|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 99100101102103 138> |
Автор | |
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЧЕКОРЕЊЕ НАПРЕД ЧЕКОРИ ТЕШКИ ПО ТИЊА ГАЗАТ ОДОТ СЕ НАСЕТУВА, СЕ ПОТЕЖОК Е НА СЕКОЈ НАРЕДЕН ЧЕКОР. ТИЊАТА СЕ ЛЕПИ ЗА ТЕЛО КАКО КРАСТА, СЕ ТАЛОЖИ ДО КОЛЕНА, ПОТКЛЕКНУВААТ ДУРИ ОД ТЕЖИНА ГОЛЕМА. ГНАСАТА ВЛЕЧЕ,КОН ЗЕМЈА НОСИ И РАЦЕ СЕ ВЕЌЕ ДО ЛАКТОВИ НЕМОЌНИ И КОЖАТА ПЕЧЕ. БИТКА НЕ СЕ ПРЕДАВА А И ВОЈНА ТРЕБА ДА СЕ ДОБИЕ. САМО УСНИ КОРАВИ ТИВКО МОЛБА ШЕПОТАТ. МОЛБА ЗА ДОЖДЕЦ, ДА ИЗМИЕ ТРУЛЕЖ ДО ГУША ШТО СТЕГА. КАПКИ ПО ЛИЦЕ ОДНЕНАДЕЖ КАПАТ, ЕДНА ПО ЕДНА. ОЧИ СЕ ОТВАРААТ ПРЕД БОЖЈИ ОЛТАР И РАКА ИСПРУЖЕНА ЗА СПАС ДЕНЕС. ТАГАТА ЈА МИЕ, БОЛКАТА ЈА ЛЕЧИ И НОВА СИЛА ИСКОНСКА ДАВА. И ОДОТ ВЕЌЕ ПОЛЕСЕН Е СЕГА. СРНЕЧКИ ЧЕКОРИ ЛЕСНИ СТРЕСУВААТ ОД СЕБЕ ВЧЕРАШНИ МИСЛИ И САМО СОНЦЕ СЕ ОСЕЌА ШТО РОСАТА ЈА СУШИ И ПЕСНА ЗА НОВО ПОСРЕЌНО УТРО ЗА ИСПОСТЕНИ ДУШИ. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДУША НЕМИРНА,ТРЕПЕРЛИВА, РАЗИГРАНА,ЕНЕРГИЧНА ЈА ПУШТАМ СЛОБОДНО СЕ СУДИРА ОД ЅИДОВИ, СЕ ОГЛЕДУВА ВО ОГЛЕДАЛА ИСКРИВЕНИ, СЛИКИ ПРЕД НЕА, ОКОЛУ НЕА ЈА ПРАТАТ. ПРЕВЕЗ НА ОЧИ И СТАВАМ ДА СЕ ПРИКРИЕ БАРЕМ ДЕЛ ОД ГОЛАТА ВИСТИНА. ПЕЈСАЖИ ОД МОЗОЧНИ КЛЕТКИ ПРЕЛЕТУВААТ,СЕ МЕШААТ ВО ЛЕТ ЈА СРЕЌАВААТ. МИРИСИ НА ВРЕМИЊА ПОМЕШАНИ СО ШУМОТ НА РЕКАТА НА БОЛКАТА, БРЗА,НЕМИРНА,ТАТНЕ ЌЕ ПРОТЕЧАТ! СЛИКИ НА ПТИЧЈИ КРИЛЈА ВО СЛОБОДЕН ЛЕТ СЕ МЕНУВААТ КАКО БОИ НА ВИНОЖИТО ПОСЛЕ ДОЖД ЕДНА ПО ЕДНА.... ЌЕ ОДЛЕТААТ! ПРОЛЕТНО РАЗВИГОРЧЕ ШИРИ МИРИСИ БЛАГИ НА СЛАТКИТЕ ТАЈНИ ПОМЕШАНИ СО МИРИСОТ НА СВЕЖО ИСКОСЕНА ТРЕВА И ЦВЕТЧИЊА ПОЛЕГНАТИ. САМО ПО НЕКОЕ ШАРЕНЕЕ И ЗАМИРА СО ПОСЛЕДНИОТ СОНЧЕН ЗРАК КОЈ УТРЕ ЌЕ ГИ ИСУШИ, И САМО СЕЌАВАЊЕ МАЛО ЌЕ БЛЕДЕЕ НЕКАДЕ КАДЕ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ РОДИ НОВО-ПОУБАВО! |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАКО БАЈКА...... ИМАШ НА ДЛАНКА КАПКА УТРИНСКА РОСА САКАМ ДА ЈА ПРИНЕСЕШ КОН ТВОЕТО ПРЕКРАСНО ЛИЦЕ ДА ТИ РАЗБУДИ ОЧИ СО МОЈАТА ЉУБОВ. ПОГЛЕДНИ...... ПРЕД ТЕБЕ ИМАШ ПРЕУБАВ,КРИЛАТ ЕДНОРОГ. ДОПРИ ГО СО ЉУБОВТА ТВОЈА ЌЕ ТЕ ДОНЕСЕ ВО МОЈОТ СВЕТ НА БАЈКИТЕ. ИМАШ ПРЕД СЕБЕ ВОЛШЕБЕН СИНЏИР, АЛКИ ОД БАКНЕЖИ, ПРЕГРАТКИ,СОНОВИ.... ОКОВАЈ ЈА ДА ТИ БИДЕ ТВОЈА. ЧУВАЈ ЈА КАКО РОСА. ЉУБИ ЈА КАКО ПЕСНА. САКАЈ ЈА КАКО БАЈКА. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ме занима
не ми е гајле за некого што ќе кажеш ако веќе како глуп сум го сфатил ти е жал велиш мене не, велам нека цркне п**ка му мајчина глупа поарно и не заслужил само венец ќе му купам уште сега поефтин додека е. Немам време за глупи нит ги слушам нит ги знам низ нив само гледам проѕирни и досадни ко пијаници за плот. Само душички чисти си сакам ја бањати и свежи мирис на рузмарин што ги прати потскокнуваат кога одат ѕвездички околу нив гледам не се љунфер а невини се. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми се чини
може ми се причинува не е како беше или не сум каков бев или никој не е каков беше станавме досадни балони издишани во магла продадена не е веќе розева правот на молкот дебел слој нанесува. Времиња долги возбудливи во некоја минута собрана во сеќавање некое дур низ прозор гледаме како заминува секој некаде само ние во себе во воздишка сокриени. Изменето од zbunet - 16.Јуни.2009 во 11:09 |
|
kraljj
Нов член Регистриран: 26.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Живот со девојка
Пред години со непознат број постоеше имагинарна девојка во замислен свет од мои соништа, обвиен во измислени мисли што чекореа кон неа. Денес таа вистински постои во мојот реален сон. За да гази врз зборчињата, со мисли од рајска долина во која сите чекорат совршено. После години ќе остане истата девојка, истиот свет, истите мисли и различни патишта.. |
|
kraljj
Нов член Регистриран: 26.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
For you
When you were a child and I was a boy, our smiles were sunshine in the garden of our hearts.. Now, you are a big girl and I am a man. We are just a ray in the flame of our sun.. Maybe I was a fool maybe you were too good for me Something is broken now, but I know.. I still love you.. http://kralj.blog.com.mk/ Изменето од kraljj - 16.Јуни.2009 во 11:24 |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bolka
Rajska smeata nekogas bese, denes sekoj veli na loso ide, ke se smeam i ke placam, ama ne sakam taka da bide... Sala do sala ko od puska redam, se smeam, vo oblaci letam, odednas grom silen me udri, me peplosa, ko plunka na asfalt me frli.... Molam i molam za proska da bide, odgovor nema, a se nekoj kontra mi ide, udiram klucot na drvenite porti, sakam sam da bidam se na nerva laze i grebi.. I prasa, i kazav, i pak se skarav, i pak zaplakav, i idioti me nasmevnaa, smeata plasticna od mene ide,leta, mi lici mi velat, ako samo nekoj vo zabi beli me vide.... I noki nema da spijam, sonot ne saka da ide, se skaral so mene, ne sum bil mectatel mi rece, i sedam vo nokta modra, gledam vo svetlite tocki, tapa bolka srce mi para, se nekoja nesreka mi ide... Utrisko sonce se trkala gledam, pomos bara da izgree, go gledam i so care ako pomos od mene dobie, pak ke sveti i ke gori, koreni ke me tera vo soba da pustam, krevetot partner toa saka da mi bide,so ironija me moli.... Ama heroinata moja vidi ja ide, na plav konj taa java, se smeam i gledam, trijam oci, plav kon gledam ili matni mi oci, ama se dobliza taa e, raka ni dade da letneme vo mectite nasi... |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лисја на крошна шумат
на стебло тоа дебело шумно мочам на сенка поголем ми е па шо ? И ваков го фалат шумат лисја „Абе лице ти прават“ „Ахам, карактер тогаш имам“ „Ни тоа немаш“ шумат лисја со кикот и ехо има. „ Ваљда нешто имам“ млаз последен фрлам. „ Ништо нарочито не си“ од смеа затресена крошна на лице лисја ми паѓаат и по некоја пајажина и пајак лут низ ногавица претрчува со капка неистресена. „ Да знаеше нешто, ти дрво не ќе беше“ се смеам и си одам, а она кон мене иде се смее оти ме гледа оти дрво не е како мочам ме видела и пак ме сака. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕ Е ВАЖНО
На Гора Ми велиш, ќе ти ги украдам песните а ти не ќе ми можеш ништо... Па што ако, ти велам, ќе напишам други... Ќе ти ги украдам и тие и пак ништо не ќе ми можеш... Ќе напишам трети, ти велам, и баш ништо не ми значат твоите закани... А кога не ќе можеш да напишеш ниту стих повеќе, со кои очи ќе ги гледаш песните што нема појќе твои да бидат? Со душата, што никој не може да ми земе песните твои ќе ги чувствувам како мои... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гробови и мртовци сонувам
стануваат ме бркаат со испружени раце кон мене грабаат лиги им течат на сочен залак им личам ко прасенце квичам они се смеат смешно им е ги пцујам и они мене многу ги има на вести на улица со униформа или без секаде се главни за се’ што знаеме од нив е они измислија се’ за храна да имаат ми дојде редот квичам ко свињче бегам не се давам, а ти дур да дојдеш ќе ме изедат, ме будиш не се будам јагне ми велиш а ја свињче ма буди ме ме изедоа некастрени и валкани нокти во сон ме враќаат. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога си ги меревме
а деца бевме онакви малецки ги тегневме брзавме големи да станеме мрсна фота игравме додуше едно женско само беше во нашата куќа од картони. Светот чекаше освоен да биде од силни што бевме уште никој не знаеше само ние ковавме планови во нашата куќа од картони. Сега големи сме светот љунфер си остана не го ебавме како викавме а големи ни’ се сега си го гледам “ Море машала“ си му викам ја „ Шо ако, де ?“ „ Џабе ? “ „ Џабе“. Ни’ куќа од картон немам веќе. |
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можеби ја сакам самотијата,
можеби ја сакам тишината, во длабок сон со очи отворени, низ предели непознати со компас расипан, ангели и демони, само нивни гласови слушам, само нив им се обраќам. Можеби научив убедлива да бидам, можеби зашто верувам дека крв на скитник и осамен бродоломник во мене тече, сожалувачки погледи мразам и милост нечија зашто мила сум јас, можам и без вас, на крајот секако заминувам сама. Можеби знам дека тоа што ми треба никогаш ќе го нема, можеби затоа гордо тврдам, од никого потреба немам. Можеби сум најосамена душа што дише на оваа планета, можеби затоа се покорувам на самотијата,за мене света. |
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да напишам песна сакав
зборови некои на памет ко падобранци ми паѓаат кој на дрво обесен кој нога скршил кој на глава во десант да ги ослободат кои не се сеќавам веќе кои беа тие мисли заробени некогаш значајни затворени и измачувани да признаат во некој подрум од мојата свест за она што не смееја да кажат. Гулаб бел на решетки ми се посра слободни гомна да видам посветли се се гледа. |
|
Внеси реплика | страница <1 99100101102103 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |