|
Aнтички или словенски? |
Внеси реплика | страница <1 1718192021 74> |
Автор | |||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Трагедија! А што ќе кажеш за Чуповски, Пулевски и многу други кои се декларирале како Македонци? Тие што биле? P.S. Во темата "Mакедонска емиграција" имам поставено и фототипен документ! Изменето од macedon_alex - 19.Јуни.2009 во 16:27 |
|||||
пивце
Група Регистриран: 19.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 71 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
па веќе на велико се воведува книжевниот македонски јазик во црквите. Ако не се лажам, црковнословенскиот (малку изменета верзина од старословенскиот за црковни потреби)потполно ќе се укинува во црквите под управа на МПЦ
Во 9. век СВ. Кирил и Методиј, кои не биле Словени по потекло (значи, Словенскиот јазик не им бил мајчин, туку го научиле)знаеле да зборуваат освен на мајчиниот (грчки или латински)уште и Словенски јазик, кој го научиле затоа што биле Солуњани, а "сите Солуњани чисто словенски зборувале" во тоа време. Како што е опишано во византиските записи од тоа време, населението собрано во Солун не било ни приближно еднакво со Словенската поплава што живеела околу него. Така градот имал контакт искључиво со Словенските племиња. Со некои пријателски, со некои непријателски. Едни, обединети го напаѓале, а други, откажувајќи им послушност на првите, го снабдувале на градот со животни намирници (за голем надомест, секако). Значи, за да добијат леб, Солуњаните морале да знаат словенски. Па така, научиле и овие двајца браќа. Директно околу Солун во тоа време било племето Драговити, па можеме да претпоставиме дека Св. Кирил и Методиј го знаеле драговитското наречје од словенскиот јазик (единствен словенски јазик, секако, во тоа време не опстојувал, но во секој случај постоеле сродни дијалекти и секој од нив се нарекувал словенски). Кога пошле во Велика Моравија, тие, иако неприродни говорители на словенскиот јазик, можеле совршено добро да се разберат со населението во таа држава. Тоа значи, дека, јазикот во Македонија и јазикот во Чешка во тоа време биле толку исти, што дури и неприродни говорители на (условно)македонскиот јазик можеле слободно да комуницираат со природните говорители на (условно) чешкиот јазик. Или, преведено, во Битола и во Плзењ живеел исти народ. |
|||||
Навигатор Цветко
|
|||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
sloveni
|
|||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Секој со своите апсурди напред! |
|||||
Кој бара ќе најде.
|
|||||
пивце
Група Регистриран: 19.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 71 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Официјално македонски народ постои од после војната. Тоа што и пред тоа имало двајца, тројца или петмина што се изјаснувале како македонци, не укажува на тоа дека имало посебен народ. Тие си биле поединци кои сакале да се СТВОРИ македонски народ, па и баш тие двајца инсистирале на словенското потекло на населението во Македонија. Знам, ќе речеш, ама го спомнувале и Александар, ама рекле: "Александар Славјанин е, наши баби Славјански го родиле". Значи, се работи за романтичарство, карактеристично за тој периот насекаде во светот. Свесен дека е Славјанин, Пулевски пробува да додаде слава во свеста на народот и да додаде чувство на поврзаност и на припадност. Но, ни оддалеку не се осудил да им рече на луѓето дека не се Словени. Напротив, идејата за Александар им ја доближува, и како ублажувач ја користи (реално) лагата за александроото словенско потекло. Подоцна, К.П.Мисирков се бори исто така за СОЗДАВАЊЕ на македонски народ, и исто така тој јасно наведува дека тоа е словенска група луѓе која со тек на времето створила доволно разлика со околните словенски народи, што заслуѓува и самата да добие статус на народ во групата на други словенски народи. |
|||||
Навигатор Цветко
|
|||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Лилице, уште чекам одговор... Секако во контекст на темава |
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јас никако не говорам дека некој од преродбениците им рекол на луѓето дека не се Словени! Меѓутоа да ми кажуваш дека македонскиот народ постои од 1945 година е во најмала рака несериозно. Значи сите оние документи за македонски народ ( словенски ) ништо не важат... |
|||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ти постави безброј документи, ама ........и егејски македонци има .......од државата Република Егејска ли се? Тоа е област, територија, и тие што ги споменуваш се викале така за поблизу да одредат од каде се. Немат држава, како што до 1945 г. прв пат комунистите ни дадоа парче слобода, територија, јазик. Не само историја А.М. на Букефал, историја е и Тито. А зошто дедо ми со српско презиме е на гробишта? Оти не се напишал македонец со антички корен! Па се осеќал како словен, а не антик!!!...... Чуповски и Пулевски и др. како нив се кажувале македонци, значи од областа Македонија, или Мисирков оти и бугарски творби собирал? Биле мешавина лугето, и денес ќе бараме чиста нација!...... |
|||||
Кој бара ќе најде.
|
|||||
пивце
Група Регистриран: 19.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 71 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Народ постои од тогаш кога е официјално признаен. Македонски народ е официјално признаен прв пат од комунистите. Претходно имало само поединци кои сакале да се нарекуваат Македонци, и баш тие биле иницијалната каписла за формирање на народот. А и не биле многу.И тие што биле, зборувале претежно за стварање, а не за постоење на македонскиот народ, и тое се искористиле себе си како личен пример за почеток на раѓањето на новиот народ. Никој не го оспорува сега македонскиот народ. Веќе предолго функционираме како посебни за да можеме да речеме сега дека сме Срби или Бугари. Но, тогаш приликите биле поинакви, и луѓето во огромно мнозинство имале српска или бугарска национална свест (многу ретко грчка, а и тие што имале таква биле свесни дека не се Грци). |
|||||
Навигатор Цветко
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Мешаш работи, многу мешаш. Егејски Македонци се нарекуваат за да кажат дека се етнички Македонци од Егејска Македонија. Барем за тоа немој да ми зборуваш, јас имам потекло од Егејска Македонија ( по мајка сум од таму ). И сите роднини, меѓу кои и 90 годиншни кои се во Егејска Македонија и ден-денес се нарекуваат етнички Македонци. Зарем 90 годишни луѓе ќе биле лажени од Тито и ќе ја чекале 1945? Пола фамилија ми е убиена или затворена само затоа што викале дека се етнички Македонци. Значи прво, мешаш регионална припадност и етничка припадност. Второ, ако го виде документот во темата за емиграцијата, ќе видеше дека не ги прашувале за регионално потекло таму каде што пополниле Македонци, туку горе стои етничко потекло, за регионот има друго прашање. Во однос на дедо ти не коментирам, тоа не е моја работа и не се мешам, меѓутоа на мојата баба ( од татко ми страна ) дедото и бил Илинденец и цел живот викал дека е етнички Македонец, си имаше и медали, споменица и слично, меѓутоа во земјотресот се изгубивме, сите документи се уништија. ЗНачи како сега и од Вардарска и од Егејска Македонија да се чувствуваат Македонци? Ајде овде Тито и комунистите, ама таму кој им кажал? Пред да коментираш за Чуповски и Пулевски, прочитај ги, не говори од памет, затоа што така само може да се изрезилиш ( со сета почит ). |
|||||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тибериј не бил словен, затоа оставил само рушевини зад себе! Се знае кога не е твое само го користиш! А има на интернет истириски записи, па информирај се околу историјата. А денес во мојот град има стари архитектонски градби - Некогашен хотел „Српски крал“ Некогашна осматрачница Турска кула Некогашна Турска пошта, Има и еден гроб на Струма, која е керка на словенот крал Марко, а Царевите кули се од 6 век каде тој се засолнувал. Има во приградските населби некои манастири од римјаните и тоа е. Што има античко? Каде биле антиците? И какви антички корени имам? |
|||||
Кој бара ќе најде.
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
И денес постојат многу народи кои не се признаени, не знам зошто би им било потребно официјално признавање. Македонскиот народ се споменува многу порано ( сега говорам за словенскиот македонски народ ) а тие поединци се нарекувале Македонци не затоа што сакале, затоа што тоа и биле. А ако гледаш од аспект на поединци, половина од народите ( вклучувајќи ги и соседите ) започнале да се чувствуваат тоа што се денес со низа историски процеси, пред тоа биле само малкумина такви. |
|||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Твојот град е и МОЈ, затоа информирај се ти подобро за неговата историја. Претходно викаш Тибериј е словен, сега се демантираш. За Струмица има записи и археолошки сведоштва уште многу пред нашата ера, а на Цареви Кули имаш артефакти од некаде 3-ти, 4-ти век пред нашата ера, па и многу порано, и тоа не од антиката, туку од праисторијата. А и сега наскоро открија нови, уште постари, барем тоа би требало да го знаеш. А тие турска кула, турска пошта, српски хотел... Ако мислиш дека одтаму ти почнува историјата, што да ти кажам... |
|||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
нови, уште по стари
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 1718192021 74> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |