IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Српска пропаганда и окупација на Македони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Српска пропаганда и окупација на Македони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 33>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 14:50
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

mora li sekade i sekogas da e vmetnes " antickata " strana ? ..... daj te molam , ne gi usloznuvaj bez potreba temite .... zosto znaes vo koja nasoka kje trgnat .... kje pocneme da se vrtime vo krug kako i sekogas ...... vo red .... kazav deka kako i sekoj " osvojuvac" pa taka i srbite vo toa vreme se obiduvale da izvrsat asimilacija po pat na razni pritisoci .... ok ? ...... no sto stanuva vo periodot pred doadjanje na osmanliite ? ..... ne mi odgovori ...... koj togas imal carevina na ovie prostori ? ........... daj te molam , popolni go toj vremenski prostor ...... zosto nikako ne mi e svatlivo kako moze nekoj da vrsi asimilacija vrz narod koj narod go smetal za del od svojot narod pred doadjanjeto na osmanliite ........... i te molam , ostavi e antikata vo ovaa tema nadvor od nea .....  bezpredmetno kje bide da pocneme da se vrtime vo krug ..............


Значи се согласуваме дека и Србите вршеле принудна асимилација, како и Бугарите и Грците.
Пред доаѓањето на Османлиите на Балканот си постоеле независни кнежества, кои нормално за тие услови, настанувале и пропаѓале, биле освојувани, менувале страни и слично. Од друга страна постоеле Бугарското Царство, Српското Цартсво и Византиската Империја, иако и некои мали кнежества се самопрогласувале за Царства.
Инаку во Српската држава на Царот Душан, тој се титулира и за Македонски Цар, што никако не значи дека е Македонец, туку дека е Цар и на Македонците.
Инаку, на овие простори, доаѓале разни царства, се менувала лојалноста кон разни Цареви и Императори и слично.

Во однос на асимилацијата на Србите ( и сите останати ), сите тие народи нашиот народ го сметале за свој, ама разликата е што ниту еден од истите народи не бл прифаќан за свој од нашиот народ. Читај за народните херои во Македонија, бабата на Страшо Пинџур кој загина во борба против фашистичкиот бугарски окупатор, била горена жива од Србите.

Инаку се согласувам дека Србите и српската држава денес барем ја напуштија пропагандата во Македонија, освен СПЦ и некои радикални кругови.


Изменето од macedon_alex - 07.Јули.2009 во 15:00
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 15:14
Podolu vo tekstot boldiram eden od начините за денационализација.

НАРОДНИОТ ХЕРОЈ...

...Страшо Пинџур е роден на 3 март 1915 година во село Ваташа, Кавадаречко. Мошно бргу останува без родители. По смртта на татко му во почетокот на Првата светска војна, во борбите кај Криволак, мајка му пак се премажува во Неготино, а грижата за него ја презеде баба му.

Детството на Страшо беше тешко. Баба му, жена во поодминати години, не беше во состојба да ги обработува нивите, па ги даваше под наем. За нив добиваше половина од реколтата, а примаше и паричен надомест за одгледување на Страшо. Сепак, приходите не беа доволни за нормално живеење. Поради немање родителска љубов и топлина, Страшо како што го викаа ваташани, стана многу чувствителен. И покрај тоа, како и повеќето деца, и Страшо беше многу љубопитен. Потребата од родителската нежност го гонеше често да оди во Неготино кај мајка му. Таму се чувствуваше среќен, зашто и тој имаше мајка, иако премажена сепак му беше мајка. Страшо основно училиште завршува во Ваташа, а нижа гимназија учи во Кавадарци, секојдневно одејќи пеш од Ваташа до градот.

Великосрпскиот режим на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, плашејќи се од создавање се побројна македонска интелигенција која отворено истапуваше против политиката на асимилацијата и денационализацијата, направи промена во својата просветна политика. Од 15 гимназии: осум полни и седум нижи, колку што имаше во 1925/26 година кога Страшо требаше да се запише во гимназија, во учебната 1932/33, во Македонија имаше само три гимназии.

Завршените средношколци од "југот" беа упатувани во посебни интернати во Србија - како посоодветни места за србизирање на младите Македонци. Прилог кон таквата големосрпска политика беше и давањето државни стипендии за посолидни, а материјално посиромашни ученици.

Желбата за наука, одличната карактеристика и семејната состојба на Страшо му овозможија да стане државен стипендист - питомец, прво во Крагуевац. Новата средина придонесе за мисловно созревање на младиот Страшо. Интензивно размислува за сопствената состојба, но и за положбата на својот напатен македонски народ..
Личните осознавања ги бележи во една тетратка, подоцна позната како "Дневникот на Страшо Пинџур". По здобивањето со висока матура во Крагуевац, Страшо се запишува на студии по право во Белград. Неговата определба наиде на благ удар кај баба му Наца. "Ете, ти не ме послуша. Ти велев да учиш за учител, да го наследиш татко ти, да бидеш близок до народот. А ти!".

Страшо, и покрај почитта кон баба си, продолжува по определениот пат, зашто сакаше да навлезе во тајните на општествените закони, за поуспешна борба против режимот во Белград. Таму се вклучи во илегалниот живот. Се дружеше со Кузман Јосифовски, со Димче Левков, со Мирче Ацев и други. Учествуваше во повеќе штрајкови на работниците, а направи обид да замине за Шпанија како доброволец.

По создавањето на легалната организација "Народен студент" од страна на Партијата, Страшо влезе во нејзините редови. Тоа го однесе и во злогласниот затвор "Главњача", а потоа и на "Ада Циганлија". Тогаш започна и крајот на неговата голгота.
Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 17:37
A be luge... Ostajte sto bilo togas vo Kralska Srbija i sto pravele... Eve veke ne ni pravat... Cak i drzava od niv dobivme...
Ama toa sto Srbite go pravele togas, denes seuste go pravat Bugarite vo Pirinska Makedonija...   Dali nekoj ke se zainteresira za toa...??? Ovde gledam samo anti srpski nastroeni luge, koi nikako nemozam da gi narecam Makedonci... Zatoa sto Makedonecot, onoj praviot, nikogas ne se mrazel so Srbite... Toa e fakt... A denes sto imame mladi i nedorasnati podlegnuvaat na taa Bugarska propaganda koja gi laze demek e za slobodna Makedonija... Toa istoto go pravelo i Bugarskoto VMRO vo izminatiot vek, toa istoto se pravi i denes...
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 19:36

DelijaSkopje, тука е „Историја“, не е политика. Се обидуваме да изјасниме кое како било.
Во минатото, пред времето на Интернет, се знаеше само тоа што го кажуваа во сопствената земја. Сега може да се видат и аргументите на другата страна. Кога има повеќе информација, има и пореална претстава за минатото. Дали ќе ти се бендиса вистината за минатото е друго прашање.

(М_А, кој синоним да користам наместо бендиса?)

Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 20:06
Originally posted by cercetator cercetator напиша:


DelijaSkopje, тука е „Историја“, не е политика. Се обидуваме да изјасниме кое како било.
Во минатото, пред времето на Интернет, се знаеше само тоа што го кажуваа во сопствената земја. Сега може да се видат и аргументите на другата страна. Кога има повеќе информација, има и пореална претстава за минатото. Дали ќе ти се бендиса вистината за минатото е друго прашање.

(М_А, кој синоним да користам наместо бендиса?)



Vo pravo si... A koja e vistinata ostanuva da vidime...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 20:52
Пак да повторам држава од никого не добивме,сами се изборивме за држава како 1941 така и 1991 год.

Е тоа е пропаганда српска - после колку пати предупредување пак се пишува дека ние сме добиле од некого(србите) државалутина

И никој не ги мрази србите,едноставно ако тие ми пишуваат дека ми поклониле нешто а јас знам дека мои фамилијарни луѓе загинале за ослободување на оваа земја е тогаш тој човек,сака да е србин,бугарин или каков и да е  неможе да ми е пријател по ниту еден примернамигнување


Изменето од Boogie - 07.Јули.2009 во 20:55
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 22:49
Originally posted by DelijaSkopje DelijaSkopje напиша:

A be luge... Ostajte sto bilo togas vo Kralska Srbija i sto pravele... Eve veke ne ni pravat... Ovde gledam samo anti srpski nastroeni luge, ...

Па таков е и насловот на темата!намигнување
Originally posted by DelijaSkopje DelijaSkopje напиша:

... koi nikako nemozam da gi narecam Makedonci...

Ух, тежок збор! Дали ...
Originally posted by DelijaSkopje DelijaSkopje напиша:

...  Zatoa sto Makedonecot, onoj praviot, nikogas ne se mrazel so Srbite...

???
Србите никогаш не ги  мразеле македонците? Зошто тогаш не’ окупирале, го асимилирале македонското население (ни’ ги менувале презимињата, ги носеле - приморувале- децата да учат во Србија ...) и, да не спомнувам за убивањата, колежите што ги правеле.

Или рече, македонците никогаш не ги мразеле србите?губитник Ако мислиш за последниве 5-6 децении - да, донекаде си во право, но за порано ...глупчо
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2009 во 03:30
Колку што мене ми е познато комунизмот односно социјализмот е општествено политичка економска формација која во основа треба да ги почитува основните човекови права. Правото за национално самоопределување, правото на сопствен јазик, образование, култура, духовно единство....

Вековната борба на македонскиот народ за своето национално ослободување конечно се материјализира во текот на втората светка војна. Голем број од учесниците во народно ослободителната војна и се приклучуваат на лево ориентираните сили во Кралствот Југославија, во Бугарија, а исто така и на Демократската Армија на Грција.

Стои фактот дека монзина од нив кои ги положија своите животи го сторија тоа не од идеолошки причини туку едноставно дека тие лево ориентирани, прогресивни сили создаваа услови за конечно ослободување на Македонија и можност да се стигне до посекуваната цел.
Во рамките на политичкото опкружување од крајот на 19 и почетокот на 20 век, секој обид на македонскиот народ да стигне до своето национално ослободување беше едноставно силно опресирано. Ново формираните национални држави, Грција, Србија и Бугарија водени од своите национал шовинистичките и хегемонистички интереси, а поткрепени и од интересите на големите сили доведоа до состојба каде Македонија ќе се претвори во јаболко на раздорот, каде пропагандите на балканскит држави ќе се среќаваат и водат безпоштедна битка. Се разбира најголеми последици од таквата состојаба ќе сноси македонскиот народ, а кои последици за жал ги чувстуваме и денес, 100тина години потоа.

Зборувам за периодот пред втората светска војна, каде хегемонистите Срби, Бугари и Грци имаа иста цел, бугаризација, србизација и хеленизација на македонскиот народ и проширување на своите територи на сметка на Македонија.

Значи кога се зборува за српската пропаганда треба да се прави разграничување меѓу оние Срби кои се носители на тие експанзионистички идеи и цели и оние кои имаа подруго разбирање како треба да се има соживот,односно таквите кои имале поширока визија како треба да се градат меѓуетничките и меѓунационалните односи. Да се генерализираат Србите и ставаат сите во ист кош е неблагодарна работа.

Ме чуди со кое право на Србија и се припишуваат правата дека таа е наследник на целокупната Југословенкса идеја, а и правото дека таа некому му давала или дава нешто, во периодот на социјализмот, а и понего! Немојте да заборавате дека Србите беа рамноправни учесници во создавањето на таа Југославија како и сите остантаи, Македонци, Хрвати, Црногорци, Словенци , Босанци...     Немојте да заборавате дека идејата за јужнословенското обединување потекнува од Хрватска, немојте дa заборавате дека главните идеолози на социјалистичка Југославија не беа Срби, туку Хрвати и Словенци, немојте да заборавате дека титовите партизани од Вардарска Македонија имаа тесна соработка со егејските партизани се до онај момент кога големите сили го принудиле Тито да престане со таа соработка. Прогресивните Срби знаеа дека немаа друг избор туку да ги прифатат принципите за заемно почитување.

Тие принципи за заемно почитување денеска се рефлектираат во српската надворешна политика во однос на Македонија. Србија како секуларна држава нема нерасчистени прашања со Македонија по однос на нејзината државност,интегритет, националност, јазик, и култура. Србија нема нерасчистени прашања по ниеден сегмент од македонската засебност.

За жал исклучок на ова се ројалистите и клерот, кој за среќа опстојуваат со секој изминат ден во се помал број.

Овие мали реакционерни сили сигурен сум дека наоѓаат заеднички јазик со грчките и бугарските структури.

Каква е пак состојбата во Бугарија и Грција?!
НЕПРОМЕНЕТА! Каква политика спроведувале пред 140-150 години, таква спроведуваат и денес. Општественото уредување неправело никаква разлика каков однос ќе градат спрема Македонија и Македонскиот народ. Иста мета, исто растојание. Апсурдот да биде поголем таквиот нивен однос и понатаму се толерира и од организацијата на која им припаѓаат. Таквиот индиферентен однос на европската заедница им обвозможува на овие две нејзини членки непречено да ги спроведуваат своите стари тактики и пропаганди.

Затоа, господа Бугари и Грци, немојте да се споредувате со Србите, барем со мнозинството од нив, не сте им дури ни до коленици. За утеха на Бугарите, ако има некоја светла точка во бугарската политика и историја, тоа мора да биде периодот на Георги Димитров.
Причините треба да си ги барате меѓу себе, а не кај другите и да ги оквалификувате како југоносталгичари или србомани. Секој според заслугите, почит секому, вересија никому.




Изменето од Platenik - 08.Јули.2009 во 14:45
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2009 во 11:45
Originally posted by DelijaSkopje DelijaSkopje напиша:

A be luge... Ostajte sto bilo togas vo Kralska Srbija i sto pravele... Eve veke ne ni pravat... Cak i drzava od niv dobivme...
Ama toa sto Srbite go pravele togas, denes seuste go pravat Bugarite vo Pirinska Makedonija...   Dali nekoj ke se zainteresira za toa...??? Ovde gledam samo anti srpski nastroeni luge, koi nikako nemozam da gi narecam Makedonci... Zatoa sto Makedonecot, onoj praviot, nikogas ne se mrazel so Srbite... Toa e fakt... A denes sto imame mladi i nedorasnati podlegnuvaat na taa Bugarska propaganda koja gi laze demek e za slobodna Makedonija... Toa istoto go pravelo i Bugarskoto VMRO vo izminatiot vek, toa istoto se pravi i denes...


Значи се сложивме дека Кралска Србија била окупаторска и вршела присилна асимилација. Србија во склопот на Југославија е нешто сосема друго, различно од Кралска Србија.
Во однос на тоа дека ни дале држава, тоа не е точно, ако Македонецот не се борел, немало никогаш да добие своја држава.
За тоа дали некој е прав Македонец или не , не сметам дека си подобен да судиш, посебно не базирајќи го тоа на љубовта или омразата кон Србите.

За Пиринска Македонија има теми, таму се говори истотака.

П.С. Черчетатор, синоним за бендисува е допаѓа.


Изменето од macedon_alex - 08.Јули.2009 во 11:47
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2009 во 12:01
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Потенцирам на песната.
Кое од напишаното не е вистина за Коневски?


Па повеќето од напишаното не е вистина за Коневски. Ништо од тие бајки не е документирано, се е рекла-кажала ( мислам на неговите искази за македонските дијалекти, членови до разни домови итн ).
А за Глигор Соколовиќ е јасно дека бил дел од српската пропаганда.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2009 во 12:25
Originally posted by Владо Владо напиша:

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Тоа вас што ви боде очи Коневски е друга работа, а за чичко му точно е тоа. Инаку се ова шт ого презентираш, го има на бугарски на википедија, затоа немој мене да ми кажуваш дека не е пропаганда.

Можеби го има на бугарски, но го има и во книгата на Андреевски, како и во стенографските белешки од јазичните комисии. Еве една позната мисла на Конески :
’За оваја наша работа постои големо интересуење, има многу други луѓе што се интересуват за овоа питање. И сметам, оти кај нив има мнозина кои не се сложуат со досегашните мнениа. Да се измислуат нови букви не е проста и лека работа и затова не треба да се упуштаме во това пред добро да размислиме. За да измислуваме нови букви, треба да најдеме јаки и здрави разлози оти старите букви не чинат. А старото е проверено со пракса. Ако имаме извесна навика со употребата на една азбука, а да измислуваме нови букви само за това да се нашата азбука разликуват од некоја друга азбука, това е многу слаб разлог... Ако ја земеме српската кирилица, пак нашиот јазик ќе си остане македонски... Повеќето македонски народ денеска е писмен со Вуковата азбука и ако не ги земеме тие знаци, мнозина ќе останат неписмени...‘
Македон, а благодарение на кого Венко Марковски, нашиот прв поет заврши така како што заврши?

П.С. Инаку тука Конески мисли токму на буквите Ћ и Ђ, и на азбуката со која било описменето македонското население од 1913 до 1941, насилно!


Владо, Коневски не значи дека го кажал тоа затоа што бил под влијание на пропагандите, туку затоа што навистина не е лесно нови букви да се измислат, а од друга страна навистина добар дел од населението ќе останело неписмено и ќе се соочи со нови потешкотии.
Меѓутоа Конески пдооцна по препорака на познат славист ги зема буквите на Мисирков, што е и правилна постапка.

Инаку Венко Марковски ( кој не е наш прв поет, имаме поети и пред него ) не заврши на Голи Оток поради Коневски, туку поради конфронтација со југословенската политика, а не поради наредба на Коневски.
И не заборавај дека Венко пред смртта своја кажа дека македонска нација не постои!
Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2009 во 14:06
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


[QUOTE=DelijaSkopje]Србите никогаш не ги  мразеле македонците? Зошто тогаш не’ окупирале, го асимилирале македонското население (ни’ ги менувале презимињата, ги носеле - приморувале- децата да учат во Србија ...)


Srbite nas ne okupirale...!!!???    Za da ne okupira nekoj treba da vleze so vojska i da ja pokori ili unisti sprotivnata vojska t.e. nasata... JAs kako sto znam takvo nesto ne se slucilo... Nie ne sme imale drzava, pa ajde sega Srbite ne okupirale... Nemoze taka da se zboruva, se ostava pogresen vpecatok i na pomladite luge koi posle stvaraat omraza bez nikakva pricina...

Morame da se slozime so faktot deka ovde i pred da dojdat Turcite bilo Kralstvoto na Srbite... Ako so ova ne se slozuvame koj e nesporliv fakt, neznam kako ponatamu da razgovarame... Dali toa ne boli ili ne e drugo prasanje...   No posle doagaat Turcite i tie nas ne okupiraat zaedno so ostanatoto Srpsko naselenie... Toa se vika okupacija... Za posle 500 godini Srbija povtorno da si gi zavzeme onie teritorii koi gi imala pred Turskoto ropstvo... I taka se do 1945 godina...
Narodot sto ucel na ovie prostori ucel srpski... Epa sto trebal da uci vo toa vreme...???
I vo amerika sega odi ke mora da ucis Angliski za da se razberes... Dali i toa e prinudno ucenje...???


Изменето од DelijaSkopje - 08.Јули.2009 во 14:07
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2009 во 14:28
Originally posted by DelijaSkopje DelijaSkopje напиша:



Srbite nas ne okupirale...!!!???    Za da ne okupira nekoj treba da vleze so vojska i da ja pokori ili unisti sprotivnata vojska t.e. nasata... JAs kako sto znam takvo nesto ne se slucilo... Nie ne sme imale drzava, pa ajde sega Srbite ne okupirale... Nemoze taka da se zboruva, se ostava pogresen vpecatok i na pomladite luge koi posle stvaraat omraza bez nikakva pricina...

Morame da se slozime so faktot deka ovde i pred da dojdat Turcite bilo Kralstvoto na Srbite... Ako so ova ne se slozuvame koj e nesporliv fakt, neznam kako ponatamu da razgovarame... Dali toa ne boli ili ne e drugo prasanje...   No posle doagaat Turcite i tie nas ne okupiraat zaedno so ostanatoto Srpsko naselenie... Toa se vika okupacija... Za posle 500 godini Srbija povtorno da si gi zavzeme onie teritorii koi gi imala pred Turskoto ropstvo... I taka se do 1945 godina...
Narodot sto ucel na ovie prostori ucel srpski... Epa sto trebal da uci vo toa vreme...???
I vo amerika sega odi ke mora da ucis Angliski za da se razberes... Dali i toa e prinudno ucenje...???


Не мора да е војска во прашање, доволно е и цивилно население да е тепано, малтретирано и слично (имаше претходно пример со Страшо Пинџур, кој е факт, без разлика дали некому тоа се допаѓа или не, а и не е единствен, многу се).
Точно е тоа дека пред да дојдат Турците тука било Кралството на СРбите ( се споменува Душан и како Македонски Цар, што никако не значи дека е Македонец, меѓутоа дека е цар и на овој народ ), меѓутоа тоа не е точно пред да дојдат Турците. Царството на Србите се распаѓа на неколку феудални кнежества, во кои спаѓа и Македонија, а во чии градови се јавува сепаратизам уште додека Душан е жив.
После 500 години, откако Србија се ослободила, завземала кои не биле населени никако со етнички Срби, што значи окупирала туѓи територии, а истото го сторила и Бугарија и Грција. Не може да ги осудуваме Грците за Мегали идеа и Бугарите, а Србите да ги оправдуваме дека освоиле свои територии.
Инаку учењето српски исто било насилно, дома никој не зборувал српски, а и самото население барало воведување македонски во училиштата. Имало и демонстрации, како што биле Илинденските, во кои учествувал и Методија Андонов-Ченто.
А за крај, ако имаш постари дома, нека те потсетат како биле "испратени" Србите од Македонија кога бегале, и тоа пред да дојде бугарската војска.

Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2009 во 17:49
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


[QUOTE=DelijaSkopje]
А за крај, ако имаш постари дома, нека те потсетат како биле "испратени" Србите од Македонија кога бегале, и тоа пред да дојде бугарската војска.


... Prv pat slusam za vakvo nesto... ...

Znaci spored tebe Srbite begale od Bugarite, dodeka "Makedoncite" gi brkale... Uste da kazese deka tie istite "makedonci" so ljubov gi precekuvale Bugarite... ...    moze...moze...    ...i posle jas sum bil srboman...???    

Изменето од DelijaSkopje - 08.Јули.2009 во 17:50
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.