|
Фрустрации |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поважно е како реагираме на секоја фрустрација, оти нема човек кој за нешто некогаш не се почувствувал исфрустрирано.
Тешко помирување со немоќ/неможност за остварување некоја потреба води кон нарушување на менталното здравје, чувство на несигурност и страв. Човек кој ги потиснува своите фрустрации, тешко поднесува неуспех и својот страв и несигурност ги проектира врз својата околина, најчесто и несвесен за тоа... И бидејќи никој не кажува за себе, јас ќе го скршам ледот: Најчесто се фрустрирам кога од Х-причини сум спречена (или сама се спречувам) некому да кажам она што навистина го мислам ТАКА КАКО ШТО ГО МИСЛАМ, ама баш онака сочно како што би сакала И за да нема удри по самарот, оти и он е душичка па си го штедам, не давам да ме победи чувството на немоќ и бесот под итно си го празнам.... На многу инвентивен начин |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
frusracii se zeznata rabota
stradat nevini mnogu podobri lugje ako frustriraniot ima sila vo racete, im e eba mamata na drugite |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da obicno cesta pricina za katastrofalni greski vo zivotot
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
erektivna disfunkcija
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фрустрации кога би го превела зборот на мојот мајчин јазик му доаѓа во буквален превод= бегај, тргни се, односно да не си ја навееш.
Ке го парафразирам мојот професор по психологија кој за да ја разбереме сета стручна терминологија ни ја ’’преведуваше’’ со народски зборови и за секој термин/појава имаше своја филозофија. За фрустрацијата отприлика ни зборуваше вака: И гледај беља, секој мисли дека другиот има фрустации (на македонски=фалинки) а тој/таа нема. Е сега додека му/и игра по дамарите, додека му/и ги пали ганглиите, се обидува да му/и го урниса денот, годината, животот а другиот трпи, нема фрустрации. Кога другиот ке тргне во самоодбрана по дифолт на површина испливуваат саможалопејки, кукање, кукумјавчење, барање сојузници, правење фронт за докажување своја вистина, а набивање на колец на другиот. И на крај седиш сам и се чудиш- Кој има поголеми фрустрации, фрустрачонабијачот или фрустрачопримачот?! |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фрустрациите се таложат како последица на неуспешно превземени акции. Фрустрацијата е природна работа и може да се надмине успешно доколку се работи на неа.
Кај Секого може да се појават, никој не е опериран од нив. Фрустрациите можат да се јават кај луѓето кои имаат слаба линија на отпор како и кај доста упорни луѓе кои ги туркаат своите акции до нивните граници и притоа потпаѓаат под притисокот на околината, која се разбира поставува пречки на секој чекор. Мене лично ме фрустрираат некои неправди бидејќи сум навистина немоќна да придонесам нешто да се промени околу тоа, се фрустрирам кога давам се од себе а сварите не мрдаат од мртва точка. Знам дека некогаш едноставно не оди животот по план и дека природно се јавува незадоволство, бес и протест со сам себе или гнев кон околината и доколку битно не може да се промени ситуацијата најдобро решение е Помирувањето. Лошата страна од фрустрацијата е што понекогаш не заробува во својата состојба и не ни дава да видиме другите можности и алтернативи кои се пред нас. |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |