IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Свински грип
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свински грип

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 13>
Автор
Порака
kumanovaboy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kumanovaboy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2009 во 21:35
vistina lie deka bese zarazen so svinski grip ??
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2009 во 21:54
Potvrdena e dijagnozata za site tri slucai.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2009 во 09:23
добро е, бидејќи има лекови..... тоа е најбитното..... може и 50 случаи да има, ако се откриени во рана фаза,..... се ќе биде добро...... мора да бидеме оптимисти голема%20насмевка
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2009 во 09:56
Епидемиолозите не исклучуваат дека бројот на заразени лица ќе се зголемува во текот на наредните денови и тоа кај оние кои биле во контакт со веќе инфицираните, бидејќи инкубацијата на заразата трае седум дена. Епидемиолозите очекуваат грипот да се шири, особено затоа што во наредниот период во Македонија се очекува доаѓање на голем број иселеници, кои во летните месеци се враќаат во родната земја. Тројца од овие шесте случаи се од Австралија каде што сега почнува зимата, а тоа подразбира дека контактите меѓу луѓето се почести и ризикот за пренесување на вирусот е поголем. Грипот се појавува и кај патниците од другите земји, бидејќи и таму веќе е проширена заразата, а во авионите е голем ризикот за пренесување на вирусот.

Ova zagrizuva...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 16:38
Дали свинскиот грип навистина заслужува толкаво внимание какво што му се придава или пак беше своевидна ,,патка’’ со цел да го одвлече вниманието на светската јавност од економската криза?
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 10:46
mozebi deka e taka .... od pricini sto kaj nas nema kriza , sledstveno na toa i nema epidemija na svinski grip намигнување
Кон врв
afrodit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 272
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај afrodit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 19:28
Грипот се шири заради профитот

Моќниците што го создадоа вирусот на новиот грип за да остварат профит, сега подготвуваат вакцина, тврди австриската новинарка, Јане Бургермеистер и се повикува на голем број докази



Се подготвува најголемиот грабеж и злосторство на човештвото бидејќи вирусот на новиот грип е искористен како биолошко оружје, а биотероризмот го спроведува група врвни светски банкари кои ги контролираат федералните резерви во САД, СЗО, Обединетите нации и НАТО, обвини австриската новинарка Јане Бургермеистер.

Таа веќе покренала тужба против СЗО, ООН, ФБИ и против неколку американски владини и фармацевтски лица, кои, според неа, подготвуваат планирано масовно убиство на голем број луѓе на Земјината топка. Како што пренесоа европските медиуми, новинарката бара од американскиот суд да ја забрани употребата на новата вакцина против свинскиот грип, од која здравствените власти во многу земји побаруваат огромни количини. Вирусот на новиот грип А Х1Н1 масовно се шири во светот - заболуваат и умираат илјадници луѓе, а фармацевтските компании подготвуваат вакцина.

Бургермеистер тврди дека токму оние моќници што го создадоа вирусот сега подготвуваат вакцина. Таа до државното обвинителство во Виена доставила тужби и против компаниите „Бакстер“ и „Авир“. Австриската новинарка тврди дека има докази оти претставништвото на фирмата „Бакстер“ во Австрија во минатата зима на 16 лаборатории во четири земји им испратило 72 килограма жив вирус на птичјиот грип кој не бил соодветно осигурен, лабораториите не го чувале добро вирусот и дозволиле тој да се помеша со човечкиот грип. Таа го посочува и скандалозниот случај кога вирулентниот материјал на свински грип наменет за истражување, експлодира во воз полн со патници во Швајцарија. Новинарката вели дека ослободувањето на вирусот и' овозможило на СЗО да има доволно време за да прогласи пандемија на свински грип, а потоа да почне и дистрибуцијата на новата вакцина.Од централата на Светската здравствена организација во Женева не сакаат да ги коментираат обвинувањата на Бургемеистер. И во нашата Комисијата за пандемски грип одбиваат коментар за ваквите тврдења.

- Ние само ги спроведуваме препораките на СЗО и ги следиме упатствата за да се ограничи ширењето на вирусот - велат во Комисијата. За разлика од нашите епидемиолози, проф. д-р Иван Бојиќ од Србија, кој е и автор на книгата „Инфективните заболувања во биолошка војна и биотероризам“, за „Политика“ изјави:

- Вистина е дека приказната за новиот вирус и прогласувањето пандемија од почетокот беше неубедлива и нелогична. Нас, клиничарите прво не' зачуди брзината на откривањето на деловите на геномот, односно делот на птичјиот, свинскиот и хуманиот вирус. За два-три месеци се' се знаеше и беше објавено во еминенти стручни магазини, што кај многумина лекари предизвика сомнение дека нешто можеби е правено со овој вирус. Ако некој и сакал да извлече материјална корист од прогласувањето на пандемијата, сега тоа е завршена работа. Лекувањето на луѓето е неопходно - вели д-р Бојиќ. И во Македонија се зголемува бројот на заразени од новиот грип, а здравствените власти во петокот обелоденија дека првпат е регистрирано ширење на вирусот на лице што не било во странство.

Нов случај на заболен од грип

Институтот за јавно здравје потврди присуство на новиот тип вирус А/Х1Н1 кај уште едно лице кое пред неколку дена се вратило од летување во Грција. Лицето е хоспитализирано и се наоѓа во општа добра состојба.

- Во Клиниката за инфективни болести во Скопје деновиве се хоспитализирани 11 болни и сите се со добра клиничка слика. Досега таму се лекувани вкупно 52 пациента, од кои кај 14 е потврден вирусот на Х/А1Н1 - соопшти Министерството за здравство.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2AEA85A3232E7E45A70FFD653FF0B1B3
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 21:48
ДОДЕКА ПАНДЕМИЈАТА НА ГРИПОТ СЕЕ СТРАВ НИЗ СВЕТОТ
Изумителот на „тамифлу“ си ги полни џеповите

Како што пандемијата на новиот грип шири паника низ целиот свет, а државите влегуваат во трка по нови лекови и вакцини, еден човек станува се побогат: 55-годишниот доктор Норберт Бишофбергер, пронаоѓачот на лекот против грипот - „тамифлу“, единствениот што, засега, може да се најде на пазарот. Доктор Бишофбергер сега е директор на истражувачката дејност и потпретседател на компанијата „Гилијад сајансиз“, која минатата деценија го разви лекот. Тие ја задржаа интелектуалната сопственост над лекот, но правото на производство и дистрибуција му го продадоа на швајцарскиот фармацевтски концерн „Рош“. Тој за својата функција добива плата од 600.000 евра годишно, а бонусите и заработката од акциите на компанијата му носат дополнителни десетици милиони евра. Исто така, тој добива добар процент од милионските профити што се остваруваат од продажбата на „тамифлу“. На 27-годишна возраст, Бишофбергер, по студиите завршени во Инсбрук, Цирих и на „Харвард“, заминал за Бостон, САД, со само една илјада швајцарски франци во џебот. Кон почетокот на 1990 години, тој станува шеф на истражувачкиот тим на компанијата „Гилијад сајансиз“ и го развива лекот „тамифлу“. Компанијата, која тогаш имала само две простории и дваесетина вработени, денес има пазарна вредност од 30 милијарди долари и 1.800 вработени.
Доктор Бишофбергер инсистира на тоа дека е само научник и дека тоа за него претставува „благослов од бога“ и многу се лути кога ќе чуе дека се богати на сметка на стравот кој вирусот го сее насекаде низ светот. - На смртната постела никој никогаш не рекол дека требало да заработи повеќе пари. На крајот, човек сака да се сврти зад себе и да почувствува дека бил важен во животите на другите луѓе и дека ги променил на позитивен начин “ вели докторот-милионер, кој сега е и сопственик на луксузен хотел на местото на некогашната семејна куќа во малото место Мелау во Австрија, каде што е роден. Токму во поткровјето на таа куќа тој како дете направил малечка лабораторија, која му го одредила животниот пат. Но, и покрај неговите и напорите на неговите колеги, Бишофбергер дава мрачни прогнози и смета дека на нашата планета и претстојат мрачни времиња. Тој уште во 2006 година предупредувал дека на светот му се заканува пандемија на грип, со аргумент дека последната била во 1968 година, кога не постоел никаков лек. Сега смета дека има изгледи состојбата да стане уште полоша и дека постои потенцијал за избивање на нови пандемии, најмногу поради преголемата употреба на лекови, од што вирусите полесно и побргу мутираат. - Сметам дека заканата од нови бактериски, односно вирусни агенси е поголема од потенцијалната закана од нуклеарна војна “ вели Бишофбергер и признава дека и самиот дома во фрижидерот секогаш чува „тамифлу“ за него, неговата сопруга и за децата.

Вирусот стигна до најоддалечените места


Вирусот на новиот грип, според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО), се прошири и на најоддалечените места на планетата, вклучувајќи острови оддалечени од цивилизацијата и изгледа дека нема сигурно место на кое може да се заштити од него.
СЗО соопшти дека првите случаи се потврдени и на Сејшелите, Сент Китс и Невис, Холандските Антили, во Белизе, на Тонга и Самоа во Пацификот и на Соломонските Острови во Индискиот Океан. Вирусот пристигна и до Бутан, високо на Хималаите, во Андора меѓу Шпанија и Франција, како и до оружените конфликти во Авганистан и во Судан.




Време, број 1733, 29.07.2009
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 00:42
Трудниците-посебно загрозена категорија

Генерално,трудниците се ионака изложени на поголем ризик од вирусите на грип,но новиот вирус А е за нив многу поопасен.

Воочена е релативно поголема пропорција на смртни случаи меѓу трудници во споредба со останатата популација-изјавува Д-р Денис Џејмисон од американскиот Центар за контрола и превенција на болеста.

Студијата е заснована на 6 смртни случаи меќу трудници од вкупно 45 случаи поврзани со новиот грип од 15-ти април до 16-ти јуни.

Сите жени биле здрави пред инфекцијата,сите оболеле од воспаление на плуќата и сите морале да бидат приклучени на апарати за вештачка вентилација(вештачко дишење)

(SRNA)
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2009 во 21:28
Поголеми превентивни мерки против грипот А/х1Н1 во училиштата


Со почетокот на учебната година, се зголемува и ризикот од ширење на грипот А/ Х1Н1. Поради тоа Министерството за здравство ќе воведе строги мерки за превенција од ширење на грипот, како и строга контрола дали тие мерки се почитуваат, најави денеска министерот Бујар Османи.

„Од први септември Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе наложи спроведување на противпандемски контроли и зачестени контроли на училиштата и градинките и низ социјалните установи. Институтот за јавно здравје ќе врши едукација на наставниот кадар за новиот грип кој што потоа првиот училиштен час ќе им одржат предавање за новиот грип како и за потребата од одржување на личната хигиена“, изјави министерот Османи.

Тој најави дека во секое училиште ќе се постават апарати со дезинфекциони средства, а ќе бидат поделени и брошури за заштита од заразување од грипот А/ Х1Н1. Министерот изјави дека оваа акција нема за цел да предизвика паника кај граѓаните, туку само да ги намали ризиците за ширење на болеста.  Тој уште една ја отфрли можноста за затворање на образовните институции како начин да се спречи ширењето на новиот грип. Нагласи дека наставниците ќе бидат задолжени да водат строга контрола за отсуствата на учениците и причината за тоа. Т

“Тоа не е официјална препорака од официјалните здравствени. Засега само децата со симптоми да не се пуштаат на училиште. Само во изолирани случаи кога поради зголемен број на заразени ќе се попречи наставниот процес може едно училиште да биде затворено“, рече министерот.

Во моментов има 42 потврдени случаи заразени со новиот грип, од кој само еден пациент е хоспитализиран. Министерот додаде дека Македонија е една од ретките земји каде нема внатрешно ширење на болеста, туку сите случаи се импортирани, однос заболените се заразиле додека престојувале во друга земја.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 30.08.2009 13:51:48
Кон врв
snup Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај snup Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2009 во 19:48
Се збрува дека и во македонија како и во свето зазема замав свискиот грип.Но дали е смртоносен или сепак мозе да се излекува цитав дека тамифлѕ лекот го стагнира вирусот но дали го лечи.И колку луге во македонија се заразени.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 16:55

Училиштата под засилен мониторинг поради новиот грип

„Два нови случаја со симптоми на грипот Х1Н1 се регистрирани во текот на викендов, но се прават дополнителни испитувања да се утврди дали навистина станува збор за новиот грип“. Ова го изјави вчера министерот за здравство Бујар Османи по одржувањето на состанок со Комисијата за пандемски грип на која се разговараше за последните препораки на Светската здравствена организација(СЗО) во врска со вакцинирањето против грипот.

Тој рече дека Македонија досега успешно се справува со предизвикот да се бори со последиците од новиот грип. „Вакцинирањето ќе биде еднодозно за лицата над десетгодишна возраст, а за децата ќе оставиме и резервни дози во случај да има потреба. СЗО, исто така, потврди дека вакцината е безбедна за бремените жени и покрај шпекулациите дека може да и' наштети на бременоста“, истакна министерот Османи.

На Комисијата била донесена и одлука за засилена контрола на училиштата од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат како средина која е критична за ширење на грипот Х1Н1. (Макфакс)

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 18:29

Уште еден случај со новиот тип на вирус А Х1Н1 потврден во последни 24 часа. Се работи за 22-годишна студентка која студира во Бугарија и со вирусот се заразила таму.

Со тоа бројот на заболени од овој тип на вирус се зголеми на 37 случаи. Сите вирусот го имаат донесено од странство. Ниту еден не се заразил во државата. Но, надлежните предупредуваат на вирозите кои владеат, бидејќи меѓу нив може да има заболени и од новиот вирус.

„Можно е меѓу нив да се крие, дури се претпоставува дека и во западните земји, ако официјалната бројка е на пример 5.000 на Х1Н1 позитивни, дека четири пати е поголема таа бројка, затоа што многу повеќе од нив поминуваат асимптоматски, без симптоми, или во многу блага форма, па не бараат и помош од лекар“, вели Јованка Костовска, министерство за здравство.

Државата се подготвува за можниот бран од грип кој веќе владее во соседните земји. На матичните лекари им се препорачува задолжително да носат маски, да внимаваат на сомнителните случаи, а хроничните болни бремените жени да ги препраќаат на инфективната клиника како ризични групи.

Комисијата за пандемски грип ги подготви листите на ризични пациенти кои ке им бидат препратени на матичните лекари. Санитарните инспектори денеска ги чешлаа училиштата. Поради немање на средства за дезинфекција и нехигиена затворени се тоалети, спортски сали, поедини објекти.

За овие училиштата се подготвуваат прекршочни пријави.

„ОУ „Живко Брајковски“ во општина Чаир, затворен е времено еден санитарен блок за машки ученици. Понатаму во ОУ „Климент Охридски“ во истата општина, времено затворена спортска сала и инфраструктурни придружни простории, санитарен блок и гардероби. Констатирано е дека гимназијата „Орце Николов“ во општина Карпош не ги почитува, односно не ги спровела наредените мерки. Во струшко имаме во три основни училишта во моментот недостасувало течен сапун. Инспекторот се задолжил уште еднаш да помине во училиштето ди крајот на денот, доколку тоа не се стори, истотака ќе се преземат правни мерки“, рече Вера Менкова, санитарен инспектор.

Инспекцијата пратила допис до општините за да им обезбедат средства за хигиена на училиштата. засега нема деца кои отсуствуваа од настава заради грип. вакцината се очекува да стигне во текот на ноември и со неа ке бидат вакцинирани здравствените работници и ризичните групи, хронично болните пациенти.

(prevzemeno od A1.com.mk)
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 09:46
...od momentalno 20000 zaboleni od grip kaj nas ,garant 5% se so simptomi na "crven vetar".
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.