IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 96979899100 138>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 10:27
ЗБОР

Го скрив зборот
Ти потрча да го најдеш

Го бараше секаде:
Во очите ми
Во душата ми
Во срцето ми
И не го најде...

Копаше секаде:
Во болката ми
Во радоста ми
Во сите тревјосани меѓи
на сонот мој
копаше
и пак не го најде.

Можеби не требаше
Баш во тебе да го сокријам
И да се заклучам....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 15:33
Да, тоа сум јас. Можеш бесконечно многу да ме сакаш, можеш до бесвест да ме мразиш.
Да, тоа сум јас. Можам во облаци да те кренам, но само еден погрешен чекор, те пуштив на земја да паднеш.
Да, тоа сум јас. Кога ме љубиш твоите чуства се во моите раце. Јас управувам со тебе.
Зарем не приметуваш? Сакав да ме сакаш, ме сакаше, сакав да ме мразиш, ме мразеше.
Зарем не приметуваш? Ти дадов се, а и се ти земав.
Да, тоа сум јас. Кој ме повредува, ме губи, кој ме губи, се губи самиот себе.
Да, тоа сум јас. Кога ке ме повредиш, ме нема, кога ке ме изгубиш, ме има.
Мојот глас е околу тебе. моите очи те следат...несвесно ме има. А посакуваш да ме нема.
Совеста те гризе, душата те стега од твоите пакосни лаги.
Се прашуваш што стори, ја бараш вината во мене.
А јас само можам да ти помогнам да ме мразиш.
Сега друг ке ме сака. Седа друг ке го држам во раце...
Додека твоите држеа кој знае колку други и додека твојот глас го слушаа кој знае колку други.
Додека во твоите лаги веруваа кој знае колку други...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 15:49
Оти неумен сум јас
од поглед нејзин се страшам
а ме сака
знам дека ме сака
дури и кога ме тепа
за уво ме тегне
и во него вика
на сет глас
прави така оти ме сака
зошто инаку
би било така.
Оти газот ми мрда
секоја гушкам
која ми мигне
ништо не е
и велам јас
дур и’ нудам
чаша нова
од мастило тазе.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 23:26
Ми се чини
дека нешто беше
и нема да биде повеќе
некој нов лист се врти
од книга
веќе прочитана
со ликови кои имитираме
некаде тука се обидуваме
и печат од свое да оставиме
некако не успеваме
во потези предвидени
комбинации утврдени.
Нека биде
како мора да биде
играчки со конци
ние сме
во ново утро
со старо руво
она што беше
пак ќе биде
секое чудо
три дена.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 23:30
Се што е на земјава-завршува
така и секој момент се брише.
Се што е запамтено-обледува
се што е уништено има трага.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 19:34
Држи се, поаѓаме. Тонеме во сон каде што нема никакви граници.
Затоа држи се цврсто за мене во сонот, таму барем да сме еден до друг..
Кога веке не можеме во реалноста. Кога знам дека и ти тоа го посакуваш..

Дали бар во сонот ја чуствуваш мојата рака во твојата?
Дали бар во сонот гледаш во моите очи?
Дали барем таму ми кажуваш она што во реалноста те плаши..
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 21:09
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 09:15
РОДЕНДЕНСКИ КОЛАЖ
на Наја

Вечерва сите патишта кон тебе ме водат:
Што ако ноќта е волчја
и мачка на лимен кров собира лунарен сјај во очитеч
и што ако трамвајот наречен желба пак доцни,
- тој никогаш не дошол на време на полноќ
опасни врски го задржуваат подолго
црвеното светло на семафорите
па никој повеќе не се освежува
со орканските висови во долгите толи лета
и никој не игра на масата
на последната игра на смртта...
Однесени сме од виорот
некаде источно од рајот
каде огнените улици на минливоста
се собираат во своите кошули
пред да ни го примат чекорот
како бакнеж на помирливост
на две размеѓени пладниња...
Исправи се Делфино,
Лимениот барабан на времето
Ги врти минутите спротивно од стареењето,
Отпишаните повторно играат
во синема „Парадисо“...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 11:23
ФОРМУЛА


Онемеле боите на летото
на палетата на твојата последна лага
од која направив клуч
за намерата на арлекинот
да изгради кула за својот сон
под зајдисонцето на сите твои несреќи
и сите тажни приказни
на малечката Пепелашка
што го преспала минувањето на принцот
под прозорецот на срцето...

Во собата со прозорец кон исток
го чувствувам заодот
на уште едно раѓање на сонцето
како нож од бесмислен монолог во грбот...


Оглувени мириси на ненапишани балади
го расцутуваат ноќе кејот со липи
- некои жени берат чај со вкус на солзи
во кеси од непроспиени ноќи
за љубоболките на нивните неродени ќерки...

Јас ја препишувам формулата за брзо стареење
со истите грешки од претходниот пат...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 00:14
БРАНА

Ја минавме ноќта заедно
- летното небо ни понуди крошна
од безгрижност
а во нас музицираа
остарените трубадури на болот
по затегнатите жици на епидермите...

Ти – река со наглодано корито
од видрите на времето што те ронеше,
Јас – ѕид повисок од самсебе,
Брана од бессонот изѕидана.

Станавме езеро:
го поплавивме сурово полето
посеано со песната на изгрејсонцето...


Изменето од majstorce62 - 09.Јуни.2009 во 15:01
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 08:26
eve -i bilo sto napisano


preku glava mi e od mnogu stvari, da ne recam od se.
preku glava mi e od nepocituvanje,
preku glava mi e od gluposta na lugjeto
preku glava mi e stvarno od se.
ili ke da e do mene ili uvek sama si go baram.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 15:00
Додека те гледам
онака како секогаш те гледам
незагадена од туѓи погледи
чиста и бела
сончеви зраци
зад тебе се прекршуваат
во светлина те претвараат
како процеп
од друга димензија.
Кон тебе се движам
намерно да се загубам
од туѓи погледи да се очистам.
Некои други светови
во тебе гледам
не знаеш
дека по тебе одат
врзани се
како светликави топки
во нешто ме потсетуваат на балони.
Само ти можеш да ме вратиш
од каде дојдов
отвори се
да се вратам ми е време
заради што и да бев
каде сум сега
доста е
за кого и да беше.


Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 15:11
znaes da pottiknes secija fantazija i da stvoris magicni sliki sekogas...
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 20:40
Земи ги очиве мои и погледни во огледало
Да сватиш само како те гледам и сакам.


толку...голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 96979899100 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.