|
Реконструкции на владата |
Внеси реплика | страница <1 56789 27> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
E arno ama ne dokazav, platata mi e namalena. Znaci redovnosta da, bidejki sega ingerenciite gi ima lokalnata, mozebi noviot gradonacalnik resi izvesno vreme da ja opravda doverbata koja mu ja dadovme
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ne e namalena... tvrdam.... a na strana toa sto sega i za vreme na odmorot ... draga koleske (ova kako bivs kolega se razbira)... se zema celosna plata ...so vkalkulirani hrana i prevoz... koi prethodno gi nemase... takaaa...???!!!!!!! |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Parite se tie, dali sega ke bidat rasporedeni na 12 meseci ili porano koga zemavme 11 meseci nema golema razlika. Ke gi nema vetenite 10% taka od onie 30%? |
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Znaci ne e namalena platata.... takaaa... i plus ke ocekuvame da ima i pokacuvanje... koe ni e (vi e) veteno... taka... dole vlada... ups.... |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Влада може долу, само премиер нека остане горе
А за земањето разлика, дај боже |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А да оди само премиерот ????
Па другите сами ќе појдат по него...... |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Планови има. Веројатно за подобро. Да се надеваме.
Уште две партии во власта На владејачката коалиција „За подобра Македонија“ ќе и' се приклучат уште две партии. Извори од ВМРО-ДПМНЕ не ги обелоденуваат имињата на партиите, но нагласуваат дека проширувањето на коалицијата не треба да се доведува во врска со евентуална реконструкција на Владата. Тие не соопштуваат за кои партии станува збор, но додаваат дека тие на локалните избори освоиле меѓу 10 и 20.000 гласа.Истите извори најавуваат и реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Една од нив се однесува на формирањето меѓународен секретаријат за билатерална и мултилатерална соработка на партијата. Негова цел ќе биде подобрување на односите со сестринските партии, а особено со Европската народна партија, која претставува еден од клучните фактори во ЕУ. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште еден кандидат за реконструкција или никој ништо не им може на министрите од коалицијата. Ке научиме да работиме на начин на кој бараат донаторите или ке си тераме по свои- Со европски пари партиски вработувања или вработување на стручни лица?
ЗА ВИНСКИОТ КАТАСТАР На Фуере му скисна од Спасеновски Ерван Фуере, амбасадорот на ЕУ во Скопје, деновиве со писмо му се заканил на министерот за земјоделство Ацо Спасеноски дека ќе биде прекината европската парична поддршка за винскиот катастар зашто не се вработени стручни лица, кои треба да го раководат и спроведат проектот. „Системот не е одржлив без постојано вработување персонал на национално и на регионално ниво, кој би бил обучен за да го менаџира и спроведува проектот. Морам да ве потсетам дека вработувањето на овие специјалисти беше предуслов, написмено прифатен од ваша страна, за финансиската поддршка од Европската унија за развој на функционален вински менаџмент и набљудувачки систем. Додека овој предуслов не се исполни, проектот нема да се реализира - стои во писмото од Фуере до Спасенсоки. Фуере и претходно му пишал на Спасеноски, но не добил одговор, а не успеал ниту да договори средба со министерот за да се утврдат активностите. Истото писмо Фуере го испратил и до вицепремиерот Ивица Боцевски, на кое нагласил дека е ургентно. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не можел ни средба да договори со господинот министер, кој сигурно е презафатен, ќе се расправа тој со ситна боранија како Фуере...пих...
А кога треба да бараат пари, не чекаат ни да ги викнат! Цццц... бруки... |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ц ц ц ц ц ц.....
Изненадени сте ????? Јас ни најмалку... |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ставрески место Славески
Замена за Славески ќе биде вицепремиерот Зоран Ставрески. Најголем грев на Славески бил тоа што не покажал доволно почит кон премиерот и немал многу разбирање за проектите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ Премиерот Никола Груевски наредната недела подготвува реконструкција на Владата. Ваков предлог премиерот Груевски токмел подолго време и деновиве за тоа ќе ги информирал и коалиционите партнери, тврдат партиски извори. Намерата на премиерот е да смени помалку од третина од Владата за да ја избегне процедурата за избор на нов кабинет, која бара враќање и на мандатот на претседателот Ѓорге Иванов. На удар на Груевски, тврдат истите извори, ќе бидат министерот за финансии Трајко Славески, за правда Михајло Маневски и министерот за образование Перо Стојановски. Замена за министерот Славески ќе биде актуелниот вицепремиер за економски прашања Зоран Ставрески. Резервнни варијанти за местото на Славески, според извори од ВМРО-ДПМНЕ, биле министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Царина Ванчо Каргов. Најголем грев на Славески е што не покажал доволно почит кон премиерот и немал многу разбирање за проектите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Со смената на Славески, премиерот Груевски, наводно, ќе се обиде да се испере и за проблемите со полнењето на буџетот, кој покажува кусок во првите месеци од годинава. Смената на министрите Маневски и Стојановски не е новина. За нив подолго време се шпекулира во ВМРО-ДПМНЕ дека ќе заминат од Владата. Маневски е жртвата за неуспешните судски реформи, за кои постојано ни забележуваат Европската унија и САД. И самите владини функционери признаваат дека било залудно да се очекува Маневски да го реформира судството, кога тој постојано бил на врвот на поранешниот репресивен судски систем. Едноставно, не се разбирале, како да разговарале со различни јазици, веројатно поради генерацискиот јаз меѓу младите министри на Груевски и Маневски. Пропаѓањето на неколку проекти, со кои се идентификуваше Владата, е причина што Стојановски ќе го напушти ресорот образование. Пред сè, се товари за лошо менаџирање на проектите веронаука и екстерно тестирање за наставниците, кои паднаа на Уставен суд. Во ДУИ велат дека нема да иницираат реконструкција на Владата, но и дека нема да се противат ако премиерот Груевски го побара тоа од нив. Ако Груевски смени некој министер од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш и ДУИ ќе реконструира некој од своите министри. Пратеникот Џевад Адеми вели дека ДУИ за ова прашање има изградено став од порано, дека за смена на министри ќе одлучуваат партиските органи, а не тесен круг на луѓе од тесното раководство, како што било случај досега. Адеми објаснува дека прво за евентуална смена на некој министер ќе расправа Претседателството на ДУИ, а потоа и Централниот одбор. "Тоа што таму ќе се одлучува, никој нема да може да го оспори", објаснува Адеми. Неофицијално, ако се оди на реконструкција на Владата, прв на удар од министрите на ДУИ ќе бидат Неџати Јакупи од Екологија и Џелал Бајрами од Труд и социјала. Незадоволство има и од работата на Муса Џафери од Локална самоуправа, но тој може да падне само ако се оди на поголеми промени во Владата. Извор ВЕСТ Конечно реконструкција... И тоа токму на најслабите министерства... Изменето од anastea - 21.Јуни.2009 во 02:17 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
vreme e da zamine ovaa nesposobna i antinarodna vlada ....... navistina , VREME E
Изменето од miroslav_g8 - 27.Јуни.2009 во 10:10 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе има ли доблест Маневски да си даде оставка по сите шпекулации околу неговата плата/пензија.
Хелсиншки го повикува Маневски да си даде оставка |
||
Внеси реплика | страница <1 56789 27> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |