|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 45678 98> |
Автор | |||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, ама и многумина други се бореле и против Бугарија и нејзините трупи, како што е Методија Шаторов-Шарло, Димитар Влахов и други. Сепак, факт е дека мнозинството од народот ги сметал бугарските војски за окупаторски. Интересен е фактот што во Егејска Македонија сите бугарски војници се дочекани со презир и потсмев од страна на месното грчко и македонско население, дури и во Кавала и Драма, каде што имало бугарско население, кое дури ни бугарскиот јазик не го знаело. Истотака мобилизацијата спроведена во Вардарска Македонија е насилна, иако според бугарските списоци е доброволна ( мојот дедо, на баба ми брат, во бугарските списоци фигурира дека е доброволец, иако насилно е земен од дома и однесен во бугарските касарни без воопшто да знае мојата фамилија каде е однесен и што се случува со него долго време- нешто што морам јас да го сменам при некое идно доаѓање во Бугарија). Во Западните делови на Егејска Македонија, населението масовно се вклучува во партизанските единици за борба против про-фашистичката "Охрана" како и бугарската војска и се поврзува со партизаните од Вардарска Македонија. Многу партизански бригади од Егејска Македонија учествуваат во ослободувањето на македонските градови во Вардарска Македонија. Така на пример повеќе бригади од Егејска Македонија, меѓу кои и бригадата "Гоце"( во која се борел дедо ми ),учествуваат во борбите за ослободување на Битола, заедно со Првата Егејска ударна бригада! Факт е дека народот тоа го доживеал како окупација, а посебно во Егејска Македонија, каде отпорот бил јавен, па не само од македонското население, туку и од грчкото и од бугарското. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Слободно сочинение си направил овој пат, особено за Егејска Македонија и „Охрана“
Види, па се убеди сам. Д - Дојчланд И - Италиа БГ - Блгарија И зошто партизаните дејствувале пред се` во И и Д зоните? |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зад се што сум напишал има факти, ама имам технички проблеми, па не можам да поставам слики. Имам слика од ослободување на Битола и егејски партизани, НЕМА никаков дочек на бугарските војски во Егејска Македонија ( ова дури и вашиот форум на вашето ВМРО го констатира ). Кажи што од тоа што го напишав не е вистина, ама те молам понуди и доказ, да не биде само рекла-кажала! |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Фактот е дека во Егејска Македонија немало бугарска војска, исклучение е само најисточниот дел.
За „Охрана“ не ги змнаеш фактите. Побарај малку повеќе. Зошто го дадовте Калчев на Грците? Пред да биде убиен, последните зборови му биле „Ура Македонија“! |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па и во најисточниот дел не сте биле дочекани, никој не излегол ниту да погледне дека доаѓале, ниту бугарското население во Кавала и Драма, па затоа и морала бугарската војска да направи неколку масакри во Кавала, кое масовно одбивало да се вклучи во вашите воени единици. За Охрана ги знам фактите, еве сега прочитав и на бугарската википедија, 600 души доброволци, а 12000 се собрале заедно со дојдените дури од Бугарија, додека Македонците и партизанските групи на Македонците пукале врз нив и заедно со ЕЛАС ги апселе, вклучително и Калчев, кој е уапсен од Македонци и предаден на грчкиот суд. Значи факт е дека мнозинството Македонци се бореле во партизанските групи, додека во "Охрана" многу малку местни Македонци, мнозинството се од Бугарија. А за Калчев, штом бил соработник на фашистите и про-бугарски струи, што да му правиме? Нормално дека ќе го уапсиме и предадеме на суд, како секој соработник на окупаторите. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не ми одговори за партизаните зошто биле пред се во италианската зона.
Од македонската „Википедија“ "ОХРАНА" е националистичка про-Бугарска организација на локалното македонско население од западна Егејска Македонија, која постои од 1942-1944. ОХРАНА е формирана од бугарскиот офицер Андон Калчев, родум од Костурското село Жужелци, со цел заштита на локалното македонско население од теророт на Грчката држава и грчките паравоени андарти. Исто така ОХРАНАТА го мотивира македонското население да војува против ЕЛАС. |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересни факти... (само декла доказ не видов)-како бе тоа бугарско население се бори против бугарски воjски-зар грците биле поблиски? Вековна љубов помеѓу палачот и жртвата? Имаш ли читано нешто за Бугарскиот беломорски флот(морнарница)?Jас доста имам,имам и слики од Кавала, Тасос, Самотраки, документи и спомени на учесници од тие години. Нема случаj во историjата кога бугари да воjуваат против бугарски воjски. Изменето од lav4eto - 15.Јули.2009 во 20:35 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Затоа што таму биле најмоќни партиските организации, населението таму било најорганизирано, а од таму и врските со Вардарска Македонија. Истите тие партизански организации малку се бореле против Италијанците, повеќе против "Охрана" и бугарските војски во Вардарска Македонија. И тоа што прееска го напишав, не е од македонската википедија, туку од вашата. Ти не ми одговори. Зошто масовно Македонците се бореле против Охрана заедно со партизаните? Зошто тие Македонци им помагале на луѓето во Вардарска Македонија против бугарските трупи? И дали имало дочек на бугарските трупи во Егејска Македонија? Одговорот на ова ќе ти одговори и на тоа дали бугарската војска била окупаторска или не. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па дај ми доказ каде бугарската војска е дочекана некаде во Егејот? Истотака чекам доказ дека населението од Кавала и Драма масовно се вклучувало во вашата војска. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дај да видиме дали се борело населението против „Охрана“, тоа некој ти го кажал, си го прочитал или го измисли? Како им помагале на луѓето во Вардарска Македонија против бугарските трупи? Кој да ги пречека бугарските војници во Драма и Кавала? Грците, кои биле доселени на местото на Бугарите? Дај малку факти, остај ги општите прикаски. За минусите на Македонија (според Ченто) пред КПЈ не се искажа. |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Значи на твоите реченици, кои мора да се константни вистини, ти сакаш од мене докази?
Jас не видов твоj доказ,освема преразказ. Доказ (многу пати сум пишал)-ако е можно од независен источник-како што jас гледам да не ставам бугарски, кои по дефолт сметате за фалсификати. Во периодот 1942-1944 г. во десетина села во Костурско и Воденско (како и во самиот град Воден) оперира паравоената организација ОХРАНА. Вооружените припадници на ОХРАНАТА себе си се нарекуваат комити или комитаџии, а амблеми им се знамињата од Илинденското востание во Костурско. Центарот на ОХРАНА за Костурско е селото Загоричани, а за Воденско е градот Воден. Организатор на ОХРАНАТА е Костурчанецот Андон Калчев. После создавањето на НОФ на Македонците од Егејска Македонија, скоро 90% од бившите Охраниоти се приклучија во редовите на НОФ-ДАГ. Официјалната Македонска историја ретко ја спомнува ОХРАНАТА, и ја смета за реакционерна, антиреволуционерна организација која војува против ЕЛАС и му служи на германскиот и италијалнскиот окупатор, а комитите ги смета за орудие на бугарската воена агентура. После 1992 дел од Македонските борци во Граѓанската Војна во Грција започнаа да пишуваат на таа тема и понудија друга гледна точка, која ги окфалификува комитите на ОХРАНАТА како борци против грчкиот гнет и заштитници на достоинството на Македонскиот народ во Егејска Македонија. Еве ги зоните: Каде освем во Западна Тракиjа има бугарски воjски, кои мора да бидат пречекани? Изменето од lav4eto - 15.Јули.2009 во 20:55 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Населението се борело во рамките на ЕЛАС, заедно со грчките партизани, во рамки на посебни македонски бригади. Дури и во бугарската википедија има за судири на партизаните против Охрана. Во тоа време, македонските партизани дејствуваат во рамките на грчките партизански единици, меѓутоа организирани во посебни единици од етнички Македонци. Спореди ја бројката на оние кои дејствувале во Охрана, кои 90% се праќани од Бугарија, со оние кои биле дел од партизаните. Македонските партизани во Грција се бореле и против бугарските трупи во Вардарска Македонија. Како што кажав, доказ за тоа е влезот на "Првата егејска ударна бригада" во слободна Битола, заедно со бригадата "Гоце" и други егејски бридаги. Борци на Првата егејска ударна бригада во Слободна Битола. Во Драма и Кавала имало останато бугарско население, не биле многу, но биле останати некои. Бараше факти- повели факти! Еве и повеќе за Народно-ослободителната борба на Македонија: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%9E%D0%92#.D0.91.D0.BE.D1.80.D0.B1.D0.B8_.D0.B2.D0.BE_.D0.95.D0.B3.D0.B5.D1.98.D1.81.D0.BA.D0.B8.D0.BE.D1.82_.D0.B4.D0.B5.D0.BB_.D0.BD.D0.B0_.D0.9C.D0.B0.D0.BA.D0.B5.D0.B4.D0.BE.D0.BD.D0.B8.D1.98.D0.B0 |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па дај ми доказ дека во Кавала и Драма, каде имало мало бугарско население, биле дочекани како ослободители. Има или нема? И зошто Македонците, кои биле дел од партизанските трупи се бореле против "Охрана" ако таа не била окупаторска. Според ова што досега и јас и ти го приложивме, зошто доаѓале доброволци од Бугарија? Зар од 80 000 народ не можеле да соберат доброволци па морале да земаат од Бугарија? Зошто ли само 3000 одвај се собрале, иако и тие ја напуштиле подоцна истата? Нешто не ќе да ја чувствувале за ослободителна, зар не? |
|||
Внеси реплика | страница <1 45678 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |