|
Законот и Евангелието |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секако дека можам. Би им препорачал на сите заинтересирани на темава да го прочитаат Посланието до Галатјаните и Римјаните 6 и 7 глава. Исус не го укина Законот, имено ,,17 „Немојте да мислите дека сум дошол да ги укинам Божјиот Закон и учењата на пророците. Не дојдов да ги укинам, туку да ги исполнам.18 Зашто, ве уверувам дека, се додека постојат небото и Земјата, ниту најмал детаљ од Божјиот Закон нема да се укине се додека целосно не се исполни!’’. Баш напротив со Неговата смрт на крстот Тој го афирмираше Законот. Да се потсетиме, Законот бара жртва за грев. ,,5 Кога, пак некој е виновен за некоја од овие работи и ќе го признае гревот свој, 6 нека Му принесе на Господ за гревот што го сторил- женско од ситниот добиток: овца или коза од стадото свое за гревот; и свештеникот ќе го ослободи од гревот негов’’(Левит 5:5,6). Исус е Јагнето Божјо Кое го понесе гревот на светот. Праведникот Кој умре за неправедните не ослободи од казната која ја заслужуваме. Со тоа не го укина Законот туку го потврди, имено потврди дека Законот со право бара жртва за грев. Зошто мораше да се жртвува за грев? Зар не е премногу гадно и морничаво да се убиваат животни? Зар не е премногу гадно да умре човек, невин да плати за еден куп грешници? На некои луѓе кога гледаат крв им се гади. Баш така треба да ни се гади на сите нас од гревот. Замислете како изгледало во тоа време, кога свештениците убивале (речиси) секојдневно животни. Биле облечени во бели одежди кои всушност станувале црвени од крвта на животните. Сето тоа со една намера- да сфатиме дека како што нам ни е гадно да гледаме крв така и на Бога му е гадно да ги гледа нашите гревови. Да се вратиме на темава. Во продолжение ќе наведам цитати од Светото Писмо кои го потврдуваат моето верување кое го изложив во овој и во претходните коментари. ,,23 Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот не чуваше како затвореници, под свој надзор. 24 Така Законот ни беше воспитувач што не водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера. 25 Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач. 26 Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос. 27 Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос.’’ (Галатјаните 3:23-27) ,,5 Бог го испрати Христос за да не ослободи од Законот и, преку посвојување, да не направи Божји деца. ’’(Галатјаните 4:5) ,,1 Значи, ние сме слободни! Христос не ослободи. Држете се цврсто до таа слобода и не дозволувајте повторно да ви го стават јаремот на ропството, односно Мојсеевиот Закон.’’(Галатјаните 5:1) За тој што верува во Исус Христос нема никакво значење дали е обрежан или не. Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов. (Галатјаните 5:6). ,,18 Но ако сте водени од Светиот Дух, значи дека вие веќе не сте под Законот. ’’(Галатјаните 5:18) ,,15 Не е важно дали е човек обрежан или не. Важно е да се промениме, да станеме нови луѓе. 16 На сите што ќе се придржуваат кон ова правило им посакувам мир и милост од Господ. Тие се новиот Божји народ.’’(Галатјаните 6:15,16) |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
!. Исус не го укина Законот, имено ,,17 „Немојте да мислите дека сум дошол да ги укинам Божјиот Закон и учењата на пророците. Не дојдов да ги укинам, туку да ги исполнам.18 Зашто, ве уверувам дека, се додека постојат небото и Земјата, ниту најмал детаљ од Божјиот Закон нема да се укине се додека целосно не се исполни!’’Баш напротив со Неговата смрт на крстот Тој го афирмираше Законот. Да се потсетиме, Законот бара жртва за грев. 2. ,,23 Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот не чуваше како затвореници, под свој надзор. 25 Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.,,5 Бог го испрати Христос за да не ослободи од Законот и, преку посвојување, да не направи Божји деца. ’’(Галатјаните 4:5),,1 Значи, ние сме слободни! Христос не ослободи. Држете се цврсто до таа слобода и не дозволувајте повторно да ви го стават јаремот на ропството, односно Мојсеевиот Закон.’’(Галатјаните 5:1) I kako stojat sega rabotite? Dali zakonot ne e ukinat i vazhi i do najmal detal, se dodeka kje postojat neboto i zemjata i dodeka toj vo potpolnost ne se ispolni ili vekje e ukinat bidejki sega ni se objavi verata? Изменето од Messenger - 07.Јули.2009 во 02:48 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога човекот ќе поверува дека Синот Божји Исус Христос умре на крстот наместо него, тој човек бидува исполнет со Светиот Дух Кој во него дејствува и го хармонизира човекот со Божјата Волја. Дали тогаш е потребен Законот? Дали е потребен воспитувачот ако децата се послушни?
Исус не го укина Законот, туку го исполни она што Законот го бараше. Имено тоа беше казната за гревовите. Христос умре наместо нас, ја подмири казната која Законот ја бараше. Со тоа не се укина Законот, туку се исполни до најмал детал. А сега Духот во нас произведува она што Законот не можеше- плодовите на Духот. Нема контрадикторност во Библијата! |
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Овде ќе одговорам само на прашањето: кои делови од истиот важат, а кои не? Важат моралните одредби. Но не и граѓанските и церемонијалните. Сепак, принципите кои стојат позади граѓанските и церемонијалните одредби важат и до денешен ден. |
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,1 Потоа Исус отиде на Маслиновата Гора.
2 Следното утро, Тој повторно дојде во храмот. Сиот народ доаѓаше кај Него, а Тој, седејќи, ги поучуваше. 3 Вероучителите и фарисеите доведоа една жена што беше фатена во прељуба, па откако ја поставија насреде, 4 Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена на дело како врши прељуба. 5 Во нашиот Закон Мојсеј заповедал таквите жени да бидат каменувани. Што велиш Ти?“ 6 Тие Му го рекоа ова на Исус за да видат што ќе стори, надевајќи се дека ќе има за што да Го обвинат. Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата. 7 Но бидејќи тие упорно Го прашуваа, Тој се исправи и им рече: „Тој што меѓу сите вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ 8 Потоа повторно се наведна и продолжи да пишува по земјата. 9 Кога обвинителите го слушнаа тоа, еден по еден почнаа да си заминуваат, на чело со старешините, се додека не останаа само Исус и жената, која стоеше на средината. 10 Исус се исправи и ја праша: „Жено, каде се луѓето што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ 11 „Никој, Господине!“ - Му одговори таа. „Тогаш ни Јас не те осудувам; оди си и отсега не греши“ - и рече Исус.’’(Евангелие по Јован 8:1-11) |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I kade gi gledash tie raboti vo sekojdnevniot zhivot? Deka posle Isusovoto raspetie Duhot vo site lugje proizveduva onoa sto Zakonot ne mozheshe? Lugjeto i natamu se istite kako sto bea i porano. Isto dobri, sto loshi, isto lazhat, kradat, ubivaat, izneveruvaat... pokazhi mi eden chovek vo koj Duhot vlegol i napravil takvo chudo. Jas do sega nemam sretnato nitu eden takov chovek. Da, znam nekoi koi stanale podobri od toa sto bile porano, deka se smirile, deka povekje ne se tepaat, ne pijat, ne se kockaat, no sepak so toa samo im se priblizhile na onie "normalnite" sekojdnevni lugje koi ni najmalu ne gi smetame kako chudesno preporodeni od Duhot. Ako duhot vlegol vo nas i pravi chudo sto nemozhe Zakonot da napravi, togash jas vo lugjeto ne gledam takvo chudo. Mene s'e mi izgleda kako redovna normalna sostojba. Sega vo sto e rabotata? Dali ovaa sekojdnevna sostojba e taa chudesnata koja ja sozdal Duhot koga vlegol vo lugjeto? Dali Pavle mozhebi ne bil vo pravo koga go propagiral ova veruvanje ako sudime spored onoa sto sekojdnevno go gledame okolu nas? Dali Duhot ne raboti podednakvo silno na sekogo? Mozhebi lugjeto reshavat dali kje mu dozvolat na Duhot da vleze vo niv? Ako e taka, togash dali za takvite i natamu treba da vazhi Zakonot...? Ako treba, togash zoshto ne go koristime? Ako ne treba, togash sto kje pravime so niv ? Ako go koristime, dali toa kje bide vo celost ili samo parcijalno? Ako e parcijalno, koj kje odredi koi delovi kje gi koristime, a koi nema? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде точно да видиме што вели Светото Писмо, а не да вадиме делумни цитати...
(1Коринтјани 6) 9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци), 10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство. Светото Писмо е јасно - не се прави никаква разлика меѓу блудниците, хомосексуалците, прељубниците, мекушците, крадците, лакомците, пијаниците, клеветниците, крадците. Ниту еден од нив нема да го наследи Божјето Царство. Но - никаде не вели дека ќе одат в затвор, дека треба да се праќаат на психијатриски третмани, дека треба да се лечат со терапии... Напротив... дава многу едноставен лек за сите нив: (1Коринтјани 6) 11 И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог. Значи - грешниците (некои од луѓето на кои им се обраќа биле такви!) - се измиле, се осветиле и се ОПРАВДАЛЕ во името на нашиот Господ Исус Христос... Како што гледате - овој стих е веднаш по двата стиха во кои се набројуваат различните видови грешници. Уште повеќе - погледнете што вели самиот Бог во Јован 8: 7 Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!” Болдираниот текст е битен заради две работи. Прво - затоа што е директно обраќање од Бога (Христос) да не судиме наместо Него. Второ - затоа што ги поистоветува гревовите! Не вели - Кој од вас не направил блуд, нека прв фрли камен. Вели - Кој од вас е БЕЗГРЕШЕН. Без никакви гревови. Без блуд, содомија, пијанство, разбојништво, клеветништво....... Давиде - идејата дека за секој грев има различна казна, само докажува дека казните се граѓански, но не и Божји. Затоа што Божјата Казна е само една - неприпаѓање кон Царството Божје, односно Негово ненаследување. Алдра, токму така - ако сме го наследиле моралниот дел од Законот, кој пред се се содржи во 10-те заповеди, тогаш следи дека прељубата е "потежок" грев од хомосексуалноста, затоа што таа е спомната како една од заповедите. Ова го велам само споредбено, затоа што сепак, гледаме од Новиот Завет, дека сите тие гревови се поистоветени и казната за сите нив е една. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меси зар не го прочита почетокот од овој пост? Зар не реков дека кога човек ќе поверува дека Исус умрел место него ќе биде исполнет со Светиот Дух? Влијанието на Духот не е сеопшто, туку само во верниците. Но и кај верниците не е подеднакво силно. Тоа зависи од верникот и од неговата отвореност кон Бога. Да не излезе дека зборувам моја филозофија еве ти и цитати:
,,Грешните телесни похоти се противат на дејствувањето на Светиот Дух, а Светиот Дух се противи на дејствувањето на грешните телесни похоти. Овие две сили се борат една против друга. Тоа значи дека нема да можете да правите се што ќе посакате.’’(Галатјаните 5:17) ,,Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти. ’’(Галатјаните 5:24) |
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зидарски, не би сакал овде да се распливуваме, сепак темата овде е Законот и Евангелието, па би препорачал дискусијата за хомосексуалноста да ја продолжиме во таа тема.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оваа тема ја замислив како место каде би можеле да дискутираме за држењето на Божјиот Закон и за Евангелието, а не за тоа како Христијаните ќе се справуваат со луѓето кои ги прекршиле граѓанските закони, или пак како дискусија за хомосексуалноста. Се надевам дека дискусијата ќе тече во посакуваната насока.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Штета што така ги разбираш нашите коментари... Ниту моите, ниту на Месинџер коментарите не се со цел да се зборува за хомосексуалност или за справување со прекршувањето на законите... Зборуваме за практичната примена на Законот. И уште нешто(што го поставив малку погоре) - еднаквоста на гревовите (и нивната казна) во Новиот Завет. Изменето од zidarski - 07.Јули.2009 во 06:56 |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Hamza
Група Регистриран: 12.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 72 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...
Изменето од Hamza - 13.Јули.2009 во 00:16 |
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Би сакал оваа дебата да биде теолошка а не општествена. Хамза, Христијанството нема за цел да се поистовети со државата. Црквата и државата постојат паралелно.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
OK, koga vekje utvrdivme deka nemozhe da postoi funkcionalno svetovno hristijansko opshtestvo, da mineme na teorija...
Izneseniot stav na vovedniot komentar na temava, potkrepen podocna so citati od Noviot Zavet, jasno pokazhuva deka toj se temeli na interpretaciite na Pavle. Postojat li drugi citati od Noviot Zavet, od Isus ili drugite apostoli, koi bi bile ednoznachni so vekje navedenite ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |