|
Пропагандно писмо до Барак Обама |
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со коментарите ми давате нешто друго на знаење, за што личната култура не ми дозволува да дискутирам тука!
Ако ти смета темата, слободно игнорирај ја, има многу други теми на форумов. А според ставовите, слободно можеш да им се придружиш на професорите и да го потпишеш писмото за поддршка на грците. |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Najnovo vo vrska so dostavenoto pismo do Obama
Odgovor kako replika do kreatorite na spomenatoto pismo od profesor na Temple University i observator na antichkata istorija, potochno od Dan Tompkins, Department of Greek and Roman Classics - Temple University.
Moshne interesno i navistina iskreno pismo - celiot text tuka;
Vo koe megu drugoto veli vaka, na krajot;
"Jas rabotev na Grchkiot sluchaj ushte od 1969, ponekogash opasno. No se sluchi da veruvam deka segashnata nacionalistichka polisa sprema Makedonija e katasrofalna i ne donese ni malku uspeh."
E toa ti se veli GOSPODIN so renome, hrabrost i dostoinstvenost. God bless him.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,...mene mi lichi,...kako da zali ,..shto ne donela uspeh,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mozhe i taka da lichi....megutoa jas mislam deka mora taka malku po-diplomatski za zboruva i pishuva, za da ne bide osuden za pristrasnost na nasha strana. Zoshto grcite samo toa chekaat...da nakalemat nekogo za neshto.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mene pa, mi lic na ,..za da ne mu nakalemat neshto ,..makedoncite,..ne grcite,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И додека ние тука сме во дилема како да с епостапи, дали да сме загрижени или не, некои наши работат на теренот
Еве што донесува Време И МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА СО ПИСМО ДО ВАШИНГТОН Обама се изначита за Македонија Македонската дијаспора во САД и во Канада испрати писмо до американскиот претседател Барак Обама, како одговор на засилената пропаганда на грчката дијаспора за спорот со името. Македонските иселеници сметаат дека со писмото, кое ќе биде испратено и до неколку реномирани американски универзитети, ќе успеат да ги побијат тезите изнесени во грчкото барање САД да ја променат одлуката за признавање на Македонија под уставното име, испратено неодамна до Обама и до другите американски институции. - Срамно е воопшто да се впуштаме во разговори или, пак, во преговори за името. Ние како народ немаме проблем со името Македонија, со уставна придавка Република, и според тоа нема што да се разговара. Ако Грција има проблем, нека си го реши самата. Проблемот е со организациите кои не присилуваат да преговараме со Грција и со самото тоа ги прекршуваат своите правила со тоа што нам ни даваат дополнителни и непостојни услови за прием. Проблемот треба да се реши таму каде почна, односно во ООН - вели Драги Стојковски од Организацијата на Македонците во Канада. На засилената грчка пропаганда реагираше и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, кој смета дека писмото, потпишано од двесте универзитетски професори во САД, е „смешно“ и „детско“ и претставува само уште една нишка во грчката пропаганда. Во писмото до Обама грчкото лоби побара САД „да интервенираат во отстранувањето на некои историски штети што ги предизвика претходната американска администрација врз југоисточна Европа“, алудирајќи на признавањето на Република Македонија под уставното име. Иницијатор на петицијата е професорот Стивен Милер од универзитетот „Беркли“, кој е познат по своите радикални ставови во поглед на грчко-македонскиот спор. Во иселеничките кругови се говори дека токму како резултат на лобирањето на грчката дијаспора, државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, ќе ја посети Грција следниот месец. Претставници на македонската дијаспора велат дека тие не можат да држат чекор со грчката, кога станува збор за лобирањето во спорот со името затоа што грчките иселеници во САД, Канада и во Австралија се далеку помоќни и финансиски помогнати од матичната држава. Стојковски од Организацијата на Македонците во Канада вели дека грчкото лоби има повеќе претставници како пратеници, конгресмени, сенатори. И покрај тоа, македонското лоби во Канада постигнало голем успех кога во почетокот на годинава канадскиот премиер Стивен Харпер се појави на прослава организирана од македонската дијаспора. Грчките иселеници тоа го протолкувале како сигнал дека Канада застанала на страната на Македонија во спорот со Грција. Стојковски не е задоволен од односот на Македонија кон иселениците, кој е игнорантски, за разлика од Грција, Ирска или, пак, од Израел, кои се гордеат со иселениците и ги чувствуваат како интегрален дел од државата. Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво, вели дека Македонија не треба да очекува иселениците да го имаат главниот збор во погледа на лобирањето, туку дека тоа треба да го прави самата држава. - Потребно е да се ангажираат лоби групи кои ќе имаат задача да бидат присутни во земјите каде што треба да се дејствува. Со таквите потези грчката дијаспора сака да ја добие наклонетоста на Обама за поддршката која му ја дадоа при изборот за претседател - вели Наумов. |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите Упатени зборови, писма и слично за Македонија до Обама и не само до него, се добро за Македонија. Што повеќе толку подобро. Македонија во секој случај добива, сега само ја запознаваат оние кои не ја знаеле.
|
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е ај да се најдат 200 хунзи да се потпишат на петиција!
Тие како директни наследници на Македонците, нека се потпишат на петиција до Обама. Има ли повеке од 200 хунзи? Да не излеземе манјак! Само тие може да ни направат услуга, никој друг. |
|
Кој бара ќе најде.
|
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Конечно во нешто да се согласам ,,ИСТОРИЈАТА ЈА ПИШУВААТ ПОБЕДНИЦИТЕ,,Во случајот Хелените и нивните фалсификати.Проблемот денес е во тоа што 90% ги засноваат нивните факти за Македонија токму од овие фалсификатори,значи буква по буква ја читаат и ја препишуваат без да размислат дали некој ги лаже или не.Јас лично мислам дека писмото до Обама од грците е политичко самобиство за нив и сами си забодеа нож во грб,за кои имам и објаснување. |
|
MakedonRazor
Нов член Регистриран: 01.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го отворив нивниот сајт, она со писмото до Обама кое го потпишувале таму некои професорчиња прв пат по три недели и дамла: се што е таму, цела таа пропаганда ја превеле на одличен македонски, влакно од запирка да не фали. Ете, така ни порачуваат: бољи сме од вас, оти умееме да ве плеснеме во фаца со вашиот "скопски" јазик. Безобразлук, одавна ги пратам нивните рчкања, ама со наш јазик да не бодат во грб, е тоа ми е ново.
Погледајте и сами, иѕберете од ДХТМЛ менито: http://macedonia-evidence.org/ |
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто си изненаден? Грција има стратегија за прашања од интерес за државата.
Кој ни е крив што ние немаме единство во врска со односите со грците? Не може да се изгради државна стратегија без единство, а сегашната власт не дели на комуњари и останати. ...... ........ |
|
Кој бара ќе најде.
|
|
Goran71
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНСКИТЕ НАУЧНИЦИ ГИ ОСУДИЈА ПРОГРЧКИ НАКЛОНЕТИТЕ КОЛЕГИ
Грчката „вистина“ е купена Дел од нашите научници сметаат дека нема потреба да реагираат на писмото бидејќи е само уште една пропаганда што е дебело платена од страна на Грција Македонските научници се' уште не реагирале на провокативното писмо за историјата на Македонија што го потпишаа 200 професори и академици од највисоките светски универзитети и на 18 мај му го испратија на американскиот претседател Барак Обама. Автор на писмото е Стивен Г. Милер, почесен професор по класична археологија на Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија. Во дополнета и изменета варијанта на текстот објавена на интернет, Милер предлага Грција да ја анектира Македонија, а „тие што се нарекуваат Македонци да станат народот на најновата грчка провинција“.Дел од нашите научници сметаат дека нема потреба да реагираат на писмото бидејќи е само уште една пропаганда што е дебело платена од страна на Грција. Сепак, зачудува фактот што идеите на научник со олку екстремни идеи ги поддржале 200 научници од целиот свет. На писмото досега реагираа само македонските иселеници од САД и од Канада. Тие испратиле писмо до Обама, како одговор на засилената пропаганда на грчката дијаспора. Бидејќи сметаат дека ќе влијаат на барањето САД да ја изменат одлуката за признавање на Македонија под уставното име, тие документот ќе го пратат и до неколку реномирани американски универзитети. Веројатно својот став ќе го каже и Македонската академија на науките на уметностите. Највисоката научна институција во земјава формира тело што требаше да почне да го разгледува случајот за да се изјасни. НАУКАТА НЕ Е ЗАСЕГНАТА Странските научници бараат од Обама да интервенира „за да се исчисти дел од историскиот смет оставен во југоисточна Европа од претходната администрација на САД“. Ние веруваме дека оваа глупост отиде предалеку и дека САД немаат работа да поддржуваат субверзија на историјата. Земјата за која станува збор, со Скопје како современ главен град, беше наречена Пајонија во древноста. Ние не разбираме како современите жители на Пајонија, кои зборуваат словенски, јазик воведен на Балканот околу милениум по смртта на Александар, може да го присвојуваат како свој национален херој. Кражбата на Филип и на Александар од земја која никогаш не била Македонија не може да биде оправдано. Како сака некој да го карактеризира таквото однесување, тоа јасно не е сила за историска точност ниту за стабилност на Балканот. Тажно е што САД го помогнаа и поттикнаа таквото однесување. Ве повикуваме вас, г. Претседател, да помогнете на кој било начин што го сметате за соодветен Владата во Скопје да разбере дека не може да изгради национален идентитет на трошок на историската вистина. Нашето заедничко меѓународно општество не може да преживее кога историја е игнорирана, уште помалку кога историјата е фабрикувана - пишува, меѓу другото, во писмото. Според археологот и професор Драги Митревски, раководител на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, оваа проблематика е во сфера на пропаганда, политика, купување, обврзување, лобирање. Во секое време можете да соберете потписи, само треба да ви е полн џебот. Овој проблем е на ниво на политика, а не на наука. Ударот не е зададен на науката, туку кон политиката. Дали имаме античко културно наследство? Зарем тоа треба да се објаснува, уште помалку да се докажува?! На ниво на научни собири и симпозиуми овие проблеми не постојат - вели професор Митревски. ИСТОРИЈАТА НЕ СЕ МЕНУВА Со него се согласува д-р Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја. Според него, во овие услови сосема е нормален гестот на Грција да вложува многу средства за да анимира дел од научната јавност. - Тие врбуваат научници за да потпишуваат документи и да ја фризираат историјата на Грција. Грците вложуваат многу пари за да анимираат научници да застанат на нивна страна. Но, тоа е само моментална политичка ситуација. Прво, имате американска влада која досега не' поддржувала, сега има друга администрација која го менува својот став... - објаснува тој.Чепреганов смета дека Грција мора да поведе интензивна пропаганда, да вложува, да врбува научници подложни на тоа за да пласираат свои тези. Но, смета тој, ова е моментна политичка ситуација, бидејќи историјата не може да се менува - тоа што е македонска историја ќе си остане. - Денеска тоа се случува и во науката: кој ќе даде повеќе пари, на тој документ ќе се потпишат. Ова е битка што Грците долго ја водат, но не може да имаат успех. Македонија има своја долговековна историја, традиција, култура, јазик, литература. Тоа не може да го поништи ниту една декларација, без разлика кој ја потпишал. Нашето егзистирање, постоењето на Македонија никогаш не зависело од волјата на некои политички одлуки. Сме опстанале толку време без држава, па денес, кога живееме во суверена Македонија, во овие услови, пропагандата не е никаква опасност. Ова се само диверзии на определени грчки кругови кои се' уште не можат да прифатат дека постои македонска нација. Тој став е однапред осуден на пропаст - вели Чепреганов. Тешки потписи Меѓу професорите што го потпишале писмото се Хери Ејвери, професор по класични науки од Универзитетот во Питсбург, Луиџи Бесчи, професор по класична археологија на Универзитет во Фиренца, Пол Картлиџ, професор по грчка култура на „Кембриџ“, Паво Кастрен, професор по класична филологија на Универзитетот во Хелсинки, Вилијам Кевенег, професор по егејска праисторија на Универзитетот во Нотингем, Кетлин М. Колман од „Харвард“, Мостафа Ел-Абади од Универзитетот во Александрија, Ник Фишер, професор по античка историја на Универзитет во Кардиф, Јулија Луговаја од Универзитетот „Колумбија“ и многу други. Патописец од Лезбос виде Македонци Тие не сакаат да бидат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, само Македон православни, запис е на познатиот грчки патописец Стратис Миривилис, кој во 1924 година поминал низ Македонија. Своите сведоштва за посебноста на македонското население тој ги оставил во книгата „Живот во гроб“, а чии делови може да се најдат на електронските страници на интернет-енциклопедијата „Википедија“ на грчки јазик. Во деловите на текстовите што се посветени на „ПЈРМ“, Стратис Миривилис - кој е Грк од островот Лезбос, за јазикот на населението го запишал и следново: Јазикот одлично им го разбираат и Србите и Бугарите, имаат антипанија за првите бидејќи им ги земаа децата во војска. Ги мразат вторите што ги злоупотребуваат за Бугари...“ |
|
Goran71
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nekako somnitelni mi se potpisite na vakvi vrvni naucnici od oblasta na istorijata od svetski ramki.
Grcite gi kupile za da stavat potpisi na takvo pismo i ovie da si pluknat na sopstvenite karieri i renome. Nekako ne mi stimaat rabotite. A da ne sme nie u nekoja zabuna slucajno namerna ili nenamerna. Ne sakam nikoj pogresno da me razbere, samo glasno razmisluvam. |
|
Marijaana
Група Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 52 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај појасни на каква забуна мислиш ?!?! |
|
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |