![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 98> |
Автор | ||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
„Инаку, според спомените на Методија Андонов - Ченто, злосторствата во Македонија почнуваат откако на 28 декември 1944 година, во Скопје, како гостин на Второто заседание на АСНОМ означено како вонредно, присуствувал Едвард Кардељ.
На заминување тој му спомнал на Лазар Колишевски дека Македонија има неколку минуси кај КПЈ - последна почнала со востанието, имала најмалку жртви, нејзиното население удобно ја поминало војната, имала најмалку разурнувања и нејзината војска не учествувала во ослободувањето на Југославија“ Кога започнало востанието? Дали се совпаѓа со времето кога и Ванчо Михајлов, гледајќи дека Германија ќе ја загуби војната, започнал да прави сондажи за Независима Македонија? |
||
![]() |
||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Алекс, не забораваj колку силна била комунистичката пропаганда во тие години, особено после победите на Црвената армиja на Источниот фронт.
Идеите на комунизмот биле во своjот апогеj токму во тоj период,среди сиромашниот и безимотен народ(инаку богатиот и интелигентен човек тешко ке поверва на приказните за диктатурата на пролетариатот). Според други источници подржувачите на Охрана се 12000. In the summer of 1944, Ohrana constituted some 12,000 local fighters and volunteers from Bulgaria charged with protection of the local population. The Bulgarians occupied the whole of Eastern Macedonia and Western Thrace, where they were greeted from the greather part of a Slav-speekers as liberators. At that time most of them felt themselves to be Bulgarians ОХРАНА Изменето од lav4eto - 15.Јули.2009 во 21:27 |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Нели денот на ослободувањето на Битола е 4 ноември? Какви бугарски трупи тогаш? Да не биле германски? |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сега значи комунизмот е виновен за тоа што Македонците се бореле против "Охрана" и бугарските трупи? Извини Лавче, ама борбата е доста масовна за да се обвини само пропаганда,а во неа учествувале и богати луѓе. Македонците биле сплотени од идејата за слободна и обединета Македонија на македонскиот народ како посебен, а не од идеолошки причини. А ако гледаш за економски причини, тогаш не заборавај дека Охрана делела храна,облека и слично па одвај собрала 3000 луѓе, додека партизаните без да нудат ништо собрале повеќе од 20 000 луѓе. ![]() |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да, германски трупи со остатоци од бугарските фашистички трупи, меѓутоа во 1943 година и порано трупите во овој дел биле бугарски. |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ајде прочитај тоа, па кажи што разбра од комунистичките пишувања.
„Август 1944 година ВМРО-вците во Битола и нивните акции Додека партизанските и другите единици на НОВЈ во Македонија и Битолско вршеле големи воорушени акции, во исто време една група, т.е ВМРО-вци се обидувале да се активизира особено да најде приврзаници меѓу населението во Битолско. Така на пример ВМРО-вците ги посетиле селата Добромири, Новаци, Дедебалци, Трап и други каде се обиделе да го организираат населението, но никаде не наишле на подршка. Во ова време ВМРО-вците во Битола почнале се почесто да се состануваат и станале мошне активни. Еден од нивните состаноци се одржал кај Д-р Туџаровски на кого присуствувале Димко Василев, Туџаровски, Светиев, Цане Костов и други. ВМРО-вците од Битола ја прошириле својата активност во Мариово и Битолското поле. Меѓутоа, нивните приврзаници биле истовремено и агенти на бугарската власт, па населението не ги прифаќало.“ Значи ВМРОвците немале никаде подршка, па имале приврзаници. Дали и други Борци, освен битолските имаат сајт? Интересно е за читање. ПС Или пак „7 Март 1944 година Дводневниот штрајк на работниците на „Момирок“ Во Битола за време на окупацијата постоело претпријатие за обработка на лискум, т.е момирок. Повеќе од политички, а помалку од економски причини, околу 300 работници организирани од членови на илегалните КПЈ стапиле во дводневен штрајк, т.е се дотогаш не им биле исполнети барањата. Тоа биле редовна исплата и зголемување на надниците.“ Само не гледам некое политичко барање, а и се сомневам дека од КПЈ биле организатори на штрајкот. Изменето од cercetator - 15.Јули.2009 во 22:21 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Aман бе Черчетатор, не верував дека ова до толку не ќе го знаеш! ![]() 1. Последна почнала со востание- Кога се зборува за ова, се мисли на 11-ти Октомври, односно дека последна почнала во однос на југословенските народи. Другите почнале Јули и Август, иако сите ги забораваат некои работи, како што се Илинденските демонстрации и слично. 2. Најмалку жртви- ова е само во однос на партизанските жртви и тоа во Вардарска Македонија, не и на цивилните, иако не знам што го чуди Кардељ, сепак Вардарска Македонија не била голема земја,а од друга страна Словенија ги дочекувала Италијанците и Германците како ослободители. 3. Нејзиното население удобно ја поминало војната- па не знам колку удобно, ако се земе фактот дека Македонија од војната излезе како разрушена земја, најнеразвиен дел на Југославија, со 80% селско население, без индустрија, ограбена од сите окупатори. 4. Нејзината војска не учествувала во ослободување на Југославија- За разлика од другите народи, македонскиот народ не си го средил ниту своето прашање, македонското, затоа и не учествувал во битките на Срем, дури подоцна е вклучен, иако македонското прашање сеуште не било решено! |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кога се мисли на подршка, се мисли на масовна подршка, инаку си имале приврзаници, ете, бугарските агенти и некои нивни блиски луѓе. ![]() |
||
![]() |
||
да бе ![]() Сениор ![]() ![]() О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
А некоj знае зашто Аспарух Jосифовски чекал до 11Октомври ![]() |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Едвај ли се мисли на 11 октомври. Какво востание започнало тогаш? Тоа си е една терористичка акција. Масовно надигнување кога започнало? За кои Илинденски акции? За тие на Чкатров и Ѓузелев или некои други? Изменето од cercetator - 15.Јули.2009 во 23:49 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
На тоа се мисли, сакал ти или не, а тоа што тебе не ти одговара, тоа си е друга работа. Немало масовно кревање можеби од типот на сенародно востание, но имало кревање на народот. Еве ти за илинденските демонстрации. Инаку овие демонстрации се одржале и во 1940 година, против српската окупациона власт , а се потвориле и во 1941 година ![]() 2 Август 1941 година
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Дали е сигурно дека на 2 август 1941г. имало КПЈ во Македонија? |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Имало Покраински Комитет на КПЈ за Македонија уште пред 2-ри Август 1941 година. |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
КПЈ во Македонија до 1943 год немало,1943 КПМ се соэдава па влегува у братство со КПЈ - Илинденските немири ги води Илинденската Органиэација
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |