IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 61>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 11:16
Официјално: Карлос Тевез е играч на Манчестер Сити
13/07/2009 23:29

Манчестер Сити потврдија дека вечерва постигнале договор со Карлос Тевез. Аргентинскиот напаѓач кој до оваа сезона настапуваше за Јунајтед потпишал 5 годишен договор со “граѓаните“.

Тевез кој беше на двегодишна позајмица во Јунајтед не успеа да најде заеднички јазик со управата на “црвените ѓаволи“ и затоа премина во градскиот ривал кој му понуди многу подобри услови.  

Сега треба да ги помине уште медицинските прегледи за да и официјално биде објавен договорот.

Ова се одлични вести. Тој не е само фантастичен техничар, тој е играч кој многу може да допринесе на етиката во тимот. Ќе ни даде сосема нова димензија во нападот.“

Неможам да дочекам за да го поздравам неговото доаѓање на Сити Граунд. Ова е уште еден договор кој покажува колку нашите сопственици се посветени да го направат овој клуб што подобар. Ве уверувам дека сите наши фанови ќе му посакаат добредојде на Карлос.“ - изјави меначерот на Сити Марк Хјуз.

Ова е третото големо засилување за Манчестер Сити после трансферите на Герет Бери и Роке Санта Круз. 

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2009 во 16:18
Понудата на Милан е навредлива

Претседателот на Севиља, Хозе Мариа дел Нидо, му се изнасмеа на Милан за понудата која италијанскиот гигант ја испрати за Луис Фабиано. Дел Нидо, кој е познат по тоа што знае да извади максимум пари од еден фудбалер и кој претходните сезони скапо им продаде на Барселона и Реал Мадрид играчи како Серхио Рамос, Жулио Баптиста, Даниел Алвес итн., изјави дека е навреден од она што го нудат "росонерите" и дека нема шанси да го продаде својот голгетер за таа сума. Милан понуди 16 милиони евра за најдобриот стрелец на неодамна одржаниот Куп на конфедерации во Јужна Африка, но во Севиља не сакаат да слушнат за преговори за помалку од 22 милиони.

"Преговорите се комплексни, но Милан засега има и формална понуда. Ние сме сопственици на договорот на Луис Фабиано, а Милан во моментов нема доволно пари за да го купи. Сумата која тие ја понудија првиот пат беше доволна за некој од нашите резервни фудбалери, тоа е навреда за нас. Луис лани го продолжи договорот и јас навистина се надевам дека ќе остане со нас и во следните две сезони", рече Дел Нидо.

Милан летово заработи 67 милиони евра од продажбата на Кака во Реал Мадрид, но се уште не почнал да ги инвестира во нови фудбалери. Единствените играчи кои ги засилија "росонерите" досега се Огучи Ониеву, кој дојде како слободен играч од Стандард Лиеж и оние што се вратија од позајмици.

Од друга страна, Луис Фабиано моли да заигра во Милан и прави се што е во негова моќ за да издејствува трансфер. За него се уште има надеж иако потпретседателот Адриано Галијани изјави дека, најверојатно, нема да биде со екипата на подготовките во САД.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 12:17
Морати ја шокираше Европа: Ибрахимовиќ во Барселона!

Претседателот на Интер, Масимо Морати, синоќа се сретнал со Хуан Лапорта, претседателот на Барселона и решил да му го продаде Златан Ибрахимовиќ за 40 милиони евра. Според шпанските медиуми трансферот на Ибрахимовиќ во Барселона е веќе заклучен.

Масимо Морати синоќа потврдил дека преговара со Барселона околу трансферот. Работата, како што тврдат шпанските медиуми, е завршена нешто по полноќ во Милано. Шведскиот фудбалер доаѓа во актуелниот шпански и европски шампион за 40 милиони евра отштета Самуел Ето и Александар Хлеб. Камерунецот доаѓа како слободен играч, додека Белорусот останува на едногодишна зајмица.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 12:27
Лусио го замени Баерн со Интер

Капитенот на бразилската репрезентација, Лусио, вчера беше во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност откако дефинитивно го напушти Баерн Минхен и потпиша тригодишен договор со италијанскиот првак Интер. Со тоа искусниот дефанзивец го исполни она што го најави и си замина од Алијанц арената како што бараше новиот тренер Луис ван Гал.

"По трофејниот петгодишен престој во Баерн, капитенот на бразилската репрезентација Лусио го напушти нашиот клуб и заминува во Интер. Вчера беше постигната согласност со која е прекинат договорот со нас иако тој важеше до 30 јуни 2010 година. Отштетата засега е непозната, а 31-годишниот фудбалер потпишува тригодишен договор со Интер", стои на официјалната интернет-страница на Баерн.

Лусио беше член на Баерн од 2004 година кога дојде од Баер Леверкузен и со баварскиот клуб освои три двојни круни во германскиот фудбал: во 2005, 2006 и 2008 година. Тој беше еден од најстандарните фудбалери во претходниот период, но новиот тренер Луис ван Гал уште пред стартот на подготовките објави дека во новата сезона предност ќе има новодојдениот Анатолиј Тимошчук, па Лусио мораше да си бара нов клуб.

Од Интер до крајот на вчерашниот ден немаше официјално соопштение за трансферот на Бразилецот затоа што се очекуваше финиширање на некои детали како медицински прегледи и потпишување на договорот, како и фактот дека екипата во моментов се наоѓа на подготовки во Лос Анџелес. Лусио доаѓа на Џузепе Меаца на инсистирање на тренерот Жозе Мурињо, кој уште пред две недели побара од управата ангажирање на квалитетен стопер. Лусио сигурно ќе биде огромно засилување за миланскиот клуб затоа што е познат како бескомпромисен борец за кого нема загубена топка. Освен тоа, Интер нема многу сигурна одбрана, па со доаѓањето на Лусио овој дел ќе биде исклучително засилен и "нероазурите" ќе можат и да се борат за титула во Лигата на шампионите.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 12:54
Естудијантес победник на Копа Либертадорес

Аргентинската екипа Естудијантес со победата рано утрово против бразилскиот Крузеиро од 2:1 на гости по четврти пат во својата историја го освои пехарот во Копа Либертадорес (натпреварување во Јужна Америка слично на Лигата на шампионите). Ова беше јубилејно 50-то издание на Копа Либертадирес.

Првиот гол го постигнаа домашните преку Хенрике во 52 минута, а само пет минути подоцна гостите преку Фернандез израмнија на 1:1. Победата на Естудијантес му ја донесе Босели во 73 минута со неговиот негов осми гол во ова натпреварување, со што стана и најдобар стрелец.

Првиот натпревар во Ла Плата заврши 0:0.

Екипата на Естудијантес првите три трофеи ги освои во низа од 1968 до 1970 година.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 20:38

Марадона може да заврши в затвор


На некогаш најдобриот фудбалер на светот и сегашен тренер на Аргентина, му се заканува затворска казна.

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Марадона наскоро треба да се најде на суд, каде што ќе му се суди за сообраќајна несреќа каде што биле повредени двајца.

Извори од аргентинскиот суд откриваат дека на сегашниот селектор на аргентинската фудбалска селекција, ќе му се суди бидејќи во 2006 година со неговиот автомобил се забил во телефонска говорница во која имало двајца млади.

Датумот на рочиштето се уште не е откриен, а доколку биде прогласен за виновен, Марадона може да заработи до три години затвор.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 10:39

Ибрахимовиќ прифаќа и помала плата, само да е во Барса

Ибра: Се за Барса

 

Златан Ибрахимовиќ е подготвен да се откаже од добар дел од актуелната плата во Интер само за да се пресели во редовите на Барселона.

Според информациите, Ибрахимовиќ е подготвен да добие за цели 4,5 милиони евра помала годишна плата од онаа која моментно ја има во Интер, само за да се најде во дресот на европскиот шампион.

„Ел Мундо Депортиво“ откри дека Швеѓанецот ќе потпише петгодишен договор вреден околу 9 милиони евра по сезона, но ако се одбијат оние 23% на име данок, тоа значи дека Ибра ќе има годишно нето плата во висина од околу 7,5 милиони евра.

До доаѓањето на Кристијано Роналдо во Реал, Ибрахимовиќ беше најплатениот фудбалер на светот.

Со оглед на тоа што неговиот менаџер Рајола секое лето потенцира дека неговиот клиент сака нов предизвик, јасно е дека и Интер ќе се согласи за разделба со него.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 10:51
Профи деби на 12 годишник
Маурисио Балдивиесо (12) вчера ги одигра своите први минути во двобојот од боливиското фудбалско првенство меѓу домашниот тим Аурора од Кочамамба и Ла Паз.

Во редовите на домашната екипа неговиот тренер и татко кој е познат боливиски репрезентативец од деведесеттите години Хилио Цесар Балдивиесо, го внесе во игра во 81 минута . Детето кој во среда ќе наполни 13 години со тоа стана најмладиот фудбалер во историјата кога е во прашање  професионалниот сениорски фудбал.

"Ова е историски настан", одушевено објавуваа локалните медиуми.

Сепак домаќините загубија со 1-0 а момчето откако влезе во игра врз него противничкиот играч остро стартуваше на десниот глужд. Најмладиот професионалец во историјата веднаш врисна во плач, но сеедно стисна заби и продолжи да игра.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 12:56

 Виљареал победи третолигаш со 27:0


Шпанскиот прволигаш Виљареал забележа неверојатна победа во пријателски натпревар против шпански третолигаш со дури 27 гола.

„Жолтата подморница“ успеа да го прегази со 27:0 тимот од Валенсија, Навату, кој игра во третата регионална лига.

Напаѓачот Џонатан Переира постигна дури седум голови, а неговите соиграчи Хосеба Љоренте и Марко Рубен постигнаа по четири. Поранешниот играч на Арсенал, Роберт Пирес додаде уште два гола.



Новиот тренер на тимот Ернесто Валверде во двете полувремиња излезе со различни играчи.

Еве едно видео од мечот http://www.youtube.com/watch?v=k9zAnV2Doa8


Изменето од fiks - 21.Јули.2009 во 12:57
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2009 во 18:12

Ноу Камп се сели на вештачки остров


Барселона сака да му возврати на Реал со мегаломански проект – стадион со кој би ги засенил сите останати. Новиот Ноу Камп би бил на вештачки остров на брегот на Барселона, со капацитет од 150.000 гледачи!

Ова е идеја на познатиот архитект Емили Видал, заслужен за идејното решение на новиот Камп Ноу, со капацитет од 150.000 места.

Видал стадионот го преместил на брегот на главниот каталонски град, бидејќи управата на клубот не се задоволува само со реновирање на старото здание што го осмисли Норман Фостер, британскиот архитект кој меѓудругото го проектираше и новиот Вембли.

Новото, речиси нереално здание би се издигало на вештачки остров наспроти Форумот, а гледачите на натпреварите би стигале преку мост. Видал уште сега нагласи дека не очекува оти оваа идеја некогаш ќе биде реализирана, но смета дека барем ќе ги поттикне новите расправи што да се прави со постоечкиот стадион.

Доколку градските власти сепак се одлучат за нов стадион, тој би почнал да се гради најрано во 2011. година.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2009 во 10:16
МИЛИОН евра месечно за Тери

Раководството на Манчестер Сити ја подготвува последната понуда за капитенот на Челзи, Џон Тери. Англиските медиуми тврдат дека таа ќе биде навистина баснословна - месечна плата од милион фунти или 12 милиони годишно со што Тери ќе биде убедливо најплатениот фудбалер во светот со поголеми примања дури и од Кристијано Роналдо.

Според Дејли меил, менаџерот на Сити, Марк Хјуз, планира да ја испрати понудата за 28-годишниот Тери најдоцна до вечерва. Како што е познато, "граѓаните" претходно понудија 32 милиони фунти како отштета за Челзи, но лондонскиот клуб тоа експресно го одби. Сега мора да се праша и самиот фудбалер бидејќи тој моментално во Челзи заработува по 135 илјади фунти неделно, а во Сити ќе има можност да ја зголеми таа сума на неверојатни 250 илјади. За споредба, договорот на Роналдо со Реал Мадрид е за неделна плата од 200 илјади евра, што значи дека Сити би можел идната сезона да го има најплатениот фудбалер во светот. Освен тоа, ако се оствари овој трансфер, Тери ќе биде најскап дефанзивец во историјата на фудбалот имајќи предвид дека во моментов тој рекорд го држи Рио Фердинанд со 29 милиони фунти кога преминуваше од Лидс во Манчестер Јунајтед.

Извори блиски до Челзи тврдат дека Тери е во големо искушение од сериозните суми кои деновиве се вртат околу него. Меѓу другото, искусниот дефанзивец бил разочаран и од фактот што Челзи летово не донесе квалитетни засилувања и тоа може да одигра голема улога врз неговата конечна одлука дали ќе остане на Стемфорд Бриџ или ќе си замине.

Мора да се признае и дека Челзи не седи со скрстени раце иако обидите што ги прави лондонскиот клуб изгледаат несериозни во споредба со понудите на Манчестер Сити. Засега има само понуда за зголемување на неделната плата и за израмнување со Френк Лампард и Михаел Балак, кои во моментов се најплатени со 140 илјади фунти неделно.

Исто така, Манчестер Сити има резервна опција ако пропадне и последниот обид за трансфер на Џон Тери. Блиску е до комплетирање на договорот со Арсенал за премин на Коло Туре за 14 милиони фунти, а во комбинација е и Џолион Лескот од Евертон за 25 милиони.

Сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, го презеде клубот минатото лето и своето доаѓање го одбележа со трансферот на Робињо за 32,5 милиони фунти, што беше најскап во Британија на сите времиња. Ова лето веќе потроши 90 милиони фунти за ангажирање на Карлос Тевез, Емануел Адебајор, Герет Бери и Роке Санта Круз, а со оглед на неговото огромно богатство многу лесно може да се очекува летово да биде соборен уште некој рекорд.

НАЈСКАПИТЕ ДЕФАНЗИВЦИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ

Играч од во година сума

1. Рио Фердинанд Лидс Манчестер Ј. 2002 29,1 мил. фунти

2. Лилиан Турам Парма Јувентус 2001 25 мил. фунти

3. Дани Алвес Севиља Барселона 2008 23,5 мил. фунти

4. Алесандро Неста Лацио Милан 2002 21 мил. фунти

5. Серхио Рамос Севиља Реал М. 2005 18 мил. фунти

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2009 во 13:41
АДЕБАЈОР ГИ ОБЈАВИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО ОД ЕМИРАТИ
Навивачите ме избркаа од Арсенал

Тогоанскиот репрезентативец Емануел Адебајор објасни дека го напуштил Арсенал поради навивачите на лондонскиот клуб. Последната сезона тој беше жестоко критикуван од нив, често пати и исвиркуван, а самиот признава дека притисокот станал неподнослив во последно време и донел одлука да си оди иако не го сакал тоа.

"Се вратив од одморот и на првиот тренинг дознав дека Арсенал ја прифатил понудата за мене. Го прашав Венгер зашто ме продава, а тој ми одговори дека на клубот му требаат пари. Никогаш не сакав да си одам, но среќен сум што Арсенал ги доби своите пари и се надевам дека паметно ќе ги потроши", рече Адебајор.

Односот на навивачите на Арсенал е посебна тема која особена го боли робусниот напаѓач.

"Постигнав 30 гола за Арсенал пред две сезони и не сум виновен што поради тоа сакаа да ме купат Милан, Барселона и Реал. Не беше убав начинот на кој навивачите се однесуваа кон мене. Не се свртеа така против Фабрегас кога Барселона се интересираше за него. Кога фудбалерот игра добро, буди интерес кај голем број клубови. Навивачите тоа никогаш не можеле да го сфатат и не можам да разберам зошто ми се налутија. Го оставив срцето за Арсенал, го дадов најдоброто од себе, а однесувањето на навивачите кон мене воопшто не беше убаво", додаде Тогоанецот.

Адебајор во Арсенал помина три и пол години, а пред неколку дена за 29 милиони евра се пресели во пребогатиот Манчестер Сити. Покрај него, овој клуб летово го засилија уште Герет Бери, Роке Санта Круз, Карлос Тевез и Стјуарт Тејлор.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2009 во 11:05
Златан пристигна во Барселона

Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ вчера околу 18 часот по локално време пристигна во Барселона пречекан од претставниците на Барселона и околу 5000 навивачи на актуелниот европски првак. Половина час подоцна имаше средба со претседателот Лапорта, потпретседателот Рафаел Јусте, директорот за фудбал, Раул Џанлехи и техничкиот секретар Чики Бегиристаин.

"Сакам да станам дел од историјата на Барселона и навивачите уште долго да се сеќаваат на мене. Среќен сум како мало дете затоа што сум овде, ќе се обидам да ги продолжам успесите на овој клуб", кратко изјави Ибрахимовиќ по пристигнувањето во Барселона.

Денеска тој треба да ги помине лекарските прегледи, а околу 18.30 часот по локално време ќе се одржи и официјалната презентација на Ноу Камп. Најавено е дека на неа ќе присуствуваат околу 80 илјади фанови на Барса со што ќе се повтори сликата од 6 јули кога на Сантијаго Бернабе беше претставен Кристијано Роналдо.

Веќе утре се очекува Ибрахимовиќ да се приклучи на тимот на Барселона кој патува на турнеја во САД, а претходно ќе има средба и со тренерот Гвардиола.

Еве линк од преставувањето http://www.youtube.com/watch?v=bCWsFgsd46M&eur
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2009 во 23:11
Официјално: Ибрахимовиќ презентиран на Камп Ноу
27/07/2009 21:48

Златан Ибрахимовиќ и официјално е новиот фудбалер на Барселона. Тој потпиша 5 годишен договор со клаузула за откуп од 250 милиони евра. Целосната вредност на трансферот изнесува 66 милиони евра.

Ето(проценет на 20 милиони евра) плус 43.5 милиони евра. Исто и Хлеб ќе оди на едногодишна позајмица, а Барса ќе му плаќа 70 % од платата. Со овој трансфер тој стана наскапиот фудбалер во историјата на Блауграна.

Фала ви на сите и VIsca el Barca!“ - беа првите зборови на Ибра. “Не очекував волку многу луѓе. Ова го прави овој настан уште толку специјален. Јас сум најсреќниот човек на светот.“ - продолжи изненаден од 65 000 фанови кои го поздравија неговиот потпис. При тоа сакајќи сите да се поздрават со новиот идол, повеќето се симнале доле на теренот, при што настанала гужва и обезбедувањето морало да интервенира и да го внесе Ибра во тунелот.      

“Многу е битно да имате убаво добредојде. Јас сум многу возбуден и сакам да го прославам овој потпис со луѓето кои веќе се тука.“ - рече Ибракадабра во офцијалните простории, пред да испадне на стадионот и да се поздрави со фановите.

“Овде сум за да победувам, не за само за парите. Дојдов да соберам искуство повеќе и да се забавувам со тимот.

Преставувањето на Ибрахимовиќ беше одложено околу час и половина поради проблеми со документацијата на Ето. Златан ќе го носи дресот на Ето со бр.9.

При презентацијата Лапорта му се заблагодари и на Самуел Ето. “Тој е еден од најголемите играчи кои играле за Барселона. Му посакувам многу среќа во Интер.“



Изменето од blackeye - 27.Јули.2009 во 23:12
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.