IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - СМК во одбрана на државното име Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СМК во одбрана на државното име Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: СМК во одбрана на државното име Македонија
    Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:04
СВЕТА ВОЈНА за одбрана на државното име Македонија
ПОЃАЈЌИ од правото на државно име како неотуѓиво и неприкосновено право на македонскиот народ и на македонските граѓани,

ИМАЈЌИ предвид дека Светата библиска земја Македонија и Македонците се изложени на грчка агресија,

ИМАЈЌИ предвид дека Атина води специјална војна против Македонија и Македонците по сите основи и во целиот свет со цел елиминација на македонското прашање,

СООЧЕНИ со: грчкиот геноцид врз македонскиот народ кој континуирано се врши од поделбата и окупацијата на македонската земја и народ во Балканските војни 1912-1913 година до денес; антимакедонизмот на Атина кој поприма универзални димензии; и со грчкото расистичко барање за промена на државното име Македонија, и

СВЕСНИ за медиумската кампања и притисокот на меѓународната заедница, како и за историските и безбедносните импликации поради неизвесноста од сервилноста на институциите на власта за промена на државното име Македонија на последната возобновена Македонска држава,

СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС, повикува на

СВЕТА ВОЈНА
за одбрана на државното име Македонија


(1) Светскиот Македонски Конгрес ги повикува сите Македонци по род и државјанство и сите пријатели на Македонија и на Македонците во целиот свет со сите дозволиви и расположиви сили и средства, во секое време и на секое место на земјината топка, да ги спречат и се спротистават на сите постапки и протагонисти за промена на државното име Македонија.

(2) Одбраната на државното име Македонија е право и должност на секој Македонец по род и државјанство во целиот свет.

(3) Секој Македонец по род и државјанство во целиот свет е одговорен за одбрана на државното име Македонија.

(4) Овој Повик влегува во сила со неговото донесување.

(5) По еден примерок од овој Повик се доставува до: архивата на Светскиот Македонски Конгрес; Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; ООН, ОБСЕ, ЕУ и НАТО; и членовите и членките на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија.

(6) Овој Повик се објавува во „Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.
 
 

Ova seto e dobro, ama sepak ne mi se dopagja mototo "sveta vojna".  Zoshto bash vojna....pa niedna vojna ne zasluzhuva da bide sveta.  Plus toa me potseka na "jihad" pomalku.



Изменето од Popi - 25.Јуни.2009 во 13:15
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:08
a zgora na se , ne e li nekako zadocneta ? .... se prasuvam , sto li pravea do sega ? .... ili , sega " namirisaa " nekakva sansa za probiv na politickata scena pa site pocnaa so proglasi da se javuvaat i obrakjaat do  potencijalnite glasaci ...... zosto site izgledaat kako mrsojadci ? ............ pa problemot so imeto nametnat od grcite i nivnite sojuznici a ODOLGOVLEKUVAN od razno razni tipovi i tipki koi prodefiliraa na politickata scena vo RM ne e od vcera ............ KAJ BEA SITE DOSEGA ?  ..... izminative 15 godini koga namesto resavanje na sporot nie brkavme sojki zaedno so amerite nasekade kade sto ne treba ? isprakjavme i isprakjame svoi vojnici nasekade kade odat i amerite a se so edna cel .... da se dokazeme kako ramnopraven partner koj e podgotven za vlez vo nato .... i sega , naednas ispadja deka nato i ne e tolku vazen .... sto politika kje bese .... ednas treba ednas ne treba .... ne treba otkako svativme deka nema nato dokolku ne mi se napravi kjefot na grcite i nivnite sojuznici uste od 1948 - ta ......

Изменето од miroslav_g8 - 25.Јуни.2009 во 13:15
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:10
ДЕКЛАРАЦИЈА за одбрана на државното име Македонија
ПОЧИТУВАЈЌИ ја одлуката на граѓаните од референдумот на 8 септември 1991 година за “самостојна и суверена држава Македонија” без придавки и додавки (“Службен весник на РМ” број 42/1991),

ТРГНУВАЈЌИ од Извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската заедница според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот сојуз, и од Декларацијата за Југославија според којашто “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава”, усвоени од Советот на Европската заедница на 16 декември 1991 година,

ПОАЃАЈЌИ од амандманите И и ИИ на Уставот на Македонија од 6 јануари 1992 година, со коишто членот 3 се дополни со “Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави”, а членот 49 се дополни со нов став дека Републиката во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија “нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи” (“Службен весник на РМ” број 1/1992),

ПОАЃАЈЌИ од Декларацијата на Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година за неприфатливост и отфрлање на делот од Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува на признавањето на Република Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија” (“Службен весник на РМ” број 40/1992),

НЕОТСТАПУВАЈЌИ од точките 6 и 7 од Декларацијата на Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година, дека “името Македонија е основа за името на еден народ - македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него, тоа не е во функција на мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедни на мирен и демократски начин” и дека “Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на обединетите нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници” (“Службен весник на РМ” број 40/1992),

ИМАЈЌИ ја предвид Одлуката за стапување на Република Македонија во членство на Северно-атлантската договорна организација - НАТО донесена од Собранието на Република Македонија на 23 декември 1993 година (“Службен весник на РМ” број 78/1993),

ТРГНУВАЈЌИ од македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, ратификувана од Собранието на Македонија на 9 октомври 1995 година, како израз на добра волја за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, (“Службен весник на РМ” број 48/1995), и

ПОАЃАЈЌИ од Законот за знамето на Република Македонија (“Службен весник на РМ” број 47/1995), со којшто се промени шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце од знамето на Република Македонија,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонија нема уставно име (бидејќи името не е востановено со Уставот од 1944 или 1991 година), туку државно име кое се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија,

ЗНАЕЈЌИ дека државата Македонија нема композитно или сложено име составено од два или повеќе збора,

ЗНАЕЈЌИ дека идентитетот на нацијата е името на државата и дека промената на државното име значи трајна промена на името на македонскиот народ, бидејќи по меѓународно право националноста (државјанството) поризлегува од името на нацијата (државата), а не од етничкото потекло на граѓаните,

ЗНАЕЈЌИ дека единствено државното име Македонија е гаранција за македонскиот суверенитет и територијален интегритет; дека само одбраната на државното име Македонија во односите со Атина а не негова промена може да ги обедини македонските граѓани и Македонците во светот; и дека обидите и евентуалниот државен терор против сопствените граѓани заради промена на државното име Македонија ќе предизвикаат сериозен раздор во нацијата и меѓу Македонците во земјата и светот и ќе влијаат врз мирот и стабилноста во државата и регионот,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонија нема име за внатрешна и за надворешна употреба (меѓународно име), туку едно и единствено државно име за сите употреби и во секое време и дека државното име е и меѓународно име на земјата,

ЗНАЕЈЌИ дека Резолуцијата 817 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Резолуцијата 225 од 8 април 1993 година на Генералното собрание на Обединетите Нации не се основа за промена на државното име Македонија со апликација А/47/876-Ѕ/25147,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонија не разговара за замена на времената референца во ООН, туку за промена на државното име Македонија, бидејќи времената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“ е воспоставена поради разликата за државното име Македонија, и

Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија, на 15 јуни 2009 година, во градот Скопје, ја утврди следната

ДЕКЛАРАЦИЈА
за одбрана на државното име Македонија

(1) Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога граѓаните и народот во апсолутно мнозинство се изјаснија за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додави и придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна и важи се додека не биде променета со нов референдум.

(2) Се отфрла одржувањето на нов референдум за промена на државното име Македонија.

(3) Се отфрла изменување и/или дополнување на Уставот на Република Македонија за промена на државното име Македонија и/или за утврдување на име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба (меѓународно име).

(4) Се отфрла ратификацијата на каков и да е договор за промена на државното име Македонија и за опсегот и начинот на неговата употреба во Собранието на Република Македонија.

(5) Никој нема мандат за разговор и договор за промена на државното име Македонија. Секој договор за промена на државното име Македонија е велепредавство и злосторство против сопствениот народ кој никогаш не застарува.

(6) Од Владата на Македонија се бара:

(6.1) да поднесе тужба против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг за грчкиот геноцид врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес и да побара воени репарации од Атина и Брисел во износ од 8-15.000 милијарди евра за штетите од тоа,

(6.2) да ја продолжи тужбата против Грција за прекршување на Времената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година,

(6.3) да поднесе барање до Генералното собрание на ООН за донесување на Резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд во Хаг, за законитоста на дополнителните услови за прием на Македонија во ООН: да биде примена под времена референца и да разговара за разликата за државното име со друга држава,

(6.4) да го извести генералниот секретар на Обединетите Нации за итен и безусловен прекин на разговорите за разликата на државното име Македонија во односите со Атина и за продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното единствено државно име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и покрај поделбата и окупацијата на македонската земја и македонскиот народ во Балканските војни 1912-1913 година од кога Атина континуирано врши геноцид врз македонскиот народ,

(6.5) да побара извинување од Грција и Европската Унија на Македонија и на македонскиот народ за сите историски и општествени неправди од Атина и за последиците од грчкиот геноцид врз македонскиот народ,

(6.6) да продолжи во ефективната поддршка на барањата: за двојно државјанство и за граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите етнички Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија по Првата и Втората Балканска војна (1912-1913 година) и по Граѓанската војна во Грција (1948 година); за човековите и граѓанските права и слободи на етничките Македонци по потекло во Грција; за воените репарации од балканските војни до денес; за неповредивоста на македонско-грчката граница; за Македонската Првославна Црква; за режимот на водите од Вардарскиот слив; и за слободната зона во Солун, и

(6.7) еднострано да декларира дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

(7) Од претседателот на Република Македонија се бара да не го потпишува указот за прогласување на Законот за ратификација на каков и да е договор за промена на државното име Македонија и за опсегот и начинот на неговата употреба.

(8) Се поддржува пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и со НАТО под државното име Македонија без додавки и придавки, врз основа на референдум со најмалку мнозинство од вкупниот број запишани избирачи, по претходно усвоена одлука од најмалку две-третини од вкупниот број пратеници. Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур, се отфрла пристапувањето на Македонската држава во овие сојузи на држави. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија!

(9) Се апелира на трајно македонско-грчко помирување и склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година.

(10) Од земјите членки на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на ООН и од сите меѓународни организации и сојузи на држави, се бара да ја признаат државата Македонија под нејзиното државно име и во постојните граници, а во графите за службен јазик и народ да биде заведено македонски јазик и македонски народ.

(11) Македонија нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во нивните внатрешни работи.

(12) Се прифаќа името Македонија на северната грчка провинција и на југо-западната бугарска провинција, независно од историските хипотеки.

(13) Покрај евро-атлантските интеграции, се преферираат и евро-азиските интеграции на Македонија, посебно со Турција, Руската Федерација, Кина, Индија, Јапонија и арапскиот свет.

(14) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Движењето на неврзаните земји под државното име со статус набљудувач.

(15) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Арапската Лига под државното име со статус набљудувач.

(16) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Исламската Конференција под државното име со статус набљудувач.

(17) Се поддржува продлабочувањето на стратешкото партнерство на Македонија со САД и Турција.

(18) Се поттикнуваат македонската и грчката влада на склучување Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година.

(19) Се апелира:

(19.1) до Грција да не приговара на пријавата за членство и на членството на Македонија во оние меѓународни, мултилатерални и регионални институции и организации во кои Грција е членка.

(19.1) земјите членки на НАТО итно и безусловно да донесат одлука за покана на Македонија за пристапување во сојуз со НАТО, како придонес за мирот, безбедноста и стабилизацијата на регионот,

(19.2) ЕУ итно и безусловно да го утврди датумот за почеток на преговорите со Македонија за нејзино пристапување во сојуз со ЕУ,

(19.3) ЕУ да ги укине визите за македонските граѓани,

(19.4) САД да ги укинат визите за македонските граѓани,

(19.5) САД, ЕУ и НАТО да извршат притисок врз Атина за прифаќање на државното име Македонија, и

(19.6) САД, ЕУ и НАТО да не поттикнуваат верски и етнички конфликти во Македонија со цел симулација за нејзина дестабилизација и рекомпонирање на власта заради промена на државното име Македонија.

(20) Оваа Декларација влегува во сила со нејзиното донесување.

(21) По еден примерок од оваа Декларација се доставува до: архивата на Светскиот Македонски Конгрес; Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; ООН, ОБСЕ, ЕУ и НАТО; и членовите и членките на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија.

(22) Оваа Декларација се објавува во „Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.

Дел.број 0117/2009
15 јуни 2009 година
Скопје

Претседател
на Светскиот Македонски Конгрес
Тодор Петров

http://www.smk-wmc.org/index.asp?content=vest&id=1635&vlang=mk
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:11
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:12
Света војна???изненадување
Тодор Петров претерал малку повеќе, Бог да чува, света војна, баш како на Џихад да повикува!..
И кои се тие “дозволиви и расположиви сили и средства“?
Баш ме интересира како ги дефинира и што се’ спаѓа во нив?
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:15
(12) Се прифаќа името Македонија на северната грчка провинција и на југо-западната бугарска провинција, независно од историските хипотеки.

како да го разбирам овазбунетост

ПМ да не се вика ПМ?


Изменето од да бе - 25.Јуни.2009 во 13:16
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:16
Originally posted by anastea anastea напиша:

Света војна???изненадувањеТодор Петров претерал малку повеќе, Бог да чува, света војна, баш како на Џихад да повикува!..И кои се тие “дозволиви и расположиви сили и
средства“
?Баш ме интересира како ги дефинира и што се’ спаѓа во нив?



zar tvoeto ime ne ti e sveto?
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:18
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

Originally posted by anastea anastea напиша:

Света војна???изненадувањеТодор Петров претерал малку повеќе, Бог да чува, света војна, баш како на Џихад да повикува!..И кои се тие “дозволиви и расположиви сили и
средства“
?Баш ме интересира како ги дефинира и што се’ спаѓа во нив?



zar tvoeto ime ne ti e sveto?



Да, свето ми е името и не си го давам леснонамигнување
Ама ова ми е малку претерано...
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:19
бреj голем проблем со ова имеизненадување
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:20
Голем, еве и до војна стигнавмезбунетост
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:20
kje se resi .... e razbiram grizata na vas , istocnite sosedi ama nema gajle ... sekogas ima resenie намигнување

Изменето од miroslav_g8 - 25.Јуни.2009 во 13:20
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:21
Originally posted by anastea anastea напиша:

Голем, еве и до војна стигнавмезбунетост
 
 
a koj kje vojuva ? i protiv kogo ? збунетост
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:22
па вие против сите
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:22
Читај погоре: сите против сите...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,609 секунди.