|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 2324252627 61> |
Автор | ||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Лапорта сака Ето да ја заврши кариерата на Камп Ноу 22/06/2009 03:34
Претседателот на Барселона Хуан Лапорта сака Самуел Ето да ги игнорира милијардите на Сити и да остане доживотно на Камп Ноу. “Ето е најдобриот напаѓач во светот, тој е доста ценет на трансфер пазарот. Сепак би било навистина убаво тој да ја заврши својата кариера во Барселона.“ “Неговиот договор завршува наредната сезона и тоа нас не приморува да седнеме и да се договориме со него. Клубот сака да продолжи верност со него, но во рамките на нашата платежна можност и структурата со платите која ја имаме изградено.“ - изјави Лапората. Камерунецот моментално преговара со Сити за евентуален трансфер и пречката во овие преговори е неговата висока побеарувачка за плата. Ето бара 1 милион фунти месечно. Парите кои би требало да бидат уплатени на сметката на Барса би изнесувале околу 30 милиони фунти. |
||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мело: Задоволен сум во Фиорентина 21/06/2009 20:09
Иако повеќе клубови изразија желба да го видат Бразилецот Фелипе Мело меѓу кои и Интер и Арсенал, сепак играчот од средината на теренот изрази желба да остане во Фиренца. “Јас сум многу задоволен од тоа како сум прифатен во Фиренца и имам навистина добри односи во клубот како со соиграчите така и со навивачите. Иако интересот кој го пројавија некои клубови за мене ми дава посебно чуство, сепак јас сум повеќе од задоволен во Фиорентина.“ - изјави Мело за Ansa.it на некој саат пред започнувањето на натпреварот со Италија во Купот на Конфедерации. 25 годишниот Фелипе Мело одигра одлична сезона во дресот на “виолетовите“ со тоа се најде на листата на играчи на Дунга како и на листата на посакувани фудбалери на неколку топ клубови. Лани за 13 милиони евра дојде од Алмерија во Фиорентина. |
||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македонија ЃП против БАТЕ Борисов во квалификациите за Лигата на шампионите
Екипата на Македонија Ѓорче Петров го доби тимот на БАТЕ Борисов од Белорусија за прв противник во својот дебитантски настап во квалификациите од Лигата на шампионите. Ова е епилогот од жребката одржана денес на пладне во седиштето на УЕФА, Нион. Ѓорчепетровци ќе стартуваат од второто коло, затоа што првото е претквалификациско и во него ќе играат екипи со помал рејтинг од македонскиот шампион. Противникот е од групата носители за второто коло бидејќи македонските екипи во последните неколку сезони се со слаби резултати во оваа фаза од натпреварувањето. Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 14 јули на домашен терен, а осум дена подоцна ќе гостува во реваншот во Белорусија. Доколку Македонија ЃП го помине второто коло, а потоа и третото коло обезбедува пласман во групи на новоформираната Европска лига во која ќе учествуваат и македонските екипи Работнички, Ренова и Милано. За пласман во Лигата на шампионите на тимот од населбата Ѓорче Петров ќе му биде потребно да биде меѓу петте најдобри екипи во квалификациите, а тоа значи да се помине четвртото коло. |
||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
200 мил. евра за секој што ќе го посака Роналдо
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез ќе постави клаузула во договорот на Кристијано Роналдо, а според неа сумата за раскинување на договорот на португалската мегаѕвезда со шпанскиот гигант ќе изнесува изворедни 200 милиони евра, пишува Ас. На тој начин Перез сака да биде сигурен дека нема да има интерес за 24-годишниот фудбалер. Тој пред се, се плаши од арапското влијание во фудбалот кое троши големи суми на пари за засилувања. Во јануарскиот преоден рок Манчестер Сити со феноменална понуда од 115 милиони евра до Милан за услугите на Кака, а не кријат дека се интересираат и за голманот на Реал Икер Касиљас за кој би платиле слична сума. Според пишувањата на весникот, Кристијано Роналдо се согласил за ваков чекор, а тоа јасно покажува дека станува меѓу најценетите играчи на Реал Мадрид. Единствено суперѕвездата на Барселона Лионел Меси има клаузула за раскин на договор, меѓутоа таа сума изнесува 150 милиони евра и е најблиску до оваа на Роналдо. Португалскиот ас наскоро ќе го облече белиот дрес на Реал, откако Манчестер Јунајтед реши да ја прифати понудата од шпанскиот гигант вредна неверојатни 94 милиони евра кое преставува апсолутен рекорд во историјата на фудбалот. Се одложува презентацијата на Португалецот Официјалното претставување на Кристијано Роналдо како ново засилување на Реал Мадрид ќе биде одложено за 3. јули, соопштува Ла Секста. Претходно презентацијата беше закажана за 30 јуни кога требаше да се извршат и медицинските прегледи. Официјалната презентација на второто засилување Кака ќе биде по завршувањето на Купот на конфедерациите, односно пред она на Роналдо. Од друга страна агентот на Роналдо, Жорге Мендес соопшти дека сите изјави на Португалецот кои се пишувани во весниците се чиста измислица. Тој вели дека Роналдо досега нема дадено никакво интервју и дека тоа нема да го направи во наредните неколку дена. "Кралевите" преговараат за Арбелоа Менаџерот на фудбалерот на Ливерпул Алваро Арбелоа, Мануел Гарсија Кјулон води активни преговори за премин на неговиот клиент во Реал Мадрид. Со оглед на тоа дека Глен Џонсон ќе биде ангажиран за десната бековска позиција тоа значи дека Арбелоа би можел да го загуби стандардното место во тимот па затоа ја разгледува можноста да се пресели во друг клуб. Арбелоа е дете на Реал меѓутоа не доби шанса да ги покаже своите квалитети во "кралскиот клуб", па подоцна преку Ла Коруња замина во Ливерпул. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Блатер: Ќе ги забранам трансферите за играчи под 18 години
Претседателот на светската фудбалска федерација - ФИФА Сеп Блатер даде ветување дека ќе направи се за да го спречи напуштањето на фудбалерите од клубовите од сиромашните земји додека сеуште се малолетни. Ова доаѓа откако Блатер доби позив од бразилскиот фудбалски сојуз за да го разгледа случајот на Коринтијанс. Станува збор за 17 годишниот талент Додо кој заврши во редовите на Манчестер Јунајтед. “Заштита на малдите фудбалери значи дека веќе нема да има трансфер на фудбалери под 18 години. Играчите ќе треба да бидат регистрирани во младинските школи од својата 8 година кога и ќе започнат со тренирањето.“ “Ова ме замоли претседателот на бразилскиот фудбалски сојуз и јас му ветив дека ќе го исполнам.“ - изјави Блатер. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Откриена "стратосферната" сума за Ето
Ако премине во Манчестер Сити, напаѓачот на "Каталонците", Самуел Ето ќе биде најскапоплатениот фудбалер на светот. Во право беше претседателот на Барса, Хоан Лапорта, кога ја нарече понудата на Сити "стратосферна" и "брутална". Колкава изнесува таа мистериозна сума Лапорта одби да каже, но призна дека Сити испратил феноменална сума пари која клубот и фудбалерот не би можеле да ја одбијат. Англиските медиуми почнаа со шпекулации најавувајќи дека Камерунецот би добил плата од 180 милиони фунти неделно, а би потпишал петгодишен договор. Сумата која Сити би требало да & ја исплати на Барселона би изнесувала околу 30 милиони евра. Меѓутоа, ниеден медиум не ја погоди точната сума која би ја добивал камерунскиот репрезентативец. Тие признаа дека, сепак, станува збор за многу повисока сума од предвидените. Се работи за неверојатна неделна плата од 250 илјади фунти (чисти пари без премии и бонуси), што значи дека за една година неговата плата би изнесувала 13 милиони фунти (околу 15 милиони евра годишно). Доколку Ето премине на Сити Грауд тој ќе освен што ќе стане најбогат фудбалер на планетата и ќе заработува двојно повеќе отколку во Барселона, а тоа значи дека би ја надминал и годишната заработка на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид вредна 13 милиони евра и на Златан Ибрахимовиќ во Интер од 12 милиони евра. Иако управата на Барселона сакаше да го задржи својот најдобар клупски стрелец, сепак, поради високите побарувања на Ето реши да го продаде бидејќи на крајот на идната сезона би го изгубила без пари. Од друга страна на Барса & се потребни пари во обид да го ангажира Давид Виља, кој би би идеален фудбалер во нападот на "Каталонците". ЛЕГЕНДА: Екстремно висока плата - Самуел Ето РАМКИ Денес ќе се знае иднината на Камерунецот Личниот агент на Самуел Ето, Хосеп Мариа Менсајес, денес ќе ја каже иднината на фудбалерот. Тој откри дека преговараат и со Сити и со управата на Барселона и призна дека преговорите околу нов договор со каталонскиот клуб се напреднати па не е исклучена можноста тој да остане на Ноу Камп. Сити силно притиска за негов ангажман, а каталонските медиуми сметаат дека Камерунецот има поголеми шанси да продолжи во Англија отколку да остане во редовите на европскиот првак. Лапорта ќе плати осум мил. евра премија Според пишувањата на каталонскиот весник Спорт, играчите на Барселона со успесите кои ги постигнаа минатата година ќе заработат премија од вкупно осум милиони евра. Половина од премијата припаѓа на еден натпревар, и тоа победата на Барса на дербито против Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу минатиот месец. Спорт пишува дека Хоан Лапорта на своите фудбалери им ветил вкупно четири милиони евра премија (20 фудбалери, по 200 илјади евра за секого) ако го совладаат Реал во Мадрид (Барса победи со 6:2). А во пресрет на сезоната Лапорта им ветил на фудбалерите три милиони евра премија за освојување на Лигата на шампионите и еден милион за победа во Кралскиот куп. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мајкл Овен се сели на „Олд Трафорд“
Репрезентативецот на Англија и играч на Њукасл, Мајкл Овен, е пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Претставниците на двата клуба денеска треба да ги финализираат деталите околу преселбата на Овен, јавува Скај Спортс Њуз. Англискиот репрезентативец се очекува да се приклучи во составот на „црвените ѓаволи“ по завршувањето на лекарските прегледи. Последната сезона во дресот на Њукасл, Овен немаше некој забележителен учинок, а тоа се должи на честите повреди. Но, и покрај тоа менаџерот на англискиот шампион Алекс Фергусон во Овен гледа играч со кој би се пополнило местото во нападот по заминувањето на Кристијано Роналдо и Карлос Тевез. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
Cvekence
Сениор Регистриран: 21.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 2509 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
benzema e igrac na real< id="gwProxy" ="">< ="jsCall();" id="jsProxy" ="">
|
||||||
respect my authoritaaa
|
||||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Eto'o treba da ostane vo BARCELONA! AKo otide sam oradi parite vo Manchester City ke se zaebe...nema ni uspeh ni igra tamu! Super mu ide vo Barcelona i ke ima uste poveke tituli....
|
||||||
|
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ибрахимовиќ желба за нападот на Јунајтед
Откако не успеа обидот да се донесе Карим Бензема, Манчестер Јунајтед во следниот период ќе се насочи кон фудбалерот на Интер, Златан Ибрахимовиќ, кој одеднаш станува прва цел за англискиот првак. Според англиските медиуми, Алекс Фергусон е подготвен да понуди 30 милиони фунти за 28-годишниот фудбалер иако речиси никој не верува дека тие пари ќе бидат доволни за робусниот напаѓач да се пресели на Олд Трафорд. Потврда за тоа е изјавата на директорот на Интер, Леле Ориали, кој уште пред два дена изјави дека без разлика на големиот број понуди од неколку познати клубови, Ибрахимовиќ и во новата сезона ќе биде член на Интер. Италијанскиот првак минатиот месец ја одби и понудата на Барселона, која беше подготвена за шведскиот репрезентативец да го отстапи Самуел Ето што беше далеку подобра понуда отколку овие 30 милиони фунти од Манчестер Јунајтед. Освен тоа, Жозе Мурињо неодамна сугерираше дека ниеден фудбалер на Интер нема да биде продаден пред почетокот на подготовките за новата сезона, кој е закажан за денеска. Ибрахимовиќ беше најдобар стрелец во Серија "А" во штотуку завршената сезона во која го одведе својот тим до шампионската титула, но повторно не ја исполни својата најголема амбиција: трофеј во Лигата на шампионите. Картата на која ќе игра Фергусон во преговорите е голема плата што ќе му ја понуди на Ибрахимовиќ иако тој во моментов е еден од најплатените фудбалери во светот. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ливерпул одбил 60 милиони фунти за Фернандо Торес
Менаџерот на Ливерпул Рафа Бенитез откри дека деновиве имале доста големи понуди за еден од играчите од Енфилд. Според Daily Star се работи за понуда вреда 60 милиони фунти и тоа од три премиерлигаши и тоа за Фернандо Торес. “Имавме многу добри понуди за некои од нашите клучни фудбалери, но ги одбивме експресно. Верујте зборувам за многу, многу големи понуди.“ “Летово доста луѓе прашуваа за Торес. Ние секогаш ќе сакаме да го задржиме Фернандо, но слушнавме некои гласини, а и агентите ни кажуваат за неговиот интерес.“ “Рековме НЕ. Најбитното е што самиот играч сака да остане. Ние се обидуваме да направиме посилен Ливерпул и да изградиме тим кој ќе може да ја освои Премиер лигата. Тоа е нашата цел.“ - изјави Рафа. Англиските медиуми наведуваат дека се работи за понуди од Сити, Јунајтед и Челзи за 'Ел нињо'. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Манчестер Ј. со 29 милиони тргнува по Ето
|
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Шпанија дефинитивно во Скопје!
|
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
Внеси реплика | страница <1 2324252627 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |