|
СМК во одбрана на државното име Македонија |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:04 |
||
Изменето од Popi - 25.Јуни.2009 во 13:15 |
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
a zgora na se , ne e li nekako zadocneta ? .... se prasuvam , sto li pravea do sega ? .... ili , sega " namirisaa " nekakva sansa za probiv na politickata scena pa site pocnaa so proglasi da se javuvaat i obrakjaat do potencijalnite glasaci ...... zosto site izgledaat kako mrsojadci ? ............ pa problemot so imeto nametnat od grcite i nivnite sojuznici a ODOLGOVLEKUVAN od razno razni tipovi i tipki koi prodefiliraa na politickata scena vo RM ne e od vcera ............ KAJ BEA SITE DOSEGA ? ..... izminative 15 godini koga namesto resavanje na sporot nie brkavme sojki zaedno so amerite nasekade kade sto ne treba ? isprakjavme i isprakjame svoi vojnici nasekade kade odat i amerite a se so edna cel .... da se dokazeme kako ramnopraven partner koj e podgotven za vlez vo nato .... i sega , naednas ispadja deka nato i ne e tolku vazen .... sto politika kje bese .... ednas treba ednas ne treba .... ne treba otkako svativme deka nema nato dokolku ne mi se napravi kjefot na grcite i nivnite sojuznici uste od 1948 - ta ......
Изменето од miroslav_g8 - 25.Јуни.2009 во 13:15 |
|||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ДЕКЛАРАЦИЈА за одбрана на државното име Македонија
ПОЧИТУВАЈЌИ ја одлуката на граѓаните од референдумот на 8 септември 1991 година за “самостојна и суверена држава Македонија” без придавки и додавки (“Службен весник на РМ” број 42/1991), ТРГНУВАЈЌИ од Извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската заедница според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот сојуз, и од Декларацијата за Југославија според којашто “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава”, усвоени од Советот на Европската заедница на 16 декември 1991 година, ПОАЃАЈЌИ од амандманите И и ИИ на Уставот на Македонија од 6 јануари 1992 година, со коишто членот 3 се дополни со “Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави”, а членот 49 се дополни со нов став дека Републиката во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија “нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи” (“Службен весник на РМ” број 1/1992), ПОАЃАЈЌИ од Декларацијата на Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година за неприфатливост и отфрлање на делот од Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува на признавањето на Република Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија” (“Службен весник на РМ” број 40/1992), НЕОТСТАПУВАЈЌИ од точките 6 и 7 од Декларацијата на Собранието на Македонија од 3 јули 1992 година, дека “името Македонија е основа за името на еден народ - македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него, тоа не е во функција на мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедни на мирен и демократски начин” и дека “Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на обединетите нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници” (“Службен весник на РМ” број 40/1992), ИМАЈЌИ ја предвид Одлуката за стапување на Република Македонија во членство на Северно-атлантската договорна организација - НАТО донесена од Собранието на Република Македонија на 23 декември 1993 година (“Службен весник на РМ” број 78/1993), ТРГНУВАЈЌИ од македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, ратификувана од Собранието на Македонија на 9 октомври 1995 година, како израз на добра волја за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, (“Службен весник на РМ” број 48/1995), и ПОАЃАЈЌИ од Законот за знамето на Република Македонија (“Службен весник на РМ” број 47/1995), со којшто се промени шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце од знамето на Република Македонија, ЗНАЕЈЌИ дека Македонија нема уставно име (бидејќи името не е востановено со Уставот од 1944 или 1991 година), туку државно име кое се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија, ЗНАЕЈЌИ дека државата Македонија нема композитно или сложено име составено од два или повеќе збора, ЗНАЕЈЌИ дека идентитетот на нацијата е името на државата и дека промената на државното име значи трајна промена на името на македонскиот народ, бидејќи по меѓународно право националноста (државјанството) поризлегува од името на нацијата (државата), а не од етничкото потекло на граѓаните, ЗНАЕЈЌИ дека единствено државното име Македонија е гаранција за македонскиот суверенитет и територијален интегритет; дека само одбраната на државното име Македонија во односите со Атина а не негова промена може да ги обедини македонските граѓани и Македонците во светот; и дека обидите и евентуалниот државен терор против сопствените граѓани заради промена на државното име Македонија ќе предизвикаат сериозен раздор во нацијата и меѓу Македонците во земјата и светот и ќе влијаат врз мирот и стабилноста во државата и регионот, ЗНАЕЈЌИ дека Македонија нема име за внатрешна и за надворешна употреба (меѓународно име), туку едно и единствено државно име за сите употреби и во секое време и дека државното име е и меѓународно име на земјата, ЗНАЕЈЌИ дека Резолуцијата 817 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Резолуцијата 225 од 8 април 1993 година на Генералното собрание на Обединетите Нации не се основа за промена на државното име Македонија со апликација А/47/876-Ѕ/25147, ИМАЈЌИ предвид дека Македонија не разговара за замена на времената референца во ООН, туку за промена на државното име Македонија, бидејќи времената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“ е воспоставена поради разликата за државното име Македонија, и Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија, на 15 јуни 2009 година, во градот Скопје, ја утврди следната ДЕКЛАРАЦИЈА за одбрана на државното име Македонија (1) Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога граѓаните и народот во апсолутно мнозинство се изјаснија за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додави и придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна и важи се додека не биде променета со нов референдум. (2) Се отфрла одржувањето на нов референдум за промена на државното име Македонија. (3) Се отфрла изменување и/или дополнување на Уставот на Република Македонија за промена на државното име Македонија и/или за утврдување на име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба (меѓународно име). (4) Се отфрла ратификацијата на каков и да е договор за промена на државното име Македонија и за опсегот и начинот на неговата употреба во Собранието на Република Македонија. (5) Никој нема мандат за разговор и договор за промена на државното име Македонија. Секој договор за промена на државното име Македонија е велепредавство и злосторство против сопствениот народ кој никогаш не застарува. (6) Од Владата на Македонија се бара: (6.1) да поднесе тужба против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг за грчкиот геноцид врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес и да побара воени репарации од Атина и Брисел во износ од 8-15.000 милијарди евра за штетите од тоа, (6.2) да ја продолжи тужбата против Грција за прекршување на Времената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година, (6.3) да поднесе барање до Генералното собрание на ООН за донесување на Резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд во Хаг, за законитоста на дополнителните услови за прием на Македонија во ООН: да биде примена под времена референца и да разговара за разликата за државното име со друга држава, (6.4) да го извести генералниот секретар на Обединетите Нации за итен и безусловен прекин на разговорите за разликата на државното име Македонија во односите со Атина и за продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното единствено државно име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и покрај поделбата и окупацијата на македонската земја и македонскиот народ во Балканските војни 1912-1913 година од кога Атина континуирано врши геноцид врз македонскиот народ, (6.5) да побара извинување од Грција и Европската Унија на Македонија и на македонскиот народ за сите историски и општествени неправди од Атина и за последиците од грчкиот геноцид врз македонскиот народ, (6.6) да продолжи во ефективната поддршка на барањата: за двојно државјанство и за граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите етнички Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија по Првата и Втората Балканска војна (1912-1913 година) и по Граѓанската војна во Грција (1948 година); за човековите и граѓанските права и слободи на етничките Македонци по потекло во Грција; за воените репарации од балканските војни до денес; за неповредивоста на македонско-грчката граница; за Македонската Првославна Црква; за режимот на водите од Вардарскиот слив; и за слободната зона во Солун, и (6.7) еднострано да декларира дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. (7) Од претседателот на Република Македонија се бара да не го потпишува указот за прогласување на Законот за ратификација на каков и да е договор за промена на државното име Македонија и за опсегот и начинот на неговата употреба. (8) Се поддржува пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и со НАТО под државното име Македонија без додавки и придавки, врз основа на референдум со најмалку мнозинство од вкупниот број запишани избирачи, по претходно усвоена одлука од најмалку две-третини од вкупниот број пратеници. Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур, се отфрла пристапувањето на Македонската држава во овие сојузи на држави. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија! (9) Се апелира на трајно македонско-грчко помирување и склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година. (10) Од земјите членки на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на ООН и од сите меѓународни организации и сојузи на држави, се бара да ја признаат државата Македонија под нејзиното државно име и во постојните граници, а во графите за службен јазик и народ да биде заведено македонски јазик и македонски народ. (11) Македонија нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во нивните внатрешни работи. (12) Се прифаќа името Македонија на северната грчка провинција и на југо-западната бугарска провинција, независно од историските хипотеки. (13) Покрај евро-атлантските интеграции, се преферираат и евро-азиските интеграции на Македонија, посебно со Турција, Руската Федерација, Кина, Индија, Јапонија и арапскиот свет. (14) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Движењето на неврзаните земји под државното име со статус набљудувач. (15) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Арапската Лига под државното име со статус набљудувач. (16) Се поддржува пристапувањето на Македонија во Исламската Конференција под државното име со статус набљудувач. (17) Се поддржува продлабочувањето на стратешкото партнерство на Македонија со САД и Турција. (18) Се поттикнуваат македонската и грчката влада на склучување Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година. (19) Се апелира: (19.1) до Грција да не приговара на пријавата за членство и на членството на Македонија во оние меѓународни, мултилатерални и регионални институции и организации во кои Грција е членка. (19.1) земјите членки на НАТО итно и безусловно да донесат одлука за покана на Македонија за пристапување во сојуз со НАТО, како придонес за мирот, безбедноста и стабилизацијата на регионот, (19.2) ЕУ итно и безусловно да го утврди датумот за почеток на преговорите со Македонија за нејзино пристапување во сојуз со ЕУ, (19.3) ЕУ да ги укине визите за македонските граѓани, (19.4) САД да ги укинат визите за македонските граѓани, (19.5) САД, ЕУ и НАТО да извршат притисок врз Атина за прифаќање на државното име Македонија, и (19.6) САД, ЕУ и НАТО да не поттикнуваат верски и етнички конфликти во Македонија со цел симулација за нејзина дестабилизација и рекомпонирање на власта заради промена на државното име Македонија. (20) Оваа Декларација влегува во сила со нејзиното донесување. (21) По еден примерок од оваа Декларација се доставува до: архивата на Светскиот Македонски Конгрес; Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; ООН, ОБСЕ, ЕУ и НАТО; и членовите и членките на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија. (22) Оваа Декларација се објавува во „Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“. Дел.број 0117/2009 15 јуни 2009 година Скопје Претседател на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров http://www.smk-wmc.org/index.asp?content=vest&id=1635&vlang=mk |
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Света војна???
Тодор Петров претерал малку повеќе, Бог да чува, света војна, баш како на Џихад да повикува!.. И кои се тие “дозволиви и расположиви сили и средства“? Баш ме интересира како ги дефинира и што се’ спаѓа во нив? |
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
(12) Се прифаќа името Македонија на северната грчка провинција и на
југо-западната бугарска провинција, независно од историските хипотеки.
како да го разбирам ова ПМ да не се вика ПМ? Изменето од да бе - 25.Јуни.2009 во 13:16 |
|||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
zar tvoeto ime ne ti e sveto? |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, свето ми е името и не си го давам лесно Ама ова ми е малку претерано... |
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
бреj голем проблем со ова име
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Голем, еве и до војна стигнавме
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
kje se resi .... e razbiram grizata na vas , istocnite sosedi ama nema gajle ... sekogas ima resenie
Изменето од miroslav_g8 - 25.Јуни.2009 во 13:20 |
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
a koj kje vojuva ? i protiv kogo ?
|
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
па вие против сите
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Читај погоре: сите против сите...
|
|||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |