IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 43>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 12:04
Загубивме од многу подобар тим

"Победи подобриот тим" - признал Сер Алекс Фергусон откако Барселона во финалето од Лигата на Шампионите со 2:0 ги совлада неговите избраници.

"Секако дека сме разочарани. Но млад тим сме и пред нас се уште големи натпревари" - додал стратегот на Манчестер Јунајтед.

"Првиот гол беше убиствен. Беше тоа нивниот прв напад и веднаш ја погодија нашата мрежа. Не може полошо да се почне меч. Ние тргнавме многу добро, бевме полни со самодоверба, но откако така лесно ја затресоа нашата мрежа станавме многу нервозни. Кога Барселона води може да ја држи топката во своите нозе, нас едноставно ни недостасуваше тоа што е потребно за победа" - изјавил популарниот Ферги и додал:

"Загубивме од многу подобра екипа, не се покажавме во нашето најдобро светло и не можевме да се вратиме по првиот гол. Кога го ставив во игра Тевез одлучив да ризикувам. Ставив двајца играчи кои требаа да се уфрлуваа низ средината, но Барселона добро се бранеше. Гигс морав да го извадам од игра. Иако имаше неколку добри потези во првиот дел, во завршницата ни беше потребен некој со повеќе сила. Требаше да се носиме многу подобро со нивната последна линија. Но, поразот е составен дел од играта, а од овој пораз треба многу да научиме. Важно е само да продолжите да напредувате. Ние и понатаму сме добар тим и ќе продолжиме да се надоградуваме" - потенцирал менаџерот на Јунајтед.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 15:53

Руни: Иниеста е најдобар на светот


Иако пред финалниот меч сите во прв план ги ставаа Лео Меси и Кристијано Роналдо, за напаѓачот на Манчестер Вејн Руни најдобар на светот е Андрес Иниеста.

Андрес за мене е неверојатен фудбалер, најдобар на светот, а Барселона фантастична – му ја кријат на противникот топката и ја казнуваат секоја негова грешка, како што ни го направија тоа нам“, го пофали Руни моќниот противник кој во Рим славеше со 2:0.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 15:55

Повеќе од клуб!


Барселона е фудбалскиот апсолут! Прваци на Шпанија, освојувачи на купот на кралот, а на крајот и најпрестижниот трофеј – Лигата на шампионите. Манчестер е симнат од врвот!

Гвардиола во неговата деби сезона на клупата на Барселона покажа дека нема само одличен тим, туку дека поседува и огромно фудбалско знаење и е одличен тактичар! Го совлада великиот Алекс Фергусон со неговото оружје – одличната тактичка поставеност!

Барселона настапи без тројцата стандардни одбранбени фудбалери - Абидал, Алвес и Маркез

Каталонците во Рим можеа да го декласираат досегашниот првак, но се задоволија со 2:0.
Спротивно од сите очекувања, Манчестер Јунајтед тргна агресивно на почетокот, и во првите десет минути само среќата го чуваше голот на Валдес. По 10 минута, телопот покажа 5 удари кон голот на Барселона, од кои повеќето беа прилично сериозни, додека обично офанзивните Каталонци имаа нула.


Но, наместо Фергусон да поентира и понатаму да го диктира мечот, се случи обратното. Самуел Ето, најдобриот стрелец на Барселона, кој на последните мечеви се изнапромашува, одигра феноменално во казнетиот простор на Манчестер по асистенцијата на Иниеста, го летна Видиќ и стрелаше прецизно во поблискиот агол на Ван дер Сар.

Потоа и двата клуба се обидуваа да наметнат своја игра, но деструкцијата преовладуваше, па единствено Кристијано Роналдо со удари од далечина се обидуваше да го изедначи резултатот.

Последните десет минути од првиот дел Барселона целосно ја презеде контролата на играта, демонстрирајќи го својот раскошен фудбал со кратки комбинации и прекрасни проигрувања, а Англичаните и покрај резултатскиот минус повеќе мислеа на својот гол, отколку на противничкиот.

Сер Алекс знаеше дека во продолжението ќе мора нешто да менува за да го врати во живот својот тим, па наместо Андерсон го внесе Карлос Тевез.

Тоа резултираше со серија големи шанси, но повторно пред голот на Ван дер Сар. Анри во негов стил го помина Фердинанд, но стрелаше во нозете на холандскиот ветеран. По него Меси задоцни малку во стопостотната прилика по едно проигрување на Иниеста, а на крајот Чави од слободен удар ја погоди десната статива.

Јунајтед потоа малку се ослободи од притисокот, Руни од десно нафрли незгодна топка пред Валдес, но Парк за малку беше прекус.


Фергусон потоа фрли се на една карта, го внесе Бербатов, а веднаш потоа следеше нов шок за англискиот шампион. Мозокот на тимот, Чави Хернандез упати една топка во казнетиот простор на Манчестер каде малечкиот Меси ги натскока кулите на противникот Фердинанд и Видиќ и рутински го совлада Ван дер Сар.

Веднаш откако топката тргна од центарот, во стопостотна прилика се најде Роналдо, но од неколку метри биеше право во одлично поставениот Валдес. И тоа беше се од англиските обиди за пресврт.
Во последните десет минути Барса можеше да го декласира Јунајтед, сами пред голот на Манчестер излегуваа Чави, Анри и ’капитенот со две срца’ Пујол но топката не сакаше по трет пат да влезе во мрежата.


Шампионите потоа мораа да му аплаудираат на новиот бран, на новата ера што ја најави каталонската машинерија. Спортската јавност е повеќе од сигурна дека овој состав на Барселона ќе владее во Европа и светот наредните години! А, ние можеме само да уживаме во нивните феноменални мајстории!
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 22:35
Originally posted by blackeye blackeye напиша:

Повеќе од клуб!


ahaha povejke od tim.....tim i pol da ne e???

Originally posted by blackeye blackeye напиша:


Спортската јавност е повеќе од сигурна дека овој состав на Барселона ќе владее во Европа и светот наредните години! А, ние можеме само да уживаме во нивните феноменални мајстории!

a za ova ke vidime намигнување
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 13:55

ЛИ­ГА НА ШАМ­ПИ­О­НИ

Блес­ка­ва­та Бар­се­ло­на по­бе­ди со стил

Фи­на­ле­то од со­ниш­та­та на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те не се ма­те­ри­ја­ли­зи­ра­ше, от­ка­ко Ман­чес­тер ју­нај­тед по­ка­жа тре­ма и Бар­се­ло­на по­бе­ди без да при­ка­же ѕвез­ден нас­тап.

Пред нат­пре­ва­рот, си­те збо­ру­ваа за фи­на­ле од со­ниш­та­та, би­деј­ќи два­та ти­ма се шам­пи­о­ни во сво­и­те зем­ји и рас­по­ла­га­ат со нај­доб­ри­те на­па­ѓа­чи на пла­не­та­та. Се­пак, "цр­ве­ни­те ѓа­во­ли" лес­но се от­ка­жаа од ти­ту­ла­та, овоз­мо­жу­вај­ќи им на Ка­та­лон­ци­те да го ос­во­јат вто­ри­от тро­феј во пос­лед­ни­те че­ти­ри го­ди­ни или вкуп­но трет со по­бе­да­та од 2:0 во Рим.
Од мо­мен­тот ко­га Са­му­ел Ето го от­во­ри ре­зул­та­тот, се из­гле­да­ше под­гот­ве­но за 38-го­диш­ни­от Пеп Гвар­ди­о­ла да ја ос­вои нај­важ­на­та ев­роп­ска ти­ту­ла во сво­ја­та пр­ва се­зо­на ка­ко тре­нер. Не­го­ви­от тим ја ком­пле­ти­ра­ше трој­на­та кру­на по три­ум­фи­те во до­маш­но­то пр­вен­ство и куп, неш­то што прв­пат се слу­чу­ва во шпан­ски­от фуд­бал.
Са­мо мал­ку­ми­на би не­ги­ра­ле де­ка Бар­са ја зас­лу­жи таа чест со ог­лед на за­чу­ду­вач­ки­те нас­та­пи се­зо­на­ва што ги ос­та­ви­ја де­фан­зив­ци­те и гле­да­чи­те без ко­мен­тар. Зав­че­ра при­ка­жа­но­то во Рим не бе­ше нај­доб­ро­то од ре­пер­то­а­рот на ка­та­лон­ски­от тим, но тоа и не е тол­ку бит­но, по­себ­но от­ка­ко се прот­наа во фи­на­ле­то со го­лот во су­дис­ко­то про­дол­же­ние про­тив Чел­зи.
- Мно­гу сме среќ­ни. Поч­нав­ме ло­шо, но го­лот не сми­ри и, ге­не­рал­но, одиг­рав­ме до­бар нат­пре­вар - ка­жа Гвар­ди­о­ла.
Лео Ме­си, кој иг­ра­ше ка­ко цен­тра­лен на­па­ѓач по­ме­ѓу Са­му­ел Ето и Тје­ри Ан­ри, нап­ра­ви не­кол­ку доб­ри про­би­ви, но ниш­то спе­ци­јал­но, ос­вен го­лот што го пос­тиг­на во 70. ми­ну­та со гла­ва од осум мет­ри.
И пок­рај тоа што бе­ше бра­ни­тел на тро­фе­јот и иг­ра­ше со пр­ви­от тим, Ју­нај­тед из­гле­да­ше нер­воз­но и не­го­ва­та обич­но со­лид­на од­бра­на из­гле­да­ше дос­та ко­леб­ли­ва.
- Мо­рам да ка­жам де­ка ве­чер­ва од­бра­на­та ни бе­ше ев­ти­на, по­себ­но при пр­ви­от гол кој бе­ше пре­су­ден. Бев­ме на­диг­ра­ни, по­доб­ри­от тим по­бе­ди - ре­че Фер­гу­сон.
Ан­глис­ки­от тим при­ми са­мо шест го­ла во нат­пре­ва­ру­ва­ње­то се­зо­на­ва, пред овој меч, иа­ко не из­гле­да­ше та­ка. Бар­са бе­ше трој­ца стан­дар­дни пр­во­тим­ци во од­бра­на­та, но зад­на­та ли­ни­ја на Ју­неј­тед раз­о­ча­ра. Ср­би­нот Не­ма­ња Ви­диќ обич­но е цврст ка­ко кар­па, но Ето нап­ра­ви да се сто­пи ка­ко пу­тер, ко­га по­ми­на по­кај не­го да го сов­ла­да бав­ни­от Ед­вин ван дер Сар.
Ју­нај­тед ос­вои трој­на кру­на пред де­сет го­ди­ни, но мо­ра­ше да че­ка де­вет го­ди­ни за уш­те ед­на ев­роп­ска ти­ту­ла. Ка­ко и да е, мал­ку­ми­на би се об­ло­жи­ле про­тив Бар­се­ло­на да ста­не пр­ви­от тим што ја од­бра­нил ти­ту­ла­та во ера­та на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те.

***

Ни­ге­ри­ец уби чет­во­ри­ца фа­но­ви на Бар­са со ав­то­бус

На­ви­вач на Ман­чес­тер ју­нај­тед во Ни­ге­ри­ја уби че­ти­ри ли­ца, от­ка­ко со сво­јот ми­ни­бус вле­та сре­де тол­па на­ви­ва­чи на Бар­се­ло­на по по­ра­зот на не­го­ви­от тим во фи­на­ле­то на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. На­соб­ра­на­та ма­са во грат­че­то Ог­бо ја прос­ла­ву­ваа по­бе­да­та на Бар­се­ло­на, ко­га ав­то­бу­сот вле­тал. Пор­тпа­рол на по­ли­ци­ја­та ка­жа де­ка би­ле пов­ре­де­ни де­сет ли­ца и во­за­чот бил уап­сен. Бар­се­ло­на го по­бе­ди Ман­чес­тер со 2:0 во ду­е­лот на два од нај­доб­ри­те ев­роп­ски клу­бо­ви. Два­та ти­ма има­ат го­ле­ма ба­за на­ви­ва­чи во Ни­ге­ри­ја, нај­мно­губ­рој­на­та аф­ри­кан­ска на­ци­ја.

***

Гвар­ди­о­ла поч­на со ре­кор­ди­те

Бар­се­ло­на ста­ви крај на вла­де­е­ње­то на Ју­нај­тед и не­го­ви­от обид да ста­не пр­ви­от тим што ја за­др­жал ти­ту­ла­та по Ми­лан во 1990 го­ди­на, а неј­зи­ни­от тре­нер Гвар­ди­о­ла вле­зе во кни­ги­те со ре­кор­ди на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Тој ста­на тре­тио нај­млад тре­нер што го по­диг­нал пе­ха­рот во­оп­што и нај­мла­ди­от во пос­лед­ни­те 49 го­ди­ни, от­ка­ко Ми­гел Му­њоз го пред­во­де­ше Ре­ал Мад­рид до пет­та­та пос­ле­до­ва­тел­на ти­ту­ла во 1960 го­ди­на. Гвар­ди­о­ла, ис­то та­ка, ста­на са­мо тре­ти­от чо­век што ја ос­во­ил Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те со ис­ти­от тим ка­ко иг­рач и ка­ко тре­нер и пр­ви­от тре­нер што во Шпа­ни­ја ја ос­во­ил трој­на­та кру­на.
Ова се на­вис­ти­на го­ле­ми пос­тиг­ну­ва­ња за чо­век што бе­ше ак­ти­вен фуд­ба­лер до пред са­мо три го­ди­ни. Се­пак, тој по­ве­ќе са­ка­ше да збо­ру­ва за сво­и­те иг­ра­чи, от­кол­ку за се­бе­си.
- Не бев­ме ку­ка­ви­ци, ни­ту ед­наш во те­кот на нат­пре­ва­рот. Не­ма друг на­чин. Не­ма ниш­то по­о­пас­но од неп­ре­зе­ма­ње­то ри­зи­ци - ве­ли Гвар­ди­о­ла.

***

Уап­се­ни над 100 на­ви­ва­чи во Ка­та­ло­ни­ја

Спо­ред пос­лед­ни­те из­веш­таи во шпан­ски­те ме­ди­у­ми, бро­јот на уап­се­ни во слав­је­то на на­ви­ва­чи­те на бар­се­ло­на по­рас­на од 40 на 134 ли­ца. Око­лу 100.000 фа­но­ви на ка­та­лон­ски­от клуб се соб­раа на град­ски­те ули­ци по по­бе­да­та во Рим, а по пол­ноќ дој­де до су­дир по­ме­ѓу дел од на­ви­ва­чи­те и по­ли­ци­ја­та. На­ви­ва­чи­те ги про­би­ваа по­ли­цис­ки­те ба­ри­ка­ди, фр­лаа ши­ши­ња и ли­мен­ки, униш­ту­ваа со­об­ра­ќај­ни зна­ци и кр­шеа из­ло­зи, пред по­ли­ци­ја­та да воз­вра­ти со гу­ме­ни к*р­шу­ми.

***

Ро­нал­до мо­же да не се вра­ти во Ју­нај­тед

Ид­ни­на­та на Крис­ти­ја­но Ро­нал­до во Ман­чес­тер ју­нај­тед пов­тор­но е до­ве­де­на во пра­ша­ње, от­ка­ко Пор­ту­га­ле­цот из­ја­ви де­ка не знае да­ли ќе иг­ра за ан­глис­ки­от шам­пи­он след­на­та се­зо­на. Пра­шан по по­ра­зот во фи­на­ле­то од Бар­се­ло­на да­ли ќе би­де на "Олд Тра­форд" след­на­та се­зо­на, Ро­нал­до ка­жа: "Не знам".
Ре­ал Мад­рид се оби­ду­ва да пот­пи­ше со 24-го­диш­но­то кри­ло ве­ќе две се­зо­ни и по­ра­неш­ни­от прет­се­да­тел Фло­рен­ти­но Пе­рес е на пра­гот пов­тор­но да го пре­зе­ме клу­бот. Пе­рес, кој го пред­во­де­ше клу­бот во "га­лак­ти­ко" го­ди­ни­те, ве­ти де­ка ќе ку­пи го­ле­ми ими­ња за вре­ме на лет­ни­от пре­о­ден рок. Ро­нал­до, кој е на­ви­вач на Ре­ал Мад­рид, ни­ко­гаш не ја кри­ел сво­ја­та жел­ба еден ден да за­иг­ра за "крал­ски­от" клуб.

***

ШАМ­ПИ­О­НИ

9 ти­ту­ли - Ре­ал Мад­рид
7- Ми­лан
5 - Ли­вер­пул
4 - Ба­ерн, Ајакс
3 - Бар­се­ло­на, Ман­чес­тер ју­нај­тед
2 - Ју­вен­тус, Бен­фи­ка, Ин­тер, Пор­то, Но­тин­гем
1 - Сел­тик, Фе­е­норд, Ас­тон ви­ла, Хам­бур­гер, Сте­а­уа, ПСВ, Цр­ве­на звез­да, Мар­сеј, Бо­ру­си­ја (Д)

ТИ­ТУ­ЛИ ПО ЗЕМ­ЈИ

12 ти­ту­ли - Шпа­ни­ја
11 - Ита­ли­ја, Ан­гли­ја
6 - Гер­ма­ни­ја, Хо­лан­ди­ја
4 - Пор­ту­га­ли­ја
1 - Фран­ци­ја, Шкот­ска, Ро­ма­ни­ја, Ср­би­ја
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 11:12
Шампионе, ајде победи!!!

На арената "Филип 2" денеска нашиот шампион Македонија ЃП силите ќе ги одмери со најдобриот белоруски тим БАТЕ Борисов. На премиерата во квалификациите во Лигата на шампионите "лавовите" се подготвени да бијат беспоштедна битка за добар резултат против Белорусите, кои важат за големи фаворити на денешниот прв меч. Ѓорчепетровци во изминатите дваесетина дена добро ги "снимија" квалитетите на Белорусите, ги знаат сите нивни добри и лоши страни, а на денешните 90 минути ќе треба со максимално борбена игра сите грешки на БАТЕ да ги казнат и да стигнат до добар резултат пред претстојниот реванш за седум дена во Борисов. На вчерашниот претпладневен тренинг избраниците на тренерот Илчо Ѓорѓиоски ги направија последните корекции на играта, а беше составена и тактичката поставеност која ќе се примени на денешната средба.

Во таборот на "лавовите" знаат дека пред себе имаат тежок противник, но тоа ќе биде мотив повеќе за да се даде максимумот и да се стигне до добар резултат.

" Не очекува многу тежок натпревар. Добро ги познаваме квалитетите на нашиот противник. Но, без разлика на се ние ќе јуришаме на добар резултат и ќе дадеме се од себе на денешниот натпревар да оствариме добар резултат, кој и по реваншот ќе ни го трасира патот за понатамошните борби на евро-сцената. Подготвени сме максимално и ќе се обидеме да го принудиме на капитулација белорускиот шампион и да стартуваме со добар резултат на нашиот премиерен настап во квалификациите во Лигата на шампионите", истакна Брњарчевски.

Во таборот на нашиот шампион преовладува оптимистичка атмосфера и сите очекуваат добар резултат против белорускиот претставник БАТЕ од Борисов.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 11:33
Распоред на 2 Квалификациско коло од ЛШ 2009/2010
 
 

2 КОЛО КВАЛИФИКАЦИИ

14/07/2009

21/07/2009

Agg

Прв натпревар

Втор натпревар

ЕБ/Стрејмур АПОЕЛ
Македонија Ѓ.П. БАТЕ Борисов
Пјуник Динамо Загреб
Екранас Баки
Рил Партизан
Левски Сант Јулија
Зрињски Слован Братислава
Интер Турку Шериф
Тирана Стабаек
ВИТ Марибор
Копенхаген Морген
Дебрецин Калмар
Вентспилс Дуденланж
ФХ Актобе
Салцбург Бохемијанс
М.Хаифа Гленторан
Висла Краков Левадиа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
LSFC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1004
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LSFC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 12:36
Utre Levski ke gi utrepa Santa Julia.Inako vasata Makedonija GP prvata utakmica verovatno nema da ja zagubi,no BATE Birisov ke vi otstrani od nadprevarata.Oni ne sa nisto posebno,ali su mnogu korav tim. 
Кон врв
LSFC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1004
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LSFC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 17:47
Prvoto poluvreme 0-1 za BATE Borisov
Кон врв
LSFC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1004
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LSFC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 18:10
0-2 veke
Кон врв
LSFC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1004
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LSFC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 18:57
Vi pobedi BATЭ Borisov so 2-0.Makedonija GP nikakva igra ne pokaza cel mech!!!!!!!Vinagi sum znael ,ke vaseto prvenstvo e slabo ,ama neveruvav ke e UZASNO slabo.Vie igrate bezobrazno slab futbol.Prosto nesakam i da se pomislim na kakvo nivo sa drugite otbori,posle kao go vidovme denes shampionot!!!!!!!!!!!!!!!!!!Ajde po kasno ke gi sledime i Rabotnicki
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2009 во 12:16
Македонија ЃП загуби од Бате Борисов

Првиот натпревар од двомечот Македонија Ѓорче Петров – Бате Борисов во рамки на второто квалификационо коло од Лигата на шампионите му припадна на гостинот од Белорусија кој победи со 2:0. Фаворитот попладнево на „Националната арена Филип Втори“ пред околу шест илјади гледачи лесно стигна до убедлива предност пред реваншот. кој за седум дена се игра во Борисов.

Фудбалерите од населбата „Ѓорче Петров“ беа рамноправни во првите 20 минути, дури и се заканија преку Даниел Мојсов кој во 10-тата минута по една нафрлена топка од слободен удар биеше со глава од 6-7 метри преку голот на Белорусите.

Гостите во втората половина од првиот дел го засилија темпото и создадоа две шанси преку Максим Скавиш и една преку Павел Нехајчик во периодот од 28-ма до 35-та минута за да во 40-тата минута Серхеј Криветс го отвори резултатот. По една длабинска топка Криветс остана сам на десетина метри во шеснаесетникот на домаќините и со прецизен удар му донесе водство на својот тим.

На почетокот од вториот дел Максим Скавиш зголеми на 2:0.

До крајот, Македонија ЃП се обидуваше да стигне до подобар резултат преку неколку удари на Нијас Лена и најголемата шанса што ја пропушти Клечкаровски во 86-тата минута.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
LSFC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1004
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LSFC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2009 во 12:54
Ti kade go vide obiduvaneto za po dobar rezultat neznam?Jas go gledav mecot on-line po A1.I osven polozenieto na Kleckarovski nisto drugo.Igra vo sredinata na tereno
Кон врв
LSFC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1004
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LSFC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2009 во 22:18
Denes Darko Tasevski pomogna na Levski da pobedi Santa Julija kato odbeleza prviot gol za pobedata so 4-0.So negoviot gol nie strosivme andorskiot beton i po natamo bese lesno.Fala ti Darko i ti si znaes Samo Levskiголемо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.