Испечати | Затвори го прозорот

СМК во одбрана на државното име Македонија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19481
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 04:41
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: СМК во одбрана на државното име Македонија
Постирано од: Popi
Наслов: СМК во одбрана на државното име Македонија
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:04
СВЕТА ВОЈНА за одбрана на државното име Македонија
ПОЃАЈЌИ од правото на државно име како неотуѓиво и неприкосновено право на македонскиот народ и на македонските граѓани,

ИМАЈЌИ предвид дека Светата библиска земја Македонија и Македонците се изложени на грчка агресија,

ИМАЈЌИ предвид дека Атина води специјална војна против Македонија и Македонците по сите основи и во целиот свет со цел елиминација на македонското прашање,

СООЧЕНИ со: грчкиот геноцид врз македонскиот народ кој континуирано се врши од поделбата и окупацијата на македонската земја и народ во Балканските војни 1912-1913 година до денес; антимакедонизмот на Атина кој поприма универзални димензии; и со грчкото расистичко барање за промена на државното име Македонија, и

СВЕСНИ за медиумската кампања и притисокот на меѓународната заедница, како и за историските и безбедносните импликации поради неизвесноста од сервилноста на институциите на власта за промена на државното име Македонија на последната возобновена Македонска држава,

СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС, повикува на

СВЕТА ВОЈНА
за одбрана на државното име Македонија

(1) Светскиот Македонски Конгрес ги повикува сите Македонци по род и државјанство и сите пријатели на Македонија и на Македонците во целиот свет со сите дозволиви и расположиви сили и средства, во секое време и на секое место на земјината топка, да ги спречат и се спротистават на сите постапки и протагонисти за промена на државното име Македонија.

(2) Одбраната на државното име Македонија е право и должност на секој Македонец по род и државјанство во целиот свет.

(3) Секој Македонец по род и државјанство во целиот свет е одговорен за одбрана на државното име Македонија.

(4) Овој Повик влегува во сила со неговото донесување.

(5) По еден примерок од овој Повик се доставува до: архивата на Светскиот Македонски Конгрес; Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; ООН, ОБСЕ, ЕУ и НАТО; и членовите и членките на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија.

(6) Овој Повик се објавува во „Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.
http://www.smk-wmc.org/index.asp?content=vest&id=1636&vlang=mk - http://www.smk-wmc.org/index.asp?content=vest&id=1636&vlang=mk
 
Ova seto e dobro, ama sepak ne mi se dopagja mototo "sveta vojna".  Zoshto bash vojna....pa niedna vojna ne zasluzhuva da bide sveta.  Plus toa me potseka na "jihad" pomalku.

Коментари:
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:08
a zgora na se , ne e li nekako zadocneta ? .... se prasuvam , sto li pravea do sega ? .... ili , sega " namirisaa " nekakva sansa za probiv na politickata scena pa site pocnaa so proglasi da se javuvaat i obrakjaat do  potencijalnite glasaci ...... zosto site izgledaat kako mrsojadci ? ............ pa problemot so imeto nametnat od grcite i nivnite sojuznici a ODOLGOVLEKUVAN od razno razni tipovi i tipki koi prodefiliraa na politickata scena vo RM ne e od vcera ............ KAJ BEA SITE DOSEGA ?  ..... izminative 15 godini koga namesto resavanje na sporot nie brkavme sojki zaedno so amerite nasekade kade sto ne treba ? isprakjavme i isprakjame svoi vojnici nasekade kade odat i amerite a se so edna cel .... da se dokazeme kako ramnopraven partner koj e podgotven za vlez vo nato .... i sega , naednas ispadja deka nato i ne e tolku vazen .... sto politika kje bese .... ednas treba ednas ne treba .... ne treba otkako svativme deka nema nato dokolku ne mi se napravi kjefot na grcite i nivnite sojuznici uste od 1948 - ta ......

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:10
ДЕКЛАРАЦИЈА за одбрана на државното име Македонија
ПОЧИТУВАЈЌИ ја одлуката на граѓаните од референдумот на 8 септември 1991 година за “самостојна и суверена држава Македонија” без придавки и додавки (“Службен весник на РМ” број 42/1991),

ТРГНУВАЈЌИ од Извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската заедница според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот сојуз, и од Декларацијата за Југославија според којашто “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава”, усвоени од Советот на Европската заедница на 16 декември 1991 година,

ПОАЃАЈЌИ од амандманите И и ИИ на Уставот на Македонија од 6 јануари 1992 година, со коишто членот 3 се дополни со “Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави”, а членот 49 се дополни со нов став дека Републиката во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија “нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи” (“Службен весник на РМ” број 1/1992),

ПОАЃАЈЌИ од Декларацијата на Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година за неприфатливост и отфрлање на делот од Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува на признавањето на Република Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија” (“Службен весник на РМ” број 40/1992),

НЕОТСТАПУВАЈЌИ од точките 6 и 7 од Декларацијата на Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година, дека “името Македонија е основа за името на еден народ - македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него, тоа не е во функција на мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедни на мирен и демократски начин” и дека “Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на обединетите нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници” (“Службен весник на РМ” број 40/1992),

ИМАЈЌИ ја предвид Одлуката за стапување на Република Македонија во членство на Северно-атлантската договорна организација - НАТО донесена од Собранието на Република Македонија на 23 декември 1993 година (“Службен весник на РМ” број 78/1993),

ТРГНУВАЈЌИ од македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, ратификувана од Собранието на Македонија на 9 октомври 1995 година, како израз на добра волја за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, (“Службен весник на РМ” број 48/1995), и

ПОАЃАЈЌИ од Законот за знамето на Република Македонија (“Службен весник на РМ” број 47/1995), со којшто се промени шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце од знамето на Република Македонија,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонија нема уставно име (бидејќи името не е востановено со Уставот од 1944 или 1991 година), туку државно име кое се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија,

ЗНАЕЈЌИ дека државата Македонија нема композитно или сложено име составено од два или повеќе збора,

ЗНАЕЈЌИ дека идентитетот на нацијата е името на државата и дека промената на државното име значи трајна промена на името на македонскиот народ, бидејќи по меѓународно право националноста (државјанството) поризлегува од името на нацијата (државата), а не од етничкото потекло на граѓаните,

ЗНАЕЈЌИ дека единствено државното име Македонија е гаранција за македонскиот суверенитет и територијален интегритет; дека само одбраната на државното име Македонија во односите со Атина а не негова промена може да ги обедини македонските граѓани и Македонците во светот; и дека обидите и евентуалниот државен терор против сопствените граѓани заради промена на државното име Македонија ќе предизвикаат сериозен раздор во нацијата и меѓу Македонците во земјата и светот и ќе влијаат врз мирот и стабилноста во државата и регионот,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонија нема име за внатрешна и за надворешна употреба (меѓународно име), туку едно и единствено државно име за сите употреби и во секое време и дека државното име е и меѓународно име на земјата,

ЗНАЕЈЌИ дека Резолуцијата 817 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Резолуцијата 225 од 8 април 1993 година на Генералното собрание на Обединетите Нации не се основа за промена на државното име Македонија со апликација А/47/876-Ѕ/25147,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонија не разговара за замена на времената референца во ООН, туку за промена на државното име Македонија, бидејќи времената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“ е воспоставена поради разликата за државното име Македонија, и

Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија, на 15 јуни 2009 година, во градот Скопје, ја утврди следната

ДЕКЛАРАЦИЈА
за одбрана на државното име Македонија

(1) Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога граѓаните и народот во апсолутно мнозинство се изјаснија за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додави и придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна и важи се додека не биде променета со нов референдум.

(2) Се отфрла одржувањето на нов референдум за промена на државното име Македонија.

(3) Се отфрла изменување и/или дополнување на Уставот на Република Македонија за промена на државното име Македонија и/или за утврдување на име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба (меѓународно име).

(4) Се отфрла ратификацијата на каков и да е договор за промена на државното име Македонија и за опсегот и начинот на неговата употреба во Собранието на Република Македонија.

(5) Никој нема мандат за разговор и договор за промена на државното име Македонија. Секој договор за промена на државното име Македонија е велепредавство и злосторство против сопствениот народ кој никогаш не застарува.

(6) Од Владата на Македонија се бара:

(6.1) да поднесе тужба против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг за грчкиот геноцид врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес и да побара воени репарации од Атина и Брисел во износ од 8-15.000 милијарди евра за штетите од тоа,

(6.2) да ја продолжи тужбата против Грција за прекршување на Времената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година,

(6.3) да поднесе барање до Генералното собрание на ООН за донесување на Резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд во Хаг, за законитоста на дополнителните услови за прием на Македонија во ООН: да биде примена под времена референца и да разговара за разликата за државното име со друга држава,

(6.4) да го извести генералниот секретар на Обединетите Нации за итен и безусловен прекин на разговорите за разликата на државното име Македонија во односите со Атина и за продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното единствено државно име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и покрај поделбата и окупацијата на македонската земја и македонскиот народ во Балканските војни 1912-1913 година од кога Атина континуирано врши геноцид врз македонскиот народ,

(6.5) да побара извинување од Грција и Европската Унија на Македонија и на македонскиот народ за сите историски и општествени неправди од Атина и за последиците од грчкиот геноцид врз македонскиот народ,

(6.6) да продолжи во ефективната поддршка на барањата: за двојно државјанство и за граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите етнички Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија по Првата и Втората Балканска војна (1912-1913 година) и по Граѓанската војна во Грција (1948 година); за човековите и граѓанските права и слободи на етничките Македонци по потекло во Грција; за воените репарации од балканските војни до денес; за неповредивоста на македонско-грчката граница; за Македонската Првославна Црква; за режимот на водите од Вардарскиот слив; и за слободната зона во Солун, и

(6.7) еднострано да декларира дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

(7) Од претседателот на Република Македонија се бара да не го потпишува указот за прогласување на Законот за ратификација на каков и да е договор за промена на државното име Македонија и за опсегот и начинот на неговата употреба.

(8) Се поддржува пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и со НАТО под државното име Македонија без додавки и придавки, врз основа на референдум со најмалку мнозинство од вкупниот број запишани избирачи, по претходно усвоена одлука од најмалку две-третини од вкупниот број пратеници. Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур, се отфрла пристапувањето на Македонската држава во овие сојузи на држави. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија!

(9) Се апелира на трајно македонско-грчко помирување и склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година.

(10) Од земјите членки на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на ООН и од сите меѓународни организации и сојузи на држави, се бара да ја признаат државата Македонија под нејзиното државно име и во постојните граници, а во графите за службен јазик и народ да биде заведено македонски јазик и македонски народ.

(11) Македонија нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во нивните внатрешни работи.

(12) Се прифаќа името Македонија на северната грчка провинција и на југо-западната бугарска провинција, независно од историските хипотеки.

(13) Покрај евро-атлантските интеграции, се преферираат и евро-азиските интеграции на Македонија, посебно со Турција, Руската Федерација, Кина, Индија, Јапонија и арапскиот свет.

(14) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Движењето на неврзаните земји под државното име со статус набљудувач.

(15) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Арапската Лига под државното име со статус набљудувач.

(16) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Исламската Конференција под државното име со статус набљудувач.

(17) Се поддржува продлабочувањето на стратешкото партнерство на Македонија со САД и Турција.

(18) Се поттикнуваат македонската и грчката влада на склучување Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година.

(19) Се апелира:

(19.1) до Грција да не приговара на пријавата за членство и на членството на Македонија во оние меѓународни, мултилатерални и регионални институции и организации во кои Грција е членка.

(19.1) земјите членки на НАТО итно и безусловно да донесат одлука за покана на Македонија за пристапување во сојуз со НАТО, како придонес за мирот, безбедноста и стабилизацијата на регионот,

(19.2) ЕУ итно и безусловно да го утврди датумот за почеток на преговорите со Македонија за нејзино пристапување во сојуз со ЕУ,

(19.3) ЕУ да ги укине визите за македонските граѓани,

(19.4) САД да ги укинат визите за македонските граѓани,

(19.5) САД, ЕУ и НАТО да извршат притисок врз Атина за прифаќање на државното име Македонија, и

(19.6) САД, ЕУ и НАТО да не поттикнуваат верски и етнички конфликти во Македонија со цел симулација за нејзина дестабилизација и рекомпонирање на власта заради промена на државното име Македонија.

(20) Оваа Декларација влегува во сила со нејзиното донесување.

(21) По еден примерок од оваа Декларација се доставува до: архивата на Светскиот Македонски Конгрес; Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; ООН, ОБСЕ, ЕУ и НАТО; и членовите и членките на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија.

(22) Оваа Декларација се објавува во „Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.

Дел.број 0117/2009
15 јуни 2009 година
Скопје

Претседател
на Светскиот Македонски Конгрес
Тодор Петров

http://www.smk-wmc.org/index.asp?content=vest&id=1635&vlang=mk - http://www.smk-wmc.org/index.asp?content=vest&id=1635&vlang=mk

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:11
http://www.youtube.com/watch?v=mK2T2aPooy4">се секавам на оваа песна задоволство

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:12
Света војна???изненадување
Тодор Петров претерал малку повеќе, Бог да чува, света војна, баш како на Џихад да повикува!..
И кои се тие “дозволиви и расположиви сили и средства“?
Баш ме интересира како ги дефинира и што се’ спаѓа во нив?

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:15
(12) Се прифаќа името Македонија на северната грчка провинција и на југо-западната бугарска провинција, независно од историските хипотеки.

како да го разбирам овазбунетост

ПМ да не се вика ПМ?

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:16
Originally posted by anastea anastea напиша:

Света војна???изненадувањеТодор Петров претерал малку повеќе, Бог да чува, света војна, баш како на Џихад да повикува!..И кои се тие “дозволиви и расположиви сили и
средства“
?Баш ме интересира како ги дефинира и што се’ спаѓа во нив?

zar tvoeto ime ne ti e sveto?

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:18
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

Originally posted by anastea anastea напиша:

Света војна???изненадувањеТодор Петров претерал малку повеќе, Бог да чува, света војна, баш како на Џихад да повикува!..И кои се тие “дозволиви и расположиви сили и
средства“
?Баш ме интересира како ги дефинира и што се’ спаѓа во нив?

zar tvoeto ime ne ti e sveto?

Да, свето ми е името и не си го давам леснонамигнување
Ама ова ми е малку претерано...

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:19
бреj голем проблем со ова имеизненадување

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:20
Голем, еве и до војна стигнавмезбунетост

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:20
kje se resi .... e razbiram grizata na vas , istocnite sosedi ama nema gajle ... sekogas ima resenie намигнување

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:21
Originally posted by anastea anastea напиша:

Голем, еве и до војна стигнавмезбунетост
 
a koj kje vojuva ? i protiv kogo ? збунетост

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:22
па вие против сите

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:22
Читај погоре: сите против сите...

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:22
nie sme site збунетост a dali sme voopsto so SITE збунетост

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: Popi
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:24

Ne be nishto ne e izmeneto (a jas pak se izraduvav za djabe голема%20насмевка) ushte si stoi mototo...a deklaracijata si e kako sostaven del od istata. тага

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:26
(14) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Движењето на неврзаните земји под државното име со статус набљудувач.

(15) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Арапската Лига под државното име со статус набљудувач.

(16) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Исламската Конференција под државното име со статус набљудувач.

како бе аркадашхлар ем неврзани ем во Арапската лига и во Исламска Конференциjaизненадување

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:27

napredok ..... OVD голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:29
света војнаизненадувањеизненадувањеизненадување
а кој ќе војува со кого?
света војна за името....но како?...кон кого е насочена војнава???...со кого ќе војуваме?
Тодор Петров ќе јава на чело на колоната?

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:30
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

jас ке навивам за вас

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:30
MARŠ смеење

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:34
Ај не ја терајте на мајтап.

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:35
Originally posted by anastea anastea напиша:

Ај не ја терајте на мајтап.

ок нема

штом е серозно кажете само кога почва

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:36
sto se cudis BE ? ..... prvin so grcite da zavrsime rabota .... posle so site ostanati svetovi naokolu .... zosto , barem na balkanot sekoj e svet za sebe голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:38
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

sto se cudis BE ? ..... prvin so grcite da zavrsime rabota .... posle so site ostanati svetovi naokolu .... zosto , barem na balkanot sekoj e svet za sebe голема%20насмевка

ако ке си говориме на фамилии барем едно "господине" ставаj пред Бе

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:42
ќе ме удостоите со одговор?
еве господинот Да Бе ќе навивал за нас,ама кого ли ќе го тепаме?

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:43
kogo kje stigneme .... tesko nemu ako go izvadime kuburot ... samo , za srekja na site , uste ne e dojdeno dovolno tesko vreme голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:44
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

ќе ме удостоите со одговор?
еве господинот Да Бе ќе навивал за нас,ама кого ли ќе го тепаме?

леле ова КОГО прво го прочитах како КОГАизненадување

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:48
лелееее...јас му се обраќам со господине а тој се исплашил дека ќе го тепаме....нека%20ти%20е%20сраммир

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:49
ne terajte na majtap лутина  ... treba strategija da se pravi ... za sveta vojna ....

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:52
за жал ако продолжиме вака ептен за мајтап ќе испаднеме пред световплачење

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:55
sakas da kazes , poarno da dopreme kaj sto sme збунетост

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:57
па да си подсредевме прво низ дома ако не, после да ѕиркаме преку ѕид како е валкано кај комшиитене%20знам

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:58
so ogled na kondicionata podgotvenost porad 6 vekovniot trening , a i onoj pred nego , mislam deka e najarno da pricekame .... da umre komsijata a kozata da si ja zadrzime za sebe голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: Popi
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:58
Aj da go narekle; SVETA BORBA, mozhebi i ke se razbereshe nekako....vo stilot sveto ni e imeto pa se borime i ke se borime (vo sekoja smisla) da si go zachuvame kako takvo - ama vojna??? изненадување
 
Ova e isto kako da go povikuvame narodot na vojna.... збунетост A za drugite chista provokacija. тага
 
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 13:59
pecatarska greska .... na onoj koj go pisuval  proglasot .... ili , mozebi sakal da mu dade tezina na zborot vojna ... pogolema otkolku sto i samata vojna e .... koj kje znae збунетост

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 14:07
Originally posted by Popi Popi напиша:

Aj da go narekle; SVETA BORBA, mozhebi i ke se razbereshe nekako....vo stilot sveto ni e imeto pa se borime i ke se borime (vo sekoja smisla) da si go zachuvame kako takvo - ama vojna??? изненадување
 
Ova e isto kako da go povikuvame narodot na vojna.... збунетост A za drugite chista provokacija. тага

се секавам на един користник имаше пред време - Борец - многу борбена персона

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: Popi
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 14:29
Da eve go, ushte e takov. трепкање

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 14:35
задоволство

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 14:42
gospodin Be, marshal Miki,sveta vojnaзбунетост. Jas li ne citam pravilno, mi mrezat li ocite? E sega sum vo mat pozicija- po versko ubeduvanje pravoslaven ateistзбунетост, po drzavjanstvo- Makedonka, po nacionalnost Vlainka koja site so sila ja pravat potomok na AM od planinjeno, na koja stana da se opredelam, mnogu sum protiv dzihad, vazi li poimot dzihad i za sveta vojna za imeto na Todora?збунетост Konfuzija???? 

-------------

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 14:45
citaj i kje svatis deka ne bile daleku od vistinata onie koi rekle " s' kim si , takav si " голема%20насмевка
 
(15) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Арапската Лига под државното  име 

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 15:16
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

gospodin Be, marshal Miki,sveta vojnaзбунетост. Jas li ne citam pravilno, mi mrezat li ocite? E sega sum vo mat pozicija- po versko ubeduvanje pravoslaven ateistзбунетост, po drzavjanstvo- Makedonka, po nacionalnost Vlainka koja site so sila ja pravat potomok na AM od planinjeno, na koja stana da se opredelam, mnogu sum protiv dzihad, vazi li poimot dzihad i za sveta vojna za imeto na Todora?збунетост Konfuzija???? 

jас сум само навиjач

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: Popi
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 15:17
A za koj tim navivash?  смеење
 
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 15:22
па како за коj - за мojотголема%20насмевка

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ

Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 15:23
Originally posted by anastea anastea напиша:

Света војна???изненадување
Тодор Петров претерал малку повеќе, Бог да чува, света војна, баш како на Џихад да повикува!..
И кои се тие “дозволиви и расположиви сили и средства“?
Баш ме интересира како ги дефинира и што се’ спаѓа во нив?
   da si nabavat makedoncite ,..pojasi,...i da se rashtrkaat niz svetot,...sigurno na toa mislel,..budala semakedonska!,..glupak!смеење

a, dali i toj zivee vo zemjava?збунетост

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 15:56
па веројатно не живее во земјава...инаку би знаел дека ние кубурот го чуваме за зловреме...а и нема толку голем патриот да биде ако живее овде...ќе размислува како да врзе крај со крај во месецот или како да му ја здувне од “античкава“ни држава наместо да повикува на света војна

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 16:00
a mozebi i zivee ama na tudja smetka намигнување

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 16:14
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

па веројатно не живее во земјава...инаку би знаел дека ние кубурот го чуваме за зловреме...а и нема толку голем патриот да биде ако живее овде...ќе размислува како да врзе крај со крај во месецот или како да му ја здувне од “античкава“ни држава наместо да повикува на света војна
bash kako i site tuka,..kvazipatrioti ,..shto na cel glas ja branat zemjava i narodot nejzin kutar,..od takvi kako mene,...

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 16:16
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

a mozebi i zivee ama na tudja smetka намигнување
na tugja smetak toj serko zivee i tamu kaj shto e,..nekoj sigurno debelo go finansira toa,..klepetalo i negoviot se.........kongres.

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 16:19
Originally posted by brza brza напиша:

Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

па веројатно не живее во земјава...инаку би знаел дека ние кубурот го чуваме за зловреме...а и нема толку голем патриот да биде ако живее овде...ќе размислува како да врзе крај со крај во месецот или како да му ја здувне од “античкава“ни држава наместо да повикува на света војна
bash kako i site tuka,..kvazipatrioti ,..shto na cel glas ja branat zemjava i narodot nejzin kutar,..od takvi kako mene,...
 
don't forget about me голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk