|
Преговори и за идентитетот? |
Внеси реплика | страница <1 45678 12> |
Автор | ||||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тука и лежи проблемот, ајде прашај некој Американец што е...Ќе ти одговори едноставно Американец, нема да ти рече „Ирец ама Американски државјанин“.. Во Турција има смо Турци, во Грција има смо Грци, во Бугарија има само Бугари, во Албанија само Албанци. Разлики гледаат само во вероисповест...Само во Македонија има се и сешто, ќе се разбудам некој ден со вест за формирање на партија на Авганистанците во Македонија....
Ама граѓаните на Македонија немаат чувство за патриотизам, тоа го тврдам одамна, и никој не може да ми го докаже спротивното. Повеќето националности во Македонија немаат никаква почит кон државата. Секој си го вее своето знаме(знаме на странска држава), Македонските симболи не ги есапат... Македонците се посебна приказна...Од пусти глупирања и криминал, вадат странски пасоши, па како Димов, укради од Македонија, и барај спас од Бугарија....трагично..... Па тогаш, кој да се бори за идентитетот? Јас сум Македонец, иако потеклото не ми е етнички македонско... потеклото ми е интимен дел од мене,нераскинлив, кој не е наменет за глорификација над другите...тоа е мојот генетски код.. Ама јас сум и тука и во странство едноставно-Македонец... Барам да најдам вакви истомисленици, ама не ми оди... Не знам каде е грешката.... |
||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Цитат од излагањето на Нимиц- - Примарно зборуваме за името на земјата. Никогаш не сум слушнал кој било официјален претставник од Грција да негира дека оваа земја и овој народ имаат единствен идентитет и единствен јазик. Доаѓам во оваа земја од 1994 година и преговорите ги водам веќе 15 години. Знам дека оваа земја има идентитет, има јазик и мислам дека никој во светот не го доведува тоа во прашање или го оспорува. Постојат одредени прашања што се однесуваат на преведувањето на англиски или на друг јазик, но не и прашањето дали постои јазик или националност - изјави Нимиц и им порача на граѓаните да се чувствуваат мирни, бидејќи „зборуваме за референцата за името, а не и за идентитетот“. Убаво и јасно кажува човекот... ОВАА ЗЕМЈА (на која патем ќе и се менува името)... ОВОЈ НАРОД - ама не кажува КОЈ народ... зошто човекот не спомена македонскиот народ...??? па ние се нарекуваме Македонци, нели... ако сите знаат дека се работи за посебен народ со посебен јазик, па никој во светот не го доведува во прашање ЕДИНСТВЕНИОТ идентитет...и не го оспорува...ќе се согласам... НО... тогаш зошто човекот не го спомена КОЈ е тој индентитет...??? они знаат дека сме посебни... ама не сакаат да не нарекуваат Македонци... можеби Северномакедонци... Славомакедонци... Граѓани на Северна Македонија... или било како... само не Македонци... Ако тоа не е навлегување во идентитетот...не знам што е... Човекот... нека каже барем Македонците од Северна Македонија... ни се допаѓало тоа нам или не... тогаш можеби и ќе му поверувам за идентитетот... Вака...???? Изменето од којсумјас - 09.Јули.2009 во 07:22 |
||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Би било убаво да е во реалноста навистина така... НО... ако сакаме да бидеме искрени...и реални... без да навредам некои кои се навистина исклучок... огромен дел од ѓраѓани од немакедонско потекло (зборувам по националност)... ниту кажуваат... ниту некогаш ќе кажуваат дека се Македонци... можеби само дека се од Македонија...или дека живеат во Македонија... А ако се смени името (а уште многу одамна е јасно дека ќе се смени)... и оние кои тоа го правеле... дали ќе продолжат да го прават... или...????!!! Изменето од којсумјас - 09.Јули.2009 во 07:24 |
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Зборувањето во туѓо име е најстрашната работа што нам ни се случува. Ова би го прифатила само, кога само не Македонците го прават тоа. Што со сите оние двојни државјанства, со популарните бугарски пасоши? Полесно е да се осудат другите, по безболно е. Тешко е да се погледне на вистината во очи дека поголема мака е кога тоа го прават оние кои го собрале кајмакот од државата, биле на високи функции, диплеле богатство и од Македонците ама и од не Македонците по род. Затоа се додека зборуваме во туѓо име по етничка припадност, а не во име на човек или нечовек кој ја сака или ја предаде државата, се откажа од неа заради личен профит, добит или заштита ќе имаме поделби и ќе размислуваме кој е поголем ’’продавач’’ на идентитетот. А факт е дека името на државата, идентитетот на народот е во опасност, ама не од Македонци или не Македонци по род туку од луѓе кои својата земја не ја доживуваат како своја и кои би ја продале за кило брашно. |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Дали со маркирање на соодветните зборови ќе ти стане појасно:
Значи, ние не можеме да го користиме „македонски јазик“ како наш ексклузивитет и, ќе можеме да го користиме терминот „македонски“ (јазик) само во „соодветен неофицијален контекст“! А што се подразбира под тоа „неофицијален“ може да се види според ова:
или со други зборови, ние внатре во МК ќе можеме (неофицијално) да си го користиме „македонски“, но за секоја друга употреба, се знае - северно македонски!
Дали забележувате, „придавки кои се однесуваат само на Втората страна“ (=МК) додека за Првата страна тоа не важи, не се однесува? И тоа само во случај „ако тоа прашање не е релевантно за билатералните односи“! А бидејќи тоа прашање и те како ќе биде релевантно за Првата страна ќе видиме кога ќе дојде времето. (Само, се чудам зошто секогаш мора нешто да „дојде“ за да видиме дека е така? Зошто нешто не предвидиме?) Ако и овие докази не се доволни за да се разбере дека сепак не е само името проблем, тогаш навистина незнам што друго да се рече. Во тој случај, останува само да чекаме и да видиме (како што обично и прави македонецот) што ќе се случи. Ама тогаш сигурно ќе биде доцна и тогаш сигурно ќе коментираме (гунѓаме) „ма кој да знаеше дека под тоа се подразбирало и за јазикот...“ или „абе тие под притисок ни’ го направија ова ...“ или нешто во тој стил. Кратко и јасно реков во мојот претходен пост (само по се изгледа освен Милег, има и други кои не го разбрале). Неможе една држава да се вика „Х“, а националноста на луѓето кои живеат во неа да биде „У“, или јазикот да биде „Z“. Или да допрецизирам, ако државата е Северна Македонија, тогаш националноста ќе биде северномакедонец/ка или јазикот северномакедонски. Р.Ѕ. Да не се обиде некој да ме демантира па да рече дека во Австрија се зборува германски или во Америка англиски или во Бразил португалски. Ти се примери за сосема друга работа. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мешаш нација со етникум (во контекст на темата на која дискутираме). Етнички и национален идентитет не е исто. Како што кажа мамамд, никој не чепка во етничкиот идентитет на повеќето етникуми кои живеат во Македонија, туку во националниот идентитет, а чиј составен дел е и името на државата, преку кое граѓаните се идентификуваат (во земјата и надвор), како и јазикот и националноста, кои се менуваат со промена на името (северномакедонска нација, со северномакедонски јазик итн)... |
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Златник, многу убаво надробено, мене ме мрзеше...
Клучна е употребата на придавките изведени од името Македонија или од новото име. Твојот пример е резиме на предлогот: “Неможе една држава да се вика „Х“, а националноста на луѓето кои живеат во неа да биде „У“, или јазикот да биде „Z“. Или да допрецизирам, ако државата е Северна Македонија, тогаш националноста ќе биде северномакедонец/ка или јазикот северномакедонски.“ Не знам како е тешко ова да се сфати, па се залажуваме дека се’ ќе се заврши со промена на името?!... |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
којсумјас, Zlatnik, anastea
Toa e toa! Mamitelot prigotvuva mamka so koja saka da go fati memenikot. Se zapochnuva so "fer" i "naivno" dogovaranje okolu imeto, za potoa da se stegne mamkata okolu vratot so seto onoa sto kje sledi kako posledica od toa. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
toa e toa .... pod hitno da se prekinat pregovorite dodeka grcite ne gi prifatat nasite uslovi .... i site onie koi lobiraat i pritiskaat vo posledno vreme vo nivna polza .... nema drugo ............ |
||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Pred nekoja nedela ( ne se sekjavam na koja tema beshe na politika) debatirashe so mene, posochuvajkji nekoi razmisluvanja i stavovi na zapadnjacive so koi si kontaktiral, pred se deka toj gradi izdrzhani vrednosni sistemi, ( so koi ne se slozhuvam, barem za 50 %) a nivnata 'prizma' na viduvanje na balkan. sosojbi bea ok, niv gi zemem kako objektivni i izdrzhani, ( kje gi parafraziram) - deka balkanot seushte e zaroben od minatoto, deka seushte ne mozhe da se osobodi od nekoi predrasudi i stereotipi, deka stravot od nekava si pogubnost na nacion. identitet e dlaboko vseden, i deka shto poskoro treba da se oslobodime od takvite stavovi i sl. Seto toa e ok, ama gledam, zaedno so trojcava juazeri koi si gi posochil, nikako da se oslobodite od tie stravovi i crni scenarija ( vas ve zemam samo kako exampleri), ok. Inaku vakvite stavovi ne se nishto novo, gi ima barem milion makedonci so koi gi spodeluvate. E sega da ne bidam pogreshno razbran, i daleku od toa deka go podrzhuvam imeto FYROM, tuku go zmeam samo kako eden primer so koj kje pokazham deka ste vo DLABOKA greshaka. Site drzhavi koi se primaat vo UN se zapishuvaat, se imenuvaat, se vodat i sl. po tri osnovni parametri: 1. Ime na drzhava; 2. Narod/ nacija i 3. Jazik. Vo site ovie osnovni grafi sme zapishani kako FYROM, znachi ne samo imeto, tuku i narodot e FYROM a i jazikot e FYROM. I dali , eve vekje 16 god taka zapishani, takvo ni e oficijalnoto ime pod koe ne imenuva svetot, a toa e FYROM, (nastrana bilaterlanite imenuvanja so ustavnoto ime.) nie go izgubivme Mkd jazik i identitet...NE toa voopshto ne dojde ni pod znak parshanje, tuku dojde drzhavata da ja izgubime 2001, i ako prodolzhime so ova FYROM drzhavava ja vodime vo mnogu avanturistichki vodi, a so nea i jazikot i MKD identitet. Jazik i identitiet se zachuvuva samo ako ja zachuvash drzhavata. Ako nemash drzhava nemash nishto ! Btw. i Kina ne prizna pod ustavno ime, ama koga ima medjunarodni sportski natprevar, kako na primer na olimpijadata bevme notifirani kako FYROM. Ajde posochetie : Kolku go izgubivme Mkd identitet i jazik ovie 16 god iako toj vo UN e zvanichno FYROM,....taka da, bez paranoi deka kje ni go sotrat identitetot. Repub. Severna Mkd vo sekoj sluchaj e podobra od FYROM, ama vo Mkd nekoi nikako da razberat deka podobro e vo NATO pa duri i kako RSM ( koga vekje taka se zakochi rabotava), otkolku da stoime kako FYROM, nestabilni ( site okolni zemji ne preteknuvaat) i prashanje e koga kje se rasplamti pogubniot nacionalizmam kako od albanska taka i kako kontra na toj nacionalizam i od makedonska strana, ....po se izgleda nekoj povekje iska blgarski pesni da slusha, osobeno onaa 'chakam te da dojdesh' odkolku seriozno da se nafati i da go potera MKD brod vo sigurnite vodi na evroatlanskite sistemi. PS> A ona shto e vo predlogot na Nimiz, za ponatamoshnite pregovori vo ramkite na UN otkako kje se reshi prashanjeto so imeto, se prashanja od sekundarna priroda, da, nekoj poschi za razmena na studenti, da, kako i za nostrificiranje na diplomi, za transportni dozvoli, za nauchni raboti, kulturoloshka sorabotka,] za malogranichen promet, za koristenje na medjun.vodi i t.n. Изменето од Marko sk - 09.Јули.2009 во 18:14 |
||||
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
da be .....
|
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Марко, за “ razmena na studenti, da, kako i za nostrificiranje na
diplomi, za transportni dozvoli, za nauchni raboti, kulturoloshka
sorabotka,] za malogranichen promet i sl...
“ не се преговара во ООН.
А ако она што е оставено да биде предмет на нова конечна спогодба за тебе е од секундарна природа, ОК... твој став... |
||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Marko sk - 09.Јули.2009 во 18:32 |
||||
Внеси реплика | страница <1 45678 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |