|
Посебноста на нациите |
Внеси реплика | страница <1 34567 34> |
Автор | |||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Колку ми е мерак - всушност ова ве изненади многу а?
Ако,нема што сега да коментирате се е јасно - МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прво, Зоте- опомена за речникот. Не можеш да навредуваш некого ако има поразлично мислење! Затоа внимавај како се обраќаш. Не треба тука да се навредуваме, туку културно и цивилизирано да навредуваме!
Второ- Лавче, Буги е прав за преводот. Македонците само се ПОЧУВСТУВАЛЕ слободни, не биле слободни, подоцна и самите сфатиле дека не е така! Трето- дали некој овде некогаш видел Устав како изгледа, отворил ли? Ако добро го анализирате ќе видите дека кога се мисли на Македонец, од една страна се мисли на политички термин ( како што е и во денешните модерни Устави ) кој треба да се залага за определен државно-правен статус. Ако се направи сеопфатна анализа на тој Устав, па и на структурата на македонската организација и нејзините членови и нивната национална свест, па и на текстот за одделноста на македонската нација, јасен е одговорот за терминот Македонци. Петто- Черчетатор, весникот кој ти го понуди е на МПО, која е под влијание на Иван Михајлов, а е од 1941 година! |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Знам јас кој е весникот и од кога е. Дали знаеш зошто плановите за Независна Македонија под претекторат на Германија, Италија и евентуално на Бугарија не се оствариле? За анализата на Уставот и самата организација не си во право. Дали знаеш каква борба воделе? Мислам не. Прво треба да ги знаеш кои биле членовите. Ете д-р Станишев. 10 години бил лидер на Националниот македонски комитет. Што знаеш за него? Ете го преводот на Уставот, кој двајцата го направивме. Јас не знам македонски, ти не знаеш бугарски, ама мислам горе долу е точен. У С Т А В НА СОЈУЗОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕМИГРАНТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (примен од обединителниот собор на македонските братства и друштва во Бугарија) l. Име, карактер и функции Чл.1. Македонските емигранти и нивните потомци се организираат во национални и културно-просветни или добротворни братства или друштва. Во секоја одделна држава (Бугарија, Турција, Романија, Албанија, Америка и другите) тие друштва или братства, чии членови се од една и иста народност, се групираат во национални организации, со национален комитет, кои се здружуваат и формираат општа сојузна организација на македонските емигранти, со сојузен комитет во секоја држава и со еден Виш сојузен комитет - со седиште во Европа, но надвор од балканските држави. Националните секции се претставуваат еднакво во сојузните комитети. Чл. 2. Сојузната организација на македонските емигранти и националните организации, од кои таа е составена, се безусловно легални здруженија. Несоодветни со карактерот и функциите на организацијата се: 1) принудните дејствија од каков и да е карактер за зголемување на бројот на членовите или за снабдување на материјални средства; 2) мешањето во внатрешниот политички живот на државите, во кои постојат национални и сојузни организации или само дружества. ll. Цел Чл. 3. Сојузната организација на македонските емигранти, чија девиза е: Македонија на Македонците, има за цел: 1) Да се бори по легален начин за воздигнување на Македониja во нејзините географски и економски граници во независна држава со полно и еднакво учество во нејзиното управување на сите народности, кои ја населуваат, при полна еднаквост и право и при еднакви верски, народностни и политички права за нив. Новата држава да биде поставена под покровителството на Друштвото на народите. 2) Да ја култивира идејата за формирање на Балканска федерација, за да се премавнат на тој начин спротивставеностите меѓу балканските народи и примират нивните културни, стопански и политички интереси; 3) Да ја популаризира македонската кауза среде туѓиот свет; 4) Да ги сплотува и обединува македонските емигранти, без разлика на вера и народност, организирајќи ги за нивното културно и материјално воздигнување и работејќи за нивното политичкото воспитување во духот на својата цел. 5) Да помага на емигранти, кои се во нужда, членови на организацијата, и да содејствува за културно-стопанскиот напредок на Македонија. lll. Средства Чл. 4. За постигање на својата цел сојузната организација се служи со своите установени управни тела, со следните средства: 1) Издава весници, списанија, книги и др. за осветлување на општественото мислење насекаде во однос на македонското прашање; 2) Свикува јавни собранија, уредува прикази и реферати; 3) Влегува преку Вишиот сојузен комитет, а во отсуство на таков - преку сојузните комитети во одделните држави, во лични и писмени релации со општествени и политички фактори и организации, кои се борат за правата на народите, за да ги осветлува во однос на македонското прашање и да ја добие нивната поддршка за својата цел; 4) Создава материјални извори: открива потписки, основа општомакедонски финансиски институции, прима дарови од секого, кој сочувствува со македонската кауза, со исклучок само на средини, кои се директно или индиректно заинтересирани за штета на македонскиото прашање; 5) Уредува утрешни и вечерни собирања, концерти и слично и собира членарина и доброволни прилози. lV. Организација и органи Чл. 5. Членовите на организацијата се: дејствувачки, почетни и благодетелни. Дејствувачки членови можаат да бидат сите полнолетни македонски емигранти и нивните потомци, без разлика на пол, народност, вера и политички убедувања, доволно е само да ги споделуваат целите на организацијата и да ги исполнуваат сите нејзини решенија и распределби; да не извршиле престапни дејствија или измена на нејзината цел. Почетни членови можат да бидат лица, Македонци и странци, кои споделуваат целите на организацијата и имаат особени заслуги на македонската кауза преку морална или материјална поддршка. Благодетелни членови можат да бидат оние лица, кои ја поддржиле или поддржуваат материјално организацијата, макар и да не прифаќаат активно учество во нејзината дејност. Правото за примање и прогласување на почетни и благодетелни членови имаат само националните и сојузните конгреси. Забелешка: Две братства или друштва од една и иста околија не може да се создаваат во едно и исто населено место. Чл. 6. Во секое населено место, кадешто има македонски емигранти, се создава македонско културно-просветно или добротворно братство или друштво, кое носи име, какво што ќе изберат основачите (името на околијата или градот, од каде се членовите; име на заслжени Македонци, на историски македонски места или личности и пр.) Чл. 7. Секое братство или друштво се раководи по свој устав, кој треба да биде сообразен со основните одредби на постојниот устав и утврден од Националниот комитет. Чл. 8. Секое братство или друштво е задолжено да ги изполнува решенијата и распределбите на повишите национални и сојузни тела; тоа не може да врши работи, кои се од нивна компетентност. Чл. 9. Секое братство или друштво, како и секоја национална организација се самостојни во однос на својата добротворна и културна дејност; во однос на политичката дејност првите се потчинети на националниот, вторите - на сојузниот во државата, а последните - на Вишшиот сојузен комитет. Чл. 10. На чело на секоја национална организација стои национален комитет од 12 (дванаесет) членови, избрани од националниот годишен конгрес, со мандат од една година.
Изменето од Boogie - 26.Јуни.2009 во 18:51 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
BLACK HAND OVER EUROPE by Henri Pozzi III. The Bulgarian Scene: II. The Macedonian Question анонс "At Souchitza, which is a hamlet between Skoplje and Veles, four women, Raina Nalzev, Miyana Paneva, Victoria Andreeva and Vassa Mitreva, who refused to reveal where their husbands had fled, were whipped until they bled by Serb gendarmes who then poured petrol on their armpits and loins and set them on fire. "At the village of Debrevo, a young girl of sixteen, Kostadine Miladin Tatcheva, was declared guilty of having hummed a Bulgarian song. She was stripped naked, strapped to a bench, given sixty blows of a club on her back, and then was violated by the chief of the detachment and his six men. http://mirror.veus.hr/blackhand/bulgarian2.html celata kniga http://mirror.veus.hr/blackhand/index.html Изменето од macedon_alex - 26.Јуни.2009 во 17:37 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
I kaj federalistite ima Makedonci, ama koi se Makedonci? Toa se site zhiteli na Makedonija bez razlika na narodnost, vera i t.n. |
|||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Kako potkrepa na gorenavedenoto eve eden citat od intervjuto na eden blgarski profesor,( vprochem ne e bitno samoto intrevju kolku shto e indikativna i bitna samata konstatcija koja e taka ochigledna od citatov): За време на 1861 година во Агреб, Македонецот Константин Миладинов го издава Зборникот со "бугарски" народни песни. Дваесет години подоцна во главниот град на Бугарија, ослободен од Русите, неговите сонародници определбата "бугарски" ја заменуваат со "македонски". Привидниот парадокс го толкува грчкиот весник Неологос од 29 април 1892 година, кој се печател во Цариград: "Славомакедонците, измамени и далеку од своите родни огништа, се преселуваат во Бугарија, каде што, откако ќе се запознаат поблиску со бугарскиот народ, со неговиот јазик, природа и обичаи и откако ќе откријат дека им се туѓи, ќе ја почувствуваат измамата и започнуваат да му се посветуваат на својот мајчин јазик, публикувајќи на него разни списанија и весници". И не само тоа. Македонците во Софија создаваат организации како онаа наречена "Таен македонски комитет", "Словенско-македонска книжовна дружина", "Млада македонска книжовна дружина" и започнуваат со издавање на списанието Лоза, со цел да извршат атак врз бугарската национална политичка черупка, која ја задушувала македонската народносна јатка. Изменето од Marko sk - 26.Јуни.2009 во 18:25 |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Второ- Лавче, Буги е прав за преводот. Македонците само се ПОЧУВСТУВАЛЕ слободни, не биле слободни, подоцна и самите сфатиле дека не е така!
Добро, аjде ке го редактирам-еве почувствале слободни-и што? После што вие пишувате тоа го нема кажано од Чуповски, jaс ви преведуваам што пише во "Македонски голос"-значи дури Чуповски признава дека бугарскиот дел од Македониja бил слободен-тоа се фактите, се што е после е ваше толкување. Видите дека сум коректен и го редактирав постот на предната страна,а Буги ми избриша сканираната страна од "Илустрациja Илинден", за коja викаше дека е промакедонска. Изменето од lav4eto - 26.Јуни.2009 во 18:49 |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Уште од почеток бугарите се за автономиja на Македониjа, зошто им е jасно дека Европа нема да дозволи Голема Бугариjа.
Тоа се го сфатиле дури и наjпростите селани после Берлинскиот конгрес. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Jас ти кажав како е за емиграцијата во Америка, та и самиот си виде кој ја води истата, па и како се чувствуваат луѓето, како поткрепа на тоа и професор истото го тврди, сигурен сум дека си видел и Устав како изгледа, па сам изведи си заклучок од сето ова. Како Македонци во Уставот фигурираат сите што ќе бидат дел од Автономна Македонија, Македонци, Албанци, Власи итн. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас ти кажав дека Чуповски пишува дека македонскиот народ се почувствувал слободен во Пиринскиот дел, меѓутоа дека увидел дека тоа не е слобода. Така ли пишува или не? Ако не пишува, преведи, па и точно посочи што и каде. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кој ја води емиграцијата? Никој водач во емигрантските средини до формирањето на Република Македонија во состав на ФНРЈ не бил небугарин! Акои имаш пример, посочи го! (Ги исклучуваме интернационалистите-комунисти.) Изменето од cercetator - 27.Јуни.2009 во 01:11 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прво, ако мислиш на Смиле Војданов, не е комунист, туку неговата организација е затворена како комунистичка, само затоа што ја помага НР Македонија, а тогаш како што знаеш во Америка владее хистерија и т.н. лов на вештерки ( комунисти ), па затоа по налог на јавниот обвинител истата е забранета, за подоцна да се обнови како "Обединети Македонци."Точно е дека и во неа имало комунисти, меѓутоа не биле сите комунисти, затоа бесмислено ти е обвинувањето. |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
меѓутоа дека увидел дека тоа не е слобода Никаде нема таква реченица.Преведов точно напишаното од Чуповски и коригирав од "чувствал" на "почувствал". |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еден од омилените ви "борци против бугарштината" Димо Хаџи Димов и неговото "Македонско ослободително дело":
Верваjте, не сакате да ве преведуваам... Изменето од lav4eto - 28.Јуни.2009 во 08:00 |
|||
Внеси реплика | страница <1 34567 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |