IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Судбина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Судбина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Судбина
    Испратена: 12.Јуни.2009 во 01:53


Изменето од maria_magdalena - 09.Февруари.2010 во 15:35
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 04:22
Ne veruvam vo sudbina. Jas mislam deka sekoj si e kreator na svojata sudbina. Ona sto go dobivame e rezultat na rabotite koi sto gi imame ili nemame napraveno vo minatoto. Se se vraka, se se plaka. Ako nekoj ziveel odredeno vreme, toa e zatoa sto taka trebalo da bide (sekoj ima razlicen vek na ziveenje), a ne deka Bog odluciva za toa kolku nie ke ziveeme. 

Ako mozes da ja promenis sudbinata, togas koj ti ja kreira??? Znaci sepak samiot ti.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 05:15
Секој е градител или разложувач на сопствената судбина.

Судбината - земена како нешто негативно - не е ништо друго до жнеење на сопствената сеидба, доживување на реакциите предизвикани од сопствените некогашни акции. Се` што му се случува на човекот, без разлика дали е млад или стар, бебе или средовечен, во крајна линија е предизвикано од него/нејзе самиот/самата.

Но за да може во целост да се сфатат овие работи, неопходно е да се вклучи правилното знаење за повторното раѓање - реинкарнацијата. Имено, дека секој човек има нематеријална душа која пак позади себе има најмалце неколку отелотворувања како човек. Значи ние како души не сме создадени при зачнувањето, туку сме постоеле и пред тоа.
При зачнувањето е создадено нашето моментално физичко тело со генетски материјал превземен од нашите родители и предци, кој генетски материјал пак по вибрација одговара претежно на типот и зрачењето на нашата душа т.е. на нас самите.

Ако познавањето на законот за реинкарнација го нема, или истиот се отфрли, тогаш работите стануваат многу поконфузни и/или побезнадежни. На пр. дека се што се случува во нашите животи е една најобична случајност предизвикана од движењето на атомите, молекулите и хемијските реакции кои настануваат при тоа, или дека тоа е Божја промисла - Тајна Божја, во која Бог, наводно, не дозволува да се проникне што кај понекој ќе предизвика силно чувство на неправедност. Но Бог, за разлика од луѓето, никогаш немал и нема тајни, затоа што Тој е совршен и нема што да крие. Луѓето се тие кои поради незнаење и/или неразбирање на работите и одбивањето да се запознаат со истите создаваат замисла за некаква неодгатлива тајна.

Се што човек ќе им направи и предизвика намерно на другите луѓе, но и на природните царства(животни, растенија, минерали) еден ден, преку законот на акција и реакција(Што сееш, тоа ќе жнееш), ќе го погоди предизвикувачот-сторителот, значи него самиот во форма на некаква судбина. Таа реакција(жетва) може да дојде до израз веќе во овој, или во некој од наредните животи, веќе според тоа, кога семето ќе созрее и ќе донесе соодветни плодови

Судбината значи не е волјата ниту казна Божја, туку последица од некогашните постапки. Но пред да дојде судбината до израз Бог во различни форми, секогаш праќа опомени со цел човек да го промени начинот на своето размислување, говорење и постапување и со тоа предизвика неутрализирање на предстоечките негативни настани.

Изменето од Majkl - 12.Јуни.2009 во 06:33
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 06:22
Како доаѓа всушност до судбината? Божјиот Дух кој своите човечки деца не ги остава сами, преку пророчка уста за денешно време ги даде и објасни информациите и на оваа тема. Накратко тоа оди отприлика вака:

Човекот има мисли и желби кои тој на овој или оној начин сака да ги доживее реализирани. Тие мисли најпрвин се задржуваат во енергетското поле кое го опкружува поединецот, наречено: аура.
Мислите водат кон одредени зборови, кои нужно не мора да се истоветни со мислите(на пр. слаткоречивост, лага) доколку идентичноста во мислите и зборовите би укажала пред другите луѓе на некаква нечесна намера поради чие остварување некој или некои би биле оштетени и/или би пателе.
Од мислите преку зборовите по некое време се доаѓа и до постапката. Да претпоставиме дека таа постапка некого сериозно оштетила... Според законот на акција и реакција(како истиот настанал тука не би зборел, друга прилика) автоматски и сторителот треба да биде оштетен. Но Духот Божји, на секој човек и секоја душа им дарува тнр. време на милост(време на заштита) - за време на овој период, кој инаку варира(а во денешно време за човештвото генерално, се повеќе и повеќе се скратува) последиците не доаѓаат до израз веднаш. Таа негативна постапка тогаш влегува т.е. создава дамка во душата. Човекот и неговата душа имаат шанса да ги промислат своите зборови и постапки, за истите да се покајат и оштетените ги замолат за прошка, воедно надокнадувајќи ја штетата онолку колку е тоа сеуште возможно. На тој начин дамката во душата се намалува, а доколку се добие простување од оштетените, тогаш, таа целосно исчезнува.

Ако човекот тоа не го стори, тогаш таа дамка, која може да се нарече и со зборот грев, зрачи во космичкиот каузален компјутер: ѕвездите. Ѕвездите покрај тоа што се џиновски вжештени гасовити топки, имаат и духовна функција - да складираат. Таму таа дамка т.е. грев се складира(меморира). Во меѓувреме можно е да му истече времето на земјата и да почине. Но гревот(негативната постапка) душата го зема со себе, воедно си останува мемориран во ѕвездите. Кога ѕвездите ќе се најдат во одредена констелација, дел од складираните нешта, тие ги зрачат назад врз душата. Доколку душата се наоѓа во отадестраните бестелесни подрачја т.е. во царството на душите(тнр.астрални подрачја) тогаш таа своите постапки повторно ги доживува во слики, при тоа интензивно до најмал детал чувствувајќи ги патењата, евентуалните депресии, потиштености и сл. кои ги предизвикала како сторител на нечесната постапка во животот на другиот/другите. Зависно од гревот кој не бил правовремено исчистен, тие чувства што тогаш душата ги има можат да бидат како оган. Затоа кај многу стари народи и религии(не само во христијанството) се зборува симболично дека лошите ќе горат во пеколен оган, сумпорно езеро и сл. Тие патила на душата траат се додека таа не го спознае своето погрешно однесување и за истото не замоли за прошка и воедно прошката и ја добие од оштетените.

Но доколку таа душа е отелотворена повторно на земјата(се реинкарнирала) тогаш тие зрачења на ѕвездите а воедно „багажот„ што душата си го донела со себе, ги допираат гените на човекот, било да е тој новороденче, млад или стар. Тоа доведува до одредени мисли и постапки кои навидум случајно доведуваат до средби со други луѓе, животни, настани низ кои потоа судбината го зема својот, понекогаш, ужасен тек. Тогаш поединецот го доживува врз своето тело и психа, есенцијата на тоа што некогаш на другите им го сторил или предизвикал, додуша понекогаш во поинаква форма, низ поинаква метода, соодветно епохата во која се наоѓа. Но суштината на последицата е секогаш идентична со гревот кој некогаш бил сторен.

Па така, на пр. некого ќе го прегази кола. Но тоа не значи дека тој во минатиот или некој од минатите живот дословно некого прегазил намерно со кола или коњска кочија. Причината за таквата судбина, меѓу другото може да биде на пример дека тој/таа во некој од минатите животи со цел за да се пробие на пр. до слава, моќ, углед и/или богатство луѓето околу себе немилосрдно ги „газел„ и „згазувал„ до таа мера да нивната егзистенција и здравје биле нарушени што тие починале.

Или на пр. некој политичар држи вжештен говор поради кој се покренуваат серија настани кои доведуваат до војна во која луѓето страдаат. Тогаш душата на таквиот ќе се роди во земја која во тој момент или во текот на неговиот престој таму, станува погодена од воени дејствиа а тој мора да пати поради истите.

Или на пр. некој ако профитира од смртта на животните, тогаш таквиот во еден следен живот може да го затекне судбина каде пати од некоја болест која ја пренесуваат животните, или е ѕверски растргнат или нападнат од некое или повеќе животни. и тн и тн... Примери за судбини има колку и души и луѓе. Но важно е да се знае дека судбината секога самиот поединец си ја крои, самиот си ја пишува и допишува.

Меѓутоа: Со Божја помош и живеење во пракса на Божјите закони, судбината може правовремено да се препознае и разреши(избише пишаното) што за последица има да човека го погоди само еден дел, или незначително, или дури и целосно ја одбегне доколку е тоа сеуште можно и добро за неговата душа.


Изменето од Majkl - 12.Јуни.2009 во 06:28
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 12:56


Изменето од maria_magdalena - 09.Февруари.2010 во 15:35
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 13:15
Судбина не постои. Бог ја знае иднината, но тоа не значи дека Тој ја создал таква. Тој ни дал разум и слободна волја за да размислиме што е добро а што не е и за да одлучиме дали ќе постапиме правилно или не. ,,Судбината’’ си ја кроиме самите. Штом јас имам право да одберам лево или десно, добро или лошо, разумно или не... значи дека јас сум креаторот на мојата судбина. А Бог уште пред да се случи го знае мојот избор, но сепак ми дава право самиот да си одберам. Инаку, ќе излезе дека Бог е крволочен и лош, па некои ги создал за убав живот а некои за маки и страдања.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 13:32


Изменето од maria_magdalena - 09.Февруари.2010 во 15:35
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 13:38
Можеби не треба на смртта да гледаме толку трагично. Смртта е запирка а не точка!
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 16:09
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Незнам колку ме сфативте, но јас верувам во тоа дека Бог иако ја знае иднината, ни дал слободна волја за дејствување, во спротивно ќе веруваме како муслиманите дека секој наш чекор е предодреден и дека немаме место за слободно делување.

Но кога станува збор за крајот, еве конкретно во овој случај а има многу такви и слични, дали женава со своето дејствување можела да ја избегне смррта во сообраќајка?
Избегнала пад на ербас и сигурна смрт во Атлантикот, можеби се чувствувала тажно но и среќно што го избегнала летот-за да 1 недела подоцна загине токму во сообраќајка.

Случајност или не?



maria_magdalena ako celiot zivot go pominime sedejki doma, znaes li kolku pati "ke ja promenime sudbinata".
Кон врв
Hyperborean Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hyperborean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 16:58
Еве уште една интересна контрадикција. Во еврејските митови (сега систематизирани во тоа што се вика Библија) се зборува за првични гревови и слични начини за објаснување на работите што ни се случуваат, но кога постоењето боли, просечниот човек вика дека постои “пишано“ и “судбина“. Тогаш се занемаруваат првивте “толкувања“ на животот како производ на нашите одлуки и одлуките на нашите предци и започнува мислењето дека има некој “голем план“ во по кој ние се движиме како контролирана стока.

Кога сакаме да ја персонифицираме болката што се случува секојдневно викаме дека нечија “слободна воља“ не повредила, верниците ги викаат овие луѓе грешници, ги викаат и зли. Но, кога ќе се акнеш со точак во дрво (поради сопствена грешка се маваш во статичен објект) одма важи она првото “пишано“ затоа што знаеме дека е ЛУДО да обвиниме други за некоја наша очигледна грешка. Ова е многу лош поглед на животот, било тоа да мислиш дека се е предодредено, било да мислиш дека има луѓе кои се олицетворение на злото кои се тука на оваа планета да те мачат.

Ова ниво на логика е како во очајнине филмови Final Destination каде што луѓе гинат затоа што ја “измамиле смртта“. Оваа детска наивност таму треба и да остане. Не треба да се земе в предвид, не треба да се гледа како нешто сериозно. Суеверните сакаат да најдат голем смисла таму каде што ја нема (во животот, во смртта), сакаат сигурност, сакаат предодреденост.

Инаку гледам зборите за запирки, а не точки, за животот како дел од поголемо постоење. Не! Кога ќе умреш, ништо не се случува, нема втор живот, нема втора шанса, нема премислување, нема пекол, нема рај. Колку побрзо ќе го сфатите тоа, толку подобро, толку повеќе ќе превземете одговорност за вашето постоење и нема да се фрлите во прегратките на “судбината“ или “Бог“ или како и го викате продуктот од страв од животот!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 17:30
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Незнам колку ме сфативте, но јас верувам во тоа дека Бог иако ја знае иднината, ни дал слободна волја за дејствување, во спротивно ќе веруваме како муслиманите дека секој наш чекор е предодреден и дека немаме место за слободно делување.
Не сум сигурен дека муслиманите така ги толкуваат работите... но најдобро некој од нив(ама запознаен со исламот, не само по раѓање муслиман) да објасни. MisterX штета не го гледам во последно време на форумов, тој убаво знаеше да објасни некои работи.

Инаку верувањето во предестинација на душата т.е. дека Бог нанапред се` предодредил, па и тоа кој ќе оди во пеколот а кој во рајот, е присутно во калвинизмот и некои протестантски теологии. Јас во тоа не верувам, тоа потполно би ја избришало сечија одговорност за сопствените постапки(убиецот тогаш не е виновен, оти Бог предодредил да биде убиец и да гори во пеколот, џабе ќе се преобраќа).

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Но кога станува збор за крајот, еве конкретно во овој случај а има многу такви и слични, дали женава со своето дејствување можела да ја избегне смррта во сообраќајка?Избегнала пад на ербас и сигурна смрт во Атлантикот, можеби се чувствувала тажно но и среќно што го избегнала летот-за да 1 недела подоцна загине токму во сообраќајка.Случајност или не?
Само накратко, случајности нема. Жената можела да ја избегне и втората несреќа, но ние не ги познаваме товарите на нејзината душа за да можеме да претпоставиме колку време требала порано да превземе мерки за да животната патека не се заврши така. Многу зависи што таа после вестите за авионот чувствувала и мислела. Тој настан сакал исто нешто да и каже. Но тоа е преширока тема. Низ дневната енергија ни пристигаат бројни импулси и опомени од Духот, но најчесто не се препознаваат бидејќи не се живее мигот. Повеќе за ова може да се прочита во книгата



Живеј го мигот - и ти се гледаш и препознаваш себе си достапна и на македонски јазик. А тука бесплатно на англиски, он-лајн може да се чита.

Ќе се навратам и на твоето прашање од претходниот пост, но подоцна, сега немам време.

Изменето од Majkl - 12.Јуни.2009 во 17:39
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 17:42
jас верувам во : судбината си е кроиме сами.
но навистина има моменти, кои треба да проживиме,тие се неизбежни.
И ако Господ ни дал избор то е затоа и самите себе да можеме да кроиме- како личности. Доброто и злото , вплетени во прегратка не прават такови какви и сме.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 17:45
Originally posted by pagane pagane напиша:

jас верувам во : судбината си е кроиме сами.
но навистина има моменти, кои треба да проживиме,тие се неизбежни.
И ако Господ ни дал избор то е затоа и самите себе да можеме да кроиме- како личности. Доброто и злото , вплетени во прегратка не прават такови какви и сме.



големо%20гушкање големо%20гушкање



големо%20гушкање
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 17:54


Изменето од maria_magdalena - 09.Февруари.2010 во 15:35
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.