полека но сигурно стануваш конфузен...
Не сакам ЕЗ но сакам да заработам 3000 евра... не ја сакам владата.. не го сакам НАТО.... ![]() |
||
Homo homini lupus est...
|
||
![]() |
||
ABC ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Напротив,станувам се попрецизен.Не ти треба НАТО или ЕУ доколку имаш слобода на движење,па можеш сопствената работна сила да ја понудиш таму каде се плаќа по 3 000 евра месечно,а не по 100 евра само за леб,како во Македонија.Всушност се држам до темава што ќе ни донесе нам либерализацијата и укинувањето на визниот режим. ![]() |
||
![]() |
||
_T_o_X_i_C_ ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 04.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 49 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Me Napadnavte Bez Potreba Bre ![]() ![]() ![]() |
||
You Can't Kill Me . . . - I Was Born Dead
|
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Таман работа ова ако го сметаш за напад на политика
![]() Само дискутираме, тука некаде сме и се разбираме. |
||
![]() |
||
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ОК, сега тие 3000 евра се бруто или нето? 1. За да работиш регуларно треба да ги плаќаш обврските кои произлегуваат. 2. Здраствено осигурување се наплаќа според понудата која самиот ке си ја одбереш. 3. Пензиското осигурување.. 4. Ако си сам ке те стават во прва категорија за данокот кој не е мал. 5. Станот ке треба да го платиш кој минимално чини околу 500 евра (топол /ладен стан и ел енергија, парно, ТВ, телефон.... 6. Транспортот до работното место не е бесплатно. 7. Храната, облеката, некое пивце или винце со пријателите... Кажи ми колку ке ти остане АКО СИ САМЕЦ во ЕЗ? Не сметам ако со семејството си таму бидејки помалку плаќаш данок, имаш детски додатоци, имаш божиќен надомест (13 плата по нашки)... со што можеш веднаш да почуствуваш разлика во домашниот буџет. Ако сопругата исто така работи, тогаш можеш да сметаш на ШПАРАЊЕ на заработените пари и економска отпуштеност за планрање на заработените средства. Нешто не ми е јасно, зошто се меша политиката, влегувањето во ЕЗ и НАТО со визната либерализација? (На форумот има и таква тема па тамо сме изнеле мислење). Еве еден пример, ако една земја/институција (НАТО членки и ЕЗ членки) не ја сакам, ниту сакам да помислам на неа, нема ниту да помислам да одам во тие земји/институции кои се дел од тие земји и обратно, и економски да сум зависен. Ако моето политичко убедување на кореспондира со нивното, што барам таму!!! Тоа за мене е НОНСЕНС. За мене лично визната либерализација (иако е дел од политиката) е чин за поздравување, и по толку години напорна работа, кога се даде предлог за укинување, ние сега одиме по Куманосвксиот принцип (се извинувам)-“ Серем ти се на работу“... Некој вложил труд за тој чин, и сега ние како по некоја традидица ке фрламе дрва и камења и згора на тоа ке мешаме баби и жаби. Но секој си има право на свој став и јас се извинувам ако грешам со моите ставови, но сепак се држам до ставот дека НЕКОЈ се намачил да ја симне шенген бариерата (се надевам од 1 Јануари дека ке е готово). Сепак да напоменам, визната либерализација е позитивна и од еден друг аспект: - Колку наши сограѓани живеат во земјите членки на ЕЗ? Истите тие наши сограѓани имаат свои роднини во нашата земја и со симнување на шенгенот им претставува олеснителна околност за контакт со семејството. Нема потреба од посебни докуенти со кој мора да покажат колку им е НЕТО платата, колку чини наемнината на станот/куќата, колку квадрати има станот/куќата, дали можат да го сместат гостинот (татко, мајка, брат, сестра, внук, внуче...), ако нема доволно квадрати станот/куќата, а следува по 22.5 квадратни метри за секоја индивидуа, тогаш нема да ти одобрат виза за роднината, ако немаш доволно НЕТО плата со што се смета според годишната старост на членот за кој ГАРАНТИРАШ, за да го прехраниш (витамини, протеини, белковини... и др) ниту тога не ке може да се прати виза, и многу други ПОТВРДИ се избегнуваат со падот на шенгенот. Сите ние ИНДИВИДУАЛНО си гледаме на визната либерализација, секој со своите интереси, но сепак тоа е глобална работа кој ги опфаќа сите елементи а не инетереси на поединци, твои/мои.... Изменето од Buggyman - 27.Јули.2009 во 13:35 |
||
Homo homini lupus est...
|
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Е сега и една друга работа, која најверојатно ќе се направи откако ќе падне визниот режим, а тоа е воведување визи за граѓаните на Косово и Албанија.
Јасно е дека македонскиот пасош уште сега станува атрактивен за жителите на земјите за кои сеуште ќе важи визен режим, и јасно е дека ќе треба да се преземат мерки да се спречат одредени негативни-нус појави кои ќе следуваат. Македонија со визи за Косово и Албанија?Изменето од Анастеа - 27.Јули.2009 во 14:49 |
||
![]() |
||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
а кој вели дека таквото нешто не е испланирано барем за делот на албанци од “ држава “ косово
![]() |
||
![]() |
||
ABC ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Одговорот е краток и едноставен: -Сепак ќе ми останат повеќе одколку овде каде не ми останува ништо. |
||
![]() |
||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
а тука со 300 евра ќе ни останат . само долгови до наредна плата
![]() |
||
![]() |
||
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Nishto ne ne peri. Ni vizen ni bezvizen.
Svetot i da saka da ne upravi izvede na bregot nie sami eden za drug se vlecheme vo beznata i se davime. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
![]() |
||
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
-Најарно за нас е ..сепак да ПОЧЕКАМЕ..за да видиме дека (овојпат) се сериозни во намерата..Македонија да ја стават на „белата„ листа...
-А воведување на визи за окружувањето..секако ДА..
Тоа требаше ВЕДНАШ по осамостојувањето..ама „мудриве„ клапчовци..со нивната мудра политика...не доведоа до ова денешно (очајно) дереџе..
-И да се забрани пристапот (лесен) за добивање на МК државјанство..слично како и во другите сериозни земји..јас ја потенцирам Швајцарија...
![]() Еве ви мислење на еден „наш„ ептен експерт..за „овие„ и за „ова„:
Според експертот за евроинтеграции Мерсел Биљали, Македонија не треба да дозволи овие граѓани да влегуваат со виза. - Ништо не треба да се промени во поглед на слободното движење на косовските и албанските државјани во Македонија. И по први јануари, треба да влегуваат без виза. Доколку овие граѓани сакаат преку Македонија да патуваат во европските земји, тогаш треба да имаат виза, но визата не треба да ги ограничи тие што сакаат да престојуваат во земјава - вели Биљали. Со стапување во сила на одлуката за визна либерализација, македонските граѓани кои имаат биометриски пасоши ќе може да се движат слободно во земјите од Европската унија, но само како туристи, на ограничен период од три месеци. Изменето од novace - 28.Јули.2009 во 12:14 |
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
![]() |
||
ABC ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мислам дека Албанците преку Албанија ќе имаат најбрзо стекната итоа вистинска визна либерализација во регионов,без разлика на ветувањата и приказните што ни ги кажуваат ЕУ-политичарите.Всушност Македонците се предодредени да останат во ГЕТОТО кое е одамна креирано во Европски,а со тоа и во светски рамки,како еден вид експеримент со кој се воспоставува “Новиот Светски Поредок“ преку ограничено движење на луѓето.Македонската нација е впрочем погодна за такви експерименти,затоа што е помала,долговечна(Библијска),но и прилично лековерна,особено кога се лажливи ветувања во прашање.
|
||
![]() |
||
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Da. Ispravno gledano i kazjano. No za zjal nashiot narod seushte se nadeva kako malo dete deka za nekoj praznik kje dobie dar. A, i sigurno kje dobie. Toj se nadeva na veteniot ,,Vizen rezjim,, ama od ova celina kako edinka po se izgleda deka kje dobie samo ,,REZJIM,,. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4445464748 66> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |